КАФЕ ПАУЗА

Tag: печење

  • Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

    Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

    Штета е да не ја искористите кралицата на есента како вид десерт, а еден од наједноставните начини за подготовка на тиквата е нејзино печење во рерна. Всушност, ова е рецепт за кој ви е потребно само малку време. Самите вие можете да го одредите вкусот, односно да се одлучите за блага или солена варијанта. Ѓумбир, лук или лута пиперка одлично одговараат за солениот вкус на тиквата, додека пак нејзините идеални додатоци во слатка варијанта се цимет, јаворов сируп, ванила и рум.rnrnПечена тиква: Вкусен рецепт за есенските деновиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Половина тиква
    • rn011

    • Маслиново масло
    • rn011

    • Зачини по желба, во зависност од тоа дали сте се одлучиле за слатка или солена варијанта
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ги семките. На надворешната страна со нож направете мали вдлабнатини со растојание од два и пол сантиметри и потоа сечете парче по парче. Важно е тие да бидат со иста дебелина, со цел да се испечат рамномерно.rnrn2. Парчињата поставете ги во подмачкан сад за печење, потоа ставете им маслиново масло и добро измешајте. На секое парче ставете од зачините кои сте ги одбрале. За солената варијанта самите можете да подготвите мешавина од лук, малку ѓумбир, пиперка и сол што е доволно да ги ставите на надворешната страна на исечената тиква.rnrn3. Подготвената тиква печете ја во рерна на 180°C околу 45 минути, а служете ја топла.rnrnПогледнете го видеото за подетално да ги видите инструкциите.rnrnrnrnДобар апетит!

  • Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

    Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

    Ако има нешто кое ве спречува да се бричите секој ден, тоа сигурно е печењето на кожата кое се јавува после тоа. Сепак, бричењето не ги засега само влакната на лицето и на вратот, туку и кожата под нив. За да ја спречите оваа непријатност и на мира да се бричите секој ден, следете ги овие неколку совети од дерматолозите.rnrnКако да го спречите печењето на кожата по бричењето?rn

    Бричете се после топол туш

    rnТоплата вода ја омекнува кожата како и влакната кои се на неа. Тоа ќе спречи бричот да отстранува и мали слоеви кожа.rn

    Убаво нанесете го гелот или пената за бричење

    rnГелот за бричење е подобар од пената, но ако го нанесете брзо и мрзливо тој нема да даде добар ефект. Нанесете го убаво и полека, со кружни движења, притоа малку масирајќи ја кожата. Тоа треба да трае една до две минути. Знаете како може да се чувствувате ако поминете со бричот на сува кожа.rn

    Сменете го жилетот

    rnНовиот и квалитетен жилет лесно ќе ги сече влакната. Ако почувствувате дека тоа не се случува, значи дека е време да се смени жилетот пред да ви ја уништи кожата на лицето.rn

    Внимавајте на редот

    rnПодебелите влакна бараат повеќе време за да омекнат откако ќе го нанесете гелот за бричење. Затоа прво нанесете го на подебелите влакна, како што се оние од страните на лицето и на вратот, па нагоре кон брадата, а завршете со мустаќите затоа што тоа се најтенките влакна на лицето.rn

    Техника на бричење

    rnБричењето во насоката во која растат влакната ќе ја заштити кожата од печење. Факт е дека бричењето во спротивна насока обезбедува помазна кожа затоа што така бричот полесно навлегува под кожата, но тоа е причина и за печење после тоа.rn

    Не притискајте премногу

    rnНема подобро да си избричите ако притиснете посилно, туку само ќе ја изиритирате кожата.rn

    Често мијте го бричот

    rnМијте го бричот на секои еден до два потези за да ги исчистите влакната кои остануваат на него. Ако не ги отстраните тие ќе го блокираат бричот и тој нема да ги сече туку ќе ги кубе влакната.rn

    Нанесете крем за после бричење

    rnНа крај, нанесете и крем за после бричење. Најдете го оној кој најмногу одговара на вашата кожа и кој го спречува печењето после бричење и користете го редовно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Костени – слатко и здраво есенско задоволство

