КАФЕ ПАУЗА

Tag: плодност

  • Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата

    Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата

    Машката неплодност е во пораст и е причина за 50% од случаите во кои паровите не може да имаат деца. Колку подолго мажите чекаат за да основаат семејство, толку повеќе се намалува плодноста. Намалената плодност беше сериозна причина за едно ново истражување, а во продолжение прочитајте што откриле научниците.rnrnНауката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на сперматаrn

    Јадете повеќе пица за да бидете полни со муниција

    rnИстражувањето објавено во Европскиот журнал за исхрана открило дека мажите кои дневно јаделе две лажици доматно пире (главната состојка на пицата) имаат значително поголем број сперматозоиди. Тајната е во фитонутриентот ликопен – антиоксидант кој го спречува оштетувањето на сперматозоидите.rnrnМеѓутоа, ако секој ден јадете пица, тоа ќе има штетни ефекти врз целокупното здравје. Но, постојат рецепти кои може да ја направат оваа храна многу поздрава. Тестото од цели зрна житарки е едно решение. Обидете се да искомбинирате такви состојки и ќе можете да уживате во доматното пире.rn

    Храна што ја зголемува плодноста

    rnЛук – содржи алицин, кој го подобрува протокот на крв во гениталните органи и ја штити спермата од оштетување.rnrnПечурки – содржат селен, антиоксидант што ја подобрува подвижноста на спермата, а го зајакнува и имунитетот.rnrnБрокула – нивото на витамин А во организмот влијае на плодноста. Подобрете ги резервите на витамин А со брокула.rnrnАспарагус – високото ниво на витамин Ц ги зголемува количината на спермата, подвижноста на сперматозоидите и ги штити од оштетување.rnrnСпанаќ – содржи фолна киселина која помага при заздравувањето на оштетените сперматозоиди и при зголемувањето на нивниот број.rnrnПилешко месо – оваа храна е богата со цинк кој влијае на квалитетот и на бројот на сперматозоиди.rnrnПрочитајте кои лековити билки ќе ви помогнат во борбата против неплодноста.

  • Дали стресот навистина влијае на плодноста?

    Дали стресот навистина влијае на плодноста?

    Можеби конечно сте подготвени да ги жртвувате викендите, па дури и квалитетниот сон, за прегратки со вашето бебе. Ако сакате да основате ваше семејство, голема е веројатноста да истражувате како да ги зголемите вашите шанси за зачнување.rnrnДали стресот навистина влијае на плодноста?rnrnНајчестите совети за подобрување на плодноста се здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и помалку стрес. Но понекогаш е навистина тешко да го елиминирате стресот, особено ако тој е резултат на вашиот обид да останете бремени. Па колку навистина влијае стресот на вашата плодност?rnrnСпоред Џорџија Виткин, асистент по психијатрија и гинекологија, стресот нема големо влијание. Иако истражувачите докажале дека проблемите со плодноста предизвикуваат стрес, нема никаков доказ дека важи обратното. Џорџија не се согласува со мислењето дека треба да се опуштите и ќе останете бремени. Таа дури го обележала ова мислење како мит.rn

    „Жените можат да зачнат и во најстресни околности ако не постои физички проблем. Дури и жените со трауми и воените затвореници често остануваат бремени.“

    rnСе разбира, секој знае дека физичкиот и емоционалниот стрес можат да имаат влијание на менструалниот циклус. Сепак, Џорџија инсистира дека тоа нема директно влијание на плодноста.rn

    „Кога постои проблем со плодноста поради стрес, стресот најверојатно активирал некоја веќе постоечка медицинска состојба“, објаснува таа.

    rnИако стресот нема физички да го намали квалитетот на јајце клетката или сперматозоидите, може да предизвика штетно однесување.rn

    „На пример, жените може да се откажат од терапијата за плодност, да ѝ наштетат на плодноста со лекови, пушење или пиење, да избегнуваат секс или да не ги следат инструкциите на нивните лекари. Ако репродуктивниот систем е чувствителен на стрес колку што мисли мнозинството, човештвото одамна ќе исчезнеше.“

    rnПа, ако сте под стрес, а истовремено се обидувате да останете бремени, советот на Џорџија е подобра грижа за себе.rn

    „Бидете вашиот најдобар пријател. Престанете да се обвинувате, поддржете се и почитувајте се.“

    rnЕвентуално, ќе се ослободите од стресот и иако ова нема да ја подобри вашата плодност, ќе го направи целиот процес многу поубав за вас.rnrnПрочитајте ги и овие совети за зголемување на плодноста.

