Искуството е еден од најдобрите учители. Кога ќе погледнете наназад пред 15 години, често се каете зошто тогаш не сте знаеле некои работи, или не сте постапиле поинаку… Но, тоа сега е готово, важно е дека сте присутни овде и сега и дека сега сте подготвени да го примените она што ве научил животот.rnrn
rnrnЕдна од најголемите животни лекции е дека никогаш не треба да се откажувате од самите себе туку да се откажете од луѓето кои ве повредиле. Како може човек да почне да се цени себеси и да се откаже од луѓето кои постојано го повредуваат? Прочитајте ги нашите совети.rn
1. Поставување приоритети
rnНа почетокот изгледа како игра, но навистина е тешко да не им дозволите на другите да го „креираат“ на некој начин вашиот живот. Сепак, не заборавајте дека не е важно дали сте совршени за другите туку важно е она што го носите во себе.rn
2. Слушнете ги вашите внатрешни потреби
rnВашата енергија е драгоцена и мора да биде тука за да му служи на вашиот личен развој, слушајќи се себеси и давајќи им приоритет на внатрешните потреби.rn
3. Не секој го заслужува вашето срце
rnКога ќе почнете повеќе да се цените себеси, сфаќате дека не сите имаат најдобри намери и дека околу вас има токсични луѓе. Анализирајте ги односите со секој член од вашиот затворен круг и дознајте кои се луѓето кои се секогаш со вас, а кои ви ја трошат енергијата, ве изневеруваат и повредуваат.rn
4. Простете, но не се поврзувајте повторно
rnКога сте разочарани од некоја личност, чувствувате горчина, тага, вознемиреност, но важно е да простите – тргнете го тој товар. Тоа не мора да значи дека треба повторно да се зближите со личноста која ве повредила неколку пати, кажете ѝ дека ѝ простувате и дека не можете повеќе да продолжите со истиот однос. Време е некои подобри и повредни луѓе да ја пополнат празнината.rnrnОткако прочитавте како да се откажете од луѓето кои ве повредуваат, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs


rn
rnrnКога сакаме да бидеме посреќни, побогати или сакаме да ги подобриме нашите животи на еден или друг начин – бараме нови начини да ги исполниме нашите животи. Усвојуваме нови навики, се стекнуваме со нови вештини, купуваме нови книги или облека. Сепак, се чини дека кога се опкружуваме со старите познати работи, се чувствуваме посигурни. Но, наместо да собираме работи кои нè прават среќни, зошто да не се откажеме од некои работи кои повеќе не ни служат?rnrnПрочитајте во продолжение од кои работи треба да се откажете, почнувајќи од денес:rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Балон бр. 1″ active=”false”]Тешко ви е да се разделите од нешто што е присутно во вашиот живот долго време. Навиките, пак, ве спречуваат да сфатите дека оваа ситуација станала токсична! Тешко ви е да промените нешто бидејќи сте навикнати на стариот начин на живот. Наскоро ќе сфатите дека за да продолжите напред, ќе треба да ставите крај на врската со одредени луѓе. Тоа значи дека имате избор да зачекорите напред или да продолжите како и порано. Не заборавајте дека вие сте тука со цел и никој не може да ве спречи да дадете сè од себе и да се борите за своите соништа![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Балон бр. 2″ active=”false”]Честопати се случува чувството на незадоволство кое се крие во вас да ве спречува да продолжите понатаму. Единствениот начин за справување со оваа негативна емоција е разбирањето, прифаќањето и простувањето. Ова не значи дека треба да го избришете минатото или да заборавите што се случило. Напротив, преку простувањето ќе научите како да одите напред во животот полни со љубов, вера и надеж![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Балон бр. 3″ active=”false”]Само затоа што нешто функционирало во минатото, не значи дека сè уште е исправно за вас. Тоа може да биде врска, работа, дом или навика. Вие се менувате. Светот и универзумот околу вас се менуваат. Збогувањето со нешто или некого не секогаш значи дека сте слаби – тоа едноставно значи дека сте доволно силни и паметни да го оставите старото за да направите простор за новото. Не грижете се за вратата што се затвора зад вас. Нови врати се отвораат секој момент и ќе ги видите ако продолжите да одите напред. Тие ќе ви донесат и нови можности, а вам ви преостанува да ги искористите![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да 
rn
rn
rn

