КАФЕ ПАУЗА

Tag: паста за заби

  • Што значат боите на пастата за заби?

    Што значат боите на пастата за заби?

    Деталите околу пакувањето на производите, како што се круговите на ќесичките со чипсови и симболите на етикетите за козметика можат да бидат мистични за просечниот потрошувач. Со години, на Интернет кружи графика, која тврди дека го објаснува скриеното значење зад обоените ознаки назабните пасти. Иако е точно дека тие кодови на бои ги има со причина, причината е многу помалку интересна отколку што сугерираат онлајн гласините.rnrnШто значат боите на пастата за заби?rnrnЕдно истражување тврди дека боите на рабовите на тубите со паста се поврзани со одредени видови на состојки. Зеленото означува природно, синото означува природно и медицинско, црвенотп значи природен и хемиски состав и црното означува чиста хемикалија.rnrnКако и да е , ова значење не е вистина. Ознаките на пакувањето на пастите за заби немаат никаква врска со состојките внатре – па дури и да имаа, класификациите како природни и хемиски се премногу нејасни за да значат нешто. Вистинската причина зошто боите се таму е да и помогнат на машината одговорна за пакувањето. Малите обоени правоаголници всушност им кажуваат на сензорите каде треба да се пресече или свитка тубата. Штом пастата за заби стигне до продавницата, ознаките веќе не служат за некоја цел.rnrnАко сакате да дознаете повеќе за состојките во вашата паста за заби, тоа не е толку тешко како дешифрирање на мистериозен код. Компанијата Колгејт вели дека компаниите за орална нега не ги обележуваат своите пасти за заби со обоени квадрати за да се обидат да ги измамат потрошувачите и да ги сокријат состојките од нив. Ако сакате да знаете какви состојки има вашата паста за заби, не барајте бои. Наместо тоа, погледнете го пакувањето со сеопфатен список на состојки.rnrnМожеби ве интересира и зошто вашето куче ве следи до бањата?

  • Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

    Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

    Често посегнуваме по пастата за заби кога ќе ни се појави некое мозолче, но според дерматолозите ваквиот начин на решавање на проблемите со кожата на лицето не е правилен.rnrnСрушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?rn

    Може ли пастата за заби да ги „исуши“ мозолчињата?

    rnЗамислете: Ви излегува мозолче, вие ставете малку паста за заби на него пред спиење и утрината се будите со чиста кожа. Па, тоа е магично! Но, нереално. Според дерматолозите, пастите за заби обично се полни со состојки кои може да ја исушат кожата слично на алкохолот. Доколку имате и најмало знаење за кожата на вашето лице, тогаш сигурно сте запознати со фактот дека таа не е толерантна кон алкохолот како таков.rn

    Зошто ставањето паста за заби на мозолчиња е лоша идеја?

    rnПастата за заби може силно да ја изиритира кожата на лицето. Повеќето од пастите содржат алкохол, ментол, сода бикарбона и водород пероксид – сите овие состојки ќе ги исушат вашите мозолчиња, но ќе ве доведат и до ризик од иритација на кожата. На тој начин, кожата произведува повеќе масти за да ги надомести загубените, а тоа доведува до затворање на порите, воспаленија и масна кожа.rnrnДури и ако ставите само малку паста на мозолчето, таа гнојна дамка може да се прошири на остатокот од кожата, да ја изиритира и потенцијално да предизвика уште повеќе акни. Плус, пастата за заби само го суши горниот слој од вашата кожа, без да ги уништи бактериите внатрешно. Од тие причини, таа е прилично лошо решение.rn

    Како вашите мозолчиња брзо да исчезнат?

    rnАко имате проблем со воспалени мозолчиња, за жал, за нив нема брзо решение. Кремите со хидрокортизон може да ви помогнат при воспаление, но лековите препишани од доктор може целосно да го решат вашиот проблем. Најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог, да отидете на третмани за лице, но во никој случај не посегнувајте по пастата за заби со цел да ги отстраните мозолчињата и митесерите.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те навики за време на празничните прослави што ја уништуваат кожата на лицето.

