КАФЕ ПАУЗА

Tag: организирано

  • Со правилото 1-3-5 можете да постигнете сè што ќе посакате!

    Со правилото 1-3-5 можете да постигнете сè што ќе посакате!

    Ако не умеете да управувате со своето време, постојано доцните и не стигнувате да завршите сè што сте планирале, тогаш правилото на 9 работи или подобро познато како правило 1-3-5, без сомнение може многу да ви го олесни животот. До ова правило дошле психолозите, занимавајќи се со еден од најголемите проблеми на современиот човек – недостатокот на време.rnrnrnrnСо ова правило лесно ќе ги одредите вашите приоритети, а тогаш уште полесно ќе стигнете и да завршите сè што треба. Суштината е во тоа да не планирате повеќе од девет обврски дневно. Од тие девет, една обврска треба да биде главна, три да бидат помалку важни, а пет треба да бидат рутински работи, како на пример да одите на пазарување или пак да го прошетате вашето милениче.rnrnОсновна задача на ова правило е јасно да ги поставите приоритетите и да одредите време коешто ќе го посветите на секоја од активностите. Колку е поважна активноста, толку повеќе време ќе ѝ посветите, а колку е помалку важна толку помалку време ќе вложите. Кога ќе направите ваков план, никогаш повеќе нема да бидете во паника. Многу брзо ниту една обврска од вашиот список нема да остане незавршена. Освен тоа, шемата 1-3-5 многу ќе ви помогне и во случаите кога ќе излезе нешто непредвидено, затоа што, благодарејќи на неа, веднаш и без нервози ќе сфатите што можете да отфрлите од списокот и да ја вметнете новата работа. Ова може да се спроведе многу лесно, па при крајот на денот ќе бидете опуштени, задоволни и многу помалку уморни.

  • Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Дали пред вас е недела полна со обврски и задачи? Дали вашата листа со обврски кои треба да ги завршите изгледа како да нема крај? Посакувате да ги имате работите под контрола, а со тоа да го намалите стресот? Засукајте ги ракавите и подгответе се за најпродуктивната недела досега!rn

    1. Точно дефинирајте кои обврски треба да ги завршите

    rnВажно е да знаете кои се обврските кои треба да ги завршите. Составувањето на must-do листа е неопходно за стресната недела што ве очекува. Ако не знаете што точно треба да направите, тогаш голема е веројатноста да не ги исполните вашите обврски. Организирањето на вашите обврски и задачи ќе ве доведе до нивно остварување. Забележете колку време од вашиот распоред бара секоја од обврските кои ги имате и според тоа организирајте го времето.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    2. Поделете ги обврските на помали делови

    rnДоколку вашата главна обврска за оваа недела, на пример е да му доставите на вашиот работодавец драфт од вашиот проект, тогаш вметнувањето на тоа во вашата листа со задачи не ви завршило некоја голема работа. Наместо тоа, поделете ја задачата на помали чекори. Организирајте го времето. На пример, првиот ден ќе барате извори за вашиот проект, вториот ден ќе ја организирате структурата на пишаниот материјал, потоа ќе се консултирате итн. Секоја од овие помали задачи ја има улогата на ментален координатор – знаете што сте направиле и колку далеку сте стигнале.rn

    3. Вистински организирајте се

    rnМала е веројатноста дека нема да работите под стрес ако имате белешки на сите страни и документите кои ви требаат за одреден проект се сосема измешани со други со кои ни најмалку не се поврзани. Ако не знаете што каде се наоѓа и каде да го барате, губите скапоцено време. Најпрво осигурете се дека имате сè што ви е потребно и дека секој лист хартија си го „знае“ своето место на вашето биро. За таа цел хронолошкото подредување е вашиот најголем пријател.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    4. Најдете начини да заштедите време

    rnСекогаш постои начин да заштедите време и нерви. Побарајте соодветна софтверска програма за вашите цели, која значително ќе ви го олесни преживувањето на „пеколната недела“. Секогаш изнаоѓајте начини за заштеда на време и олеснување на вашата работа бидејќи секогаш постојат.rn

