КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијано

  • Видео: Соседи свират на пијано од нивните станови секоја сабота во 14 часот

    Видео: Соседи свират на пијано од нивните станови секоја сабота во 14 часот

    Секоја сабота во 14ч двајца соседи свират пијано заедно. Станува збор за едно младо момче и 78-годишен маж кои свиреле синхронизирано неколку пати, а потоа и се запознале. Причината што овој 78-годишен маж свири секоја сабота во 14ч е бидејќи тоа го обожавала неговата сопруга која во декември 2020 година починала од КОВИД-19. Погледнете го видеото и уживајте!rnrnrnrnПогледнете како ова 4-годишно девојче ја нашминка својата мајка, а ние сме воодушевени од резултатот!

  • Прекрасни фотографии од заборавени пијана во напуштени градби

    Прекрасни фотографии од заборавени пијана во напуштени градби

    Професионалниот фотограф и пијанист од Франција, Ромејн Тиери, нашол начин како да ги спои своите две најголеми страсти во едно. Неговата серија фотографии позната како „Реквием за пијана“, е прекрасна идеја што освои многу срца ширум светот. Како пијанист, тој отсекогаш чувствувал многу емоции кога ќе види напуштено пијано, а како фотограф, неретко ги овековечувал старите градби што одамна биле заборавени од луѓето. За да ги спои овие две нешта, тој патувал во Франција, Италија, Белгија, Украина, Германија и Полска. Преку неговите фотографии и со мала помош од нашата имагинација, музичките ноти на овие напуштени пијана повторно се слушаат…rnrn rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Надворешни пијана воведуваат среќа во животот на случајните минувачи ширум светот

    Надворешни пијана воведуваат среќа во животот на случајните минувачи ширум светот

    Кога артистот Лук Јарам сфатил колку многу луѓе го поминуваат своето време покрај странци без притоа да изустат ниту еден збор, тој решил да се обиде да ги смени работите така што ќе постави пијана во силни бои на отворено со цел да ја поттикне спонтаната комуникација.rnrn

    Надворешни пијана воведуваат среќа во животот на случајните минувачи ширум светот
    Кобург, Канада, 2014
    rnrnПроектот „Play me, I‘m yours“ започнал во Бирмингем, Велика Британија во 2008 година со 15 пијана поставени низ градот во период од 3 недели. Оваа идеја била целосен успех и се претпоставува дека над 140.000 луѓе свиреле на овие музички инструменти или слушале додека некој друг свири. Од тогаш, над 1.000 пијана со едноставната инструкција „Play me, I‘m yours“ биле поставени во 37 градови ширум светот, допирајќи до околу 6 милиони луѓе. Уличните пијана, од кои дел биле реновирани од други локални артисти, започнале да се појавуваат на плоштадите, во парковите, на автобуските и железничките станици, на мостовите и на други најразлични јавни места. Погледнете…rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од овој бездомник сите бегале, но потоа седнал покрај уличното пијано

    Од овој бездомник сите бегале, но потоа седнал покрај уличното пијано

    Рајан живее на улица веќе 30 години во Алберта, канадска провинција. Никој не се ни сомневал дека поседува ваков талент, сè додека градот не поставил пијана на отворено, на кои минувачите можеле слободно да свират.rnrnod-ovoj-bezdomnik-site-begale-no-potoa-sednal-pokraj-ulichnoto-pijano-kafepauza.mkrnrnСпоред неговите зборови, тој никогаш не учел да свири, туку во прашање е чист талент. Само слушнете го, неверојатен е.rnrn

  • Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

    Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

    Веќе сме пишувале за „The Piano Guys“, момците кои со пијано и виолончело прават неверојатно добри преработки на светските музички хитови, а за нив прават и преубави видео спотови. Нивната најнова преработка е колаж од повеќе композиции кои биле употребени како насловни за филмовите за Бетмен. Од добро познатата заразна музика од старата ТВ серија за суперхеројот, па сè до трилогијата на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл во главната улога, можеме да ги слушнеме сите мелодии кои досега се појавиле во овие филмови.rnrnДоста труд вложиле и во спотот: со секој преод од еден во друг саундтрак, преоѓаат и во друга ера на филмовите за Бетмен, создавајќи аудиовизуелно делo кое одговара на квалитетот на кој нè навикнале.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 оригинални употреби на мајонезот на кои веројатно не сте ни помислиле

    10 оригинални употреби на мајонезот на кои веројатно не сте ни помислиле

    Автор: Маја ЛинковаrnrnОдвреме-навреме се случува расчистувајќи го фрижидерот да најдете туба со мајонез на кој му поминал рокот. Наместо да го фрлите можете да го употребите на 10 многу креативни начини.rnrn0-10-originalni-upotrebi-na-majonezot-na-koi-verojatno-ne-ste-ni-pomislile-kafepauza.mkrn

    1. Балсам за коса

    rnАко е време да ја измиете вашата коса, но ви снемало балсам, не плашете се! Мајонезот може да се искористи како одлична замена. Само протријте го на вашето теме, почекајте неколку минути и потоа измијте ја косата со обичен шампон. Вашата коса ќе биде мека и сјајна.rn

    2. Се грижи за вашата кожа

    rnМајонезот има повеќенаменска употреба. Не само што ја прави вашата коса сјајна, туку исто така ѝ дава влажност на вашата кожа. Може да помогне во лекувањето на одредени недостатоци на кожата. Сè што треба да направите, е да го нанесете мајонезот како крем, а тој ќе си го направи своето.rn

    3. Ги зацврстува вашите нокти

    rnВашите нокти сè уште се кршат? Нема потреба да фрлате пари за маникир, бидејќи може да употребете мајонез за да ги зацврстете ноктите. Подгответе мал сад кој ќе го наполнете со мајонез, држете ги ноктите во него околу 5 минути и потоа измијте си ги рацете. Со тек на време, вашите нокти ќе се зацврстат.rn

    4. Изгореници

    rnДоколку го искористите убавото време и појдете на плажа, но заборавите да ставите крема за сончање, веројатно ќе добиете изгореници од сонцето. Мајонезот ќе делува како Алое-вера, бидејќи може да ја ублажи болката додека се обнови изгорената кожа.rn

    5. Вадење заглавен прстен

    rnВашите нокти се супер, но што е со прстенот кој е заглавен на вашиот прст? Намачкајте малку мајонез околу прстенот, а тој веднаш ќе се излизга од прстот.rn

    6. Ги убива вошките

    rnМајонезот се користи наместо шампон против вошки, без хемикалии. Само измасирајте ја главата со него, ставете си капа за туширање и преспијте. Наутро, измијте ја вашата коса и повторете го истиот процес 10 дена подоцна.rn

    7. Полирање на растителните листови

    rnЗа да го освежете вашето растение, избришете ги листовите со мајонез и ќе светнат во блескаво-зелена боја. Понекогаш тоа може да трае со месеци. Овој чуден трик се користи во продавниците, за да изгледаат подобро одошто во вашиот дом.rn

    8. Исчистете го вашето пијано

    rnКлавишите на пијаното не се бели како претходно? Употребете влажна крпа на која ќе ставете мајонез, почекајте неколку минути, па потоа избришете ги. Мајонезот ќе ја отстрани сета нечистотија од нив.rn

    9. Отстранете ги досадните налепници на вашиот автомобил

    rnЖалите за налепниците кои сте ги ставиле на вашиот автомобил во 90-те години? Не можете да ги отстранете без да оставите трага? Земете малку мајонез и ставете врз налепницата, почекајте неколку минути и исчистете. Мајонезот ќе го апсорбира лепилото и налепницата ќе излезе без да остави трага.rn

    10. Ги чисти чкртаниците од боички на ѕидот

    rnНаместо одново да ја бојадисувате вашата куќа благодарение на вашите креативни дечиња, може да употребете малку мајонез. Попрскајте мајонез на ѕидот, почекајте малку и потоа избришете со хартиена крпа. Како со магија чкртаниците ќе исчезнат, а ѕидот ќе биде како нов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Песната „Let it Go“ од „Frozen“ во верзија која буквално ќе ве замрзне

    Песната „Let it Go“ од „Frozen“ во верзија која буквално ќе ве замрзне

    „The Piano Guys“ се музичка група, која направи класична обработка на песната „Let it Go“ од анимираниот филм на Дизни – „Замрзнато“. Обработката звучи прекрасно и во истата се вклучени и примеси од четвртиот виолиниски концерт „Зима“ од Антонио Вивалди, што е дел од збирката „Четири годишни времиња“.rnrnpesnata-let-it-go-od-frozen-vo-verzija-koja-bukvalno-kje-ve-zamrzne-kafepauza.mkrnrnШто се однесува до изборот на локацијата за снимање на спотот, бендот изјавува:rn
    rn

