КАФЕ ПАУЗА

Tag: опасно

  • Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Можеби мислите дека можете да пикнете сѐ во микробрановата печка. Но, всушност постојат низа јадења, садови и амбалажи кои никако не смеете да ги загревате во микробранова. Некои се штетни по здравјето, додека пак други може да го расипат самиот уред, па дури и да предизвикаат пожар.rnrnraboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-stavate-vo-mikrobranova-kafepauza.mkrn

    Пластични садови за еднократна употреба

    rnПластичните амбалажи од јогурт, маргарин или кисело млеко не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој вид пластични садови можат да се деформираат во микробрановата или дури и целосно да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.rn

    Варени јајца

    rnНемојте да се залажувате – тврдо варени јајца во микробранова се апсолутна грешка. Ако сакате да направите тврдо варени јајца во микробранова, најверојатно ќе добиете само голем неред за чистење. Брзото загревање на микробрановата печка, во јајцата создава голема количина пареа, а насобраната пареа на крај резултира со пукање на јајцата.rn

    Амбалажа од стиропор

    rnХраната за носење обично ја пакуваат во амбалажа од стиропор, па ако ви останала од ручекот на работа, не помислувајте да ја подгревате во микробранова пред да ја дојадете. Стиропорот е вид пластика, а микробрановата е огромен непријател на пластиката, освен ако на амбалажата не е наведено поинаку.rn

    Грозје

    rnНекои видови овошје може да издржат високи температури, но не сите. На пример, грозјето ќе експлодира, а сувото грозје ќе зачади.rn

    Метален прибор за јадење

    rnСекако треба да се избегнува користење на метални виљушки, лажици и сл., без разлика дали златни или сребрени. Имено, металот може да реагира на високата температура и да ја оштети микробрановата печка. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија која може дури да се запали.rn

    Пластични садови за складирање храна

    rnПластичните садови за чување храна можат да бидат многу различни, па ако на садот не е наведено дека е погоден за користење во микробранова, немојте да ризикувате.rn

    Лути пиперчиња

    rnЗагревањето на лутите пиперки во микробрановата нема да им направат ништо на самите нив, но во моментот кога ќе ја отворите вратата, тие ќе испуштат хемиско соединение кое силно ќе ви ги надразни очите и грлото.rn

    Ништо

    rnНе е добро ниту да ја пуштите микробрановата празна. Во таков случај, таа нема да има што да апсорбира па може да се расипе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најопасни затворски банди во светот

    10 најопасни затворски банди во светот

    Затворот е место во кое се затвора оној кој сторил одредено кривично дело со цел да го смени своето однесување и во иднина да не ја направи истата грешка. Сепак, тие не успеваат секогаш да ја исполнат целта заради која постојат. Тоа е особено очигледно со сторителите на најтешки кривични дела кои се осудени на над десет години затвор или доживотно. Кога тие влегуваат во затворот знаат дека таму ќе останат многу долго време, почнуваат да се адаптираат на новата средина и не ги интересира ресоцијализацијата. Тие формираат банди во рамките на затворите, или се приклучуваат кон веќе постоечките и предизвикуваат терор и низ самата казнено-поправна институција, а има и такви кои и покрај тоа што се зад решетки и понатаму успеваат да управуваат цели криминални империи во и надвор од затворите. Ова се најопасните десет од нив.rn

    1. Бројките, Јужна Африка

    rnrnОваа банда името го добила по поделеноста на улогите во самата организација. Таа има три ограноци: 26-те се задолжени за собирање пари, 27-те имаат задача да се грижат за спроведување на правилата во групата, а 28-те важат за воини. Членовите на оваа банда се страв и трепет за затворите во Јужна Африка затоа што не се плашат од властите. Показател за тоа е фактот што новите членови својата спремност да пристапат ја докажуваат преку вооружен напад на чувар во затворот. Нивните лидери честопати се сметаат за одговорни за по 1.000 убиства. rnrnБројките имаат и свој сопствен правен систем. Ако некој член на кој било начин ги прекрши правилата кои владеат во бандата ќе биде изведен пред нивниот „суд“. Една од можните санкции е и смрт, која се извршува веднаш по судењето, најчесто со пресекување на гркланот. За помалку сериозните прекршоци казната е засекување на анусот до мера во која се пушта крв, по што ХИВ позитивен затвореник го силува прекршителот.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrnrn

    2. Примеиро Командо да Капитал, Бразил

    rnГрупата започнала да постои кога осум затвореници се сретнале во затвор во Сао Пауло во 1993 година, а денес веќе контролираат поголем дел од криминалот во и надвор од затворите во овој бразилски град. Се смета дека затворениците успеваат дури да организираат и шверц на одредени стоки во соседните држави.rnrnСуровоста на Примеиро Командо да Капитал дојде особено до израз во 2006 година во акција во која бразилската полиција се обидела да ги фати одговорните за смртта на 40 полицајци. Во судирот меѓу бандата и властите загинале околу 150 лица. Наводно, затворениците преку мобилни телефони ги организирале акциите на бандата тој ден.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    3. Тринитарио, САД и Доминиканската Република

    rnБандата е основана во 1989 година со цел да им понуди заштита во затворите на хиспано-американските затвореници, но со текот на времето зајакнала толку многу што денес се работи за криминална група која заработува од шверц на дрога, заплашување на сведоци, кражби и убиства. Се претпоставува дека во неа членуваат околу 30.000 лица.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    4. Блек Герила Фемили, САД

    rnБлек Герила Фемили е основана во озлогласениот затвор Сен Квентин од страна на поранешен член на Црните пантери и уште еден затвореник. Тие имаат листа на цели, меѓу кои и соборување на власта во САД и искоренување на расизмот од земјата, но нивната најголема активност сепак е насилството во затворите кое произлегува од непризнавањето на авторитетот на службите. Регрутираат нови членови така што ги пикираат црните членови на улични банди кога ќе пристигнат во затвор и ги прибираат кај себе.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    5. Нуестра Фамилија, САД

    rnНуестра Фамилија била основана во Калифорнија како одговор на насилството на Мексиканската мафија над останатите затвореници од латино-американско потекло. Со текот на времето добивала на бројност, а со тоа и на моќ. Затворениците од оваа група имаат силни врски со надворешните членови и честопати успеваат да прошверцуваат дрога низ обезбедувањето на затворите. Нуестра Фамилија и Мексиканската мафија се жестоки противници во и надвор од затворите.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    6. Њета, Порторико

    rnЧленовите на Њета се залагаат за целосна независност на Порторико од САД, па затоа себеси се доживуваат како угнетени од страна на американските власти. Тоа, секако, им е силен мотив за „бунт“ преку извршување на криминални дејствија. Се претпоставува дека имаат вкупно околу 90.000 членови во целиот свет, но тоа е тешко да се утврди поради тоа што членовите се должни да го чуваат членството во тајност.rnrnИсто така се и многу брутални. Станале познати по еден настан кога користејќи лажици ископале дупка која води до ќелијата на лидерот на ривалската банда, го избоделе 150 пати и го исекле на 84 парчиња. Деловите ги пратиле на повеќе луѓе, меѓу кои и на неговата мајка.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    7. Наци Лоурајдерс, САД

    rnОва е криминална група на белци-расисти. Иако ја користат својата идеологија за да привлечат нови членови, нивната главна цел сепак остануваат парите кои ги заработуваат преку шверц на дрога и грабежи. Нивниот најпознат чин на бруталност се случил во 1996 година кога претепале до смрт црн тинејџер.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    8. Ариевското братство, САД

