КАФЕ ПАУЗА

Tag: паричник

  • Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

    Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

    Губењето на вашиот паричник може да биде прилично фрустрирачка ситуација, но за полесно да се справите со неа, експертите советуваат никогаш да не чувате одредени работи во вашиот паричник.rnrnКои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?rn

    1. Сметки

    rnБрендон Кинг, основач на Home Security Heroes, вели дека треба да престанете да чувате сметки во вашиот паричник, бидејќи тие може да се користат за извлекување информации за трансакциите или информации за банкарска сметка.rn

    2. Лозинки

    rnОва е веројатно очигледно, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки и PIN-кодови на картички во нивните паричници.rn

    3. Клучеви

    rnИако навидум се чини сосема практично да ги чувате клучевите во паричникот, тоа не е навистина безбедна опција, особено затоа што во паричникот чувате и документи со вашата адреса, па крадците лесно можат да дојдат до вашата куќа.rn

    4. Кредитни картички

    rnАко носите кредитна картичка со вас во вашиот паричник, постои поголема шанса да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале. Покрај тоа, ако носите многу картички, пари и документи со вас, паричникот може да изгледа прилично дебел, што го прави привлечна мета за крадците, препорачуваат експертите.rnrnОткако прочитавте кои работи не смеете да ги чувате во паричникот, можеби ќе сакате да прочитате и како да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите.rnrnИзвор: citymagazinedanas.rs

  • Тест: Изберете паричник и откријте што е тоа што ве спречува да се збогатите!

    Тест: Изберете паричник и откријте што е тоа што ве спречува да се збогатите!

    Внимателно погледнете ја сликата и одберете го паричникот што најмногу ви се допаѓа. Тој ќе ви открие што е тоа што ве спречува да се збогатите!rnrnТест: Изберете паричник и откријте што е тоа што ве спречува да се збогатите!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Паричник бр. 1″ active=”false”]Сакате пари, сакате да се забавувате и уживате, но немате јасна претстава за што точно ви се потребни тие пари. Дали сакате да купите нова куќа, да отплатите долг или да одите на патување на некој егзотичен остров? Запишете ги сите работи поради кои ви се потребни пари. Освен тоа, бидете пријател со парите – научете да не ги трошите непотребно. Во тој случај, во вашиот дом ќе владее материјалната стабилност.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Паричник бр. 2″ active=”false”]Вие сте од оние кои знаат што е тоа буџет и како правилно да располагаат со него. Доколку го сфативте тоа, ќе знаете и како да ги цените парите. Но, нема да станете побогати доколку не научите како да бидете среќни благодарение на фактот дека ги поседувате. Меѓу другото, понекогаш и вреди да ги потрошите на забава.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Паричник бр. 3″ active=”false”]Тешко ви оди со парите бидејќи тие се изворот кој ви предизвикува стрес и грижа. Но, доколку не се ослободите од негативните мисли, нема да ги постигнете очекуваните резултати. Обидете се да им пристапите на нештата со позитивен став и вербата дека ситуацијата кога-тогаш ќе се подобри. Згора на тоа, добро би било да ја подобрите вашата финансиска писменост и да го преиспитате вашиот однос кон сè што е поврзано со парите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Паричник бр. 4″ active=”false”]Колку повеќе размислувате за пари толку помалку пари ќе имате во вашиот паричник. Доколку постојано размислувате како да заработите повеќе, тешко дека ќе успеете. Ова се должи на фактот дека сте премногу фокусирани на вашиот проблем и дека треба да обратите повеќе внимание на другите работи. На пример, посветете време и на вашето хоби. Не заборавајте дека приходите ќе ви се зголемат доколку дејствувате и не размислувате за резултатот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку ви се допадна овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каде лежи вашето богатство.rnrnИзвор: atma.hr

  • 3 нешта што секогаш треба да бидат во вашиот паричник (останатите слободно исфрлете ги!)

    3 нешта што секогаш треба да бидат во вашиот паричник (останатите слободно исфрлете ги!)