    5. Направете распоред за извршување на обврските

    rnНекои преферираат најпрво да ги извршат поголемите и посериозни обврски за да си го тргнат најголемиот товар. Други пак, најпрво ќе ги извршат помалите обврски за да си го „исчистат“ патот. Вие одберете го начинот кој најмногу ви одговара. Исто, доколку имате обврски чиј краен рок се наближува, не одлагајте и направете ги примарни.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    6. Забележувајте го напредокот

    rnМоже тоа да го правите во табела каде ќе го внесувате секој ваш чекор и накратко ќе го сумирате она што е важно. Така не само што ќе имате поголема прегледност, туку и ќе се поштедите од пребарување по материјалите за некоја важна информација која сте ја внеле.rn

    7. Поделете ги обврските според тоа кога работите најдобро

    rnДоколку сте посконцентрирани наутро непосредно по будењето, тогаш токму тој е периодот кога треба да работите на оние обврски кои бараат од вас максимална концентрација. Доколку пак, вашата креативност е најголема навечер, организирајте го времето така што обврските кои од вас бараат креативност или логично размислување ќе ги извршувате во тој период од денот. Исто, во правењето на вашиот дневен распоред влијаат и други нешта, како на пример, во кој период од денот имате слободна и тивка просторија на располагање и сл.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Практични начини да го организирате домот

    Практични начини да го организирате домот

    Ви нудиме интересни идеи кои ќе ви помогнат хаосот во вашиот дом да го претворите во беспрекорен ред.rnrnВашите ножеви ќе бидат подобро организирани и видливи доколку ги наредите на магнетна плоча. На ваков начин, ќе ослободите простор за безброј други кујнски работи.rnrnrnrnНесесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да заалепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.rnrnrnrnСите дома имаме многу кабли кои се потребни за уредите што секојдневно ги користиме. Во случај да се само приклучени и оставени, оддаваат слика на неуреден дом. Мора да се согласите дека оваа кутија е уникатна во тоа на каков начин ги собира и ги прави невидливи сите кабли.rnrnrnrnТолку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња. Иако првично е наменета за чевли, во ваквиот случај би била одлично решение.rnrnrnrnСкала закачена на ѕид наменета за сушење алишта. Одлично решение за сите домови со мал простор.rnrnrnrnДоколку сте љубители на чизми, веројатно имате многу во вашиот плакар за чевли. За да не барате која со која си одговара пред секое излегување, организирајте ги закачувајќи ги на закачалки за пантолони.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnПочнете да ги вртите обратно закачалките кога ќе ја враќате назад носената облека. За неколку месеци оние закачалки што останале непревртени се сигурен знак дека имате вишок облека која не ви е потребна.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnКога станува збор за постелата, најдобар начин да ја организирате е доколку ги чувате сите чаршафи во една навлака од истиот комплет.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnОбичните тегли се идеални за складирање на сите ситници кои се присутни во секој дом. Во нив можете да сместите железни пари, копчиња и разни ситни дреболии.rnrnrnrnДоколку сте љубители на зачинета храна и поседувате многу зачини дома, ви нудиме уникатно решение за нивно складирање. Купете мали магнетни стаклени садови, ставете ги зачините во нив и залепете ги на фрижидерот.rnrnrnrnКупете метален држач на кој ќе ги закачете сите ремени. Така ќе бидат прегледни и убаво организирани.rnrnrnrnИ за многуте пара очила имаме решение. Потребно е само да земете голема закачалка и да ги наредите сите пара.rnrnrnrnСите ситни работи од бањата можете да ги организирате во засебни стаклени тегли. Тие ќе бидат подобро организирани, а и вашата бања ќе изгледа чисто и уредно.rnrnrnrnРазните декоративни алки можете да ги наредите на стаклени шишиња. Освен подобра прегледност на вашиот накит, ќе добиете плус креативен украс.rnrnrnrnКога сме веќе кај накитот, добра идеја е долгите ланчиња и ѓердани да ги чувате закачени на метални боцки на дрвена подлога која можете да ја обложите со интересна ткаенина која дополнително и ќе го декорира просторот.rnrnПрактични начини да го организирате домотrnrnВаква табуретка е одлична идеја набрзина да го сокриете сé она што ве нервира, а не сакате да се гледа. Најдобар начин да се искористи е на брз начин да се сокријат детските играчки.rnrnrnrnОсвен добро складирање на разните состојки во тегли со капаци што вакумираат, важно е да ги обележите. Направете налепница за секоја тегла и залепете ги. Така никогаш нема да погрешите во врска со состојката што ви е потребна.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до брза промена на вашето расположение?

    Како до брза промена на вашето расположение?

