КАФЕ ПАУЗА

Tag: платно

  • Интервју со уметникот Славчо Максимовски

    Интервју со уметникот Славчо Максимовски

    Автор: Симона РистоскаrnrnТалентиран, интелигентен и неверојатно освестен млад човек, Славчо Максимовски (23) е пример за посветеност и љубов кон уметноста. Моментално ја привршува својата дипломска работа на Факултетот за уметности, при Државниот Универзитет во Тетово, а за себе вели дека не постои нешто друго во животот што би можел да го прави.rn
    rn

    „Не знам и не можам да се занимавам со нешто друго освен со креативна работа, првенствено сликарството“

    rn Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиСтудирал на отсекот графика, а за својата дипломска работа се одлучил за темата „Погледи“ затоа што како што вели самиот, кај луѓето најважно му е она што имаат да го кажат очите.rn
    rn

    „Погледот и бојата на гласот е она што ми останува во сеќавања секогаш кога запознавам некого“.

    rnИако мислев дека најголем дел од нашиот разговор ќе се врти околу неговото сликање, Славчо успеа на интересен начин да ја поврзе неговата пасија за уметноста, со сè што го опкружува и ми дозволи барем за кратко да гледам на светот преку неговите очи. Дел од разговорот и повеќе за неговото сликарство можете да прочитате подолу.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиОд каде произлезе интересот за сликарството? Од кога почна да се занимаваш со четките и платното?rnrnХмм… не би знаел да кажам кога бил почетокот, но мислам дека интересот за уметност кај мене постои од кога знам за себе. Веројатно почетокот бил со некои чудни и апстрактни детски цртежи и уште како мал ме има маѓепсано нејзиното височество бојата, гледајќи како сликарите се забавуваат и креираат со истата. Си чува таа во себе една посебна и чудна страст. Убава е и нуди многу! Може многу да ти открие ако почнеш да другаруваш со неа.rnrnПрво неа ја засакав, четките ми се пријателчиња од детството, а платното ми стана пријател во подоцнежните години во основно училиште. Ама вистински пријател, ако знаеш што да кажеш и што да прашаш, ти дозволува некогаш да го галиш, а не ти се лути ако понекогаш врз него ја истуриш својата агресија. Супер е…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиШто е она што преовладува во твоите дела? Дали е важно само да нацрташ нешто убаво или да пренесеш некоја порака, да побудиш некоја емоција…?rnrnУметноста во суштина се раѓа преку емоција! И секако е тука за преку неа уметниците да пренесат одредена порака и свој став. А јас се трудам да сум уметник на своето време и го сликам секојдневието онака како што јас го чувствувам и гледам, затоа што мислам дека времето на излитени и банални слики на мртва природа одамна е поминато. Во денешно време уметноста си бара поинакви начини за да ја каже својата порака. Го сакам потемниот колорит, особено црната боја, можеби е чудно, но дава душа и е премногу силна.rnrnСи имал ли можност да бидеш дел од некоја изложба?rnrnДо сега сум учествувал само на групни изложби, но се надевам дека желбата за самостојна изложба ќе ми се исполни во најскоро време.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиСите кои се занимаваат со каков било облик на уметничко изразување обично имаат некоја личност која на некој начин ги поттикнала, инспирирала… Кои се твоите идоли? Од каде ја црпиш инспирацијата?rnrnАко морам да изберам некој кој би го вброил меѓу своите идоли, тоа сигурно би бил великанот Дирер. Ме фасцинира неговото творештво и мислам дека е еден од најдобрите примери за секој млад уметник. Од нашиве би ги издвоил Петар Мазев и Владимир Георгиевски, сликари кои страшно многу ги почитувам.rnrnИнспирацијата е насекаде околу нас, некогаш ја има повеќе некогаш помалку, но ја има… си доаѓа од секојдневни настани до кои сетилата допираат, инспирација е животот, луѓето, нивните судбини, радости или страдања. Инспирација секако е и некоја убава музика, таа и уметноста си имаат своја чудно поврзана интима и суптилна енергија, едната преку звук и мелодија, а другата преку светлината. И ќе го заборавев најважното, најубавото и највозвишеното – жената! Како вечен и бескраен мотив и инспирација… сепак, јаготката доаѓа на врвот од шлагот… хехе…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиКреативните луѓе секогаш наоѓаат нови начини да се изразат. Имаш ли други вентили освен платното?rnrnИма многу можности за да се креира нешто, не мора да е само на платно, треба само да си ја пуштиме нашата фантазија – таа прави чуда. Како и да е, јас сум млад и сакам да експериментирам. Сакам стрит арт и боди арт, тоа знае секогаш да биде супер предизвик. Но, уживам и во убава фотографија и добра поeзија.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиВерувам дека сите твои дела ти се драги, но има ли некое за кое си особено приврзан?rnrnСекоја слика си има свое значење и со себе си носи свое време, одредена вредност и чувства и неблагодарно е да се споредува. Но, кога би морал да издвојам една, постои една слика која е доста стара, некаде од средношколските денови и кога некој друг би ја перцепирал би помислил нешто сосема друго, но за мене, иако можеби не е ништо посебно, има преголемо значење, така што мислам дека не би ја продал за ниедни пари на светов.rnrnКои се твоите планови за во иднина?rnrnrnПланови… секој од нас ги има, но јас ги мразам! Ги мразам затоа што сè она за кое премногу планираме, се надеваме, сè она што нè опседнува и навечер нè остава без сон, токму таму лежи најголемата фрустрација ако не се исполни. Плановите се лоши, а случајностите се слатки и убави! Времето ќе си покаже, сè се случува со некаква причина, така што сега тишината што ја дава молкот е совршено убава.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиМислиш ли дека може да се заработува од сликарството во Македонија?rnrn За прашањево…  Само ќе се насмеам, затоа што, немам намера да плачам… хехе… Верувам дека ќе дојдат барем малку поубави денови за културата во ова наше просторче, дека ќе се потрудиме да станеме нормални и да си го цениме своето. Крајно време е веќе, се надевам дека можеме да бидеме паметни и да го погребаме мизерниов ужас, за да се радува културата и да може да дише спокојно.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиЛиковна култура кај нас?rnrnМислам дека во последно време сè повеќе има млади кои се интересираат за уметноста, сакаат да ги посетуваат галериите и се трудат да успеат да видат, а тоа е супер. Менталитетот е таков како што е, но мислам дека мора сами да си го средиме тоа.  Лошо е тоа што сè што е однадвор го прифаќаме како нешто  „добро“. Но, како и да е, без позитивна мисла не може, па така надежта е дека доаѓа полека, но сигурно.Интервју со уметникот Славчо Максимовски
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