  • 7 знаци дека сте многу плодни и треба повеќе да внимавате на заштитата при сексуалните односи

    7 знаци дека сте многу плодни и треба повеќе да внимавате на заштитата при сексуалните односи

    Во тинејџерските години, најстрашната вест што можеме да ја чуеме е тоа дека некоја наша пријателка забременила. Во 20-тите години постојано зборуваме за заштита од несакана бременост. Но, како што старееме, почнуваме да се грижиме за нашата плодност и за тоа дали ќе можеме да забремениме. Па, како да знаете колку сте плодни? Постојат одредени знаци, како што се возраста и циклусот, што можат да ви откријат точно колку сте плодни. Во продолжение, прочитајте за што станува збор…rnrn7 знаци дека сте многу плодни и треба повеќе да внимавате на заштитата при сексуалните односиrn

    1. Вие сте во вашите рани 20-ти години

    rnСпоред експертите, жените се најплодни во на возраст од 20 до 24 години. Но, со оглед на другите околности, врвот на плодноста не е ист за сите жени и може да се менува. Сепак, како што жените стареат, така нивната плодност постепено се намалува.rn

    2. Имате редовна менструација

    rnСите жени треба да имаат барем делумно редовни менструации. Ако тоа не е така, тогаш можеби имате некаков проблем. Но, доколку добивате менструација истиот ден секој месец, тоа е знак дека сте плодни.rn

    3. Имате предменструални симптоми

    rnДоколку имате симптоми на ПМС тоа е знак дека вашето тело работи како што треба. Тоа значи дека сте плодни. Освен тоа, едно истражување објавено во „Еволуција и човечко однесување“ (Evolution and Human Behavior) открило дека жените малку „полудуваат“ за време на најплодните денови од месецот. Во тој период, постојат поголеми шанси да имаат секс за една вечер со непознат човек или да ги побараат бившите.rn

    4. Имате добри гени

    rnМногу жените сметаат дека нивната плодност зависи од тоа дали нивните блиски женски членови од семејството (мајка или сестра) имале проблеми да забременат. Некои ги интересира и дали имаат нормална плодност или натпросечна. За жал, тешко е да се процени колку сте плодни според фамилијарната историја.rn

    5. Имате вагинален исцедок

    rnСе верува дека зголемениот вагинален исцедок за време на овулацијата или редовниот менструален циклус е знак на нормална плодност или голема плодност. Но, експертите тврдат дека не постојат такви симптоми или знаци на зголемена или нормална плодност.rn

    6. Не доживувате чести топлотни бранови

    rnЖените кои доживуваат чести топлотни бранови што се случуваат на интервали помали од 24 дена, можеби се изложени на ризик од намален број и квалитет на јајце клетки и потпросечна плодност.rn

    7. Влијаете на туѓите циклуси

    rnСигурно сте чуле дека девојките кои живеат заедно подолго време, со текот на времето почнуваат истовремено да добиваат менструација. Синхронизацијата на менструалните циклуси се случува поради феромоните. Ако вашите феромони се доволно силни, ќе влијаат на циклусите на другите жени, а тоа значи дека сте навистина многу плодни.rnrnДоколку сакате да забремените, прочитајте ги следниве совети и исхрана за зголемување на плодноста.