    Како што поминува времето, сигурно сте забележале дека сè повеќе го полните вашиот паричник. Особено ако сте жена, големи се шансите дека веќе не ни можете да го затворите – тој е преполн со картички и сметки, и има буквално сè освен парите коишто најверојатно ги носите во чанта или во џеб. Па, доколку сакате да го искористите целиот потенцијал на вашиот паричник, погледнете што треба да задржите во него.rn

    1. Една или две кредитни/дебитни картички

    rnrnrnОва е добар совет доколку сакате да се заштитите од кражба. Колку повеќе картички имате, толку полесно е некој да си направи добар „шопинг“ со вашите пари уште пред да забележите дека ви недостига паричникот. Да не зборуваме и за фактот што сигурно тие ви се од различни банки, па ќе изгубите многу време додека ги замените сите.rn

    2. Секогаш имајте барем 200 денари кеш, плус монети

    rnrnrnИако живееме во свет на кредитни и дебитни картички, немаме секогаш можност да плаќаме исклучиво со нив. Токму затоа и поставете си го 200-денарското правило кое може да ве извлече од некои навистина непријатни ситуации доколку се најдете на место каде што не можете да платите со картичката.rn

    3. Фотографија од бебе

    rnrnrnСпоред една неодамнешна студија од Универзитетот Хертфордшир во Англија, фотографијата од слатко бебе е единствената причина некој да се потруди да го врати изгубениот паричник на сопственикот. Во студијата, дури 88% од паричниците со бебешка фотографија биле вратени на личноста на којашто ѝ припаѓале.rnrnКаква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

  • Каква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

    Каква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

    Според некои верувања, воопшто не е сеедно дали парите во вашиот паричник ќе бидат уредно наредени или невнимателно турнати. Неуредниот паричник го блокира протокот на позитивната енергија и на тој начин внесува неред во вашите финансии. Па, ако сакате да ја подобрите својата финансиска состојба, ви препорачуваме уреден паричник со внимателно наредени пари. Мора да ги почитувате парите доколку сакате тие да продолжат да ви доаѓаат.rnrnkakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojba1rnrnПокрај уредноста на паричникот, постои уште една работа на која треба да внимавате, а тоа е никогаш да не носите (не)платени сметки во него. Тоа привлекува енергија на трошење која ќе ве тера постојано да давате пари за нешто. Од друга страна, обидете се во паричникот да имате само пари и кредитни или дебитни картички, а сè останато сместете го на некое друго место.rnrnШто се однесува до бојата, исто како и боите на облеката или ѕидовите во домот, така и онаа на паричникот може да игра голема улога во вашата финансиска состојба. Па, доколку сакате во целост да го искористите овој трик од Фенг шуи, внимавајте на значењето на следните бои и изберете ја онаа што вистински најмногу одговара на вашиот карактер – којзнае, можеби токму тоа ви било потребно за конечно да заработите повеќе пари!rnrnkakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojbarnrnЦрна и сина – боите на елементот вода. Тие се поврзуваат со богатство, особено црната која има неверојатна моќ да привлекува пари во вашиот паричник. Секојпат кога ќе го отворите за какво било плаќање, тој ќе ви предизвика позитивно чувство и ќе ви повика богатство.rnrnЦрвена – бојата на елементот оган. Таа се смета за најсреќната боја и покрај тоа што многумина ја сметаат за пресилна кога станува збор за паричник, може да ви помогне да го чувате полн ако сте големи потрошувачи.rnrnЗелена – бојата на елементот дрво. Таа исто така е поврзана со растот и позитивната страна на животот. Зелената исто така предизвикува богатство и одлична е за оние што допрва почнуваат да заработуваат.rnrnЖолта, кафена и крем – боите на елементот земја. Овие бои имаат моќ да ви овозможат финансиска стабилност и да ви помогнат да заштедите некој денар. Ако сте големи потрошувачи, најдобрата опција за вас е кафениот паричник.rnrnБела, сива, сребрена или златна – боите на елементот метал. Овие бои исто така можат да го задржат вашето богатство, правејќи го постабилно и потрајно. Златото секогаш се поврзува со луксуз, па ако ја одберете оваа боја за паричник, таа може да ви донесе луксузен живот.rnrnСте знаеле и дека бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот?

