КАФЕ ПАУЗА

Tag: платно

  • Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Без оглед на целата технологија што ја обезбедува 21-от век, некои работи и активности се имуни на промените што ги носи модерното време. Лулашките се меѓу таквите и дефинитивно се задолжителни кога станува збор за одмор и уживање.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnТие се интересни за децата, како и за возрасните, па секој би можел да го помине своето слободно време на нив, уживајќи во природата, во добра музика или во некоја убава книга.rnrnИмајќи го ова предвид ви предлагаме сами да направите лулашка, што ќе биде целосно во склад со вашите потреби и афинитети. Ова е предизвикувачки проект и треба повеќе да се потрудите, но доколку строго ги следите упатствата ви гарантираме апсолутно уживање.rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Дрвена дабова прачка со дебелина од 3,5 цм и должина од 90-100 цм
    • rn 011

    • 500 цм јаже изработено од плетен полипропилен
    • rn 011

    • Платно 200 х 200 цм
    • rn 011

    • Машина за шиење
    • rn 011

    • Пегла
    • rn 011

    • Акрилни бои
    • rn 011

    • Четка
    • rn 011

    • Кука од не’рѓосувачки челик
    • rn

    rn

    Постапка:

    rn1. Преклопете го платното на половина и ставете го на рамна површина, така што преклопениот дел да биде од лево. Со линијар измерете 20 цм од горниот десен раб и обележете ја точката. Со пенкало, поврзете ја означената точка со долниот десен агол на преклопеното платно и внимателно со ножици, отстранете го означениот дел.rnrn2. Раширете го платното и ставете го на рамна површина. Преклопете го горниот раб за 1 цм и пеглајте го. Потоа, преклопете го за уште 1 цм, повторно пеглајте и сошијте ја страната по целата должина. Повторете ја истата постапка со долниот дел.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn3. Завртете го платното за 90 степени во лево, така што подолгиот порабен дел да дојде од десно. На двете страни на платното направете џебови пред да шиете, како што е прикажано на сликата. Низ џебовите треба да минува јажето.rnrn4. Откако ќе го направите џебот, свиткајте го работ околу 4 цм (доволно за да помине јажето) и почнете да шиете. Повторете ја истата постапка на двете страни.rnrn5. Откако ќе ги сошиете сите рабови, можете да го украсите платното со акрилни бои.rnrn6. Од двете страни на краевите на прачката, направете две дупки (на 5 и на 10 цм). Треба да имате вкупно 4 дупки, како што е прикажано на сликата.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn7. Едниот крај на јажето врзете го во јазол, така што под јазолот ќе останат околу 7 цм. Слободниот дел од јажето протнете го надолу низ надворешната дупка на прачката. Продолжете со протнувањето преку долниот (поширокиот) дел на платното, па кон горниот (потесниот) дел. Кога јажето ќе помине низ целиот раб на платното, пред да го протнете низ внатрешната дупка на прачката направете јазол (на околу 90 см од првиот јазол).rnrn8. Продолжете да протнувате надолу низ другата надворешна дупка на прачката. Потоа измере повторно 90 см од крајот (слободниот дел) и врзете лабав јазол. Протнете го јажето и низ другата страна на платното и потоа нагоре низ последната дупка на прачката пред да завршите со јазол со 7 цм слободни. Доколку двете страни на лулашката не се еднакви, прилагодете ги јазлите пред цврсто да ги потегнете.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn9. Најдете го центарот на јажето над прачката и врзете јазол оставајќи околу 20 цм слободни, па закачете го за куката. Вашата лулашка е готова!rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnПрочитајте за овие 10 интересни начини со кои старите џемпери ќе ги претворите во нешто ново.