    Костени – слатко и здраво есенско задоволство

    Костенот е сладок, многу здрав и е единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц, поради што се препорачува одличен прехранбен продукт.rnrnКостени – слатко и здраво есенско задоволство rnrnНа 30 грама костени има само еден грам масти. Тоа е доволно добра причина за дефинитивно да го вклучите во исхраната оваа есен. Освен тоа, костенот изобилува со фолати, кои инаку ги има во зелениот, лиснат зеленчук, а освен тоа има и фолна киселина, витамини Б1, Б2 и Б6. Костенот е и одличен извор на влакна, кои го смалуваат нивото на холестерол, а содржи и цела низа минерали – калциум, бакар, железо, цинк, фосфор, магнезиум, манган, кои го урамнотежуваат крвниот притисок и работата на метаболизмот.rnrnПрепорачлива дневна доза од овој есенски плод, е 85 грама дневно што е околу 200 калории доколку ги јадете печени и дупло помалку калории ако ги консумирате варени.rnrnВо народната медицина костенот се користи за ослободување од дигестивни и бубрежни тегоби, а чајот од костени одлично се бори против симптомите на бронхитис и астма.rnrn

    Испечете си костени во рерна

    rnЗагрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Користејќи мал, остар нож направете длабок рез на едната страна од секој костен. Ставете ги во тава и печете ги 30-40 минути, додека кората да се отвори и внатрешноста да омекне.rnrnКостени – слатко и здраво есенско задоволство
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

    Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

    Си пливате во прекрасното море или едноставно уживате во плиткото разладувајќи се, кога наеднаш нешто почнува да ве пече, како да сте се допреле на коприва. Тоа ви е поздрав од медуза.rnrnШто да правите кога ќе ве „касне“ медуза?rnrnПрво нешто што треба да сторите е да излезете од вода и да го исчистите местото на кое ве допрела медузата. Тоа најдобро е да го направите со морска вода, а потоа можете да нанесете и малку алкохол.rnrnДоколку при рака имате домат, исечете го на половина и убаво измачкајте го местото. Исто така можете да се послужите и со оцет, сок од домат или лимон, но и со урина.rnrnСтар народен лек кој го ублажува печењето од медузата е смоквиното млеко. Тоа е онаа бела течност која излегува кога ќе откинете лист од смоква. Доколку не верувате во природна медицина, тогаш можете да користите некоја од кремите против изгореници или некоја антибактериска крема.rnrnОткако ќе му пружите нега на местото, држете ладни облоги додека црвенилото и печењето не престанат. Доколку тоа не се случи, појдете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крцкави батаци печени со корнфлекс

    Крцкави батаци печени со корнфлекс

    Златесто потпечени батаци кои ќе крцкаат во вашата уста. Крцкави батаци печени со корнфлекс  Благодарение на 12-часовното маринирање во путер со разни зачини и лут сос, печените пилешки батаци и карабатаци, добиваат совршена влажност и пикантен вкус, кој ќе го зголеми вашиот апетит.rnrnВреме на подготовка: 50 минути (плус 12 часа маринирање претходната ноќ)rnrnПорции: 4rnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 250 грама путер
    • rn011

    • 4 чешниња лук со средна големина, излупени и ситно исецкани
    • rn011

    • 3 супени лажици доматен лут сос
    • rn011

    • 1 супена лажица морска сол (или повеќе по потреба)
    • rn011

    • 2 кафени лажички тазе толчен црн бибер (или повеќе по потреба)
    • rn011

    • Половина кафена лажичка црвен пипер
    • rn011

    • Половина кафена лажичка чили
    • rn011

    • 4 батаци (кожата да биде остранета)
    • rn011

    • 4 карабатаци (кожата да биде остранета)
    • rn011

    • Околу 200 грама корнфлекс
    • rn011

    • 4 супени лажици несолен путер (стопен)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во длабок сад ставете ги путерот, лукот, лутиот сос, солта и биберот, црвениот пипер и чилито и мешајте додека убаво не се искомбинираат. Ставете ги батаците и карабатаците на хартиена крпа, за да се исушат и потоа ставете ги во сад за печење. Истурете го миксот со путер врз пилешкото месо, покријте го садот со капак и ставете го во фрижидер 12 часа, при што еднаш треба да го извадите за да го превртите месото.rnrnЗагрејте ја рерната на 200° C, а решетката нека ви биде поставена на средина. Обивткајте друга решетка во алуминиумска фолија и тргнете ја настрана. Сипете го корнфлексот во плиток сад и истолчете го ситно, а потоа врз него додате прстофат сол и малку бибер. Извадете едно пилешко парче од путерската маринада, дозволете му на вишокот да се исцеди и ставете го во чинијата со корнфлексот, каде што ќе го тркалате додека не се создаде убава обвивка. Притиснете го нежно месото со рацете, за да се залепат зрнцата корнфлекс.rnrnТргнете го парчето настрана и повторете ја постапката за останатите батачиња. Исипете го стопениот путер рамномерно врз месото, а потоа префрлете ги парчињата на подготвената решетка и пикнете ја во рерна. Печете ги додека да позлатат и станат крцкави, околу 35 минути.rnrnПијалак: Ручекот оди одлично со шампањско или со шприцер.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсилното кафе на светот