  • Како да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите?

    Како да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите?

    Луѓето ретко враќаат изгубени нешта. Толку ретко што кога тоа ќе се случи повеќе се чудиме отколку што ни текнува да бидеме благодарни. Некои од нас се посклони на заборавање на паричникот, негово случајно лизгање од џебот и незавртување назад или едноставно на губење на личните предмети на непознати локации во непознати времиња. Доколку спаѓате во оваа група или едноставно сакате да бидете сигурни за секој случај, послужете се со овој трик.rnrnrnrnЛуѓето се интересни битија врз кои може психолошки да се влијае на илјадници различни начини. Благодарение на ваквите особини, доколку во вашиот паричник или чанта имате фотографија од вистинското нешто, тоа може драстично да ви ги зголеми шансите да ги добиете назад. Ако немате никаква фотографија… па веројатно треба да се простите од загубата.rnrnКако да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кој град живеат најчесните луѓе?

    Во кој град живеат најчесните луѓе?

    Екипата на „Reader’s Digest“ сакала да открие во кој град живеат најчесните луѓе, па случајно „изгубила“ 192 паричници на улиците низ целиот свет. Оставале паричник на улица и набљудувале дали пронаоѓачот ќе го врати назад на сопственикот. Во секој од нив се наоѓало името на сопственикот, неговиот телефонски број, семејна фотографија, купони, визит-карта и 50 долари.rnrnvo-koj-grad-zhiveat-najchesnite-lugje-kafepauza.mkrnrnОставани се по 12 паричници во градовите, и тоа на најразлични места, во парковите, во шопинг центрите, по плоштадите. Погледнете каде и по колку се вратени назад.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

      rn011

    1. Хелсинки (вратени 11 од 12 паричници)
    2. rn011

    3. Мумбаи (вратени 9 од 12 паричници)
    4. rn011

    5. Будимпешта (вратени 8 од 12 паричници)
    6. rn011

    7. Њујорк (вратени 8 од 12 паричници)
    8. rn011

    9. Москва (вратени7 од 12 паричници)
    10. rn011

    11. Амстердам (вратени 7 од 12 паричници)
    12. rn011

    13. Берлин (вратени 6 од 12 паричници)
    14. rn011

    15. Љубљана (вратени 6 од 12 паричници)
    16. rn011

    17. Лондон (вратени 5 од 12 паричници)
    18. rn011

    19. Варшава (вратени 5 од 12 паричници)
    20. rn011

    21. Букурешт (вратени 4 од 12 паричници)
    22. rn011

    23. Рио де Жанеиро (вратени 4 од 12 паричници)
    24. rn011

    25. Цирих (вратени 4 од 12 паричници)
    26. rn011

    27. Прага (вратени 3 од 12 паричници)
    28. rn011

    29. Мадрид (вратени 3 од 12 паричници)
    30. rn011

    31. Лисабон (вратени 3 од 12 паричници)
    32. rn

    rn[/message_box]rnrnОд вкупно 192 оставени паричници, вратени се само 90, односно 47%.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За да имате пари во куќа: 10 народни верувања за привлекување пари

    За да имате пари во куќа: 10 народни верувања за привлекување пари

    Начинот на кој се справувате со парите, па дури и положбата на метлата во куќата, според старите народни верувања, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.rnrn1-za-da-imate-pari-vo-kukja-10-narodni-veruvanja-za-privlekuvanje-pari-kafepauza.mkrn

    1. Кога да позајмувате пари и да барате покачување?

    rnПокачување треба да барате во среда во текот на денот. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Давајте и земајте заеми наутро, затоа што какви било операции со пари кои ги извршувате навечер ќе водат до пропаст. Трудете се никогаш да не барате заем, а почесто да давате пари на оние кои од вас бараат, бидејќи така ќе го предизвикате да ви врати на друг начин.rn

