Можеби сметате дека кокошките и петлите се само глупави животни и не можат да направат ништо што ќе ве изненади. Но, оваа прекрасна приказна за наоѓање љубов ќе ве остави во солзи.rnrn
rnrnКамил живеела во Њујорк и еден ден додека одела на работа нашла пиленце. Не било постаро од 5 дена, па сигурно било напуштено или изгубено. Камил сфатила дека на малото животно му е потребна помош, па решила да се грижи з него. Таа знаела дека пиленцата се навистина чувствителни, па била свесна што ја очекува.rnrn
rnrnМалечкото веднаш се смирило откако таа го земала во нејзините раце. Прво го однела на работа, а по неколку часови го однела и дома. Потоа, брзо и лесно се вљубила во него бидејќи сакало да заспива во нејзиниот џемпер. Решила да го одгледа.rnrnСо текот на времето малото пиленце целосно се припитомило. Интересно е што се однесувало како и секое сочувствително животно. Кога Камил се чувствувала лошо и лежела на креветот во дневната, пиленцето секогаш ѝ легнувало на градите.rnrn
rnrnТаа сфатила дека оваа посебна душа се поврзала со неа. Сепак, никој не вели дека сродните души доаѓаат само во човечка форма. Додека се мали, речиси е невозможно да го препознаете полот на пиленцето. Но, наскоро Камил сфатила дека Бри е петел. А токму овде приказната станува интересна.rnrn
rnrnПетлите кукурикаат рано наутро, а ова може да биде проблематично за луѓето кои живеат во град. Во Њујорк не е дозволено да се чуваат петли во границите на градот.rnrn
rnrnРечиси секој има слушнато или прочитано за луѓето кои едноставно ги напуштаат нивните миленичиња бидејќи не можат да се грижат за нив. Но, Камил се одлучила да не го слуша градот и продолжила да го чува нејзиниот пријател нелегално.rnrn
rnrnДенес Камил и Бри живеат надвор од градот каде што тој ѝ помага во градината, ѝ прави друштво и спие до неа. Животот е многу поедноставен кога имате некој што навистина ве разбира. Малкумина наоѓаат вакви пријатели кај своите миленичиња.rnrn
rnrnНа нивен начин на постоење, миленичињата нè сакаат и ни покажуваат благодарност за вниманието што го добиваат од нас. Понекогаш можат да направат и грешки. Можат да пораснат премногу големи или воопшто да не ве слушаат. Но се минува низ сè. Никогаш не треба да го напуштите или да се откажете од миленичето и да го оставите во свет на кој не е навикнато или во кој нема да преживее. Сепак, милениците ни даваат безусловна љубов. Вистинска суровост е да ги напуштите после тоа.rnrnЗнаете ли за жената која спасила бумбар без крилја?
Tag: петел
-