  • Патување во фантазијата: Слатки цртежи покрај утринското кафе

    Патување во фантазијата: Слатки цртежи покрај утринското кафе

    Чинција Болоњези е артистка која од неодамна развила многу интересно хоби. Таа едно утро појадувала врз црно платно кое обично го користела за работа и додека ги гледала трошките од колачите врз него почнала несвесно да црта приказни. Таа толку многу се внела во нејзината фантазија, што од тогаш ѝ се родила нова и прекрасна утринска навика покрај првата шолја кафе. Погледнете дел од нејзините утрински приказни кои ќе ве одведат на патување во светот на имагинацијата…rnrn(1) Патување во фантазијата: Слатки цртежи покрај утринското кафеrnrn

  • Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

    Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

    Францускиот графити артист и карикатурист Томас Ламади наоѓа необична инспирација во чистите неба кои се издигнуваат помеѓу структурите на модерната архитектура. Откако ќе ги фотографира, празните сини простори ги претвора во платно на кое паметно ги вклопува своите забавни илустрации.rnrnАртист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежиrnrnНа оваа идеја дошол во 2010 година кога погледнал кон небото и електричните жици го потсетиле на зајак. Оттогаш својата уметност почнал да ја „пополнува“ врз фотографиите од неговиот роден град Авињон, но подоцна ја открил и архитектурата на Њујорк, Хонгконг и други градови.rnrnНеговата „небесна уметност“ е навистина уникатна, бидејќи претставува спој на фотографијата, архитектурата и илустрирањето, и тоа на паметен и многу забавен начин.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни минијатурни уметнички дела исцртани на необични „платна“

    Прекрасни минијатурни уметнички дела исцртани на необични „платна“

    Месут Кул е артист од Турција кој црта мали уметнички дела на најразлични објекти. Понекогаш станува збор за крилото на пеперутка, понекогаш за зрно ориз, а некогаш дури и за влакно од коса. Накратко, тој работи на најмалите „платна“ во светот. Кул пред само неколку години започнал со микроуметноста со цел да воведе малку иновација во уметноста, но многу брзо успеал да ја совлада оваа техника. Тој за својата работа вели:rn
    rn

    „Најголемата инспирација за мене е овој свет. Мојата цел е да создавам универзален јазик со помош на мојата уметност.“

    rnПрекрасни минијатурни уметнички дела исцртани на необични „платна“rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Направете сами: Прекрасна слика со помош на вашето семејство

    Направете сами: Прекрасна слика со помош на вашето семејство

    Денеска ќе ви презентираме еден интересен „направи сам“ фамилијарен проект, кој ќе ви остане како драг спомен и убав украс за домот. Ќе ви бидат потребни едно платно за сликање, неколку пастелни бои и дланките на сите членови на вашето семејство.rnrnНаправете сами: прекрасна слика со помош на вашето семејство rnrnНацртајте стебло и потоа секој од семејството нека направи отпечаток од својата дланка со различна боја. Откако ќе го направите вашето семејно дрво, можете да напишете и некоја убава порака и да ја урамите прекрасната слика.rnrnНаправете сами: прекрасна слика со помош на вашето семејство rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатен боди арт инспириран од природата

    Неверојатен боди арт инспириран од природата

    Одличниот боди арт уметник Јоханес Стотер, умешно ги претопува неговите модели во опкружувањето, талентирано нанесувајќи боја на нивните тела. Тој го користи човечкото тело како платно за сликање, со цел да ги камуфлира во нивната околина и да направи тие да изгледаат како уникатни облици пронајдени во природата. Субјектите во неговата растечка колекција од креации, се претвораат во овошја, зеленчуци, дрвја, камења, жаби…Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природата Неверојатен боди арт инспириран од природатаСекое дело коешто артистот го создава, претставува унија помеѓу човекот и природата. За неговото последно маестрално дело биле потребни 5 луѓе, внимателно искомпонирани во една рамка, за да формираат облик на жаба. Секој човек е позициониран толку совршено, што навистина е тешко на прв поглед да се увидат контурите на нивните поединечни тела. Неверојатен боди арт инспириран од природатаЅирнете го и видеото најдолу, за да погледнете како 5-те луѓе се „расклопуваат“ од жабата. :)rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени

    Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени

    Сепија тоновите се одлични за додавање носталгични ефекти, но оваа серија нуди нешто повеќе од само изглед на стара фотографија. „Куфери на спомените“ (Memory Suitcases) е навистина оригинална фотосерија на израелскиот уметник Јувал Јаири која прикажува спомени од „некое друго време“ насликани на стари куфери наместо на платна.rnrnСликите имаат некоја сентиментална позадина која веднаш се чувствува, како кога копаме низ старите фотографии на нашите родители и гледајќи ги нè фаќа блага носталгија за времињата кои поминале. Старите куфери само додаваат интересна димензија на целиот проект, како синоним за местата кои ги поминале и спомените кои ги „чувале“ со текот на годините.rnrnСтари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени Стари куфери како платна за сликање носталгични спомениСтари куфери како платна за сликање носталгични спомениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Покрај бројните слики и скици, за животот на чудниот гениј Винсент Вилем ван Гог говорат и околу 900 писма, кои според историчарите на уметноста, ги напишал во периодот од 1872 до 1890 година. Најголемиот број, односно 600 од нив биле адресирани до неговиот брат Теодор, од кого ја добивал најголемата емоционална и финансиска поддршка. Му пишувал за очајот, бедата, сиромаштијата, лудилото, оптимизмот…rnrnПрочитајте еден мал дел од пораките на уметничката легенда, извадени од писмата до Тео.rnrnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Сликањето е како да имате лоша љубовница, која троши, троши и никогаш не ѝ е доволно…“

    rnrn

    „Совеста е човековиот компас. Иако, иглата понекогаш отстапува и често има неправилности во насочувањето на курсот, сепак мора да се обидеме да го следиме.“

    rn

    „Човек може да носи голем оган во душата, а никој да не може да се стопли од него. Минувачите не гледаат ништо, освен малку чад што излегува од оџакот и секој заминува по својот пат. Што да се прави тогаш? Да го одржуваш ли огнот во душата, да ја носиш ли солта на земјата со себе, трпеливо, но и со какво нетрпение!? Да чекаш, да го чекаш часот кога некој ќе дојде, ќе застане покрај тебе и ќе остане. Знам ли? Се надевам дека секој што верува, ќе го дочека тој час…“

    rn

    „Природата секогаш започнува со пружање отпор кон уметникот, но тој што сериозно ја сфаќа, нема да биде обесхрабрен.“

    rn

    „Знам и сигурен сум дека имам инстинкт за боја и дека тој сè повеќе и подлабоко ќе навлезе во сржта на моите коски.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Имам чувство дека историјата на луѓето е како историјата на житото. Ако не те посадат во земјата за да изртиш, ќе те сомелат за да станеш леб.“

    rn

    „Задоволен сум до некој степен, што не сум учел сликарство. Тогаш можеби ќе научев да ги одминувам ефектите, а сега си велам, токму тоа ми треба. Ако не може – значи не може, но сепак ќе се обидам, макар и да не знам како да го направам тоа. Како цртам, ни сам не знам. Седнувам со белата табла на некое место што ме освојува, го набљудувам тоа што е пред моите очи и си велам, од оваа бела табла треба да излезе нешто. Потоа се враќам незадоволен дома, ја фрлам таблата настрана и откако ќе одморам малку, пак ја земам и ја набљудувам со некаков страв. И повторно се јавува незадоволство, затоа што чудната природа е сè уште премногу жива во мојата меморија за да можам да бидам задоволен, но сепак, гледам во својата работа некаков одраз од тоа што ме освоило, гледам дека природата ми проговорила, ми кажала нешто и јас сум го стенографирал тоа.“

    rn

    „Човекот мора да научи да чита, исто како што мора да научи да гледа и да живее.“

    rn

    „Не можам да престанам за мислам дека најдобриот начин да го запознаеш Бога е да сакаш многу работи. Сакај го овој пријател, оваа личност, овој предмет… и ќе бидеш на правиот пат да го разбереш подобро.“

    rn

    „Луѓето се често неспособни да направат било што, заробени се во не знам каков вид на ужасен, ужасен, о колку ужасен кафез.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Да научиме да страдаме, без да се жалиме, да научиме да гледаме на болката без одбивност. Токму од тоа човек ризикува да му се сврти во главата. И, сепак, понекогаш не обзема смртно претчувство дека можеби на другата страна на животот ќе најдеме доволно оправдувања за постоењето на болката, која гледана оттука, понекогаш го пополнува хоризонтот и расте до размери на безнадежен потоп. За сето тоа знаеме многу малку и затоа подобро да гледаме некоја ливада со жито, дури и таа да е само на слика.“

    rnrn

    „За животот знаеме толку малку, што дури и не ни прилега да судиме што е добро, а што лошо, праведно или неправедно. Да зборуваме дека човек е несреќен,  бидејќи страда, е исто како да тврдиме нешто сè уште е недокажано. Така да прифатете ги работите такви, какви што се, чекајте со надеж и вооружете ја својата душа со долго трпение и добра волја, како што вели една многу стара поговорка. Оставете природата да го стори своето.“