  • Полесно до зачнување: Совети и исхрана за зголемување на плодноста

    Полесно до зачнување: Совети и исхрана за зголемување на плодноста

    Ниту една жена не може да знае дали ќе има проблеми со зачнувањето сѐ додека не се обиде да забремени. Ако сте помлади од 35 години, и веќе година дена безуспешно се обидувате да останете бремени, тогаш обратете се кај вашиот гинеколог за навремено да го дијагностицира можниот проблем и да ви предложи понатамошно лекување. Ако имате 35 години или повеќе, морате побрзо да реагирате – обратете се кај експертите после половина година неуспешно обидување да забремените. Додека се обидувате да забремените, вие или вашиот партнер морате да го промените начинот на живот, но и исхраната, бидејќи е докажано дека одреден вид исхрана позитивно влијае врз плодноста.rnrn1-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_rn

    Овулација

    rnПред сѐ, водете сметка за тоа кога можете да останете бремени и правилно пресметувајте ги плодните денови. Запишувајте ја во календар секоја менструација, бидејќи тоа ќе ви помогне да ги откриете деновите за овулација. Обидете се да водите љубов во овие денови, за да имате поголеми шанси да забремените. Не дозволувајте забрзаниот начин на живот, стресот и секојдневните обврски да влијаат и да му пречат на вашиот љубовен живот. Ако сакате да забременете, обидете се да имате здрав љубовен живот.rn

    Стрес

    rnСтресот е еден од главните причинители за неплодноста кај жените, заради тоа е многу важно да се ослободите од него, или барем да го намалите. Можете да го елиминирате на различни начини, а значително можете да го намалите со практикување на јога. Бидете редовно физички активни за да останете во форма и да бидете здрави, а имајте на ум и дека умереното вежбање може да ви помогне побрзо да останете бремени.rnrn2-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_rn

    Вишок килограми

    rnФизичка активност, но и правилна исхрана се клучни фактори за полесно забременување, бидејќи вишокот килограми ги намалува шансите за зачнување. Па затоа, доколку планирате потомство, водете сметка за вашата тежина, но задолжително посоветувајте се со вашиот доктор пред да се одлучите за диета.rn

    Прехранбени навики

    rnЗа да ја подобрите плодноста, во исхраната морате да вклучите здрави и хранливи намирници. Исто така, обидете се да не се прејадувате и хранете се од 4 до 6 пати дневно, со помали порции. Пијте доволно течности (најдобро обична вода), и избирајте квалитетна храна наместо пржена или студена. Избегнувајте храна која е полна со пестициди и хербициди, како и алкохол, а задолжително откажете се и од пушењето. Консумирајте намирници кои ќе ви помогнат полесно да останете бремени. Такви намирници се:rn

    Риба

    rnРибите како што се лососот, сардините и скушите се богати со Омега-3 масни киселини кои ја поттикнуваат циркулацијата и влијаат на квалитетот и активноста на сперматозоидите. Притоа, водете сметка да јадете свежа риба која е уловена од природно живеалиште, наместо од оние кои се израснати во рибарница. Истото важи и за сите видови месо, па и за пилешкото. Со оглед на тоа дека е научно потврдено дека консумирањето риба ја подобрува способноста за зачнување, како кај мажите, така и кај жените, оваа намирница (или рибино масло во форма на хранлив додаток) задолжително треба да се внесе во исхраната.rnrn5-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_rn

    Школки

    rnПокрај рибата, и другите морски плодови, како што се школките, може позитивно да влијаат на плодноста. Школките, всушност, содржат цинк кој е задолжен за произведување на здрави сперматозоиди и јајце клетки. Цинк има во изобилство и во грашокот, јајцата, оревите…rn

    Спанаќ

    rnЗелениот лиснат зеленчук, особено спанаќот, содржи фолна киселина која е неопходна за здрав развој на плодот, но и за продукција на сперматозоиди и работа на јајниците. Експертите препорачуваат неколку месеци пред планирање на зачетокот да се земаат мултивитамински додатоци, кои содржат фолна киселина, бидејќи токму таа спречува појава на одредени оштетувања на плодот. Оваа намирница, исто така, е одличен извор на железо и витамин Ц, кои го зголемуваат квалитетот на спермата и го спречуваат оштетувањето на генетскиот код. Освен спанаќот, со фолна киселина се богати и производите од соја, грав, жолчка, компир, пченично брашно, зелка, брокула, цвекло, сок од портокал…rnrnrn