    Имате лош ден? Уште утрово нешто ви тргна наопаку? Не е ни пладне, а вие се чувствувате уморно и безволно? Не предавајте се, нема потреба да го чекате наредниот ден за да почнете одново, нема потреба да го изгубите целиот ден тонејќи во негативни мисли и безделничење, туку во истиот момент променете си го расположението и направете си го денот подобар!rnrnКако до брза промена на вашето расположение?rnrnРедуцирајте ја негативната енергија – опуштете се, ослободете се од лошите мисли, излезете надвор и земете воздух. Тргнете ги од глава сите нешта кои ве вознемируваат и ви носат негативна енергија, на тој начин ќе направите простор за позитивните и убави мисли. rnrnПростете – заборавете на лутината која сте ја држеле во себе подолго време, ослободете се од омразата и не мислете лошо никому, туку мислете добро за себеси. Фокусирајте се на убавите нешта и добрите луѓе во вашиот живот, потсетете се на сите оние работи кои сте ги направиле феноменално, на сите среќни мигови и неодамнешните успеси. Бидете горди самите на себе!rnrnОстанете организирани – започнете со средување на вашата соба, вашиот дом, проветрете ги просториите, средете си ја облеката, направете промена во распоредот на мебелот, промена која ќе ви годи. Средете ги старите спомени, слики, писма. Направете си распореди и потсетници, бидете активни, делувајте организирано и подготвено. Завршете ги сите обврски кои ви биле предвидени за тој ден и имајте план за наредниот! rnrnМузичка терапија – пуштете ги вашите омилени песни, влезете под туш и пејте гласно. Направете си го омилениот пијалак и продолжете со пеење. Нека не ви е грижа за тоа дали изгледате глупаво или смешно. Научете ја кореографијата на вашата омилена песна и танцувајте. Забавувајте се самите без да ви биде грижа за ништо. rnrnСмејте се без причина – оние кои се смеат без причина не се луди. Напротив, научниците тврдат дека кога се смеете без разлика дали сте среќни или не, вашето расположение се подобрува. Смејте се гласно дури и кога не ви е до смеење, зашто чувствата следат по делата. rnrnПовикајте ги најблиските – Кога расположението не ви е баш на високо ниво, не останувајте долго сами. Одберете ги најпозитивните личности во вашиот живот и излезете на прошетка, напијте се кафе и сетете се на сите лудории кои сте ги направиле заедно. И се разбира, одете на купување зашто добар шопинг со пријателите не може никако да ви наштети. rnrnНаучете да речете „не“ – Свртете го вниманието кон себе и фокусирајте се на своите проблеми. Научете да го одбиете она што не ви одговара, научете да речете „не“кога некој од вас бара услуга за која ќе изгубите многу од своето време и која ќе ве спречи да ги следите своите интереси. rnrnПослушајте го детето во себе – направете неколку неразумни детски работи кои би ве направиле среќни. За момент заборавете дека не сте веќе дете и препуштете ù се на детската радост. rnrn„Купете“ си среќа – можеби среќата со пари не се купува, но купувањето на некаква навидум мала и безначајна работа може да ве направи многу среќни. Купете си некаква ситница која ќе ви го промени расположението, како вашето омилено чоколадо или ќесичка гумени бонбони.rnrnНаправете листа за благодарност – Научете како да бидете благодарни за нешто секој ден. На крајот од денот направете листа од сите добри случувања, листа која ќе ги содржи сите оние работи за кои сте благодарни бидејќи ви се случиле токму вам тој ден. rn
    rn

    „Среќата е како пеперутка, колку повеќе трчаш по неа, толку повеќе бега од тебе, затоа свртете го вниманието кон други работи и кога најмалку ќе очекувате, таа мирно ќе ви долета на рамо,“ – Хенри Дејвид Торн, американски автор, поет и филозоф.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работни бироа кои секој би ги посакал

    Работни бироа кои секој би ги посакал

    Без разлика дали работите како дизајнер, програмер, видеомонтажер, пишувате книга или водите блог од дома, вашето работно биро игра многу важна улога во вашето работење. Некои сакаат да им е едноставно и секогаш чисто, други го сакаат пренатрупано, но во секој случај, тоа секогаш мора да е добро организирано за да можете барем вие да се снаоѓате додека работите на него.rnrnОвие прекрасно организирани работни бироа, со многу техничка опрема, кои претставуваат своевидни работни станици, се одличен пример како треба да изгледа едно мало катче на вашето работно место. Работни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.