    2. Платата треба да преноќи

    rnЗа парите кои сте ги заработиле да ја сакаат вашата куќа, оној ден кога ќе земете плата, немојте веднаш да трошите ниту денар од неа. Целата сума, според верувањата би требало да преноќи во вашиот дом.rn

    3. Што не треба да се позајмува на комшија?

    rnНа комшиите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом и да отиде кај нив.rn

    4. Куќни правила за вкупниот буџет

    rnПари нема да имате ако ги оставате расфрлени во соба или ги собирате трошките од масата со рака.rn

    5. Кога џебовите носат пари?

    rnЏебовите на облеката која ви стои во плакарот наполнете ги со книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или паднати копчиња.rnrn2-za-da-imate-pari-vo-kukja-10-narodni-veruvanja-za-privlekuvanje-pari-kafepauza.mkrn

    6. Старото верување за метлите

    rnЗа да има пари во куќата, метлата треба да ја чувате со дршката надолу.rn

    7. Направете триаголник од 10 денари

    rnВо најмалата преграда на вашиот паричник чувајте пара од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да имате и среќна монета – првата заработена или добиена пара од друг. Таа пара не треба да ја трошите, таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите можат да се налутат и да не ви доаѓаат веќе во раце.rn

    8. Секогаш чувајте пари во паричникот

    rnНикогаш не чувајте го паричникот празен, нонстоп нека има бар по некоја пара во него. Сите пари мора да бидат наместени така што главата ќе биде свртена кон сопственикот.rn

    9. Не крадете ја туѓата среќа

    rnПари од коцкање, нечесно заработени, најдени или искинати пари не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во паричникот. Поделите ги на сиромашните или брзо потрошете ги.rn

    10. Чувајте крупни пари

    rnВо домот треба година дена да чувате крупна пара која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува други пари.

  • Што треба да поседува еден возрасен маж?

    Што треба да поседува еден возрасен маж?

    Промената од откачен детинест дечко кон возрасен маж некогаш во животот мора да се случи. Тоа секако значи зрелост во однесувањето, но и во некои други работи. Овие 7 нешта, доколку не ги поседувате, ве издаваат дека сè уште не се пораснале:rnrnШто треба да поседува еден возрасен маж?rnrn1. Соодветна облека – Можеби поседувате едно сако за сите посебни прилики во вашиот плакар, но и тоа е напразно доколку го искомбинирате со широки фармерки кои ви се влечат на подот и патики за трчање.rnrn2. Машки кожен паричник – Спортските паричници со лепенка едноставно не се за возрасен човек.rnrn3. „Возрасен“ пешкир – Доколку сте веќе возрасна и самостојна личност, сосема е нормално девојки да преспиваат кај вас. Ако девојка ви побара пешкир за туширање, погрижете се да не ѝ го подадете оној со Џивџи.rnrn4. Алат – Не мора да сте којзнае каков мајстор, ама клешта и чекан мора да ви се наоѓа по дома.rnrn5. Пасош – Девојка ви ве кани на патување за двајца кое го добила на наградна игра. За жал, без пасош тешко дека ќе ве пуштат во авионот за Виена.rnrn6. Добра долна облека – „Бетменките“ едноставно не се секси. Широките шарени боксерки се за тинејџери. Одиме понатаму.rnrn7. Исправна кола – Не мора да е спортски модел на автомобил или некој што ќе импресионира со еден куп врвна технологија, но барем треба да може да ве однесе заедно со девојка ви таму каде што сте тргнале. Не би било баш џентлменски да ја прашате дали би сакала да турка додека ви запали колата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    Скромни, фалбаџии, сентиментални, практични…, различни сме дури и во неволја. Во тоа ќе се уверите и преку проектот „The Burning house“, кој ни поставува хипотетичко, но многу едноставно и добро прашање: „Што би понеле со себе, ако избувне пожар во вашиот дом?“ Идејата е генијална, а одговорите шаренолики.rnrnПрочитајте како на оваа тема размислуваат луѓе од различни делови на светот, на различна возраст, со различна професија…rn
    rn