    rnАриевското братство е уште една наци-расистичка организација која оперира во и надвор од американските затвори. Иако претставуваат само еден процент од вкупната популација која се наоѓа во затворите, се смета дека тие се одговорни за дури 20 проценти од вкупниот број на убиства таму. Има еден интересен случај кога водач на мафијашка група се приклучил на Ариевското братство со цел да се одбрани од друг затвореник кој го малтретирал, по што затворската управа на напаѓачот му доделила поголема заштита во ќелијата.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    9. Мексиканска мафија, САД

    rnМексиканската мафија се смета за најактивна и најмоќна затворска банда во САД. Убиваат за какво било прекршување на нивните правила на игра. Се занимаваат главно со шверц на дрога, која постојано успева да се протне и во самите затвори.rnrn10 најопасни затворски банди во светотrn

    10. Братството, Шведска

    rnИако скандинавските земји се познати по нивната прогресивност во казнената политика, сепак една од најопасните групи на светот доаѓа од Шведска. Познати се по бруталната примена насилство, и во ќелиите и надвор од нив. Во 2007 година, во еден ноќен клуб во Гетеборг убиле член на друга банда кој навредил нивен член поради тетоважата која ја имал. Иако се доста мала група од само 60-70 членови, сепак важат за многу опасни.rnrn10 најопасни затворски банди во светот
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Можеби возачката култура во Македонија е на незавидно ниво, но никој не вози поопасно од младите луѓе во Саудиска Арабија. Се разбира дека дрифтањето е кул работа, но тоа не е ништо во споредба со последното возачко лудило кое се случува на Средниот Исток. Ваквото возење се нарекува „странично скијање“ и буквално значи возење на автомобилот на страничните тркала, со голема брзина.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОвој начин на забавување на младите вклучува странично возење на две тркала на прометни улици, а притоа патниците во автомобилите изведуваат различни трикови, како на пример стоење на кровот од автомобилот, седење на рамката од отворениот прозорец, па дури и менување гума на тркало во текот на возењето. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОваа егзибиција опасна по живот, очигледно се популаризирала од акционите филмови како што се „The Dukes of Hazzard“ и „Diamonds Are Forever“, а неодамна беше застапена во видео записот на раперката M.I.A. за песната „Bad Girls“.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаСтраничното скијање исто така стана вид спорт за гледачите на адреналински спортови. Толпи од млади девојки и момци седат покрај страните на патот и навиваат за ваквите зависници од адреналин. Некои дури се вклучуваат во нивните смртоносни рути, така што легнуваат на асфалтот и дозволуваат возилото да ги прескокне возејќи со вратоломна брзина. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаЛудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаВозачите користат платформа за да ги навалат возилата на две тркала, а потоа се потпираат на нивните способности зад воланот, за да го спречат превртувањето на автомобилот и потенцијалното убивање на нивните патници. Премалку е да се каже дека овој спорт е екстремно опасен нели?!rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џиновски бран кој спречил романтичен предлог за брак

    Џиновски бран кој спречил романтичен предлог за брак

    Кога си го замислувал неговиот предлог за брак на неговата идна сопруга, Метју Хартман веројатно никогаш не го имал ова во план! Откако ѝ отпеал песна на неговата девојка Елизабет која сам ја напишал, стоејќи на карпа сред океанските бранови на плажата Лагуна во Јужна Калифорнија, тој клекнал на коленото и го извадил вереничкиот прстен. Нивните пријатели биле во близина за да го снимат и фотографираат убавиот момент и одненадеж, огромен бран удрил во карпите и ги кутнал идните младоженци во вода.Џиновски бран спречил романтичен предлог за бракФилмскиот романтичен момент се претворил во една неочекувана авантура, во која моќниот бран ги истуркал заљубените кон брегот, сосе прстенот. Но, брзо се оправиле од ситуацијата, никој не изгледа повреден, прстенот е спасен и најбитно од сѐ, таа рекла „да“.rn

    rnФотографот Џон Хванг бил најмен за да го документира запросувањето, кој одлично си ја завршил работата, успевајќи да го улови воодушевувачкото розово небо и лудиот удар на брановите во позадина на овој возбудлив настан, кој љубовниот пар и нивите пријатели сигурно нема никогаш да го заборават.Џиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за брак
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најопасните железнички линии