    „Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина

    Потребен е навистина исклучително креативен ум, за да се смисли ваква техника на создавање слики во старомоден стил. Инвентивната артистка Алисон Кортсон ја создава својата работа, во најголем дел користејќи прашина како дел од приборот за сликање. Таа започнала да работи на нејзината серија наречена „Dust Paintings“ пред неколку години, а дури сега почнува да добива и признанија за нејзиниот уникатен уметнички пристап.rnrn„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашинаrnrnГолемите цртежи на лосанџелешката артистка се создадени од неколку материјали, а се потребни прецизни чекори на работа, за да се изработат. Најпрвин, Алисон ја собира прашината од домовите на субјектите кои ги гледаме насликани во нејзините дела, која била акумулирана во нивните правосмукалки. Собирањето на потребната количина прашина може да потрае неколку месеци, бидејќи нејзините цртежи се многу масивни во големина (некои од нив се околу 170 см долги). Откако ќе го собере потребното количество прашина, Алисон ги црта субјектите на сликите употребувајќи акрилни бои, а потоа го пропрскува платното со прашина, која пак ја „манипулира“ со четка за сликање. Кога ќе заврши и со тоа, го премачкува уметничкото дело со акрилен премаз, за да се фиксира прашината.rnrn„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашинаrnrnИдејата која стои зад нејзиниот уникатен начин на сликање, е всушност многу интересна. Еве што вели таа за својата работа:rn
    rn