    1. Брет Роговски

    rn

      rn011

    • Години: 38
    • rn011

    • Живеалиште: Пенсилванија, САД
    • rn011

    • Професија: програмер, фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: џебно ноже, дрвен украс – татко со бебе (имавме проблеми со зачнувањето на првото дете, затоа овој подарок ми е од особена важност), медали од многу маратони, паричник, моите омилени Мизуно чевли, облека за моите две девојчиња, медицинска цуцла, хартиено маче – Paper mache cat (по едно вакво имавме јас и сопругата кога се сретнавме), мојата гитара (единствениот предмет кој го чувам повеќе од 15 години), вино од 2008 година (од денот кога се роди мојата ќерка), моето верно куче Gimli, пиротехника, кутија со различни цвеќиња (што ми ги подари сопругата пред повеќе од 11 години), црвен пипер, очила, моето омилено пенкало, мемориските картички, ајфон, ајпад, фотоапарат Canon 40D, 50 милиметарски и 125 милиметарски објективи, компјутер Dell 2600 (мојот живот е речиси комплетно дигитализиран во моментов), монохроматска слика од 2005 година.rn
    rn

    2. Алекс Боениш

    rn

      rn011

    • Години: 23
    • rn011

    • Живеалиште: Филаделфија, Пенсилванија
    • rn011

    • Професија: графички дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: фотоапарат Canon Rebel Eos T2i со Tamron 17-50 милиметарски објектив (со него фотографирам), пиштол Sig Sauer P226 (Dark Elite), инхалатор (ќе ми треба после ползењето низ чадот), преклопен нож, мултифункциско ноже, омилената фотографија со мојата девојка, клучеви, визит карти, паричник, стара фотографија од дедо ми и неговиот автомобил, фотографија од баба ми (која ја направил дедо ми), обичен мобилен телефон, а не ајфон. Чудно, нели? 15-инчен лаптоп Macbook Pro.rn
    rn

    3. Кери Пол

    rn

      rn011

    • Години: 19
    • rn011

    • Живеалиште: Њу Џерси
    • rn011

    • Професија: сè уште е студент
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: сите луѓе и домашни миленичиња, велосипед, виолина, првото издание на речникот Вебстер од 1930 (подарок од дечко ми), платна, четки, маслени бои, лаптоп, мојот портокалов паричник, телефон, ајпод, очила, бисерен ѓердан и обетки од прабаба ми, бројаница што ѝ припаѓала на баба ми, прстен од кожа (ми го направи мајка ми), полароид фотографија од моето куче, обувки за планинарење, чантата на мајка ми (купена е во источен Берлин, пред падот на Берлинскиот ѕид), две од моите омилени плишани играчки, стари каубојски чизми од мојата мајка.rn
    rn

    4. Кејт Мекаули

    rn

      rn011

    • Години: 36
    • rn011

    • Живеалиште: Австралијка која моментално живее во Лондон
    • rn011

    • Професија: писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мачка, скршена школка (првото нешто кое мојот сакан ми го подари по кусо време откако се запознавме во Порт Морезби, Папуа, Нова Гвинеја), потоа жад и сребрени обетки (исто така, подарок од мојот сакан, купени се во Мускат, Оман), сребрена нараквица (повторно подарок од него, купена е на пазар во Дуала, Камерун), копии на баба ми од делата на Оскар Вајлд, брезлетна од пазар во Кипар (подарок од саканиот), растенија од градината на мајка ми во Сиднеј и од мојот двор во Дубаи, орхидеите што ги добив за роденденот, еден куп бележници (во кои ги запишувам моите планови и прозата за моите новели), лаптоп Macbook Pro (во него се сместени мојот речиси завршен роман, фотографии и музика), ајфон, бронзена статуетка (купена во Дуала, Камерун), сребро, зелена ткаена шапка од Сиднеј, врамени фотографии од мене и од саканиот (сликани сме кај Гранд Кањон и пред Лувр), кактуси од Икеа.rn
    rn

