КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијано

  • Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Неколку часа откако претседателот беше инаугуриран и долго откако целата парада заврши и скоро сите политичари се вратија на своето работно место, музичкото шоу продолжи до вечерта, во весела и пријатна атмосфера.rnrnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“rnrnНа инаугурацискиот бал настапија големи музички имиња како Џенифер Хадсон, Бред Пејзли и Стиви Вондер, но дефинитивно најголем впечаток остави елегантната, преубава и талентирана пејачка Алиша Кис. Облечена во блескава црвена тоалета, Алиша го „грабна“ големото пијано и ги отпеа нејзините песни „New Day“ и „Girl on Fire“ кои совршено прилегаа на манифестацијата. За да му оддаде особена чест на претседателот, таа дури и го смени текстот во нејзината песна „this girl is on fire“, во „Obama’s on Fire“ (Обама гори). Со голема грациозност, емоција и моќ, Алиша го прослави вториот претседателски мандат на Обама.rn
    rn

    Ова е дел од текстот кој Алиша го посвети на вториот мандат на Обама: „Тој ни е претседателот и тој гори. Натоварен е со катастрофи, но знае дека ќе го пронајде начинот. Стои со двете нозе на земја и не се откажува. Обама гори. Се движи низ оган. Обама гори. Сите стојат додека тој поминува, бидејќи можат да го видат пламенот во неговите очи и го гледаат како ја осветлува ноќта. Сите знаат дека Мишел е неговата девојка. Заедно, тие владеат со светот.“

    rnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“
    rnrn

    По завршувањето на спектакуларниот настап, таа ѝ порача на публиката: „Многу Ви благодарам што срдечно ме примивте на овој фантастичен претседателски инаугурациски бал. Имајте извонредна вечер, прославувајќи ја иднината на нашата земја, којашто е безгранична и бескрајна. Господ да ве благослови!“

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Соната на автобуска стaница

    Соната на автобуска стaница

    Патници на автобуската станица „Хејмаркет“ во Њукасл, Велика Британија, го свират Бетовен на пијано. Некои од нив, за првпат го допираат овој инструмент…Соната на автобуска стaницаСтанува збор за еден од проектите на „Antnhec“, чија цел е вклучување на јавноста во креирањето уметност. Во неговата реализација учествува пијанистот Енди Џексон од „Cobwebs orchestra“.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оригинални класични преработки на светските музички хитови

    Оригинални класични преработки на светските музички хитови

    Следните фантастични и оригинални преработки на неколку познати музички хитови се дело на The Piano Guys. Тоа е група од петмина многу креативни ентузијасти од кои само двајца се музичари, а другите тројца ги извршуваат задачите во врска со видеата за песните. Нивната заедничка работа од нив направи сензација на Јутјуб, а досега имаат повеќе од 130 милиони прегледи.Оригинални класични преработки на светските музички хитовиИ покрај називот кој го носи групата, Џон Шмит е единствениот пијанист овде, а во преработувањето на песните друштво му прави виолончелистот Стивен Шарп Нелсон. Понекогаш во перкусионистичкиот и вокалниот дел им помага и Ал ван дер Бек, чии обврски се однесуваат пред сè на аранжирање. Пол Андерсон е продуцент на групата, а финалниот производ го заокружува видеографот Тел Стјуарт, авторот на овие прекрасни видеа. Пуштете ги звучниците погласно и уживајте во нивната музика!rn
    rn

    Paradise – Coldplay

    rn

    rn

    rn

    Titanium – David Guetta feat. Sia

    rn

    rn

    rn

    Over the Rainbow – Israel Kamakawiwo’ole

    rn

    rn

    rn

    Rolling in the Deep – Adele

    rn

    rn

    rn

    What Makes You Beautiful – One Direction

    rn

    rn

    rn

    Without You – David Guetta feat. Usher

    rn

    rn

    rn

    Just the Way You Are – Bruno Mars

    rn


    rnrnrn


    rn

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Петгодишно дете „растура“ на пијано

    Петгодишно дете „растура“ на пијано

    Петгодишниот гениј Енди Ли од Хонг Конг покажува дека може да се носи и со најголемите мајстори на свирењето пијано.rnПетгодишно дете растура на пијаноНема да ви се верува дека едно дете може толку брзо да мрда со неговите прсти и да создава таква музика. Навистина импресивно.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на музиката

    Моќта на музиката

    Дури и лошата музика може позитивно да ни влијае, покажуваат некои истражувања. Музиката може да нè релаксира после напорниот работен ден, но и да нè извади од најдлабоките емотивни кризи и да ни помогне да ги надминеме сериозните здравствени проблеми… Еве некои од нејзините позитивни ефекти:rn