    „Изборот на локација беше клучен фактор во доловувањето на оваа песна. Уште пред една година бевме повикани да снимаме на истата оваа локација и не можевме да ја најдеме најприкладната песна за тоа. Но, кога еден од членовите на бендот го гледаше филмот „Замрзнато“ со своето семејство, веднаш знаевме што треба да направиме и така ја реализиравме идејата.“

    rnВо продолжение погледнете го видеото. Уживајте!rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бездомник свири на пијано, присутните трогнати до солзи

    Бездомник свири на пијано, присутните трогнати до солзи

    Дејвид Велш има 50 години, а бездомник е од својата шеста. Тој не го познава нотниот систем ниту има некакво музичко образование, но со својот музички талент ги расплакал присутните во една продавница за половни инструменти во Ванкувер.rnrnНеговите премрзнати прсти вешто прелетувале низ клавишите додека присутните внимателно ја следеле неговата виртуозна музика.rnrnБездомник свири на пијано, присутните трогнати до солзиrnrnВработените во продавницата велат дека тој доаѓа еднаш или двапати месечно секоја година и секојпат ги импресионира присутните, понекогаш и ги доведува до солзи.rnrnВелш вели дека нема контрола над она што го свири. Едноставно музиката го обзема.rn
    rn

    „Не знам да свирам, но ми се допаѓа тоа што го слушам во мојата глава“ – вели тој. „Некогаш не знам ни кој клавиш го притискам. Не ги ни отворам очите. Само ја пуштам музиката да свири.“

    rnВелш рано ја открил својата дарба, но имал можност да свири само на позајмени инструменти во разни прифатилишта за бездомници и во продавници. Вели дека музиката му помогнала да се одржи во некои тешки времиња.rn
    rn

    „Како да влезе Светиот дух во просторијата“ – изјавил еден купувач во продавницата за музички инструменти. „Тоа е задоволство кое не може да се објасни. Така се чувствував, а и многумина други го почувствуваа истото.“

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зачудувачки перформанс: балерина танцува со остри ножеви

    Зачудувачки перформанс: балерина танцува со остри ножеви

    „En Puntas“ е видео инсталација изработена од страна на шпанскиот артист Хавиер Перез, во која ја гледаме балерината Амели Сегара, како изведува неверојатен танцувачки перформанс на големо пијано, носејќи прилагоден пар балетанки, продолжени нанапред со остри кујнски ножеви. Како танцот на врвот од прстите да не е доволно тешка задача, Сегара додала дополнителен притисок, балансирајќи го своето тело на уште потенка платформа и од уште поголема височина.rn

    rnПомислата дека воопшто некој може да застане цврсто на потенцијално опасни обувки е вчудовидувачка, но фактот дека Сегара успева да постигне телесен баланс, додека истовремено го гребе капакот од пијаното, е истовремено освежувачки и застрашувачки за гледање. Интензивниот перформанс станува уште повозбудлив за гледачите, кога елегантната балерина се приближува до работ на пијаното со врвовите од ножевите.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножевиМоќната комбинација од сила и баланс прикажана од страна на балерината, е повремено придружена од нејзината емоционална болка и плач од бол, бидејќи вложениот напор и физичката исцрпеност тежат врз нејзините пренапрегнати прсти. Перформансот на Сегара поттикнува емпатија кај публиката додека таа се напрега, тежнеејќи кон совршенство. Таа е истовремено, прекрасна и скршена. Според описот на креаторот на проектот, тој „ја разоткрива слабоста која стои на границата помеѓу некои навидум неспоиви концепти како што се: убавината и злото, ранливоста и насилството, културата и природата на раѓањето и смртта“.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Нимфа пее во придружба на пијано

    Нимфа пее во придружба на пијано

    Сме виделе многу слатки животни кои изведуваат разни музички точки, но ова е веројатно едно од најслатките. Папагалчето на видеото ја пее музиката од филмот „Мојот сосед Тоторо“, додека е придружуван со пијано. Пре-слат-ко! :)rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.