    5. Марта Васакс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Сан Франциско
    • rn011

    • Професија: инвеститор/колекционер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: уметничка слика од боксер од 1935 година, две стаклени човечиња (подарок кој го купив за мојот татко), сет од моливи од Tombow, стари фотографии и фотографии за лична карта, материјал за цртежите на коишто работам во моментот, папка со скици од завршени портрети, моите чизми, ајпад 2 со слушалки и ајфон.rn
    rn

    6. Кристијан Барон

    rn

      rn011

    • Години: 39
    • rn011

    • Живеалиште: Бон, Германија
    • rn011

    • Професија: фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: моите омилени плочи (Kraftwerk, Kruder & Dorfmeister, Stone Roses, Dj Shadow, Pixies, Smiths, Blumfeld), часовник, телефон, хард диск со поголемиот дел од моите фотографии, мојот leica М7 со 35 милиметарски објектив, еден долар (којшто ми остана од моето прво патување во САД од пред 20 години), омилениот ремен, фармерки ramone (не се прикажани на фотографијата, бидејќи во моментот ги носам на себе), шише џин (ограничена серија), збирка од моите омилени испечатени фотографии, емулзија, мојот Hasselblad со 80 и 180 милиметарски објективи и две папки со најважните негативи.rn
    rn

    7. Матео Сартори

    rn

      rn011

    • Години: 44
    • rn011

    • Живеалиште: Торино, Италија
    • rn011

    • Професија: фотограф, програмер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: лаптоп, надворешен хард диск, телефон, мојата музика, најновите книги (оние кои сè уште не ми се прочитани), моите патувачки записи, неколку семејни фотографии, пасош, удобна облека и обувки, паричник, батериска ламба, повеќенаменско џебно ноже, камера.rn
    rn

    8. Емили Лорк

    rn

      rn011

    • Години: 30
    • rn011

    • Живеалиште: Далас, Тексас
    • rn011

    • Професија: блогер, писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: забавни игри од детството (за носење), омилената чаша за кафе, пасоши, гитарата Гибсон од 1962 година (од мајка ми), омилен ремен, изводи на родените и на венчаните, машина за пишување „Royal Quite Deluxe“ од 1941 година (подарок од драги пријатели), лаптоп Macbook, ајфон, паричник, клучеви, чековна книшка, античка виљушка од коска (подарок од татко ми), кутија со рецепти и книга на баба ми, кожен дневник (со писмата од мене и мојот сопруг, кои си ги пишувавме еден на друг во изминатите 5 години), сина марама од мајка ми (од 1960 година), омилениот соларник и сад за црн пипер (ме потсетуваат на мојата сестра близначка), старомоден сад (подарок од мајка ми), античка кутија со пари (со заштедата за 25-годишнината од нашиот брак), фотоапарат Canon 40D (со него ја направив и оваа фотографија).rn
    rn

    9. Роан Андерсон

    rn

      rn011

    • Години: 35
    • rn011

    • Живеалиште: Баларат, Австралија
    • rn011

    • Професија: фотографија и дизајн
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Часовник за нуркање Никсон, јапонски нож со коскена дршка (го поседувам цели 22 години), батериска LED ламба, ајфон, фотоапарат Nikon и објектив од 50mm f/1.4, 500 гига хард диск, лаптоп Macbook, очила (не гледам без нив), нож, CZ 22 Магнум (омилено оружје за лов), фармерки G-Star и јакна Barbor.rn
    rn

    10. Дејвид Когинс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Њујорк
    • rn011

    • Професија: писател, сценарист
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: првото издание од Големиот Гетсби, две добри пенкала, отворач за шише, часовник, држач за цигари, матарка, омиленото англиско одело, чевли, вратоврска, антички казино чип, картичка за телефон, календар Smythson (п.с. килимите на фотографијата не се вклучени).rn
    rn

