КАФЕ ПАУЗА

Tag: племе

  • Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    И покрај големото влијание на технологијата врз денешниот начин на живеење, постои изненадувачки голем број заедници низ светот кои сè уште немаат никакви допирни точки со модерната цивилизација. Нивните традиции можеби нам ни изгледаат неразбирливо, но големи се шансите дека тие постоеле многу подолго пред појавата на нашите. Следуваат петте „најдалечни“ заедници кои живеат сосема изолиран начин на живот и некои од нив не сакаат ни да слушнат за каков било контакт со странци.rn
    rn

    Непознато амазонско племе

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаНајмистериозната заедница на оваа листа е едно мало племе кое се наоѓа на средината од Бразилскиот Амазон, во „најдалечните краеви на светот“. Тоа е скоро откриено и сè уште многу малку се знае за нивните традиции и обичаи. Нивното име исто така сè уште не е познато и единствената причина поради која биле пронајдени е сечењето на дрвјата околу нивното село.rnrnИ покрај тоа што изгледа како нивното племе да има ограничен контакт и со племињата во околината, тие го делат истиот јазик Пано со нив, но со досега непознат дијалект. Настрана од тоа, со сигурност знаеме дека тие живеат во големи колиби од слама што укажува дека во нив не живее само примарното семејство, но како точно се одредуваат поделбите сè уште не е познато. Главниот извор на храна им се плодови како банани, пченка и кикиритки.rn
    rn

    Инуити од Канада

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКанадските Инуити се едни од најстарите заедници чија историја датира од пред 20.000 години. Исто така тие се одликуваат по тоа што успеале да преживеат во едно од најбезмилосните места на планетата: на најсеверните простори од Канада каде што во летото има долги денови со умерена температура, но за време на зимите имаат константна ноќ и температури под нулата.rnrnПоголемиот дел од нивниот живот тие го поминуваат ловејќи фоки, како и китови и некои видови риби. Нивните фамилии живеат заедно и во нив секој член има одредена специфична задача од која сите имаат придобивки. Инуитите секогаш биле многу понапредни во поглед на технологијата од останатите нивни соседи, сè додека не се појавиле првите колонии од Северна Америка.rn
    rn

    Сами

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаТие живеат во регионот „Sápmi“ кој ги опфаќа најсеверните делови од Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствените официјални скандинавски домородци.rnrnТие имаат голем број средства за живот, но најчесто се фокусираат на обработка на крзно, одгледување овци и рибарење. Тие се и најпознати по одгледувањето на ирваси врз кои се потпираат не само за исхрана, туку и за облека. Нивниот јазик, Сами, сè уште се употребува како примарен јазик од поголемиот број на жителите. Тој се учи како прв јазик и во голем број училишта на далечниот север, како и на Универзитетот Сами.rn
    rn

    Сентинелси

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКако и непознатото амазонско племе, така и Сентинелсите се противат на контакти со странци. Но, на нивна среќа тие живеат на Северниот Сентинел Остров, кој е дел од архипелагот Андаман на средината од Индискиот Океан каде што се прилично изолирани. Нивната популација се смета дека брои нешто помалку од 250 жители, делумно поради фактот дека тие својата храна ја добиваат само преку ловење – нема никакви докази дека се занимаваат со агрикултура.rnrnТие се неверојатно прецизни со копје и стрели, но постојат многу малку докази за понапредни видови оружје за ловење или пак за друг вид технологија. И покрај проучувањето на Индискиот антрополог Т. Н. Пандит, многу малку се знае за нивната социјалност. Тој во 1970 ги опишува како вид „заедница за парење“.rn
    rn

    Ваписхана

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаПронајдени во северен Бразил и јужна Гвајана, народот од Ваписхана за првпат воспоставил контакт со Европејците во 1498 година, за време на третото патување на Колумбо. Пред да се вмешаат мисионерите, тие биле полигамисти (еден маж имал повеќе жени), но денес голем број од нивните бракови се надгледувани од католички свештеници.rnrnОд друга страна, голем број од нивните традиции сè уште се целосно сочувани. На пример, секое село секогаш се дизајнира околу црква и жителите се фокусираат на одгледување на „cassava“ (корен кој се јаде). Голем број од домовите се состојат од основна фамилија, плус дедо. Само селскиот водач живее во примарната и најголема куќа околу која се наоѓаат куќите на неговите синови и ќерки, кои живеат со нивните фамилии.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живите мостови во Индија

    Живите мостови во Индија

    Во североисточна Индија, јужните падини од ридовите Каси и Јаинтија се богати со необични дрвја од видот „Ficus Elastica“, или познати како индиските дрвја од гума. Чудното кај овие дрвја е тоа што поголемиот дел од своите корени ги вадат надвор од земјата.rnЖивите мостови во ИндијаАнтичкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rnЖивите мостови во ИндијаНекои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rnЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во Индија
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn