Островот на љубовта кој според митологијата е родното место на Афродита се наоѓа во Кипар. Годишно има многу туристи кои ги посетуваат морските пештери и се фасцинираат од боите, уживаат во зајдисонцето, а храбрите ги забораваат сите забрани и скокаат во синото море од висина околу 10 метри. Овие скокови се многу опасни, а постојат неколку телефонски броеви за итни случаи за да спречат несреќи. Скокањето од погрешно место може да доведе до смрт и оние кои не ги забележуваат плимата и осеката на брановите можат да останат заробени во пештерите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnКарпите се популарна дестинација за младите туристи кои бараат авантура и одат таму за да ја тестираат својата храброст, но многумина завршуваат несреќно. Погледнете го видеото за да видите како изгледаат скоковите од таму.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=AWlCNCMfUIc&feature=emb_titlernrnПогледнете ги и овие фотографии од Скандинавија: Дестинација за вистински авантуристи.
Tag: опасно
-

Никој не ја почитува забраната: Опасна туристичка атракција која одзема животи
-

11 работи што не се толку опасни колку што мислите
Светот може да биде прилично опасен, но некои работи не се толку лоши колку што мислите. Погледнете ги овие статистички податоци што ќе ви откријат дека има еден куп работи што се многу побезбедни отколку што мислевте.rn
1. Ајкули или крави?
rn
rnrnИ покрај лошото мислење за ајкулите, тие не се најголемите крвожедни животни на планетата. Кравите се многу поопасни од ајкулите. Веројатноста да ве повреди крава е 20 пати поголема отколку да ве повреди ајкула.rn2. Ролеркостер или голф?
rn
rnrnНаучниците веруваат дека љубовта кон ролеркостерите и другите екстремни работи зависи од биохемијата на мозокот – луѓето со високо ниво на допамин постојано сакаат да прават нешто опасно.rnrnИ покрај тоа што се верува дека ролеркостерите се опасни, според статистиката, поопасно е да играте голф отколку да се возите на ролеркостер. И покрај репутацијата дека голфот е прилично безбеден спорт, голферите често имаат сериозни изместувања или хернијален диск. Се разбира, никој не зборува за ова на телевизија.rn3. Падобран или автомобил?
rn
rnrnСпоред статистичките податоци, возењето автомобил е многу поопасно отколку да скокнете од авион со падобран. Податоците од Сојузот на падобрани на САД сугерираат дека само еден од 100.000 скокови доведува до несреќа. Со други зборови, би требало да направите 17 скокови годишно за да ги приближите до можноста да бидете повредени во сообраќајна несреќа.rn4. Алигатор или бања?
rn
rnrnСтатистиката сугерира дека бањањето е многу поопасно од пливањето во езерце со алигатори. Во овој случај, станува збор за негрижата на луѓето затоа што честопати се тушираат со многу жешка вода кога се во алкохолизирана состојба. Според статистичките податоци за напад од страна на алигатор, бројот на луѓе што го изгубиле животот во сопствената бања е многу поголем.rn5. Молња или паѓање од креветот?
rn
rnrnКој би помислил дека паѓањето од креветот е толку опасно? Во текот на 10 години (2004-2014), помалку луѓе биле повредени при удар од гром, отколку луѓе што паднале од сопствениот кревет. Ударите од гром повредуваат околу 250.000 луѓе секоја година, но паѓањето од креветот е многу полошо, особено за постарите луѓе.rn6. Лифт или скали?
rn
rnrnСтравот од лифтови може да прерасне во вистинска фобија. Тоа е тесен простор и има многу механизми, а скалите изгледаат многу побезбедна опција. Или не? Според статистичките податоци, одењето по скали е околу 60 пати поопасно отколку возењето со лифт.rn7. Планинарење или дебелина?
rn
rnrnОва може да ви помогне да изберете здрав начин на живот. Според статистичките податоци, планинарењето е многу побезбедно отколку прекумерната телесна тежина (и сите поврзани болести). Ако ги следите сите правила за безбедност, качување по планини е многу побезбедно од јадењето брза храна и водењето седечки начин на живот.rn8. Авион или продолжителен кабел?
rn
rnrnСпоред статистиката, летањето со авион е многу побезбедно од продолжителните кабли што луѓето ги користат секојдневно во своите домови.rn9. Лав или нилски коњ?
rn
rnrnКралот на животните изгледа има достоен конкурент. Според статистичките податоци, лавовите не се толку опасни како слатките нилски коњчиња. И покрај нивната огромна тежина, овие животни можат да трчаат со брзина од 19 километри на час, тие се многу агресивни и можат да уништат сè што ќе им се најде на патот.rn10. Сноуборд или мебел?
rn
rnrnСноубордингот е еден од најопасните спортови, најмногу затоа што спортистите не се придржуваат до правилата за безбедност и затоа што не користат никаква заштитна опрема. Сепак, дури и овој екстремен спорт не е толку лош како мебелот кој успева да им наштети на многу луѓе.rn11. Метеорит или шахта?
rn
rnrnСпоред статистичките податоци, шансите да умрете од метеорит се 1 во 10.000.000. Но, на планетата има многу поопасни работи од небесните тела. На пример, отворените шахти.rnrnПогледнете кои работи ги правите секој ден, без да сфатите колку се опасни. -

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле
Тетоважите можат да бидат многу повеќе од обични слики на нашето тело. За некои групи луѓе, тетоважите имаат посебно значење кое кажува нешто за личноста што ги има. Па, ако некој има тетоважа која не одговара со неговиот карактер или социјален статус, тоа може да се сфати и како навреда. Веројатно сте виделе многу од тетоважите во продолжение, а сега ќе го откриете и нивното сокриено значење.rn
1. Солза
rn
rnrnСолзата под десното око често значи дека личноста извршила или се обидела да изврши убиство. Многу луѓе ја прават оваа тетоважа и ако некоја сакана личност е во затвор или загинала трагично. Оваа тетоважа може да ви донесе неволја доколку сте ја ставиле од забава, бидејќи во светот на криминалците, луѓето веруваат дека мора да ја „заработите“ секоја тетоважа.rn2. Буда
rn
rnrnСликата од кој било бог на телото е богохулие. Поради ова, многу туристи со вакви тетоважи можат да завршат во полиција кога патуваат во будистички држави.rn3. Јакуза
rn
rnrnВо Јапонија, само луѓето кои се дел од Јакуза имаат дозвола да прават вакви тетоважи. Јакуза е најмоќната и најкрвавата криминална банда во Јапонија, па доколку не сте член а имате ваква тетоважа, може да ве снајде неволја.rn4. Детелина со три листа
rn
rnrnЛуѓето често тетовираат детелина за среќа, но доколку направите детелина со три наместо со четири листа, ова ќе значи дека сте дел од ирска криминална банда. Доколку вистински член на оваа банда забележи ваква тетоважа на обична личност, може да настане неволја.rn5. Бодликава жица
rn
rnrnВо светот на организираниот криминал, тетоважата со бодликава жица значи дека сопственикот бил обвинет. Секој јазол на жицата претставува една година во затвор. Па кога „мирните“ граѓани прават ваква тетоважа, оние што биле затвореници го гледаат тоа како навреда или шега.rn6. Предатори што ржат
rn
rnrnОбичните луѓе ги поврзуваат овие слики со храброст и моќ. Во криминалниот свет, луѓето кои имаат ваква тетоважа покажуваат дека се склони кон насилство или дека се подготвени да направат криминално дело без жалење.rn7. Прстени на прстите
rn
rnrnОвие тетоважи се најбрзиот и најлесниот начин да одредите дали личноста била обвинета или е почитувана во затворот. Секој прстен ја покажува моќта на нејзиниот авторитет и нејзиното искуство. Па доколку поранешен затвореник забележи ваква тетоважа направена од забава, најверојатно ќе се навреди.rn8. Крст на градите
rn
rnrnНавистина е опасно да ја имате оваа тетоважа во Русија бидејќи им припаѓа на најопасните криминалци од државата. Доколку искусен криминалец забележи дека сте ја направиле тетоважата од забава, можете да бидете обвинети за лажење.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