    rn

    „Платното има идиотски поглед, ги хипнотизира уметниците толку многу што и тие самите се претвораат во идиоти.“

    rn

    „Самиот живот, исто така, е вечно кружење и бескрајна празнина, депримирачка празна страна на која ништо не се појавува, исто како и празното платно. Но, без разлика колку е празно и залудно, и колку „мртов“ може да биде животот, оној што има верба, енергија, топлина, оној кој знае нешто, нема да се откаже толку лесно.“

    rn

    „Сликарите ја разбираат природата, ја сакаат и нè учат како да го видиме тоа.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Постојат два начини на размислување за сликарството, како да не се направи и како да се направи. Како да се направи со многу цртање и со малку боја и како да не се направи со многу боја и со малку цртање.“

    rn

    „Ако некој сака да биде активен, не смее да се плаши дека ќе згреши, не смее да се плаши да направи грешка понекогаш. Многу луѓе мислат дека ќе станат подобри единствено и само ако не направат никакво зло, но тоа е лага. На тој начин ќе бидат во стагнација, во медиокритизам.“

    rn

    „Причината зошто немам постојана работа и зошто со години сум немал постојана работа, е доста едноставна. Моите идеи се разликуваат од оние на господата. Тие ја даваат работата на поединци кои го делат нивното мислење. Нивниот прекор не се должи на мојот изглед. Причините се многу подлабоки, ве уверувам.“

    rn

    „Продолжи понатаму, продолжи што и да се случи. Но, запрашај се која е твојата крајна цел. Таа цел ќе стане појасна, ќе се оствари полека, но сигурно, како што цртежите се претвораат во скици, а скиците во цртежи, преку сериозна работа и разработка на оригиналната нејасна идеја и преку консолидација на првата краткотрајна и минлива мисла.“

    rn

    „Јас не сум му пријател на денешното христијанство, иако неговиот основач беше возвишен.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водени цртежи

    Водени цртежи

    Suminagashi е стара јапонска техника на сликање на водена површина со цел да се создадат цртежи со мермерен ефект. Буквално значи лебдење на мастилото.Водени цртежиУметниците кои ја користат оваа техника, употребуваат традиционални мастила или акрилни бои за да ги насликаат своите апстрактни цртежи, кои потоа ги пренесуваат на впивлив материјал, како платно или хартија.Водени цртежиТехниката е прилично евтина и едноставна, сè додека боите останат меѓусебно неизмешани. Од артистот бара мирна рака, и тоа и при нанесувањето на боите и при нивното целокупно пресликување на платното или хартијата, но важен е и стисокот кој треба да е во согласност со динамиката на течноста.rn

    rnSuminagashi потекнува од Кина, од пред 2.000 години, но почнала да се практикува во Јапонија, почнувајќи од 12 век. Разликата помеѓу традиционалната техника и онаа која денес се практикува е во начинот на исцртување на формите. Сега се користат остри помагала, додека порано ова се правело со дување.Водени цртежиВодени цртежиВодени цртежиВодени цртежиВодени цртежиДевојките можеби веќе ја имаат пробано оваа техника за постигнување мермерен ефект на своите нокти.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 интересни дезени на култните патики „Старки“

    20 интересни дезени на култните патики „Старки“

    Легендарните патики „Chuck Taylor All Stars“ или познати и како „Converse All Stars“ се добро познатите обувки на „Конверс“ направени од платно и гума. Првиот модел од овие патики е направен во 1917 година, кога компанијата се обидувала да го освои пазарот за патики наменети за кошаркари. Познатиот кошаркар Чак Тејлор во третата декада од минатиот век го подобрил дизајнот на патиките и станал главен нивни промотор. Според последните анализи, досега се имаат продадено повеќе од 800 милиони „Старки“.rnrn20 интересни дезени на култните патики „Старки“rnrnДо шеесеттите години на минатиот век се продавале само црна и бела варијанта од патиките, по што подоцна почнале да се произведуваат во сите бои и во многу шари и дезени. Ова се еден мал дел од најинтересните модели на овие култни патики.rnrn20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“20 интересни дезени на култните патики „Старки“rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.