Интровертните луѓе се одликуваат со одредени карактеристики кои се лесно забележливи. Тие се најчесто повлечени во себе, ретко зборуваат, а кога зборуваат го прават тоа јасно и кратко, без многу објаснувања. Дружењето и комуникацијата за нив понекогаш може да биде вистинско измачување. За да можеме поубаво да си претставиме како се чувствуваат интровертите, можеме да ги поделиме во девет круга на пеколот, преземајќи го како модел најпознатото дело на Данте Алигиери. Деветте круга се всушност секојдневните контакти со надворешниот свет, кои за интровертните луѓе најчесто претставуваат вистински пеколни ситуации од кои бараат излез, а најчесто многу тешко го наоѓаат.rnrn
rn
Прв круг: Поврзување
rnВо овој круг, интровертните души во мака се превиткуваат и издишуваат, затоа што треба да се ракуваат со луѓето, да пијат кафиња, да одат на ручеци и да ги слушаат останатите како постојано зборуваат. Тие завиваат од мака и се впуштаат во кратки разговори, кои ги истоштуваат.rn
Втор круг: Зборлести луѓе
rnИнтровертите кои се сместени во овој круг се чувствуваат како нивните души да се заробени во вечен оган со зборлестите усти на таксистите, стоматолозите, масажерите, продавачите, фризерите… Тие чувствуваат дека се притиснати до ѕид и никако не можат да им избегаат на огнените пламени кои излегуваат од устите на злите сили, па постојано мора да одговараат на „бесмислени“ прашања околу тоа каде живеат, со што се занимаваат и други целосно неважни теми.rn
Трет круг: Организирани активности
rnДушите сместени во овој круг чувствуваат неверојатно измачување седејќи во група со други души со кои мораат да работат на одредени заеднички задачи или активности. Интровертите во овој круг чувствуваат дека се при крајот на своите сили, особено кога треба да бидат активни во заеднички игри, како што се оние за развивање на меѓусебната доверба, кога треба да започнат разговор и други активности од „групното проклетство“.rn
Четврти круг: Работа во група
rnОвој круг најчесто се наоѓа на работното место на интровертните луѓе. За нив тимската работа е едно од најголемите казни што можеле да ја добијат, затоа што, во зависност од нивната професија, многу често се случува да имаат тимска работа. Тие се чувствуваат осудено“затоа што мораат да ги завршуваат работните задачи во групи, а според нив, можат сето тоа да го завршат и сами. Ја мразат тимската работа затоа што таму доминираат еретиците и заповедниците, кои наместо да дадат реален придонес во работата, тие се експонираат вербално и создаваат непотребна бука, нешто што интровертите не можат да го поднесат.rn
Петти круг: Луѓе кои не можат или не сакаат да читаат говор на тело
rnИнтровертните души кои се наоѓаат во овој круг едноставно не можат да ги поднесат останатите околу себе кои не ги прифаќаат универзалните знаци од говорот на телото, како на пример „Те молам остави ме на мира“. Овие зли мачители едноставно не сакаат да го погледнат знакот кој им го праќа интровертната душа. Тие најчесто ги игнорираат темните очила, отворената книга која што чека да биде прочитана, оскудниот или речиси затворен говор на телото на интровертните души, а го избегнуваат и контактот со очите, од каде многу јасно можат да видат дека не се пожелни во близина. Наместо тоа, овие напаѓачи сакаат да остварат близок контакт, постојано да се смеат и да зборуваат без престан. Интровертите чувствуваат дека нивните души се фрлени во оваа долготрајна бура, без можност да се спасат.rn
Шести круг: Шопинг центри
rnВо овој круг на пеколот, интровертните души се чувствуваат како во валкано мочуриште, кое талкаат од едно до друго ниво на бездната. Овој круг претставува особено измачување поради големите гужви и турканици на луѓето, кои немаат никакво чувство за личен простор. Тука се наоѓа и бездната наречена „голема распродажба и сезонски чистки“.rn
Седми круг: Телефони и телефонски повици
rnВо овој круг главниот мачител е телефонот. Тука се спакувани душите на огромен број луѓе. Оваа мала кутија не им дава мир на интровертите. Оттаму постојано доаѓаат лоши ветришта и неизбежни телефонски повици на кои тие мораат да одговараат, иако тоа не е по нивна волја.rn
Осми круг: Непотребно узурпирање на простор
rnВо овој круг, и покрај неограничениот простор, интровертните души мораат да ги трпат оние кои немаат чувство за личен комфор. Иако местото во кое се „заглавени“ е речиси празно, во нивна непосредна близина секогаш има бучни луѓе, кои создаваат немир и седнуваат многу блиску до нив. Во оваа јама на пропаста, се зборува гласно, а децата пискаат без никаква причина.rn
Деветти круг: Ниво на Сатаната
rnОва ниво е дното на пеколот. Длабочина обвиена во темнина. Тука владее Сатаната, поради што гревот, лошите дела и злите сили се неизбежни.