КАФЕ ПАУЗА

Tag: паста за заби

  • 5 корисни совети за чистење на вашиот накит

    5 корисни совети за чистење на вашиот накит

    Пивото, вотката, оцетот, газираната вода и кечапот можете да ги примените и за други работи освен за консумирање. Станува збор за чистење на вашиот омилен накит, бидејќи секоја од овие течности може да ви помогне да го вратите стариот сјај на вашите омилени аксесоари.rn

    Пивото го чисти златниот накит

    rnНајдобро средство за чистење на вашиот златен накит е пивото. Доволно е да нанесете пиво на мека крпа и да го исполирате. Потоа накитот дополнително треба да го пребришете и со сува крпа за да не останат никакви траги. Накитот од злато на кој има и циркони не е препорачливо да го чистите со пиво, бидејќи може да го уништите.rnrn5 корисни совети за чистење на вашиот накитrn

    Оцет или паста за заби за сребрен накит

    rnПастата за заби содржи флуор кој ја отстранува нечистотијата, а најдобро е да ја нанесете на чиста крпа или на четка за заби и со кружни движења да ги истриете накитот. Потоа исперете го со ладна вода и убаво избришете го со сува крпа.rnrn5 корисни совети за чистење на вашиот накитrnrnОдличен избор е и мешавината од сода бикарбона и алкохолен оцет. Во сад ставете половина шолја оцет и две лажици сода бикарбона и оставете го накитот да отстои во мешавината 2-3 часа. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го да се исуши.rn

    Кечап за отстранување темни дамки

    rnСребрениот накит може да поцрни, а темните дамки најлесно се отстрануваат со кечап. Доволно е да го оставите накитот во сад со кечап неколку минути или да го исполирате со кечап и четка за заби. Потоа исперете го накитот со ладна вода и избришете го со крпа.rnrn5 корисни совети за чистење на вашиот накитrn

    Вотката ги чисти накитот од кристали и стакло

    rnПоради нејзините корозивни својства, вотката е многу ефикасна за чистење на кристали и стакло. Таа помага и за бижутерија, а доволно е само да нанесете малку на крпа и да го исчистите накитот.rnrn5 корисни совети за чистење на вашиот накитrn

    Газирана вода за скапоцени камења

    rnЗа чистење на вистински скапоцени камења како дијаманти, рубини или сафири можат да ви помогнат газираните води. Се препорачува скапоцените камења да ги ставите во чаша со газирана вода и да ги оставите да преноќат.rnrn5 корисни совети за чистење на вашиот накит

  • Евтин и ефикасен избелувач на вашите заби во домашни услови

    Евтин и ефикасен избелувач на вашите заби во домашни услови

    Сите сакаме блескава насмевка, но скапите третмани кои ги прават забарите во нивните ординации не се достапни за секого. Со овој евтин третман можете да ги избелите забите во домашни услови.rnrnЕвтин и ефикасен избелувач на вашите заби во домашни условиrn

    Потребно:

    rn

      rn011

    • 3% водород пероксид
    • rn011

    • Сода бикарбона
    • rn011

    • Течност за уста
    • rn011

    • Паста за заби
    • rn

    rn

    Процедура:

    rn1. Измешајте еден дел водород пероксид со еден дел течност за уста. Можете да користите каква било течност за плакнење уста. Направете гаргара со мешавината една минута и потоа исплакнете.rnrn2. Измијте ги забите со мешавина од паста за заби и сода бикарбона. За да го направите ова измешајте малку паста за заби со едно лажиче сода бикарбона и пола лажиче вода. Измешајте убаво додека не добиете густа паста. На крајот измијте ги забите со пастата.rnrnЕвтин и ефикасен избелувач на вашите заби во домашни условиrnrnПрименувајте ја процедурата со внимание, најмногу еднаш до два пати неделно, а откако ќе ја постигнете посакуваната нијанса, намалете на еднаш месечно.rnrnВнимание: Доколку имате осетливи заби, овој третман не е за вас. Ако пак третманот не ви предизвикува непријатно чувство на забите и непцата, задолжително придржувајте се до препорачаната честота за користење, инаку во спротивно може да добиете други непосакувани резултати како оштетена глеѓ и вдлабнатини. Тоа секако е многу полошо од помалку блескава насмевка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Пастата за заби ги лекува акните, мајонезот ја негува и регенерира сувата коса, фефероните го забрзуваат растот на косата, а кремот против хемороиди е одличен за отстранување на подочниците…rnrnВакви необични козметички совети има многу. Некои од нив ги користат дури и светските ѕвезди. Кетрин Зета-Џонс, на пример, забите ги мие со иситнети јагоди, а косата ја негува со рицинусово масло. Необично, но делотворно.rnrnНеобични, но ефикасни домашни трикови за убавинаrnrnЈагодите совршено ги чистат и избелуваат забите, а не ја оштетуваат глеѓта. Рицинусовото масло ѝ дава сјај на косата и го спречува прекумерното паѓање. Манекенката Јана Гупта за туширање користи кокосова паста, бидејќи е противник на сите видови сапуни. Кокосот ја прави кожата мека и нежна, а ја подобрува и нејзината влажност.rnrnАктерката Хали Бери додава мелено кафе во купката за тело. Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата и на тој начин помага во разложувањето на целулитот. Еве неколку начини како да го користите кафето во борбата против целулитот.rnrnПостојат многу народни совети за нега и разубавување, но кои од нив навистина делуваат, а кои се само губење време без никаков козметички ефект? Одговор на ова прашање дале дерматологот др. Нил Садик и фризерот Рене Фрис.rnrnНа прашањето дали урината поволно делува на проблематичната кожа и помага во лекувањето на акните, одговорот е негативен, бидејќи таа не содржи ниту антибактериски, ниту какви било смирувачки супстанци, не ги стеснува порите и не ја регулира маснотијата на кожата. Според тоа, местото не ù е на вашето лице.rnrnЛимоновиот сок може да се користи како природно средство за осветлување на косата. Овој совет е точен. Лимонската киселина во комбинација со УВ-зраците помага во осветлувањето на косата. Доколку нанесете лимонов сок на вашата коса пред да излезете надвор на сонце, таа значително ќе осветли.rnrnДали црниот чај помага во лекувањето на изгореници од сончање и убоди од инсекти? Купка од јак црн чај навистина помага. Танинските киселини што ги содржи чајот ја отстрануваат жештината од изгорениците, го ублажуваат печењето и помагаат во лекувањето на кожата. Облога од зелен чај нанесена на кожа касната од инсект, го намалува отекувањето и го забрзува заздравувањето, особено ако се стави веднаш по каснувањето.rnrnМаслиновото масло ги прави ноктите поцврсти, а кожата околу ноктите нежна и негувана. Поради тоа, би било добро барем еднаш во неделата прстите да се потопат во маслиново масло. Не е точно дека косата побргу расте доколку се третира со маслиново масло. Иако поволно делува, тоа само ја прави косата посјајна, поздрава и помека. Се нанесува најмалку десет минути пред миењето на косата.rnrnКомпирот не го отстранува вишокот маснотија од лицето, па поради тоа не треба да се користи како козметичко средство, туку само за јадење.rnrnДали фефероните го забрзуваат растот на косата сè уште е дискутабилно. Според некои тврдења, фефероните ја подобруваат циркулацијата на крвта во главата, и тоа без разлика дали ги јадете или ќе го протриете коренот на косата со нив.rnrnКремот против хемороиди навистина поволно делува во намалување и отстранување на отечените подочници. Ако се нанесе под очите, надуените подочници ќе спласнат.rnrnМајонезот ја регенерира оштетената и сува коса, како резултат на мастите и маслата што ги содржи, но поради мирисот, а и бидејќи тешко се измива, подобра опција е некоја маска за коса.rnrnКремот против пеленски осип, освен што е хидратантен, содржи и противвоспалителни супстанци кои поволно делуваат на сувата и испукана кожа на петите и лактите.rnrnПастата за заби ги лекува акните. Овој козметички трик е точен. Бидејќи ја суши кожата, ќе ги исуши и акните ако се нанесе на нив и се остави да делува преку ноќ. Треба да се користи само привремено и треба да биде бела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 невообичаени примени на пастата за заби

    5 невообичаени примени на пастата за заби

    Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент.rnrn5 невообичаени примени на пастата за забиrn

    1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите

    rnЗа овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете.rn

    2. Отстранете ја лошата миризба од рацете

    rnДоколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби.rn

    3. Светнете го ѓонот на патиките

    rnЗемете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови.rn

    4. Исполирајте ги изгребаните дивидија

    rnСтиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив.rn

    5. Избистрете ги вашите очила за пливање

    rnПребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти.rnrnЗа што друго вие ја имате употребено пастата за заби?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.