    Најопасните железнички линии

    Дали би се осмелиле да патувате по најстрашните железнички пруги во светот?rn
    rn

    Tren a las Nubes, Аргентина

    rnЗавршена во 1932 година во аргентинскиот град Салта, железничката пруга Tren a las Nubes или „Воз во облаците“ е една од најголемите пруги во Јужна Америка. Долга е околу 435 километри и потребни се 16 часа за да се помине целата пруга. Првичната цел на оваа линија била подобрување на економијата, а денес функционира единствено за туристи. Линијата минува низ полиња со тутун, низини, 29 мостови и 21 тунел пред да се искачи по вијадуктот Ла Полворила, на висина од 4.200 метри. Најопасните железнички линииrn

    Белиот премин и рутата Јукон, Канада и САД

    rnОваа железничка пруга долга околу 177 километри ги поврзува пристаништето Скагвеј во Алјаска, денес популарна станица за бродови и Вајтхорс, главниот град на канадската територија Јукон. Тесната железничка пруга била завршена во 1900 година, кон крајот на популарната Златна треска. Линијата минува низ многубројни стрмнини, десетици мостови и карпести свиоци, сите проследени со огромни глечери, планини и водопади. Најопасните железнички линииrn

    Nariz del Diablo, Еквадор

    rnЖелезничката линија Nariz del Diablo или „Носот на ѓаволот“ поминува покрај еквадорскиот град Алауси, во близина на градот Риобамба кој се наоѓа на Андите, спуштајќи се 80 километри јужно, кон градот Палмира. Возот по оваа линија се движи бавно за патниците да може да уживаат во глетката на Еквадор, позната како „Авенија на вулканите“. До пред извесно време на патниците им беше дозволено да седат на покривот од возот за повеќе да уживаат во пејзажите покрај кои минува линијата. Ова задоволство беше укинато заради стрмнините по кои се искачува возот. Најопасните железнички линииrn

    Железницата во Џорџтаун, САД

    rnИако е долга само 7 километри, железницата во Џорџтаун повеќе од еден век е главна туристичка атракција. Возот ги зема патниците од Џорџтаун, Колорадо и ги носи во соседниот град Силвер Плум, искачувајќи се повеќе од 6.000 метри и минувајќи низ спектакуларен планински терен. Оваа железница работи само во периодот од април до декември. Најопасните железнички линииrn

    Железница на смртта, Тајланд

    rnПовеќе од 90.000 работници и 16.000 воени затвореници загинале за време на изградбата на железничката пруга долга 415 километри, која ги поврзува Бангког во Тајланд и Мјанмар во Бурма. Возењето по оваа железничка линија денес е популарно за посетителите на градот Канчанабури, кој се наоѓа северозападно од тајландската престолнина. Линијата минува покрај големи карпи и преку голем број дрвени мостови. Најопасните железнички линииrn

    Мостот Памбан, Индија

    rnГрадот Рамешварам на островот Памбан е поврзан со индиското копно преку мост долг околу 2,5 километри, кој истовремено претставува и железничка линија. Оваа линија е посебно популарна кај верниците затоа што и самиот град Рамешварам е едно од попопуларните места за аџилак. Најопасните железнички линииrn

    Бамбусовата железница, Камбоџа

    rnВо обид да се справат со земјата која е позната по несигурната и примитивна железничка мрежа, жителите на Камбоџа ги презеле работите во свои раце и создале сопствен сервис, користејќи „возови“ направени од бамбус. Овие возови може да достигнат брзина и до 40 километри на час, генерирајќи енергија од мали мотори и може да носат до 10 патници. Проблемот се јавува кога два воза поминуваат по иста пруга. Во тој случај, бидејќи има само една линија, возот со помало оптоварување, се трга од пругата и се враќа откако другиот воз ќе помине. Најопасните железнички линииrn