    Житарки

    rnКомплексните јаглехидрати како што се зоб, кафеав ориз и различните видови мешунки ќе ви ја овозможат потребната енергија за сексуалните активности. Тие исто така се и полни со витамин Б и Е кои се неопходни за развој на клетките, за хормонална рамнотежа и секако, за здрави јајце клетки и сперматозоиди. Притоа, избирајте житарки со цело зрно и интегрален ориз.rn

    Сладолед

    rnЕдно истражување докажало дека кај жените кои дневно консумирале две или повеќе порции нискокалорични млечни производи е зголемен ризикот од неплодност и нарушувања во овулацијата за дури 80%. Спротивно на тоа, се покажало дека оние кои јадат барем еднаш дневно полномасни млечни производи, позитивно си влијаеле на својата плодност. Па, доколку сакате да забремените слободно секојдневно уживајте во порција сладолед.rnrn4-polesno-do-zachnuvanje-soveti-i-namrnici-za-zgolemuvanje-na-plodnosta-www.kafepauza.mk_rn

    Мед

    rnМедот е одлична намирница за зајакнување на имунитетот, а исто така, е богат извор на минерали и аминокиселини кои позитивни влијаат врз репродуктивниот систем и работата на јајниците.rn

    Авокадо

    rnАвокадото, чиј облик потсетува на матка, го подобрува здравјето и функцијата на овој орган, а помага и во рамнотежа на хормоните. Исто така, го намалува ризикот од рак на матката и јајниците. Занимливо е и тоа што се потребни точно девет месеци за авокадото од цвет да стане плод. Исто така, ова овошје содржи незаситени масти кои може да ја зголемат плодноста. Едно истражување покажало дека жените чија исхрана била богата со овие масти, а кои биле вклучени во програмата за „ин витро“ оплодување, имале трипати поголем успех во обидот да забременат.rnrnСекако, исхраната е многу важна и во текот на бременоста, па затоа ви ги предлагаме овие вкусни рецепти наменети за идните мајки.

  • Пијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодност

    Пијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодност

    Тајниот рецепт за подготовка на овој мистериозен пијалак се пренесувал со генерации од колено на колено во Индија и во уште некои азиски земји. Традицијата се задржала и се почитува до ден денес.rnrnПијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодностrnrnСпоред традицијата, младоженецот и невестата добивале шишенце со овој пијалак кој требало да го испијат пред првата брачна ноќ, бидејќи се верувало дека на тој начин ќе се подобри квалитетот на семената течност кај мажите, а со тоа ќе се зголемат и шансите за бременост кај жената. Тајната е во сувото грозје кое содржи агринин, клучната состојка која се користи во терапијата за еректилна дисфункција. Освен тоа, се верува дека пијалакот ја зголемува сексуалната енергија и издржливост.rnrnПогледнете го оригиналниот рецепт за овој пијалак со индиско потекло…rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 30 грама суво грозје
    • rn011

    • 200 милилитри млеко
    • rn011

    • шафран
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте го сувото грозје и стоплете го во неоштетен емајлиран сад заедно со млекото. На крајот додадете малку шафран.rnrnПијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодностrnrnНа почеток, пијте ја оваа количина три пати дневно, а по некое време зголемете ја количината на сувото грозје на 50 грама, сѐ додека не биде решен проблемот.rnrnЗа сувото грозје исто се верува дека има и други позитивни ефекти на здравјето, односно помага за регулирање на високиот крвен притисок, прекумерната тежина, ги спречува канцерогените заболувања, помага при анемичност, а одлично е и за тенот и косата.

  • 12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

    12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

    Доколку имавте некои дилеми за најосновните работи поврзани со тестисите, понатамошниот текст ги содржи објаснувањата.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    1. Тестиси и „јајца“ не е исто

    rnТерминот „јајца“ се користи за да се опише целиот „пакет“ од тестисите, каналите и скротумот, односно кесата во која се сместени. Тестисите се само двата јајцевидни органи задолжени за производство на тестостерон кој е одговорен за сите машки функции во организмот вклучително и за создавање на спрема.rn

    2. Големина и позиција

    rnДвата тестиса обично се со различна големина и не се поставени еден до друг. Речиси секогаш едниот е поставен повисоко, а другиот пониско или еден зад друг. Кај повеќето мажи десниот најчесто е поголем, а левиот е тој што стои пониско. На допир се мазни и не многу тврди.rn

