Навистина има многу бизарни обичаи во светот за кои знаеме многу малку. Издвоивме 5 од нив кои навистина се чудни. Не знаеме кој да го избереме за најчуден, па проценете сами дали е почудно да танцувате со мртвите или да не одите во тоалет три дена по венчавката.rn
rn1. Во Бразил и Венецуела ги јадат своите најблиски кои починале
rnБразилското и венецуелско племе Јонамамо е познато по тоа што членовите на племето „уживаат“ на гозба по смртта на член на семејство. Но, она што го јадат или она што го ставаат во своето тело е навистина одвратно. Имено, традицијата им забранува да го остават човечкото тело во својата примарна форма по смртта, односно погребување како што знаеме ние за тоа, па тие започнуваат процес на кремирање. По смртта, членовите на семејството ги споделуваат остатоците од пепелта и ги јадат. Причината што тие го прават ова е навистина посебна – дека мртвите никогаш не забораваат.rn
2. Камшикување во исламските земји и Индија
rnИако сме против самоповредување, денес има верници кои сè уште практикуваат антички обичаи. Едно од нив е почесното камшикување за време на денот на жалоста за Мухарем, внукот на Мухамед, кој беше убиен со 72 воини во битката кај Карбала. Обожавателите од Индија и исламските земји му оддаваат почит еднаш годишно со тоа што ќе се приклучат на поворката за време на прославата. Поворката не е пријатна за гледање бидејќи мажите се камшикуваат на грбот со ланци.rn
3. Во Мадагаскар танцуваат со мртвите
rnИако ова се случува сè помалку, племето Малгашки во Мадагаскар има една морбидна традиција за многумина. На секои седум години, тие ги вадат своите најблиски од гробовите и ги завиткуваат во свежо бело платно. Сето ова, сепак, не би било толку чудно доколку не ги кренат телата во воздухот и танцуваат околу гробовите на звуците на музиката. Интересна традиција, но полека изумира.rn
4. Ритуал на иницијација – преминување од момче до возрасен маж во Бразил
rnДобро е познато дека племињата за кои многу малку знаеме денес сè уште ги негуваат традициите на своите предци. Едно од оние што го привлекоа вниманието е племето Сатаре Маве во Бразил. За да може момче, член на племе, да стане возрасен маж, треба да помине ритуал на иницијација. Ритуалот е, пред сè, болен и се состои во туркање на рацете во корпа со мравки чии убоди се страшно болни. Тие се нарекуваат и Paraponera clavata или попозната како „angry bullet ant“ и се меѓу петте животни чии убоди се најболни.rn
5. На членовите на едно индонезиско племе им е забрането да користат тоалет три дена по венчавката
rnСега замислете ја следнава ситуација: се подготвувате за венчавката половина година и гледате што јадете, сè со цел да се вклопите во креацијата на облеката што сте ја одбрале за вашиот посебен ден. Денот на венчавката пристигна и со нетрпение очекувате да уживате во храната. Но, замислете дека сега не ви е дозволено да одите во тоалет три дена по венчавката. Звучи смешно, но тоа е традиција што ја негуваат членовите на индонезиското племе Тидонг. Имено, по венчавката, на младенците им е забрането да одат во тоалет три дена, а се верува дека причината е што овој чин повикува на среќен брак.rnrnПрочитајте и како изгледа животот во племето Агора.

rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересира и како еден 

rnrnПостојат многу приказни кои раскажуваат како дошло до носењето на овие ланчиња, но се верува дека сè започнало како заштитен штит од тигрите кои ги напаѓаат своите пленови така што ги касаат на вратот. Со тек на времето ова се трансформирало во знак за убавина и мода.rnrn
rnrn rn