    Најсилното кафе на светот

    Вистинските љубители на мирисот и вкусот на кафето се предизвикани да го пробаат „Death Wish“ – најсилното кафе на светот. Според производителите се работи за сериозно кафе кое е добиено од зрна кои содржат 200% повеќе кофеин од кафето кое вообичаено го купувате од продавница.Најсилното кафе на светотБидејќи темно печените кафиња имаат помалку кофеин од светлите како резултат на неговото губење во процесот на печење, компанијата која го произвела „Death Wish“ имала мисија да пронајде зрна со повисок процент на кофеин, кои потоа ќе ги обработува на начин кој овозможува задржување на моќноста, вкусот и темната боја. Како резултат на тоа, настанало ова кафе, кое човек треба да има храброст да го проба. Доколку сте заинтересирани, можете да го купите за 20 долари за 450 грама.Најсилното кафе на светотНајсилното кафе на светотНајсилното кафе на светотНајсилното кафе на светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни мекички кроасани за појадок

    Вкусни мекички кроасани за појадок

    Вкусен појадок, кој можете да си го подготвите во блага или солена варијанта, а совршено оди во комбинација со вашето пладневно кафе.Вкусни мекички кроасани за појадокПотребни состојки:rn

      rn011

    • 1 кг брашно
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 40 г квасец
    • rn011

    • половина филџан масло
    • rn011

    • сол по потреба (2 лажички за солени, 1 прстофат за благи)
    • rn011

    • 4 дл млеко
    • rn011

    • 2 дл јогурт
    • rn011

    • 200 г маргарин
    • rn011

    • 1 кесичка прашок за печиво
    • rn011

    • 1 жолчка од јајце и малку павлака за премачкување
    • rn011

    • сусам за посипување по желба
    • rn

    rnВкусни мекички кроасани за појадокНачин на подготовка:rnrn1. Сите наведени состојки ставете ги во поголем сад и замесете го тестото. Откако убаво ќе го измесите, поделете го на 8 делови и секое парче убаво обликувајте го како топче и оставете го на страна малку да постои.rnrn2. Земете сукало и секое топче растегнете го во големина на палачинка. Намачкајте го растегнатото тесто со маргарин, потоа одозгора ставете уште една „палачинка“, а потоа и неа намачкајте ја со маргарин. Треба да добиете две теста по четири палачинки, со тоа што последната – четвртата не ја мачкате со маргарин.rnrn3. Потоа секое тесто истанчете го до дебелина од 3 до 4 мм. Тестото пресечете го на 4 дела, а потоа секој дел пресечете го на уште 4 дела, така што од секое тесто да добиете по 16 кифли. Кроасаните можат да се филуваат со некое сирење или кашкавал кои добро се растопуваат или да ги подготвите во слатка варијанта, така што во нив ќе свиткате коцки чоколадо.rnrn4. Смотајте кифлички од широкиот кон потесниот дел и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, која не треба да се подмачка. Изматете ја жолчката со 1 лажичка павлака и намачкајте ги кифлите, посипете ги со сусам или уште подобро со бадемови трошки и оставете го тестото да нарасне двојно.rnrn5. Печете ги во загреана рерна на 200° C, додека не се заруменат.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прасиња од тесто

    Прасиња од тесто

    Кифлички со одличен вкус, перфектни за детски прослави и родендени

    rnПрасиња од тестоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 мл млеко
    • rn011