  • Паста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење заби

    Паста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење заби

    Пастата за заби постои уште од ерата на древните Египќани. Пастата којашто ни е позната денес, прв пат била претставена во 1892-ра година. Оттогаш, освен нејзините состојки, се променило многу малку, сè до денес.rnrnПаста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење забиrnrnПастата за заби во форма на таблети е верзија за џвакање на пастата со којашто пораснавме. Едноставно, ставате таблета во вашата уста, ја џвакате за да ја скршите, а потоа ги миете забите како вообичаено. Таблетите самите прават пена и нема потреба од употреба на вода. Исто така достапни се 100% природни и вегански опции.rnrnСпоред Линдзи Меккормик, основач на компанијата Bite Toothpaste Bits, овие таблети би помогнале во елиминирањето на над 1 милијарда пластични туби за паста кои секоја година завршуваат во депониите.rnrnИако постојат таблети на пазарот кои се транспортираат во пластика, продуктот на Линдзи се доставува исклучиво во стаклени шишиња за повеќе употреби. Таблетите за дополнување на шишето се доставуваат во разградивa пластика. Сакајќи да ја намали пластиката во депониите и хемикалиите во нашите тела, Линдзи ни го покажува патот со овој продукт и успеала да продаде над 8 милиони парчиња, за само 6 месеци. Таблетите се малку поскапи од традиционалната паста и се ретко достапни по продавниците. Сепак, можете да ги порачате онлајн.rnrnКога станува збор за состојките на пастата за заби, некои производители на таблетите сакаат да ги елиминираат оние што се штетни, како на пример флуорот, правејќи ги побезбедни за децата. Премногу флуор може да биде штетно за децата и да резултира со флуороза. Имено, Федерацијата за храна и лекови поставува предупредувања на пастите за заби со флуорид, напоменувајќи дека доколку децата под 6 години голтнат повеќе од дозволеното, би требало да се обратите кај професионалец.rnrnМинатата година, само во САД биле продадени над 300 милиони пасти за заби во туба, па ќе биде потребно подолго време за целосно да се заменат. Но со зголемениот интерес за одржување на здравјето и околината, можеби овие таблети ќе ги прифатат сите.rnrnПробајте ја и оваа домашно изработена паста за заби за блескава насмевка.

  • Дали пастата за заби ја зголемува отпорноста на антибиотици кај бактериите?

    Дали пастата за заби ја зголемува отпорноста на антибиотици кај бактериите?

    Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис спровеле истражување кое покажало дека вообичаениот антибактериски состав на пастите за заби и течностите за плакнење на устата, можеби предизвикува отпорност на бактериите на антибиотици.rnrnДали пастата за заби ја зголемува отпорноста на антибиотици кај бактериите?rnrnСпоред истражувањето, хемикалијата триклосан ги прави бактериите отпорни до тој степен, што тие можат да преживеат и многу силен третман со антибиотици. Триклосанот може да се најде во разни козметички продукти, во играчките за деца, па дури и во кредитните картички. Производителите ја додаваат оваа хемикалија со цел да го намалат размножувањето на бактерии. На почетокот хемикалијата се користела само во болници, но денес е распространета насекаде.rnrnТестирањето на лабораториски глувци покажало дека изложеноста на триклосан ја ограничува способноста на организмот да реагира на лекувањето со антибиотици, особено оние кои се користат за уринарни инфекции.rn

    „Во нашето истражување, триклосанот значително го зголеми бројот на преживеани бактерии“, изјавила професорката по биологија Петра Левин.