rnrnВо 1991-ва година, една жена го направила невозможното – стапила во контакт со најизолираното племе во светот, племето Сентинелци. Мадхумала Чатопадхај ја водела најневеројатната експедиција, и тоа со една цел – да стапи во контакт со племето и да открие каков е животот на најизолираните луѓе кои се познати како агресивни и опасни. Во едно интервју таа изјавила:rn
rnrnПлемето е лоцирано на Андаманските Острови во Индискиот Океан. Овде се наоѓаат и други племиња кои живеат релативно блиску едни до други, но нивната комуникација со модерниот свет е драстично поразлична. Племето Џарава е едно од најцивилизираните, додека Сентинелците се сметаат за најопасни и најизолирани.rnrn
rnrnПосетувањето на островот на Сентинелците не само што е опасно, туку е и нелегално. Поради бројните неуспешни обиди за контакт, власта во Индија одлучила да го остави племето на мир. Денес, посетата на островот може да биде смртоносна за племето бидејќи посетителите можат да донесат бројни бактерии и вируси на кои жителите не се имуни.rnrn
rnrnНеодамна, медиумите пишуваа за смртта на Џон Чау кој се обидел да дојде на територијата на Сентинелците. Овој обид резултирал со неговата трагична смрт и е доказ дека жителите не сакаат да се спријателуваат. Иако постои една успешна експедиција водена од господин Пандит за која знаат многумина, подвигот на Мадхумала ѝ е речиси непознат на јавноста.rnrn
rnrnУште кога имала 12 години, Мадхумала сакала да ги запознае овие луѓе. Откако завршила училиште како најдобар ученик, почнала да учи антропологија на Универзитетот во Калкута. На нејзините родители им рекла дека факултетот ѝ е како пасош до едно од племињата на Андаманските Острови.rnrn
rnrnМадхумала е една од малкуте луѓе кои успеале да се спријателат со Сентинелците, а нејзината тајна биле кокосите. Веднаш штом нејзиниот брод пристигнал на територијата на племето, секој од нејзиниот тим почнал да фрла кокоси за да покажат дека доаѓаат во мир. За кратко племето се приближило, па дури и почнале да ги собираат кокосите од водата. Набрзо потоа Мадхумала фрлила уште неколку кокоси и успеала да влезе во водата со жителите на племето. До денес ова се смета за еден од најуспешните контакти со Сентинелците. Оттогаш Мадхумала го посетила племето уште еднаш и овој пат тие се качиле и на бродот за да собираат кокоси.rnrn
rnrnМадхумала ги посетила и другите племиња од островите, а најблискиот контакт ѝ бил со племето Џарава. Во 1991-ва година таа отишла на уште една експедиција и била единствената жена од надворешниот свет што го посетила племето Џарава. За да не го исплаши племето, таа останала на бродот, но набрзо потоа била забележана од жените на брегот. Почнале да ѝ довикуваат „Milale chera“ што во превод би значело „Пријателу, дојди овде“. Дури извеле и танц за да ја покажат нивната радост што забележале жена во тимот.rnrn
rnrnОткако ѝ се приближиле, жените од племето почнале да ги испитуваат кожата и косата на Мадхумала. Таа решила да прегрне една од жените, а тие со радост го прифатиле гестот.rnrn
rnrnПлемето Џарава е едно од најпријателски настроените, па жените брзо ја прифатиле Мадхумала. Дури ѝ дозволиле да ги држи нивните деца и да им помага со обврските. Мадхумала е единствената личност која била поканета во нивните колиби, па дури и јадела со нив. Таа станала и лекар за да може да им помага кога се повредени.rnrn
rnrnФотографиите се направени од фотографот Дејвид Лазар и нè водат низ многуте лица на членовите на ова племе кои ни раскажуваат една сосема нова приказна, носејќи нè во различен свет од оној на кој сите ние сме многу добро навикнати. Погледнете.rnrn

































rnrnНеговите домородни корени биле длабоки, правејќи го Лутер единствениот канал и преносител помеѓу културите. Неговото движење и социјализирање во светот на „белците“ не било без успех, тој имал и бројни филмски улоги во Холивуд: неговото истрајно наследство било заштита за начинот на живеење на неговите луѓе. До својата смрт објавил 4 книги и станал водач на прогресивното движење за зачувување на татковината и суверенитетот на домородците од и во Америка, односно на вистинските американци, и така станал нашироко познат како силен глас во образувањето на белците за животот на домородното население.rnrnСледуваат 10 цитати на големиот индијански поглавар кои сигурно ќе стават многу работи за денешната „модерна“ култура под еден голем знак прашалник.rnrn
rnrnКрикет тимот на племето Масаи е поинаков. Воините од ова племе во Кенија решиле да ги остават своите копја и стрели и да ги заменат со палки и топчиња, но истовремено го задржале и својот уникатен стил на облекување согласно нивната традиција. Наместо уредната спортска облека, тие носат носии и накит исто како и нивните предци.rnrn
rnrnПокрај нивниот некарактеристичен изглед, тимот на воините од Масаи е уникатен и по тоа што нивната цел освен да се забавуваат е и да промовираат здрав животен стил и да ја зголемат свеста за опасноста од ХИВ вирусот и сидата. rnrnВиновник за тоа е Алаја Бауер, биолог-истражувач од Јужна Африка на која многу ѝ недостигала играта за време на работниот ангажман во Кенија. Таа успеала да обезбеди финансиски средства за формирање на тимот, купување опрема и одржување на повремени натпревари, иако Кенија нема организирано првенство во крикет. По нејзина иницијатива, денес членовите на овој тим патуваат по училиштата во сиромашните краеви на Кенија за да ги учат децата на основите на играта, а при тоа им ја објаснуваат и важноста за здравиот животен стил.rnrn
rnrn

rnrnОсвен талентиран фотограф, Марио е и голем авантурист, всушност оваа фотосесија настанала благодарение на неговата љубов кон патувањата. На 27 години тргнал на пат околу светот на неговиот велосипед, па возејќи од Кејптаун кон Каиро имал можност да се запознае со убавините на Африка. Освен фасцинантната природа, она што најмногу го воодушевило биле и луѓето од разни племиња и нивниот номадски живот. По неговата прва посета Марио се вратил назад во Африка уште осум пати за да направи нови фотографии како дел од неговиот проект 

rnrnЗа својата фотосесија Герт вели дека има за цел да ја зачува, на некој начин, културата на луѓето коишто ги сретнал при неговите патувања. Според него, многу од племињата со кои се запознал нема да постојат за некои 25 години и затоа сакал да ги овековечи онака како што изгледаат денес. Тврди дека никогаш не ги подготвувал луѓето кои ги избирал за сликање и секогаш се фотографирани онака какви што биле кога ги сретнал.rnrn


rnrnВизијата на овој амбициозен фотограф е да ја смени барем малку перцепцијата на светот за Африка – континентот на хаосот. Герт тврди дека реалноста е сосема спротивна од стереотипот и „модерните номади“ облечени во фармерки, со смартфони и секогаш во брзање треба да бидат свесни и да го ценат начинот на живот на овие луѓе.rnrn