    • 200 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица шеќер
    • rn011

    • 1,5 лажица сол
    • rn011

    • 1 квасец
    • rn011

    • 100 мл јогурт
    • rn011

    • 200 мл  загреано масло за јадење
    • rn011

    • 1,2 кг брашно
    • rn011

    • 1 прашок за печиво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ги млекото и водата, па во нив додадете ги шеќерот, солта и квасецот. Убаво промешајте ги и оставете ги да отстојат 10 минути.rnrn2. Потоа додадете го јогуртот и маслото за јадење. Во брашното измешајте го прашокот за печиво и пополека почнете да го додавате во целата смеса, притоа мешајќи дур не добиете тесто. Откако убаво ќе го замесите тестото оставете го да нарасне.rnrn3. Тестото поделете го на поголеми крукчиња со иста големина и направите исто толку малечки крукчиња кои ќе послужат како носиња за прасињата.rnrnГолемите крукчиња замесете ги во дебелина на еден прст и на горната страна направете мали ушиња од тестото. Малите крукчиња додадете ги врз големите, а за очи ставете црн бибер или парчиња од црна маслинка. На малото крукче со стапче направете две подлабоки дупчиња за носот на прасето.rnrn4. Наредете ги прасињата во тава, оставете ги уште малку да нараснат, намачкајте ги со жолчка од јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени. Оставете ги да се печат додека убаво не поруменат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој е најдобар скараџија?

    Кој е најдобар скараџија?

    Доколку решивте за првомајскиве празници да останете дома, тогаш барем направете виртуелна скара. Оваа интересна игра е многу лесна, сè што треба да направите, е да внимавате скарата да не ви изгори и скараџијата да не остане жеден на силното сонце.rnrnКој е најдобар скараџија?rnrnМесото треба да го превртите два пати пред да го ставите во чинијата, а кога ќе треба да се напиете леден чај, внимавајте на термометарот од десната страна. Пријатен празник!rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    За сите кафе-манијаци кои обожаваат да подготвуваат кафе, да пијат кафе и со задоволство да се среќаваат на кафе-муабет со своите пријатели, им нудиме неколку интересни, а воедно и корисни совети за кафето.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Што треба да знаете кога купувате кафе?

    rnКога се работи за свежо кафе, најдобро е да знаете кога е печено. Вистинските благодети од кафето можат најдобро да се осетат, доколку кафето се искористи еден или два дена по печењето. Исто така е важно кафето да се чува во сад којшто вакуумира и е тесен, при што првичната арома останува дури по 7 до 10 дена. Старото кафе веднаш ќе го препознаете по неговата арома која или ја нема или е непријатна, а исто може да ви изгледа како да има фатено мрсни наслаги.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Мелење на кафето

    rnДоколку ги мелете зрната кафе во вашиот дом, никогаш немојте да го мелете целото кафе, туку онолку колку што планирате да искористите во моментот. Маслата коишто се наоѓаат во зрната кафе, се изложени на штетните влијанија од воздухот. Кога тие ќе испарат, се губи и самата арома на кафето. Различните начини на подготовка на кафето, бараат различни методи на мелење. На пример, кога се работи за филтер кафе, подготовката треба да биде од 4 до 6 минути. Кога користите француска машина за мелење, кафето треба да биде измелено погрубо. За да подготвите еспресо пак, потребно е што поситно да ги измелете зрната, пришто измеленото кафе треба да личи на прав. Многу важно за еспресото е да внимавате целата процедура на подготовка да изнесува од 25 до 30 секунди.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како правилно да го складирате кафето?

    rn

    Никогаш не чувајте го кафето во фрижидер. Од фрижидерот, кафето може да ги апсорбира мирисите и вкусовите на другите прехранбени продукти. Освен ако не планирате да го користите во наредните две недели, наша препорака е да го избегнувате фрижидерот. За да ја зачува прекрасната арома, кафето треба да се складира во чисти, суви садови што вакуумираат и да биде поставено на ладно и темно место.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафе

    rnrn

    Дозирање на кафето

    rnКога подготвувате кафе, внимавајте да ставите околу 250 милилитри вода за околу 30 до 40 грама кафе. За еспресо кафе, ставете 7 до 8 грама за една доза, а доколку сакате дупло еспресо ќе ви бидат потребни од 14 до 16 грама кафе.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како да го послужите кафето?

    rnВерувале или не, на кој начин и во каква шолја ќе го послужите кафето, може многу да влијае на неговата арома и на самото уживање во кафето. Исто како и виното, вкусот на кафето се чувствува по неговата арома. Затоа најдобро е тоа да се служи во шолји со дебели ѕидови, кои ќе бидат доволни за да ја задржат топлината на кафето. Пример за тоа е еспресото, кое најчесто се служи во мали шолји со дебели ѕидови, кои имаат благ наклон. Дебелината на ѕидовите ја одржува вистинската температура на кафето, а самиот наклон овозможува подобро да се прошири аромата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.