    rnТаа изјавила дека триклосанот едноставно им помага на бактериите да ја избегнат смртта од антибиотици. Бактериите изложени на триклосан можат да станат отпорни на група антибиотици познати како кинолони. Научниците истакнале дека бактериите можат да се развијат на таков начин што ги напаѓаат кинолоните. Имено, бактериите мутираат и не им дозволуваат на антибиотиците да ја распаднат нивната ДНК, а исто така стануваат отпорни и на триклосанот.rnrnСепак, според научниците, потребни се дополнителни истражувања кои ќе ја потврдат претпоставката дека триклосанот има лошо влијание врз терапиите со антибиотици кај луѓето. Во 2017-та година, Федерацијата за храна и лекови истакна дека отпорноста на бактериите на антибиотици е една од најголемите закани за човечкото здравје.rnrnПогледнете ги и нештата што треба да ги знаете за антибиотиците.

  • Дали вашето дете користи премногу паста за заби и зошто е тоа лошо за него?

    Дали вашето дете користи премногу паста за заби и зошто е тоа лошо за него?

    Дали користите исто толку паста за заби колку и на рекламите? Дали ја нанесувате пастата врз целата четка? Ако одговорот е да, најверојатно само ја трошите пастата залудно. Но доколку вашите деца го прават тоа, предозирањето со паста може да предизвика проблеми.rnrnДали вашето дете користи премногу паста за заби?rnrnОва не значи дека не треба да употребувате паста за заби. Сепак ги миеме забите за да ги отстраниме бактериите и шеќерите кои неуморно се обидуваат да ги оштетат нашите заби. Но, пастата за заби не е неопходна за оваа работа. Она што е всушност важно кај неа е флуорот.rnrnФлуорот е минерал што се наоѓа во карпите, а мало количество од него природно завршува во водата. Во некои држави се додава флуор во резервоарите за вода бидејќи е докажано дека помага при обновувањето на емајлот, побрзо отколку што бактериите ги распаѓаат забите. Кај децата со млечни заби, флуорот го зајакнува емајлот на трајните заби кои допрва треба да пораснат, на овој начин правејќи ги поотпорни на кариес.rnrnИако повеќето луѓе имаат пристап до вода со флуор, заболекарите препорачуваат да ги „реминерализираме“ забите со повеќе флуор, па токму поради тоа тој се наоѓа и во пастите.rnrnНо сепак, едно истражување објавено на 1-ви февруари 2019-та година, од страна на Центарот за контрола и превенција на болести, покажало дека 40% од децата на возраст од 3 до 6 години користат повеќе паста отколку што препорачуваат заболекарите. Во Анкетата за национално здравје и исхрана на Центарот за контрола за прв пат биле вклучени прашања за миењето и пастите за заби. Околу 1.700 родители и старатели на деца и адолесценти кажале колку често секое од нивните деца си ги мие забите, возраста на која започнало да ги мие забите и колку паста користи секој ден.rnrnИстражувањето открило дека 80% од родителите не им ги мијат забите на децата доволно рано, а ова може да предизвика кариес во детството. Самото миење е клучно за спречување на кариесот, но голема улога има и флуорот.rn

    „Флуорот е критичен за децата бидејќи нивните заби се развиваат, а тој ги зајакнува“, изјавила доктор Џина Торнтон Еванс, авторка на истражувањето.rnrn„Особено кога се млади – односно кога имаат 6 или помалку години, тогаш нивниот рефлекс за голтање не е развиен и тие можат да ја голтнат пастата наместо да ја плукнат. Кога ќе голтнат премногу паста можат да развија состојба позата како дентална флуороза на нивните трајни заби. Па, препорачуваме родителите да ставаат паста со големина на зрно грашок на нивните четки.“

    rnДенталната флуороза не е опасна состојба, но може да се случи кога детето консумира премногу флуорид, додека трајните заби сè уште се развиваат во непцето. Резултатот може да биде козметички – премногу флуорид не е лошо за забите. Всушност, според некои заболекари може да ги направи забите и поотпорни на расипување, но предизвикува појава на бели линии и дамки на забите. Обично оваа состојба не е многу забележлива и се случува додека се развиваат трајните заби.rnrnНо Џина нагласува дека преминувањето на дневната препорачана доза флуорид кај детето е проблем кој се појавува бидејќи родителите не почнуваат да ги учат децата на добри навики за миење уште од детството.rn

    „Сакаме родителите не само да ги надгледуваат нивните заби, туку и да ги мијат откако ќе наполнат 6 месеци, кога ќе се појави првиот заб.“

    rnПогледнете ги и овие совети за совршена холивудска насмевка.

