КАФЕ ПАУЗА

Tag: озборувачка

  • 7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    Од „Пријатели“, до „Озборувачка“ и сè помеѓу нив, постојат илјадници ТВ серии кои се обидуваат да го доловат животот во Њујорк Сити. Но, како што знаете, не сè што гледате на телевизија соодветно го отсликува вистинскиот живот и ТВ сериите во кои дејството се одвива во Њујорк не се исклучок од ова правило. Погледнете ги наредниве неколку факти кои укажуваат на тоа колку нереално е прикажан животот во Големото Јаболко на малите екрани.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Налетување на луѓето кои ги познавате

    rnВо ТВ сериите како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ ликовите на улиците и во продавниците постојано налетуваат на некој од минатото. Животот во Њујорк воопшто не е таков. Освен ако не се наоѓате во област каде што некој ваш познат живее или работи, шансите да го видите случајно на улица не се воопшто поголеми од оние да видите некој познат во друг голем град. Моментално таму живеат 8.244.910 луѓе и апсурдно е да се помисли дека секојдневно можете да налетувате на личности од вашето минато.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Место кое е резервирано за вас

    rnВо ТВ сериите, ликовите постојано имаат нивно „место“ каде што секојдневно се собираат и пијат кафе или јадат. „Пријатели“ го имаа каучот во кафуле, „Како ја запознав мајка ви“ имаат сепаре во бар, „Сеинфилд“ имаа место во ресторан – но, во реалниот живот никогаш не можете да го добиете истото место секој пат кога ќе отидете до вашето омилено кафуле, бар или ресторан. Понекогаш после работните часови во Менхетен не може воопшто ни да се најде слободно место за еден, а уште помалку за цела група од 5-6 луѓе.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Апартман со совршена големина

    rnТВ серијата „Пријатели“ започна така што група пријатели заедно бараа работа, љубов и начин на средување на својот живот во Њујорк. Но, Рејчел, Рос и останатите од групата живееа во премногу удобни апартмани во однос на тоа колку време поминуваа пиејќи кафе во Централ Перк. Во просек, доколку работите поеќе од 40 часа неделно, би имале доволно за 1/3 од големината на нивниот стан на Менхетен.rnrnДури и апартманот кој Тед и Маршал го изнајмуваа во „Како ја запознав мајка ви“ е нереално голем за локацијата на која се наоѓа и со оглед на фактот дека на почетокот Маршал беше невработен студент по право. Да не почнеме воопшто да зборуваме за животот во Горната источна страна на Кери од „Сексот и градот“… Доколку немате високо платена работа, вашиот апартман во центарот на Њујорк би имал големина на кутија за чевли.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Пијачки после работа

    rnФактот дека после цел работен ден, ликовите од „Како ја запознав мајка ви“ секогаш имаат енергија да ја поминат вечерта во лудо пиење е малку нереално. Размислете, колку енергија имате вие вечерта кога ќе се вратите од работа? И што прво ви паѓа на памет во моментот кога ќе влезете низ вратата од вашиот дом? Дури и да соберете сила да излезете со вашите пријатели, неколку пива во бар на Менхетен би ве чинеле околу 30 долари. Ако сакате нешто пожестоко ќе мора да потрошите голем дел од она што сте го заработиле тој ден.rnrnВо реалноста пријателите обично „се загреваат“ во домашна атмосфера, а потоа излегуваат во барови и клубови со цел да запознаат нови луѓе и тоа најчесто се случува само за време на викендот.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Гламурозната Горна источна страна

    rnГорната источна страна повеќе не е олицетворение на гламурот и раскошот како што е претставена во „Озборувачка“. Всушност, доколку продолжите да се движете источно од Централ Парк, ќе налетате на една од најевтините населби за живеење во моментов во Менхетен. Исто така, богатите барови и клубови кои се наоѓаат таму, многу ретко се посетувани од помлади, а уште поретко од богати тинејџери. Помладите обично го посетуваат Вилиџ и градскиот центар за забави во вечерните часови. Всушност постојат многу поелитни места кои можете да ги најдете во центарот на Менхетен, така што правилото на девојките од оваа ТВ серија за неизлегување подалеку од 59-тата улица е нелогично.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Постојаното запознавање на кул личности

    rnСите оние пати кога Тед Мозби и неговите пријатели од „Како ја запознав мајка ви“ запознаа паметни, прекрасни и забавни луѓе во нивното маало се граничи со невозможно. Всушност, во реалноста шансите да налатете на неверојатни луѓе во текот на вечерта не се ништо подобри отколку во кој било друг голем град. Можеби тие се дури и полоши, имајќи предвид дека повеќето од оние кои ги запознавате во баровите на Менхетен ќе бидат пијани или ќе имаат цел да ве однесат во кревет во текот на наредните неколку часови.rnrnНо, мора да се признае дека ликот на Барни Стинсон совршено отсликува дел од мажите на кои можете да налетате во вечерните часови на Менхетен… Исто така, ликовите од „Пријатели“ многу лесно успеваа да договорат состаноци, додека пак во реалниот живот тоа оди малку поспоро. Сепак таму живеат преку 8.000.000 луѓе и потребно е повеќе време да ги издвоите „дијамантите“ од обичните „камења“.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    На девојките многу ретко им се додворуваат