    Железницата Курунда, Австралија

    rnЗавршена во 1891 година, железницата Курунда ги поврзува градовите Кернс и Курунда во Квинсленд, Австралија. За да стигнете од едниот во другиот град, потребни се 1 час и 45 минути возење по оваа железничка линија, која минува низ Националниот парк и покрај многубројни водопади, тропски шуми и 15 тунели. Најопасните железнички линииrn

    Планинските железници, Индија

    rnЖелезниците Дарџилинг, Калка – Шимла и Кангра биле изградени уште во времето кога територијата на Индија била британска колонија. Денес овие железници сè уште функционираат и секоја од нив поминува низ подножјето на Хималаите, без да го уништат пејзажот. Кога биле изградени, овие железници се сметале за чудо на инженерството, а денес возовите кои сообраќаат по овие линии се неудобни, бавни и преполни со патници. Најопасните железнички линииrn

    Outeniqua Choo Tjoe, Јужна Африка

    rnИзградена во 1928 година, оваа железничка линија ги поврзува градовите Џорџ и Нисна во провинцијата Западен Кејп, во Јужноафриканската Република. Долга околу 68 километри, патувањето по оваа линија трае два часа и нуди неверојатна глетка на крајбрежјето на лагуната во Нисна. За жал, оваа линија е укината од минатата година. Најопасните железнички линии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

    Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

    Ова спектакуларно чудо на природата е наречено Бунарот на Тор и се наоѓа на ‘ртот Перпетуа во американската сојузна држава Орегон. Тоа всушност, е една огромна фонтана со солена вода која црпи енергија од Пацификот, за да може да исфрла бранови големи по неколку метри.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrnДо бунарот може да се пристапи само од северната страна, затоа што од другите е опкружен со океанот. Штом стигне до него, водата се спушта брзо низ неговите стрмни и остри карпести ѕидови, чекајќи можност повторно да излезе надвор.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrnИако е премногу опасно човек да се доближи до Бунарот на Тор, сепак неговата убавина е премногу атрактивна за фотографите да го пропуштат. Огромните бранови и прекрасните зајдисонца се голем предизвик за нив, но свесни се дека во исто време се многу опасни.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrn rn

    „Големите бранови влегуваат во дупката, ја исполнуваат со вода и шумолат, пред пак да излезат од неа. Тоа не се случува со секој бран, тоа зависи од тајмингот и големината на бранот. Претпоставувам дека дупката е длабока околу шест метри и дека ако некој падне во неа нема никакви шанси да преживее,“ ги пренесува своите впечатоци фотографот Дарен Вајт.

    rnМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?

    Дали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?

    Сите ние кога сме биле помали сме слушале од нашите родители дека мора да почекаме да помине барем еден час од последниот оброк пред да одиме да пливаме. Доколку не ја почитуваме таа граница би можело за време на пливањето да ни се појават грчеви и да се удавиме. Всушност постојат неколку цврсти факти кои ја објаснуваат теоријата позади оваа приказна.rnrnДали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?rnrnОткако ќе изедете нешто, вашето тело го зголемува протокот на крв до вашите стомачни мускули за да помогне при варењето на храната. Колку поголем бил вашиот оброк, толку повеќе оксидирана крв му е потребна на вашиот желудник за варењето. Тоа значи дека многу помалку од крвта преостанува за вашите раце и нозе (за кои што исто така е потребно зголемување на протокот на крвта во ситуации како пливање или трчање). Недостатокот на витален кислород кај вашите мускули може да предизвика згрчување, притоа зголемувајќи го ризикот од давење.rnrnЗа рекреациски пливачи, ризикот од згрчување на мускулите по јадењето всушност е многу мал. Вашето тело има повеќе од доволно кислород за да биде распределен и кај стомакот и кај екстремитетите. Вистинската опасност се наоѓа кај оние кои јадат големи оброци пред строги вежби, како подготовки за триатлон. Вакви ситуации можат да доведат до грчење, како и до повраќање. Но дури и тогаш, медицината вели дека шансите за давење се многу мали доколку останете смирени при појавата на грч додека сте во вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

    Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

    Забавно е да го гледате Џејсон Стејтам како крши вилици во „Транспортер“ или како Џет Ли сам против сите врти мечеви во „Херој“, но момците од Холивуд дефинитивно се надминаа себеси кога во акцијата воведоа и убавина. Па наместо да го гледаме пионерот на хемијата Ван Дам или момчето со репот, на екраните пред нас ги имаме опасните нимфи кои дури и да нè истепаат, не би приговарале. На овој начин секој маж ги добива двете омилени работи кои ги бара од филмовите: насилство и секс, на едно место.rn
    rn

    Фокси Браун  – Пам Гриер во „Фокси Браун“

    rnХоливудските постери често се хиперполизирани. Но, одвреме-навреме знаат баш да ги погодат. Таков е случајот со постерот на „Фокси Браун“ кој ја прикажува оваа опасна жена во нејзините вистински бои. Фокси е паметна, дрска, независна, феминистка, да те фати глава колку е секси, а истовремено и јака и смртно опасна со пиштол во рака. Или со зборовите на Тарантино: „Таа е кралица на сите кралици. Суперлоша!“Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Сара Конор – Линда Хамилтон во „Терминатор“

    rnСара Конор е една од најугледните филмски хероини. Нејзината генијалност лесно можеме да ја видиме во сцените каде што бега од лудница само со спајалица која ја чува во уста и користи луѓе како штит кога ќе се најде во тесно. И колку и да паѓам на оскудно облечени жени со големи гради и перфектна коса, како и секој друг тестостеронски поединец, го обожавам фактот што Сара Конор не ја интересира ништо друго освен уништување роботи и спасување на човештвото. Нема тука место за романтики, само оружје доволно за една пристојна револуција, неколку штеки цигари и многу пцуње. Мора да ја сакате!Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Фокс – Анџелина Џоли во „Баран“

    rnВкусно тетовирана, опасна со пиштол како никој пред неа, со коса која изгледа како штотуку да излегла од салон, Анџелина Џоли е опасна бомба играјќи ја улогата на Фокс во „Баран“.  Една од нејзините најжешки улоги дефинитивно, во која веројатно единственото нешто што е поопасно од нејзиниот „закривен куршум“ е нејзиниот поглед. Фокс поседува каскадерски вештини позади воланот и бестрашна способност да пука од автомобил во движење со леснотија и јога-флексибилност. За сите оние кои го гледале филмот или барем трејлерот, кадарот во кој го гледаме голиот тетовиран грб на Џоли како сјае е оној кој горе-долу ја дефинира сликата за тоа како треба да изгледа една „бед ес женска“.Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Тринити – Кери-Ен Мос во „Матрикс“

    rnАко Нео е избраниот, тогаш Тринити е дефинитивно „неговата девојка за сè“. Кратка коса, темни очила, тесно црно латекс-одело и многу часови поминати со тренинг-програмите на Матрицата. Нејзината виртуелна моќ не познава граници, а карактерот и љубовта кон Нео ја прават бескомпромисна и незапирлива. Да сме начисто, без неа патот на Нео ќе беше многу, многу потежок.Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Беатрикс Кидо – Ума Турман во „Убиј го Бил“