    Прашината го окупира просторот. Тоа не е органска материја која го збогатува или физички го менува просторот, туку настанува како резултат на интеракцијата помеѓу живите битија. Со сето ова кажано, не можам, а да престанам да мислам на еден случаен факт кој го имам прочитано и не ми излегува од глава: голем процент од насобраната прашина е настаната од паѓањето на мртвите клетки од нашата кожа. На еден ироничен начин, прашливата позадина на моите слики, всушност претставува составен дел од субјектите во нив.

    rn„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина„Старомодни“ портрети насликани со еден куп прашина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Кога помисливте дека ги видовите сите методи на работа во уметноста, се појавува нов оригинален начин на сликање, кој ќе ве остави без здив. Дваесет и пет годишниот уметник од Торонто, Ејми Шеклтон, ги црта овие интересни, колоритни, водени цртежи, без да користи четка или прсти. Наместо тоа, таа се потпира на добро познатите закони на гравитацијата, вртејќи го повремено платното, додека црта со притискање на пластични шишенца со боја.rnrnСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаrnrnПогледнете го видеото за да го видите нејзиниот брилијантен стил на работа во детали. Работата на овие слики траела 30 часа, но во видеото е компресирана во само 2 минути, за да се доловат сите кул методи.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни фотореалистични цртежи

    Неверојатни фотореалистични цртежи

    Шпанскиот артист Хуан Франтиско Касас црта неверојатни монохроматски портрети, користејќи само сино хемиско пенкало, притоа создавајќи ефект на фотографии. Касас всушност ги користи фотографиите кои самиот ги има направено на вечерните излегувања со пријателите и потоа црта според нив.rnrnНеверојатни фотореалистични цртежиrnrnЗа да направи едно дело може да употреби до 14 пенкала, а за да го заврши потребни му се две недели, со оглед на тоа што користи големи платна, кои може да се високи до 3 метри.rnrnНеверојатни фотореалистични цртежиrnrnИзгледа дека Хуан има забавен и возбудлив ноќен живот.rnrnНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежиНеверојатни фотореалистични цртежи
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Портрет

    Поезија: Портрет

    Автор: ПеперуткаrnrnПортретrnrnСакам да те насликам,rnа не знам да сликам.rnА толку многу сакам да знам.rnСакам да си ги бојамrnчувствата и мислите,rnсликите и зборовите.rnСакам многу бои.rnНеправилни форми,rnапстракции со конкретна моќrnсо силина и душаrnкако чувствата во мене.rnНе знам како правилно да те насликамrnама имам право да сакам.rnИ не сакам правила,rnзатоа ти ќе бидеш мое платно.rnЧетки не користам.rnМислиш дека ќе се снајдамrnсамо со она што го имам?rnСветлозелен поглед потонатrnво сатенската црнина на твоите очи.rnСнежно бели мали стапкиrnшто водат кон твоите чекори.rnРозови воздишки од треперењаrnштом застанам пред тебе.rnНебесно сина насмевкаrnбез ниедно облаче,rnнескриена,rnискрена,rnсо воскликrnза тебе.rnМлада месечинаrnсе огледува во твоите очи.rnНежни праска допири.rnСамо мала срамежлива нијанса.rnТанц на жолти преграткиrnоколу целото твое тело.rnПеперуткасти виолетови бакнежиrnпо твоето лице.rnМоите омилени бои.rnСо нив сакам да бојамrnдолго, долго, долго…rnКолку си прекрасен!rnНо не сум завршила.rnИ нема да завршам.rnВака можам да сликам бесконечно.rnДодека мотивот е љубовна искра што тлее,rnскокотлива радост, растреперен пулс, немирно срце,rnдодека ти си моето платно,rnјас сум најдобрата сликарка.

  • Еротика од масло на платно

    Еротика од масло на платно

    Kim Sung Jin е уметник од Кореја кој слика применувајќи ја техниката масло на платно. Неговите дела се карактеристични бидејќи очигледно ја истакнуваат неговата опсесија со полни румени усни. Со оглед на тоа што устата е во фокусот на неговата работа, малку иронично, но неговите слики можат да ве остават без зборови, но и да го разгорат жарот во вас.Еротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платно