    1. Го репарира оштетениот мозок

    rnМузиката има моќ да помогне во справувањето со последиците од мозочен удар. Таа може делумно да ги подобри и другите повреди и оштетувања на мозокот, кои доведуваат до намалување на видот или на говорот. Во некои случаи музиката може дури и да ги врати овие изгубени сетила кај пациентите. Лицата со оштетувања на левата мозочна хемисфера, кои тешко говорат, зборовите можат да ги изустат пеејќи ги и тоа без потешкотии и без претходно вежбање. После тоа, повторно со моќта на музиката и со малку повеќе напор, прашање е на време, кога овие пациенти ќе почнат да изговараат едноставни, но цели реченици. Ова некои го коментираат како шлаканица за неврологијата.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Терапијата со музика, односно феноменот пеење, кај пациентите кои не можат или едвај зборуваат, се должи на тоа што функциите за говорот се лоцирани во левата страна од мозокот, а музиката ја чувствуваме, примаме и обработуваме преку десната. Во случај, мозочен удар да ни го оштети или одземе говорот, музиката го тренира десниот дел од мозокот да ја преземе оваа функција. Во кратки црти, таа го масира мозокот и го активира лачењето на допаминот, кој едноставно ја подобрува неговата работа. Музиката го зголемува и хормонот на среќата, серотонинот.rn

    2. Се справува со зависностите

    rnМузиката е пожелна во фазата на детоксикација на организмот, кој се одвикнува од болестите на зависност. Свирењето на некој музички инструмент и слушањето музика, на пациентите можат да им помогнат полесно да им се спротивстават на негативните импулси и емоции и да ја зголемат нивната самоконтрола. На зависниците од дрога им овозможува да се справат со апстиненцијата, а редовното слушање на нивните омилени песни може да им ја намали телесната болка. Кај љубителите на музиката се намалуваат срцевите отчукувања, крвниот притисок, тензијата во мускулите… Пожелно е да се слуша по 12 минути на почетокот на денот и пред спиење.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Музиката директно влијае на невротрансмитерите, задолжени за пренос на информациите во нашата глава. Така делуваат и лековите, но за разлика од музиката, тие го прават нашиот мозок мрзлив, му наредуваат да престане да ги произведува неопходните супстанци и ја преземаат таа улога. Ова ја нарушува функцијата на мозокот, кој по престанокот на земањето лекови, тешко се осамостојува.rn

    3. Го зголемува имунитетот

    rnИзненадување за грипосаните читатели. Добро е да знаете дека дејството на супите и чајчињата може да се зголеми со слушање музика. Таа го зајакнува нашиот имунолошки систем. Им ја подобрува состојбата и на хронично болните лица, а одлична е дури и за обична настинка. Кревкиот организам, нападнат од вируси и бактерии, подобро ќе се бори со нив, ако слушате музика. Се препорачува џез, софт-рок или блуграс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: За почеток, музиката го намалува стресот, преку редуцирање на нивото на кортизол во мозокот. Тоа е супстанца која предизвикува чувство на стрес, кој пак го напаѓа имунитетот. Правците како џез, софт-рок и блуграс, се особено ефикасни во намалување на оваа непријатна појава. Тие имаат слични музички квалитети и затоа идентично делуваат на здравјето. Создаваат повеќе антитела, кои се борат со болеста.rn

    4. Спречува напади

    rnМузиката на Моцарт ги редуцира нападите. Резултатите се видливи по 5 минути изложеност на композициите на овој гениј, отсвирени на пијано, а во некои случаи дури и за покусо време. Моцарт позитивно влијае и кај пациентите во кома. Експериментирањето со други форми на музика, покажало минимални резултати.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: На науката сè уште не ù е познато зошто на нашиот мозок највеќе му одговараат звуците на пијаното. Јасно е дека ја стимулираат кората на големиот мозок, но зошто баш Моцарт, нема објаснување.rn

    5. Ја враќа загубената меморија

    rnАко го заборавивте првиот бакнеж, пуштете ја вашата омилена музика, опуштете се и спомените ќе надојдат. Се надеваме само дека нема да ги активираат вашите лоши сеќавања. Музиката поволно влијае и врз  пациентите со Алцхајмерова болест, им помага да се сетат на делови од минатото.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Слушањето музика ангажира многу области во мозокот, особено во десната хемисфера. Она што го може музиката, не го може ниту најдлабокиот разговор со психијатрите. Со нашите омилени звуци, се активира и областа во мозокот наречена хипокампус. Тој е задолжен за долготрајната меморија.rn

    6. Ја зголемува моќта за просторно расудување

    rnИ тука Моцарт се покажал како најуспешен. Неговите композиции отсвирени на пијано, може да ја подигнат моќта на расудување во просек за 9 IQ поени. Што значи дека кај некои луѓе звуците на пијаното можат да го зголемат нивото на интелегенција и многу повеќе.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Постојат многу теории за ова. Некои од нив, тврдат дека музиката на Моцарт се фокусира повеќе на слушателот. Други пак, се базираат на тврдењето дека композициите отсвирени на пијано, ја зголемуваат активноста во критичните региони во мозокот.rn

    7. Лечи Паркинсонова болест?

    rnТука најверојатно веднаш се прашувате дали позитивното влијание на музиката врз мозокот може да ги подобри и телесните функции? Истражувањата велат дека може. Ако имате Паркинсонова болест, ритамот на  музиката може да ви помогне и физички да закрепнете. Експертите, како пример ја земаат Rande Gedaliah, на која во 2003 година ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест. Симптомите карактеристични за заболувањето, проблемите со рамнотежата и мускулните грчеви нагло ѝ се влошувале. Но, еден ден додека слушала музика, таа забележала дека со леснотија ги движи екстремитетите, односно дека ритамот на музиката го диктира нивното темпо. Со ова заболување веќе подолго време се справува и познатиот актер, Мајкл Џ. Фокс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Дали сте забележале дека кога сте затворени во соба и слушате музика, стапалото ви игра самото од себе? Тоа е така, затоа што делови од мозокот, кои се справуваат со ритамот и движењето, се до толку автоматизирани, што не е потребно свесно да ги контролираме потезите. Со музиката, и пациентите со брадикинезија (забавено движење) полесно функционираат. Кога нивниот мозок ги прима звуците, веднаш испраќа лажни сигнали до нозете и ги поттикнува да се движат. Позитивно влијание врз болните има и свирењето на некој инструмент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спој на „рециклирана“ музика и лудо возење

    Спој на „рециклирана“ музика и лудо возење

    Откачен и амбициозен маркетинг проект на групата ОК Go и на Шевролет. Се работи за музички видеоспот насловен „Needing/Getting“ на момците од Лос Анџелес. Тие во должина од над 3 километри, надвор од градот, поставиле 55 стари пијана, 288 гитари и уште 1.157 други импровизирани инструменти. Секое пијано е наштимано на ниски октави, со цел да го дава истиот тон, без разлика каде и да биде ударот. И автомобилот „Chevy Sonic“ е редизајниран за спотот, вградени се елементи, како во неговата внатрешност, така и на каросеријата. Спој на „рециклирана“ музика и лудо возењеСпој на „рециклирана“ музика и лудо возењеНајдобриот опис за спотот е креативно лудило, полно адреналин. За 4-минутното музичко возење, подготовката траела цели 4 месеци, а снимањето 4 дена. Погледнете како изгледа кога екстремните спортови, се претвораат во екстремни видеоспотови и уживајте во кусата турнеја и добрата музика со OK Go и со Шевролет.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грамофон кој произведува музика од дрвени плочи

    Грамофон кој произведува музика од дрвени плочи

    24-годишниот Германец Bartholomäus Traubeck, создал модифициран грамофон, кој произведува звуци од парчиња дрво. Прстените во пресекот на дрвените плочи, кои покажуваат колку е тоа старо, ги конвертира во звуци на пијано. Проектот го нарекол „Години“.Грамофон кој произведува музика од парчиња дрвоНаместо класичната игла, грамофонот на креативниот германски уметник, користи камера „Play Station Eye“, која ги чита вдлабнатините (годините) на пресеченото дрво и ги претвора во музика. Покрај камерата, проектот се состои и од модифицирана табла, компјутер, акрилно стакло, фурнир, степер мотор, а вградена е и програмата за музика „Аbleton live“. Работите се поврзани преку миди интерфејс. Грамофонот е со димензии 90 x 50 x 50 сантиметри.rn

    rn

    Traubeck планира дополнителна надградба на грамофонот, со цел тој да може да произведува различни звуци од различни дрва. Се прашувате ли како би звучело вашето омилено дрво?

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто да научите да свирите пијано?

    Зошто да научите да свирите пијано?