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил
-

Што може да очекува секоја жена од оваа година на Петелот? 3 хороскопски знаци ќе бидат изненадени!
2017 е година на Петелот чијшто карактер е темпераментен и непостојан. Оваа година секој го очекуваат различни животни патеки и предизвици, а што се однесува конкретно до дамите, во продолжение можете да откриете што ви ветува вам огнениот Петел…rnrn
rnОвен
rnЖените родени во овој знак ќе имаат година полна со благосостојба, сигурност и удобност. Нивната огнена природа ќе го најде својот заштитник, а сите планови ќе им бидат брзо и успешно реализирани. Нив ќе ги заобиколат сите катаклизми, а најважно е да бидат внимателни со зборовите.rn
Бик
rnИ покрај својата непостојана природа, петелот е одличен господар и одлично се снаоѓа со вештиот домаќин Бик. Но, на жените родени во овој знак тој сепак не им носи неверојатен успех. Ним во новата година им е доделена постојаност и предвидливост. Се препорачува жените родени во знакот Бик да не донесуваат значајни промени во нивниот живот.rn
Близнаци
rnНивната контрадикторна, двосмислена природа и жед за новитети ќе доведат до тоа жените родени во знакот Близнаци лесно да ја менуваат својата фризура, работното место или местото на живеење. Тие ќе ги уништат врските, а на нивните урнатини уште веднаш ќе изградат нови. Но, сите промени ќе им бидат исклучително корисни.rn
Рак
rnГодината за меланхоличните жени родени во знакот Рак ќе биде полна со разочарувања поради неостварени планови. Нивната водена природа ќе стапи во отворен конфликт со огнениот Петел. Затоа, подобро е да се одложи достигнувањето високи цели за подоцна, па овие личности да се посветат на нивниот внатрешен свет. Би било подобро ако посветат повеќе внимание на своето здравје и својот изглед.rn
Лав
rnЗа Лавиците се очекува навистина златна доба и ова ќе биде година на нивно целосно преовладување. Тие ќе имаат подобрување во својата кариера, успех во полето на љубовта и материјална благосостојба. Штом ќе ја изберат соодветната жртва, ним сѐ ќе им биде достапно. Особено успешна година ќе им биде на деловните жени родени во овој хороскопски знак.rn
Девица
rnЗа практичните и рационални жени родени во овој знак, оваа година има подготвено напредување кон поставената цел. Девиците цврсто стојат на нозе, така што невремето нема да допре до нив. Годината на огнениот Петел за нив ќе биде успешна апсолутно на сите полиња во животот, а особено во финансиската област.rnrn
rnВага
rnЖените родени во овој знак ќе остварат успех на професионално поле и ќе искусат напнатост во приватниот живот, затоа што кариерата ќе го бара сето нивно внимание и вложување на сета сила. Тоа ќе создаде недоразбирање во нивниот дом и завист од нивните колеги. Целата година Вагите ќе мораат да барат рамнотежа помеѓу работата и семејството.rn
Скорпија
rnВодената природа и сложениот карактер на овој знак, за жените Скорпии ќе стане сериозен проблем во иднина. Нивниот успех во годината на огнениот Петел целосно ќе зависи од другите луѓе. Оваа година на жените родени во знакот Скорпија неопходни ќе им бидат вештините за градење односи и создавањето лични познанства.rn
Стрелец
rnДружељубивите жени родени во знакот Стрелец, целата година ќе ја поминуваат обидувајќи се да се заштитат од оние кои сакаат да се збогатат на нивна сметка. Финансискиот успех на овие жени ќе ги привлече сите роднини, блиски и далечни, пријатели и познаници. Затоа, тие треба повеќе да молчат и да избегнуваат скапи купувања.rn
Јарец
rnАмбициозните жени родени во овој знак одлично знаат што сакаат и со сигурност одат кон својата цел. Затоа, оваа година за нив ќе биде само уште еден следен чекор напред. Но, тие треба да застанат. а еден миг и да обрнат внимание на сите колеги и љубоморни соперници.rn
Водолија
rnЗа љубопитните жени родени во овој знак, оваа година ќе биде идеална за совладување нови знаења и професионални вештини. Тоа ќе им даде шанса да погледнат на светот од друга перспектива и да ја изберат насоката која најмногу им ветува. Огнениот Петел ќе им подари на темпераментните жени родени во овој знак многу романтични авантури.rn
Риби
rnЗа Рибите оваа година ќе помине брзо и незабележително. Активните промени овие месеци никако нема да влијаат на вообичаениот тек на нивниот живот. Нивната способност за избегнување опасни ситуации многу ќе им помогне да го зачуваат она што го имаат, дури и таму каде што другите губат. Резултатот оваа година пријатно ќе ги изненади.rnrn
rnrnПокрај ова, погледнете и какви се вашите шанси за успех според кинескиот хороскоп. -

Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година
2017-та е година на Петелот и таа ќе донесе многу позитивни промени. Петелот е симбол на Сонцето, бидејќи од најраните утрински часови со своето пеење го започнува денот. На исток, тој е директно поврзан со топлината на Сонцето, а Индијците го сметаат како извор на сончева енергија, додека пак Јапонците го нарекуваат прва светлост. Кинезите во Петелот гледаат пет особини: Храброст, добрина, верност, достоинство и добра волја. Па, погледнете што ќе ви донесе вам оваа нова година каде што е собрана сета надеж.rnrn
rnОвен – заслужен одмор!
rnПретходните две тешки години кои поминале под мотото „Целиот живот е борба“, сега се зад вас, затоа што дојде време родените во овој знак да ги берат плодовите од својата напорна работа. Но и покрај тоа, не може да се каже дека треба да чекате сѐ само да падне пред вашите нозе. За да добиете нешто, треба да вложите малку напор и да бидете внимателни.rn
Бик – дојде време да уживате во животот!
rnГодината на Мајмунот е зад вас, а тоа значи дека неуспесите, поразите, постојаното брзање и напнатоста, веќе ќе бидат минато. Време е да се смирите, да се релаксирате и да добиете задоволство во животот. Ѕвездите секако не гарантираат дека сѐ ќе помине без проблем, но можете да сметате на добра компензација за емоционалните и материјалните загуби.rn
Близнаци – ова е позитивно време за вас!
rnГодината на Петелот за вас е полна со радосни искуства и успешни почетоци. Ова, во секој поглед, е погодно време за Близнаците, кога личностите родени во овој знак ќе чувствуваат присуство на магија во воздухот.rn
Рак – кажете му збогум на тешкиот товар што го имате!
rnВие ќе се поврзете со интересни луѓе кои ќе станат ваши верни пријатели и ќе бидат способни да влијаат на вашиот раст и развој. Некои личности ќе се соочат со потреба да се ослободат од тешкиот товар кој веќе долго време го носат со себе и кој влијае на нивниот живот.rn
Лав – сѐ ќе ви оди од рака!
rnВие нема да имате потреба да влегувате во борба за профит, за што не сте ни подготвени. Претставниците на овој знак навикнати се сѐ да постигнуваат сами, работејќи под мотото „Цел живот е борба“. Затоа, ваквата ситуација кога сѐ ќе ви оди од рака, малку ќе ве збуни. Судбината ќе им подари на личностите родени во знакот Лав многу непредвидени ситуации, кои на крајот ќе имаат многу повелен резултат.rn
Девица – со вашата одлучност ќе ги победите сите искушенија!
rnОд самиот почеток на годината, вие треба да бидете одлучни. Оваа одлучност ќе ви помогне да се справите со дилемите кои за вас ги има подготвено Петелот. Најдобро е да изберете мудра тактика и да ги користите тековните случувања во своја корист.rnrn
rnВага – вие можете да го решите кој било проблем!
rnСудбината ќе ви понуди многу можности за да ја подобрите вашата благосостојба, но потребно е да внимавате да не ги испуштите шансите. Со тоа што ќе прифатите каква било работа, неопходно е да ја вложите сета сила за да ја реализирате, а исто така треба да покажете одлучност и независност.rn
Скорпија – вие сте на прагот на големи промени!
rnСкорпиите ќе бидат на прагот на големи промени и во минатото ќе ги остават своите стари колеги и досадната работа, па ќе им се препуштат на трансформациите. Промените во животот ќе ви го променат погледот кон светот.rn
Стрелец – имате многу перспективи!
rnОптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќната енергија, пред нив ќе отворат многу врати. Тие ќе бидат во можност површно да ги согледуваат проблемите, без многу да размислуваат за нив, што ќе им помогне да ги решат со леснотија, притоа чувајќи ги и своето време и нерви. Како и да се завртите – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.rn
Јарец – дојде време да погледнете во себе
rnЅвездите ви препорачуваат правилно да ги поставувате своите приоритети. На почетокот обрнете внимание на самите себе, одвојте време за вас и почнете да работите на својот развој. Новиот поглед кон светот ќе ве воодушеви вас и другите наоколу и сѐ ќе почне да се менува. Проблемите повеќе нема да ви изгледаат толку големи, па ќе почнете да наоѓате радост во едноставните нешта.rn
Водолија – ова е ваша година!
rn2017-та во секој поглед е година на личностите родени во знакот Водолија. Суштината на ова е тоа што претставниците на овој знак и Петелот, како доминантен симбол, се многу блиски по својот дух. Овие луѓе се креативни по природа и не сакаат да преземаат тешки задачи, а ги избегнуваат и проблемите. Бидејќи сме на прагот на периодот на Водолијата, претставниците на овој знак ќе имаат многу прилики да ја покажат вистинитоста на своето расудување.rn
Риби – ве очекува крај на стагнирањето!
rn2017-та година во голема мера ќе биде пресудна за претставниците на овој знак, пред сѐ поради тоа што во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнацијата, која траеше речиси 10 години. Тие ќе изгледаат како да се будат од долг сон, отстранувајќи го од себе товарот на неактивноста, а ќе почувствуваат и неверојатен прилив на енергија.rnrn
rnrnСо цел да имате подобра и поуспешна година, погледнете ги и овие едноставни и лесно остварливи цели кои треба да ги направи секоја девојка во претстојната 2017-та. -

Како зборуваат животните во различни земји?
Кога нашите кучиња лаат, ние слушаме како да ни се обраќаат со зборовите: „Ав, ав“. Петелот се јавува наутро со нему својственото „Кукурику“, а овците блеат со познатото „беее“. Но, во некои други земји тоа не е така.rnrn
rnrnВо различни култури луѓето различно го имитираат звукот кој го создаваат животните. Така, на пример, петелот во Колумбија вели „кикирики“, а оној во Кина се истакнува со долго „О о ооо“. Или пак, можеби и животните зборуваат на различни јазици. :)rnrn -

Интересни новогодишни традиции
Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrn
rnДанска
rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrn
rnЈужна Америка
rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrn
rnШпанија
rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrn
rnБелорусија
rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrn
rnФилипини
rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrn
rnЕквадор
rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrn
rnПорторико
rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrn
rnАвстрија и Германија
rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината. Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст, тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrn
rnЧиле
rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.