    11. Рајли Мекмастер

    rn

      rn011

    • Години: 22
    • rn011

    • Живеалиште: Ванкувер, Канада
    • rn011

    • Професија: нема (невработен)
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Ако мојата куќа се запали, ќе се обидам да зграбам парче пица од фрижидерот. Пламените јазици можат само да го испечат.  И додека седнат во тревникот набљудувам како се кремираат сите мои животни колекции и куп непотребни работи, ќе се тешам со вкусното парче пица. :-)rn
    rn

    12. Кенис Милер

    rn

      rn011

    • Години: 16
    • rn011

    • Живеалиште: средношколец на размена во Загреб, Хрватска (доаѓа од САД)
    • rn011

    • Професија: нема
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: дневник (мојот живот во една книга), шапка од H&M, омилените чевли, чевлите за балет, Nikon D3000, моите зум објективи, Minolta XG-M, мобилен телефон, марама, кафена кожена јакна (не е прикажана на фотографијата), пасош (имам големи амбиции, сакам да ги посетам сите места во светот… не можам да бидам долг период на една локација).rn
    rn

    13.  Викторија Торн

    rn

      rn011

    • Години: 52
    • rn011

    • Живеалиште: Калифорнија
    • rn011

    • Професија: мајчинство, уметник
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: децата, нивните уметнички дела, полароид од најмладот син (фотографиран на 3-годишна возраст), омилените книги (мои и на сестра ми), книга од мајка ми, торбата со мапи на татко ми, белегзија од еден пријател, брош направен од мојата прабаба, кучето, фотографии, намирници, прстен… Но, на крајот на краиштата, сè што навистина ви треба е љубов.rn
    rn

    14. Хариет Хортон

    rn

      rn011

    • Години: 24
    • rn011

    • Живеалиште: Лондон
    • rn011

    • Професија: препаратор на животни
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мојата девојка (не е на фотографијата), препариран Феникс, лаптоп, ајпод, слушалки, Блекбери, паричник, скулптура од светицата Фатима, фотографии од детството, чевли.rn
    rn

    15. Памела Лопс

    rn

      rn011

    • Години: 33
    • rn011

    • Живеалиште: Париз, Франција
    • rn011

    • Професија: дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: водич за тоа како да се изгради дрвена куќа, чекан, кабел, клинци, стари фотографии од семејството и од пријателите.rnrnПроектот е отворен и за вашите одговори, кои слободно можете да ги споделите и тука со нас…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 предлози за совршен новогодишен подарок за жена

    10 предлози за совршен новогодишен подарок за жена

    Автор: Марија П.rnrnСе наближуваат новогодишните и божиќните празници, а вие сè уште не сте купиле подарок за најблиските? Погледнете неколку предлози со кои сигурно ќе измамите насмевка и задоволство на нивните лица, а вашиот гест ќе ги стопли за време на студените денови.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn1. Салонки на висока потпетица – Секоја девојка сонува за ваков подарок. Одлични за време на најлудата ноќ.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn2. Ракавици – Со весел дезен, никого нема да остават рамнодушен. Плус, ќе им ги стоплите рацете.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn3. Пар чорапи – Шарени и штосни, можат да се подарат на пријател или на близок роднина.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn4. Комплет долна облека – Изненадете ја вашата сакана со прекрасен комплет. Ќе ви биде благодарна.rnrnrnrn5. Паричник – Не заборавете да ставите некој денар внатре. :)rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn6. Торба за викенд – Доволно голема за да ги спакувате најбитните работи за да заминете на новогодишна забава надвор од градот.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn7. Џемперче – Интересен дизајн. Впечатлива боја.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn8. Миризлива свеќа – За долгите зимски ноќи… Предлагаме со мирис на цимет и ванила.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn9. Сет: гел за туширање и лосион за тело – убаво спакувани…rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrnили… пенлива купка која се раствора во вода – ќе создаде пена, а на кожата ќе остави блескав траг.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn10. Книга – Колку повеќе страници, толку подолго задоволство.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарок
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.