    rnАко решите да се дотерате и да облечете високи потпетици за излегување, големи се шансите дека цела вечер околу вас ќе се вртат голем број мажи зборувајќи ви вулгарни работи кои воопшто не би сакале да ги слушнете. Исто така одејќи по улица постојано ќе ви потсвирнуваат и ќе ви упатуваат несоодветни коментари. И покрај тоа што девојките постојано се средени (посебно во „Озборувачка“) ова воопшто не се случува во ТВ сериите.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrnrnЕдинствениот начин целосно да го искусите животот во Њујорк е да живеете таму. Тогаш ќе можете да видите од прва рака колку е тешко да сретнете познати луѓе, колку многу енергија би ви била потребна да правите едноставни и секојдневни работи како одењето до продавница и колку мали можат да бидат апартманите. Но, и покрај сè ова, животот во Њујорк е неверојатна авантура каде што дури и во метрото може да ви се случи нешто незаборавно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?rnrnКако разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?rnrnСигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..rnrn1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.rnrn2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.rnrn3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.rnrn4. Слушајте повеќе одошто зборувате.rnrn5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.rnrn6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:rn

    Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: Супава е премногу жешка. На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: Бидејќи досега, сè беше како што треба.

    rn7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.rnrn8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.rnrn9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.rnrn10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна.  Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.rnrn11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.rnrn12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“rnrnСè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.rnrnДополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цимерката (The Roommate)

    Цимерката (The Roommate)

    Филм за предаторите околу нас кои може да дојдат во различна форма и обликrnrnЦимерката (The Roommate)Режија: Кристијан Е. КристијансенrnrnУлоги: Минка Кели, Лејтон МистерrnrnВреметраење: 91 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 февруари 2011rnrnЖанр: трилерrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnНајчесто во новите односи влегуваме со целосна доверба. Делумно затоа што секогаш се надеваме на најдоброто, а делумно затоа што животот и не се живее во постојан сомнеж дека некој ќе ти забие нож во грбот. Сепак, понекогаш и тоа ни се случува, иако на повеќето од нас, во многу поблага варијанта од онаа во „Цимерката“.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Сара (Минка Кели) доаѓа во Лос Анџелес за да студира. Во интернатот мора да ја дели собата со друга девојка и се вселува со Ребека (Лејтон Мистер). И според името на филмот не е голема мистерија дека вистинскиот центар на приказната е цимерката во која уште на стартот бараш црни дамки и… многу од нив, скоро ги добиваш. Ребека е опсесивна девојка за која пријателството значи и комплетна зависност. Таа е подготвена да направи се за да ја тргне Сара од остатокот на светот и да биде само нејзина, засекогаш. Сето тоа излегува надвор од контрола, а на крајот некој завршува со фатални последици додека друг поминува само со гребнатинка, и физичка и емоционална.Цимерката (The Roommate)Кога ќе земеш филм што се вика „Цимерката“ и по жанр е трилер, веднаш претпоставуваш повеќе или помалку вакво сценарио. Иако има напнати моменти, доколку режисерот го зголемел волуменот на насилството и на комплетните опсесивни акции, ќе го направеше филмот потензичен и погледлив за љубителите на добриот хорор, трилер. Вака е само на половина пат помеѓу трилер и можеби некој женски колеџ филм.Цимерката (The Roommate)Дефинитивно за „Цимерката“, своја верна публика носи Лејтон Мистер која е позната од хит-серијата „Озборувачка“. Додека за Минка Кели ова е една од малкуте ударни улоги, но факт е дека таа само што почнува да се пробива на филмската сцена. И двете имаат коректни остварувања, но не излегуваат надвор од просечноста. Ја служат улогата за која што се платени, но не внесуваат никаква особена иновација.Цимерката (The Roommate)Кинематографија: Поголем дел од филмот се одвива на колеџ-кампусот или пак на улиците на Лос Анџелес во тек на ноќниот живот. Тука студентите воопшто не наликуваат на нашите, а студентските соби изгледаат како да се во хотелот „Хилтон“. Нивните ноќни излегувања, пак, се преполни со домашни забави, нашминкани клубови и нормално, со убави луѓе. Впрочем сте гледале американски филмови кои допираат ваква тематика и точно можете да си ја исцртате сликата во главата.Цимерката (The Roommate)Кога и како да го гледате? Пуштете го навечер, како и секој друг трилер. Инаку, поради кастингот и разработката само на женски опсесивен однос, се чини дека „Цимерката“ е наменет пред се за женската публика.Цимерката (The Roommate)rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rn

    Тејлор Момсен

    rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rn

    Ед Вествик

    rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn

    rn

    .rnЛејтон Мистер

    rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic  продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rn

    Таа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.

    rn

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.

    rnrnrnЧија музика вам најмногу ви се допаѓа ?

  • Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    Автор: Д. Џ.rnrnОткако им помогнавме на момците во градењето на нивниот нов стил, овој пат подготвиме сличен водич за девојките. Ќе ве водиме низ стилот на вашата омилена девојка од „Озборувачка“ (Gossip Girl), Блер Волдорф (Blair Waldorf), која  ја игра прекрасната актерка Leighton Meester. Во серијата Блер има мајка која е моден дизајнер, па не е ни чудо што Блер поседува одличен вкус и препознатлив стил на облекување.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Тоа што всушност го дефинира стилот на Блер е дека таа е секогаш средена, облеката која ја носи е перфектно чиста, косата и е постојано на правото место, без ниедно праменче да стрчи каде што не му е местото. Таа никогаш не би направила комбинација од парчиња кои меѓусебно не одговараат, ниту би облекла нешто растегнато со недефинирана форма.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Доближувањето до стилот на Блер е полесно одошто секој од нас мисли. Станува збор за неколку парчиња гардероба, кои секој од нас може да ги набави, а го оцртуваат нејзиниот специфичен стил на облекување.rn.rn

    1. Фустани и мини здолништа

    rnНе е тешко да се воочи дека поголемиот дел од времето, Блер го поминува во женствени и елегантни мини здолништа и фустани, кои во студените денови од годината ги комбинира со хулахопки во интересни, густи бои и дезени.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Како да се облекувате како Blair Waldorf?Здолништата кои ќе ги изберете нека бидат од квалитетни, тешки материјали, со едноставна кројка и интересни детали, како на пример, каиш со интересен дезен и форма.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Блер не носи фармерки, тоа е првото нешто што треба да го промени оној кој сака својот стил да го приближи до нејзиниот.rn.rn

    2. Класични парчиња

    rnБидејќи Блер посетува приватно училиште кое налага носење униформа, многу од нејзините парчиња се така избрани за да се претопат добро во нејзината школска униформа. Тоа може да се бели кошули со женствени машни во црна боја околу јаката, класични здолништа во темно сини нијанси или црни, а понекогаш и класични, тенки вратоврски. Кошулите и блузите се секогаш закопчани до последно копче. За изгледот да биде комплетен, вие би можеле да зачините со детали во јака боја, како интересна панделка која ќе ја врзете околу главата.Како да се облекувате како Blair Waldorf? rn

    3. Јаки бои

    rnНа неколку наврати ги спомнавме деталите во јаки бои како одлика на Блер, па вреди да се одвои цел пасус за нив. Без разлика на нејзината комбинација, таа секогаш успева да вметне некое парче кое ќе отскокнува. Неважно е дали станува збор за палто во црвена боја, индиго боја чанта или пак портокалови хулахопки искомбинирани со нејзината класична училишна униформа. Таа го одржува својот изглед свеж со овие јаки бои. Нејзините омилени бои се црвена, портокалова и жолта.Како да се облекувате како Blair Waldorf?rn

    4. Женствени детали

    rnБлер е најженствена од сите девојки со кои се запознавме во серијата. Токму поради тоа, таа обожува да комбинира елегантни парчиња од тантела, еднобојни машни, панделки и набрани материјали.rnКако да се облекувате како Blair Waldorf?rn

      rn011

    • rn

      Модните додатоци на Блер

      rn

    • rn

    rn

    Панделки околу главата и венчиња

    rnБлер своите панделки ги комбинира на секакви можни начини и во сите можни видови и дезени. Сѐ што е потребно е малку имагинација која може многу да го промени вашиот изглед.Како да се облекувате како Blair Waldorf?rn

    Хулахопки

    rn

    Таа може да биде видена во сите можни бои на хулахопки кои не може да останат незабележливи, од светло црвени, до сиви, бели, кафени и познатите густи црни хулахопки.Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    rnrn

    Фризурата на Блер

    rnБлер скоро секогаш својата средно долга, кафена коса ја носи пуштена, благо извиткана и со многу волумен. За разлика од витканите прамени на Серина кои делуваат несредено, косата на Блер е секогаш средена и беспрекорна.Како да се облекувате како Blair Waldorf?За дополнителни идеи и инспирација, погледнете ги и останатите слики во галеријата.