    3. Болка во тестисите

    rnДоколку тестисите отечат и тоа е проследено со болка, веднаш треба да посетите лекар. Тоа може да значи дека се извртени внатре во скротумот. Ова може да се реши со мала хируршка интервенција. Тоа може да се случи откако тестисите претрпеле некакво малтретирање, но може да им се случи и на мажи кои така се родени, односно нивните тестиси полесно ја менуваат позицијата. Исто така, потребно е да се јавите на лекар при какво било друго отекување или воспалување.rn

    4. Мажите може да имаат повеќе од два тестиси

    rnОва е екстремно ретка ситуација, но се случува. Досега се познати 100 вакви случаи, а рекордерот меѓу нив имал вкупно пет тестиси. Тоа немало никакво влијание на плодноста.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    5. Нерамнини и грутки

    rnПостојат повеќе причини кои предизвикуваат нерамнини кај тестисите и тие најчесто се безопасни. Најчесто тоа е проширена вена, којашто може да биде болна и да предизвика болка, но може да биде и сосема безопасна.rnrnМожно е да почувствувате и некакви грутки. И тие најчесто се безопасни, но во отприлика 4 од 100 случаи тоа претставува рак и затоа не треба да се занемари. Поради ова се препорачува посета на лекар во секоја ситуација во која ќе почувствувате дека имате нешто вишок.rn

    6. Како да се зачува плодноста?

    rnЗа зачувување на плодноста доволно е избегнување на причините кои ја загрозуваат. Познато е дека алкохолот и цигарите се виновни за влошување на квалитетот на спермата, а и стресот и прекумерната тежина исто така можат да предизвикаат проблеми на ова поле. Секако, и добрата хигиена е задолжителна. Потребно е да се внимава и на температурата на тестисите. Активностите како возење велосипед можат малку да го намалат квалитетот на спермата поради загревањето кое го предизвикуваат, но тоа не е значително.rn

    7. Тие може да се движат

    rnМалите придвижувања на тестисите се причинети од циркулирање на крвта. Тие се чувствителни на температура, па затоа мускулите таму долу прават сè што можат за ним да им биде попријатно. Постои еден мускул којшто може целосно да го помести скротумот нагоре или надолу кога тоа е потребно. Ова особено е видливо за време на сексуален однос кога тестисите одат нагоре како дел од процесот на ејакулација.rn

    8. Зошто се надвор од телото?

    rnНема сигурно објаснување, но она најверојатното е дека ним им е потребна температура за три степени пониска од онаа на телото за добро да функционираат. Се претпоставува дека причината за тоа може да биде и тоа што сперматозоидите не се целосно разбудени додека не стигнат некаде каде што е потопло, па тоа е обидот на телото да ги држи заспани и живи што е можно подолго.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    9. Човекот има мали тестиси

    rnМажите имаат некои од најмалите тестиси помеѓу сите видови. Се претпоставува дека тоа е случај поради тоа што конкуренцијата за парење во човековиот свет е помала во споредба со таа кај животните.rn

    10. Се зголемуваат за време на секс

    rnИсто како што пенисот се зголемува поради крвта која влегува во него при сексуална возбуда, така и тестисите можат да се зголемат. Доколку зголемувањето и намалувањето се случува и во други случаи, тоа треба да се пријави кај лекарот.rn

    11. Зошто ќесата изгледа згужвано?

    rnТестисите се мазни, но ќесата не е поради еден мускул кој се наоѓа на нејзиниот внатрешен дел. Тој мускул се грижи за температурата, а помага и при движењето. Постојат мажи кои поради естетски причини сакаат да го „измазнат“ и овој дел, интервенирајќи на овој мал и многу важен мускул.rn

    12. Редовна проверка за рак

    rnДома самите со допир можете да проверите дали имате некои грутки кои може да претставуваат рак. Лекувањето на рак на тестиси обично е успешно, а кога е откриен рано тој се лекува во над 90% од случаите. Редовните проверки се клучни за навремено третирање на проблемот.