  • 9 совети за совршена холивудска насмевка

    9 совети за совршена холивудска насмевка

    Многу луѓе сонуваат за здрави и прекрасни заби, но малкумина се подготвени да се обидат со хемиско белеење. За среќа, постојат неколку процедури кои можете самите да ги изведете дома, а кои нема да ја оштетат глеѓта на забите ниту ќе предизвикаат каква било друга штета. Секако дека овие трикови не треба да послужат како замена за редовните посети на заболекарот. Но, доколку секојдневно ги следите, ќе забележите дека вашите заби ќе станат посветли за неколку нијанси, а непцата ќе станат поздрави. Прочитајте за што станува збор…rn

    1. Паста за белеење на заби која можете да ја направите сами

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnИзмешајте една лажичка куркума со истата количина на чисто кокосово масло и 2-3 капки масло од нане. Употребувајте ја оваа смеса исто како обичната паста за заби. Таа е добра за глеѓта, ќе ги обелее забите и ќе го освежи вашиот здив.rn

    2. Масло од чајно дрво – Мелалеука

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnДоколку растворите 5 капки од 100-процентно масло од чајно дрво во половина чаша вода и ја плакнете усната празнина со течноста секој ден по четкањето заби, ќе видите резултати за само неколку недели. За да постигнете уште поневеројатен ефект, мијте ги забите дополнително со една капка од маслото еднаш или два пати неделно, но не правете го тоа премногу често.rn

    3. Паста од јагода

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnЗемете свежа јагода и смачкајте ја со лажица. Измешајте ја со најдобрата морска сол што можете да ја најдете, ставете ја добиената паста на четка за заби и нежно масирајте ги забите неколку минути. Потоа целосно исплакнете ја усната празнина. За да ја заштитите глеѓта на забите, не правете го ова почесто од еднаш на секои две недели.rn

    4. Кокосово масло

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnСтавете малку од маслото на забите пред да ги миете и оставете го да отстои 15-20 минути, потоа внимателно исчеткајте ги забите со вашата обична паста. Повторете го ова 2 до 3 пати неделно.rn

    5. Маска од јаглен

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnИстолчениот јаглен измешајте го со вода за да добиете кремаста смеса и потоа внимателно нанесете ја на забите. Оставете го да отстои 2 минути и потоа внимателно исплакнете ја усната празнина. Потоа, измијте ги забите. Повторете го ова еднаш или два пати неделно.rn

    6. Белеење со лушпа од банана

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnЛушпата од банана содржи супстанции кои го разградуваат забниот камен и помагаат при одржувањето на совршената боја на забите. Истријте ги забите од двете страни со внатрешноста на лушпата и почекајте 5-7 минути. Потоа измијте ги забите и исплакнете ја устата. Повторувајте го ова колку сакате.rn

    7. Плакнење на устата со помош на лимон

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnСо помош на следнава смеса, вашите заби постепено ќе обелуваат и вашиот здив секогаш ќе биде пријатен и свеж. Во зависност од тоа колкава количина сакате да направите можете да ставите колку сакате лимони и сол со тоа што нивниот однос треба да биде 3:1, односно треба да има 3 пати повеќе лимон отколку сол. Потоа измешајте ги состојките и плакнете ја устата со растворот откако ќе ги измиете забите. Употребувајте го овој метод 2 или 3 пати неделно. Внимавајте: Не го употребувајте овој раствор доколку имате воспаленија во усната празнина.rn