    Автор: Горана КоневскаrnrnСвирењето на пијано не само што е интересно и забавно, туку овозможува и одлична вежба за мозокот. Исто како што трчањето или аеробикот имаат влијание врз мускулите на телото, секојдневното вежбање на пијано, па макар и само 20-тина минути, ќе ве држи ментално во форма.rnrnЗошто да научите да свирите пијано?rnrnЗа многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.rnrnОсвен тоа што пијаното е прекрасен инструмент со убав изглед и богат звук, постојат и многу други причини зошто да научите на свирите пијано:rn

      rn011

    • Музиката има терапевтско и смирувачко својство.
    • rn011

    • Свирењето на пијано има влијание врз развојот на моториката на рацете. Тој е инструмент на кој се свири независно со двете раце со сите 10 прсти, па ова може да ви помогне и во вашите вештини за пишување на тастатура.
    • rn011

    • Некои истражувања покажале дека свирењето на пијано, може да развива дополнителни вештини. Децата од средно училиште кои свиреле на пијано, покажале не само високо развиени уметнички и музички вештини, туку и подобро напредувале во користењето на јазикот и математиката.
    • rn011

    • Пијаното ви овозможува социјализација – замислете си само колку е прекрасно да седите со своето семејство во топла домашна атмосфера, а вие да сте во центарот каде свирите пијано и сите заедно пеете песни.
    • rn011

    • Свирењето на пијано може да се прилагоди на вашите желби и согласно на типот на вашата личност – доколку сакате да бидете сами, може да го користите како соло инструмент, кој секогаш звучи богато и динамично или пак да свирите заедно со вашите пријатели кои свират на друг инструмент, доколку преферирате да бидете во друштво.
    • rn011

    • Пијаното го изострува и умот и телото (концентрација и правилно држење на ‘рбетниот столб).
    • rn011

    • Свирењето на пијано резултира со опуштеност и смиреност, но бара и емоционална ангажираност. Ова може да ви помогне да станете поспретни и посталожени.
    • rn011

    • Свирењето на пијано ги ангажира двете мозочни хемисфери и ја развива способноста за истовремено правење повеќе работи одеднаш.
    • rn011

    • Доколку сакате да ја научите теоријата на музиката, најдобро е да земете часови по пијано. Тоа е инструмент за кој е неизбежно да знаете да ги читате и разбирате нотите. А доколку потоа сакате да свирите и на друг инструмент, благодарение на претходното искуство со пијаното, ова може да ви оди многу полесно.
    • rn011

    • Пијанистите можат да се занимаваат со мноштво професии: да бидат придружба во хор, да свират во цркви, на разни настани, да подучуваат, да создаваат музика за филм или за реклами, да компонираат оркестрални дела, како и да бидат дел од музички групи.
    • rn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Компанијата „Woouf“ од Барселона, Шпанија дошла до интересна идеја да дизајнира оригинална колекција персонализирани перници за седење. Тие фантастично би се вклопиле во сечиј дом, дури и кога би немале никаква улога на мебел.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnДоколку имате музичко студио или едноставно ја сакате музиката, можете вашата просторија да ја направите многу интересна, доколку си набавите перница која изгледа како пијано, звучник или вуфер. Ако сте голем гурман и сакате да го потенцирате тоа пред вашите пријатели, едноставно купете си хамбургер или еден помфрит и седнете на него. Доколку пак обожавате да патувате, одберете си го куферот кој најмногу ви се допаѓа и седејќи на него, размислувајте каде ќе одите на патување. Има и фотоапарат, на кој можат да седнат љубителите на добрата фотографија.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnОвие дотерани перници, наполнети со морска пена и изработени од многу издржлив материјал, не само што претставуваат место плус за седење во вашиот дом, туку прават секој дизајн на столче да изгледа толку досаден во споредба со нив, гледајќи ги само на фотографии. Нивната оригиналност, ќе го задоволи вкусот на возрасните, исто колку што и на помалите деца. Цената на комфорниве пернички варира од 90 до 275 евра.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано жонглер

    Пијано жонглер

    Овој човек тврди дека е најбрзиот пијано жонглер во светот. Немојте погрешно да сфатите, овој човек не фрла пијана во воздух со цел да жонглира со нив, туку фрла топчиња по дирките на пијаното, притоа создавајќи класична музика. Неговото име е Ден Менендез и со сигурност ќе ги освои вашите симпатии со неговиот исклучително уникатен талент и техника на работа, која ја нарекува „bounce piano“.rnrnПијано жонглерrnrnrnrnСе сеќавате ли на ритмичките звуци создадени од предмети кои паѓаат на земја?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.