    rnБеатрикс Кидо („Невестата“) е безмилосна убица која ги елиминира своите мети со смртна прецизност. Нејзината катана е практично човечки блендер, кога ќе ја извади од својата футрола, скоро сигурно ќе видите гејзери од крв, раце и нозе без сопственици и по некој исплескан гaз.rnrnБеатрикс ја прави својата листа и не запира додека сите имиња на неа не се пречкртани. Борба со нож со експертка за сечила? Проверено! Крвав маскембал со 88 лудаци со самурајски мечеви? Проверено! Тепачка во камп-приколка со отровна змија и нејзината сопственичка? Проверено! И на крај, секако финалната пресметка со Бил лично. Без разлика колку насилни и садистички стануваат нејзините пориви, до самиот крај ние сме на нејзина страна. Плус, тесни фармерки или „игра на смртта“ моторџиско одело, едно мора да се признае. Невестата се одмаздува со стил. Многу е тешко да ѝ одолеете…Опасни и СексиОпасни и Секси
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најопасните патишта во светот

    Најопасните патишта во светот

    Верувале или не, возењето по македонските патишта не е најлошото возачко искуство што може да ви се случи, вам и на вашиот автомобил. Во светот постојат патишта кои се толку лоши, што изгледаат опасно само да ги гледате, дури и без да знаете за огромниот број несреќи кои се случуваат на нив. Всушност, кога ќе ги видите фотографиите кои следуваат, за некои од нив и ќе се зачудите како и зошто воопшто се нарекуваат автопати.rnrn

    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Северен Јунгас во Боливија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Лос Караколес на Андите
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот покрај Јадранот во Хрватска
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Гримсел, Швајцарија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Тунелот Гуолијанг во Кина
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Халсема, Филипини
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Каракорам кој ги поврзува Кина и Пакистан
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Ладах, Индија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Лисеботн, Норвешка
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Манали-лех во Индија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот помеѓу Сичуан и Тибет
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Кањонот Скиперс, Нов Зеланд
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Стелвио, Швајцарија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Тароко, Тајван
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Пан-американскиот автопат

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C

    Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C

    Овие воодушевувачки фотографии ја прикажуваат убавината и магијата на ледените пештери, кои лежат длабоко под површината на најголемиот глечер во Европа. Скарфедин Трејнсон го ризикувал неговиот живот за да ги направи овие величествени фотографии на температура од  -12° C под ледникот Ватнајокул во јужен Исланд.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CБрилијантните ледени ѕидови неодамна се срушија врз еден друг фотограф, што значи дека можеле да го убијат г. Трејнсон во секој момент.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CШуплините во ледникот се формираат како резултат на реакцијата помеѓу стопената вода и ледената плоча и тие постојано се движат и ја менуваат формата на пештерата.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CВатнајокул е голем 3.100 километри квадратни и покрива 8% од површината на Исланд. Неговата просечна дебелина изнесува 400 метри, а под неговата површина има седум активни вулкани, вклучително и вулакнот Гримшвот кој еруптирал во 1996, 1998 и 2004 година.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CТриесет и деветгодишниот г. Трејнсон, кој покрај тоа што се занимава со фотографија, работи и како машински инженер вели:rn
    rn

    „Има многу ледени пештери во исландските глечери на јужниот брег од Исланд, како и во планините. Големината и формацијата на ледниците се менува секое лето, кога се топи најголемиот дел од нивната површина. Овие две пештери кои ги има на фотографиите се околу четири метри високи и десет метри долги. Влегувањето во ледените пештери е опасно, поради фактот дека мразот може да се сруши во секој момент. rnrnНеодамна се случи трагедија, кога фотограф загина додека ги истражуваше глечерите во Исланд и на луѓето им се препорачува никогаш да не шетаат низ нив сами. Од безбедносни причини не му препорачувам на никој да влегува во глечерите без локален водич. Најбезбедниот начин да се влезе во нив, е во најстудениот зимски период од годината, кога има помали шанси да се сруши мразот врз вашата глава. Јас ги направив овие фотографии во декември.“

    rnАвантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.