    8. Ливчиња од босилек

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnСомелете свежи ливчиња од босилек и направете паста која ќе ја користите наместо вашата обична паста за заби. На тој начин вашите заби ќе станат побели и поздрави. Оваа паста можете да ја нанесувате и 5-10 минути пред вообичаеното миење заби.rn

    9. Алое вера

    rn9 совети за совршена холивудска насмевкаrnrnЗа да добиете вистинска холивудска насмевка, користете свеж сок од алое вера или набавете природен гел направен од ова растение. Ставете од него малку на вашите заби, масирајте ги со четката и потоа добро исплакнете. Можете да го правите ова по секое миење на забите и по неколку недели вашата насмевка ќе биде блескаво бела.

  • 42 кратки и евтини совети за убавина

    42 кратки и евтини совети за убавина

    Сите добро знаеме дека жените би направиле сè кога е во прашање убавината. Постојат многу бизарни начини на подмладување, разубавување, слабеење… Но и покрај хемиските апарати, кои веднаш дават резултати, некои жени користат паметни трикови од домаќинството. Ви даваме 42 кратки совети кои можат да станат дел од вашето секојдневие.rnrn42-kratki-i-evtini-soveti-za-ubavina-kafepauza.mkrnrn1. Краставица на очите за освежувањеrnrn2. Два литри вода на денrnrn3. Паста за заби на акнитеrnrn4. Ладни, влажни кесички чај на уморните очиrnrn5. За меки стапала – спиење со чорапи по нанесувањето на хидратантната кремаrnrn6. Штипкање на образите за природно руменилоrnrn7. Бричење на нозете со балсам за косаrnrn8. Сок од лимон за коса со посветли прамениrnrn9. Пијте многу млекоrnrn10. Паста за заби на местото каде што имате убод од инсект – лековит ефектrnrn11. Чувајте го лакот за нокти во фрижидер за да го спречите неговото згуснувањеrnrn12. Сода бикарбона за природно белење на забитеrnrn13. Вазелин на веѓите за да бидат мазниrnrn14. Кога ќе снемате руменило слободно послужете се со карминотrnrn15. Исплакнете ја косата со оцет за сјајrnrn16. Нанесете парфем на четката за коса, а потоа поминете низ косатаrnrn18. Ладни лажици околу очите за намалување на отоцитеrnrn19. Медот е одлична маска за лицеrnrn20. Супер лепакот е спас за скршениот ноктrnrn21. Пареата од чајот е одлично освежување за лицетоrnrn22. Вазелинот ја смирува непослушната косаrnrn23. Спијте на грб за да немате брчки на лицетоrnrn24. Додавајте шеќер на секој пилингrnrn25. Мијте ја косата со пивоrnrn26. Загреаното железо ја витка косатаrnrn27. Лимоновиот сок ги избелува врвовите на ноктитеrnrn28. Моливите за очи и веѓи и карминот за усни се чуваат во фрижидерrnrn29. Ставајте изматени јајца на косата за сјајrnrn30. Пастата за заби ги отстранува дамките од средствата за самопотемнување на дланкитеrnrn31. Измешајте капка серум со пудрата за сјај на кожатаrnrn32. Лесна масажа со коцки мраз на лицето ќе ги намали брчките и заморотrnrn33. Маскарата, откако ќе се нанесе, најубаво се суши со ладниот воздух од фенотrnrn34. Спиењето на навлаки од свила ги намалува брчкитеrnrn35. Кечап на косата – ја менува бојата на косатаrnrn36. Маслото од тиква и кокос ја стабилизира бојата на косата.rnrn37. Кафето како пилинг за отстранување на целулитотrnrn38. Испасирајте го авокадото и користете го како пилинг за телоrnrn39. Применете ладен туш за моментално зголемување на градитеrnrn40. Со сокот од брусница ќе го зголемите сјајот на косата и ќе ја подобрите бојатаrnrn41. Пивскиот квасец помешан со вода ги избелува влакната на лицетоrnrn42. Испрскајте ја косата со лимонада за постојана фризура