  • 3 начини на кои телесната тежина влијае на плодноста кај жените и мажите

    3 начини на кои телесната тежина влијае на плодноста кај жените и мажите

    Телесната тежина и мастите во телото играат своја улога во репродуктивниот систем на човекот. Според д-р Бернард Розенфелд, гинеколог, луѓето кои имаат тешкотии со зачнувањето честопати се изненадени од фактот што нивниот нездрав начин на живот им ги намалува шансите да добијат дете. Затоа тој препорачува да се обрне внимание на овие три факти.rnrn3 начини на кои телесната тежина влијае на плодноста кај жените и мажитеrn

    1. Прекумерната тежина ја намалува можноста за зачнување

    rnЖените со прекумерна тежина се соочуваат со многу повеќе предизвици при ин витро зачнувањето во споредба со оние со нормална тежина. Тие поразлично реагираат на лековите кои ги примаат во тој процес и имаат помали шанси за конечен успех. Оптимизам во целата работа влева фактот што, според некои студии, дури 70% од жените кои се неплодни успеваат да зачнат по природен пат откако ќе ја доведат својата телесна тежина во нормала.rn

    2. И оние со премала телесна тежина имаат проблеми

    rnПреслабите жени може да имаат хормонална неурамнотеженост која ги слабее нивните шанси за зачнување. Недостатокот на масти во организмот е важен елемент во сексуалниот развој и плодноста затоа што тие играат улога при излачувањето на естрадиолот, хормон којшто го регулира репродуктивниот систем. Преслабите жени овој хормон го претвораат во антиестрогенски соединенија кои со текот на времето им оневозможуваат да зачне. И кај овие жени нормализирањето на телесната тежина може да значи враќање на плодноста.rn

    3. Ниту мажите не се поштедени

    rnНеплодноста не е само женски проблем. Една третина од проблемите со зачнувањето кои се појавуваат се резултат на машката неплодност, а помал дел од нив се поврзани со прекумерната тежина кај мажите. Таа придонесува за намален квалитет на нивната сперма, резултирајќи така што на двојките од маж со прекумерна телесна тежина и жена со нормална телесна тежина да им треба значително повеќе време да зачнат во споредба со двојките каде што и двата партнери имаат здрава тежина. И овде, нејзиното регулирање дава добри резултати во остварувањето на крајната цел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која ќе ви помогне да забремените

    Храна која ќе ви помогне да забремените

    Селенот е минерал кој му е потребен на нашето тело. Во мали дози има позитивно влијание на нашето здравје, додека во големи количини може да биде дури и опасен.rnrnhrana-koja-kje-vi-pomogne-da-zabremenite-kafepauza.mkrnrnrn

    „Премногу селен (200 микрограми на ден) се поврзува со зголемен ризик од дијабетес дип 2, рак на простатата, а поголема количина од овој минерал нема да има позитивен ефект ниту на срцето. Селенот е еден од оние елементи кои му се потребни на нашиот организам, но многу е важно да се одреди вистинската доза“, објаснува Марк Мојард, автор на книгата „Прирачник за додатоци во исхраната“ (The Supplement Handbook).

    rnИстражувачите имаат утврдено дека количината на селен во телото се поврзува со плодноста, поточно жените кои внесуваат доволно од овој минерал во својот организам во поголем број случаи полесно остануваат бремени од оние кои не го внесуваат доволно.rnrnЕден од најсигурните начини да внесете доволно, но не и премногу селен е да го внесувате преку храната. Па, кои намирници треба да ги јадете?rn

    1. Бразилски ореви

    rnБразилскиот орев е најдобар извор на селен со 514 мкг на 30 грама ореви (6-7 ореви).rn

    2. Риба

    rnСо 95 мкг на порција туна, таа е на второ место. Добар извор на селен се и сардините со 45 мкг по порција.rn

    3. Свинско, говедско, пилешко

    rnКако и рибата, и месото е богато со селен. Бифтекот има 42 мкг, говедското 33 мкг, мисиркиното има 31 мкг, а пилешкото 22 мкг по порција.rn

    4. Домашно сирење

    rnНе само што има 20 мкг селен туку и 130 мг калциум на 100 грама.

  • Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

    Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

    Летувањето го чувствуваме со сите сетила. Сепак, освен добриот одмор и забавниот помин, постојат и неколку важни здравствени придобивки од вашата 10-дневна изложеност на море.rnrnshto-pravat-10-dena-na-more-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrn

    Поголема плодност

    rnСончањето ја засилува плодноста кај двата пола бидејќи го зголемува нивото на витамин Д. Медицинските експерти од Австрија откриле дека витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген што го регулира циклусот и ги зголемува шансите да останете бремени.rn

    Повеќе секс

    rnЕдно неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имале во август. Научниците ги објасниле резултатите со фактот дека сонцето го поттикнува хормонот на среќата серотонин и допаминот и го покачува нивото на тестостеронот – и кај мажите и кај жените.rn

    Понизок крвен притисок

    rnПовеќе медицински студии имаат покажано дека УВ-зраците го зголемуваат ослободувањето на соединението азот моноксид од кожата, што поттикнува отпуштање на крвните садови предизвикувајќи пад на крвниот притисок.rn

    Подобар сон

    rnСамо заради тоа што не поминувате време пред компјутер или телевизор ќе почувствувате позитивно промена во вашето спиење. На тоа секако влијаат самиот одмор покрај море, промената на климата и психичкиот одмор.rn

    Полесно дишење

    rnЕден од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислородот, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните.

  • 6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

    6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

    Сте се одлучиле за дете и веќе некое време се обидувате. Разговарате со пријателките и дознавате за разноразни методи кои ги зголемуваат шансите да останете бремени. Но во таа размена на факти и совети од лично искуство се шират и многу погрешни информации, па затоа ги разбиваме митовите со следниве 6 важни информации кои треба да ги знаете било да сакате да останете бремени, било да сакате да го избегнете ова во моментов.rnrn6-vistini-koi-morate-da-gi-znaete-ako-ne-sakate-da-ostanete-bremeni-kafepauza.mkrn

    МИТ 1: Можно е да останете бремени во кој било момент во текот на месецот

    rnВИСТИНА: За да забремените потребно да е имате однос пред и во текот на деновите на овулација. Најплодни денови се 2-3 дена пред овулацијата и на самиот ден на овулација.rn

    МИТ 2: Менструалниот циклус трае 28 дена и секоја жена овулира на 14-тиот ден од циклусот

    rnВИСТИНА: Просечниот менструален циклус трае 28 дена, но секоја жена е различна и дури кај половина жени циклусот варира околу 7 дена или повеќе. Со оглед на различното траење на циклусите, различен е и денот кога настапува овулацијата, па затоа може да биде многу тешко да се утврдат плодните денови.rn

    МИТ 3: Мерењето на телесната температура ќе ви помогне лесно да забремените

    rnВИСТИНА: Мерењето на телесната температура е непожелно ако сакате да останете во блажена состојба. На жените им се качува телесната температура дури после овулацијата, кога веќе е доцна за оплодување на јајце клетките во рамките на тој месечен циклус.rn

    МИТ 4: Никогаш не сум користела хормонални методи на контрацепција, па затоа би можела брзо да забременам

    rnВИСТИНА: Само затоа што вашите хормони не биле под влијание на хормонски контрацептивни средства не значи дека сте во предност. Вашето тело можеби само може подобро да ги регулира хормоните, но на плодноста влијаат и бројни други фактори, не само контрацептивите.rn

    МИТ 5: Првото дете го зачнав лесно, така што со следната бременост не би требало да имам проблеми

    rnВИСТИНА: Нема сигурен доказ за вакво тврдење. Ќе бидете постари, ќе имате помалку време за сексуални односи, а можеби ќе имате и друг партнер. Ако имате помалку од 35 години и се обидувате да забремените веќе подолго од една година, задолжително разговарајте со лекар (6 месеци ако имате над 35).rn

    МИТ 6: Можете да забремените во текот на менструацијата

    rnВИСТИНА: Ако имате многу краток менструален циклус и крварите во текот на повеќе денови на почетокот на циклусот, можно е да бидете на почетокот на плодните денови пред да ви заврши менструацијата.