  • Работите што сите ги мразиме најмногу на свет

    Работите што сите ги мразиме најмногу на свет

    Некои работи со кои секој од нас се соочува во секојдневието едноставно премногу одат на нерви. Држите ѓеврек во едната рака, со другата го отворате јогуртот, но механизмот се кине пред да успеете да повлечете доволно силно. Пикнати сте под ќебенце, веќе ви се спие, но многу ви се оди во тоалет, не можете да издржите до сабајле. Отворате очи на сабајле, но пастата за заби е целосно исцедена… Ви звучи познато?rnrnРаботите што сите ги мразиме најмногу на светrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Некои стари трикови за дентална хигиена не само што се економични туку се и многу здрави за вас. Домашно изработената паста за заби не чини многу и е лесна за правење, а ќе ги направи вашите заби совршено бели и притоа ќе го освежи вашиот здив и ќе ви помогне во борбата против кариес.rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама сода бикарбона
    • rn011

    • 120 милилитри масло од кокос
    • rn011

    • 30-40 капки есенцијално масло од нане
    • rn011

    • 1 пакетче прашок стевија
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnДоколку маслото од кокос е густо, ставете го неколку секунди во микробранова додека не се стопи. Ставете ги сите состојки во длабок сад и мешајте темелно додека целосно не се спојат. Потоа сипете ја мешавината во тегла и цврсто затворете ја. Домашно изработената паста може да трае и до 6 месеци без да биде сместена во фрижидер.rn

    Зошто оваа паста за заби е ефикасна?

    rn1. Сода бикарбоната има долга историја како чистач на заби. И покрај тоа што има репутација како продукт кој е премногу груб, реалноста е дека е помека од голем број комерцијални пасти за заби. Таа исто така се бори против забниот камен, ги убива бактериите кои создаваат гингивитис и ги уништува темните дамки.rnrn2. Кокосовото масло можеби ви изгледа како необична состојка за борба против кариес, но студиите откриле дека овој природен антибиотик кој истовремено е и антибактириски е одличен при одржување на цврстината и здравјето на забите.rnrn3. Маслото од нане нема никакви здравствени придобивки, но ѝ овозможува на пастата да има студен и освежителен вкус.rnrn4. Стевијата е големо изненадување. Таа истовремено го подобрува вкусот без додавање на шеќер, има антибактериско дејство и се бори против забниот камен. Кој би рекол?rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrnЗа овој едноставен рецепт кој го подобрува денталното здравје потребни ви се само неколку минути за да го направите, а ќе ви трае со месеци. И покрај тоа што оваа паста за заби е добра за повеќето луѓе, сепак не се препорачува за оние со премногу чувствителни заби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 трикови за одржување на уредноста и чистотата во вашиот автомобил

    7 трикови за одржување на уредноста и чистотата во вашиот автомобил

    Дали предните светла на вашиот автомобил се матни и не светат добро? Можеби често оставате отпадоци од ѓубре или пак ве фаќа срам доколку треба да го отворите вашиот багажник пред некој друг. За овие работи има неколку практични решенија, на кои можеби никогаш не сте помислиле, а можат да ви го сменат животот.rnrn7 трикови за одржување на уредноста и чистотата во вашиот автомобилrnrn1. Користете корпа за алишта за да ги организирате стварите во вашиот багажник.rnrn2. Направете корпа за отпадоци од сад за житарки или пластичен бокал за вода.rnrn3. Со паста за заби исполирајте ги фаровите.rnrn4. Пастата за заби можете да ја употребите и за да ги ублажите површинските гребаници по каросеријата.rnrn5. Исчистете го ентериерот со маслиново масло и крпа.rnrn6. Искористете го просторот зад седиштата поставувајќи организер за чевли во кој ќе ги сместите ситните предмети (особено практично при патувања).rnrn7. Создадете дополнителен простор за складирање со помош на растеглива мрежа.rnrnПогледнете како да ги изведете овие трикови во видеото.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.