16 луди скали што можат да исплашат секого
Овие скали се лоцирани во разни краеви од светот. Некои се направени од камен или дрво, некои имаат држачи, но едно нешто им е заедничко на сите – височината и опасноста што се дел од нив ќе го исплашат секого. Ќе ви биде потребна вистинска храброст за да се качите по овие скали.rn
1. Скалите до тврдината Калавантин Дург, Индија
rn
rnrnСамата тврдина е мала пештера, но скалите што водат до неа се сметаат за едни од најопасните во светот. Овие нерамни скали се издлабени во карпа во близина на Мумбај. Потребни се околу 3 часа за да ги искачите. Симнувањето може да трае подолго бидејќи скалите постојано се влажни од маглата. На нив нема држачи, па поради ова авантуристите мораат да користат алатки за да се држат за карпата.rn2. „Закопчана“ карпа
rn
rnrnКарпата Ел Пењон де Гуатапе во Колумбија заедно со скалите што водат до врвот, била споредувана со многу нешта. На многумина им изгледало како карпата да е зашиена со конец, други гледаат патент, а постојат и луѓе кои сметаат дека ова е совршеното засолниште во случај на апокалипса со зомбиња.rn3. Посетете ја Кина и допрете го небото
rn
rnrnВо Кина има планина наречена Тианмен што значи „Порта до рајот“, а името е оправдано – куполата што се формирала по земјотрес во 263-тата година навистина изгледа така. Се верува дека оние коишто ќе ги искачат сите 999 скалила до „Портата до рајот“ ќе можат да го допрат небото и да добијат вечна среќа. Се разбира, не е едноставно да стигнете до овде. Скалите се наоѓаат на врвот на планината и потребно е да се искачите со железница, а потоа да поминете 11 километри со автомобил на автопат наречен „99 свртувања“.rn4. Забранетите скали на хавајските ридови
rn
rnrnХаику скалите во Хаваи се најпопуларната дестинација за туристите кои сакаат нешто екстремно. Иако качувањето е забрането, ова не ги спречува авантуристите. Многу луѓе го посетуваат островот само за легендарните скали кои биле изградени од војската во 1942-ра година за поставување кабел за комуникација. Од 1987-ма година скалите станале пат за туристи на кои не им е проблем да искачат 3.922 скалила. Невозможно е да ги искачите ако не сте во добра физичка форма.rn5. Следење на стапките на пророкот Мојсеј
rn
rnrnЛегендарната планина на Мојсеј е лоцирана на Синајскиот Полуостров во Египет. Според легендата, Мојсеј овде ги добил 10-те Божји заповеди. Денес местото е собиралиште за многу аџии од целиот свет. За да стигнете до врвот на планината, потребно е да ги искачите „скалите на покајанието“. Повеќето аџии се искачуваат навечер, најмногу бидејќи тогаш не е жешко и поради неверојатното изгрејсонце што се гледа од врвот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Возењето мотори е поопасно одошто мислите!
Сите знаеме дека моторите се опасни, но најновите истражувања објаснуваат зошто е тоа така. Не постои сомнеж дека шлемовите за мотоциклисти спасуваат животи. Се проценува дека во 2013 година шлемовите спречиле 1.630 смртни случаи, а можеле да спасат и дополнителни 715 животи кога мотоциклистите би носеле шлем. Меѓутоа, постојат некои работи од кои шлемовите не можат да ги спасат мотоциклистите.rnrn
rnrnРезултатите од неодамнешните истражувања покажале дека мотоциклистите се невидливи за другите возачи. Истражувањето, објавено во списанието „Човечки фактори“ (Human Factors), истражило како појавата позната како „ненамерно слепило“ (неможноста на мозокот да регистрира неочекуван објект на видливо место) може да објасни зошто возачите на автомобили кои удриле мотоциклист тврдат дека воопшто не го виделе моторот.rnrnАвторите на истражувањето се сомневаат дека овој тип судар може да се објасни со големината на моторот и неговата видливост.rn„Додека возиме, нашиот мозок мора да се справи со голем број информации… Зачестеноста на ваквите судири е поврзана со начинот на кој мозокот ги филтрира добиените информации“, изјавиле истражувачите.
rnСо цел да ја тестираат нивната теорија, истражувачите собрале 56 волонтери и побарале од нив да разгледаат фотографии кои биле направени од перспектива на возачите. Меѓу нив имало и фотографија во која се појавува неочекуван објект, односно мотор или такси. Волонтерите требало да проценат дали фотографијата прикажувала безбедна или опасна ситуација. Резултатите покажале дека постои 2 пати поголема веројатност луѓето да не го забележат моторот, за разлика од таксито. Понатамошните експерименти дале слични резултати.rnrnИстражувачите сакаат да го искористат ова истражување како основа за охрабрување и тренирање на возачите да станат посвесни за мотоциклистите во сообраќајот. Ако успеат да ги стават моторите на повисоко место во „радарот“ на возачите, можеби возачите ќе можат полесно да ги забележат.rnrnСепак, и возењето автомобил може да биде опасно, особено ако возите под дејство на алкохол. Прочитајте како полицијата знае дека возите пијани уште пред да ве сопре.
-

11-те најопасни туристички дестинации
Погледнете ги најопасните и најморничавите туристички дестинации ширум светот. Ако сакате вашиот одмор да биде малку опасен, овие места се само за вас. Во спротивно, пазете се!rn
1. Долина на смртта, САД
rn
rnrnАко Земјата е нашиот дом, тогаш Долината на смртта е нејзината печка. Оваа прекрасна пустина го држи рекордот за највисоката температура која е измерена на нашата планета – 56,7 степени Целзиусови. Без разлика колку сте силни, сонцето и огромната топина на Долината на смртта ќе ве изморат многу брзо. Без вода, овде би живееле само околу 14 часа.rn2. Пустината Данакил, Еритреја
rn
rnrnВисоки температури кои достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, бројни активни вулкани, гејзери кои исфрлаат отровни гасови – тешко е да се замисли побрутален пејзаж од оној на африканската пустина Данакил. Многу луѓе веројатно ја сметаат за „пекол на земјата“, но сепак привлекува многу храбри авантуристи од целиот свет. Само имајте на ум дека самостојната посета на пустината Данакил, без искусен водич, е строго забранета.rn3. Планината Вашингтон, САД
rn
rnrnВрвот на планината Вашингтон го држи светскиот рекорд за најбрзите ветришта на Земјата. Најголемата брзина која е забележана овде е 327 километри на час. Силните ветришта не се единствената грижа во овој предел – смрзнувачките температури можат да се спуштат и до -40 степени и постојаните обилни врнежи од снег ја прават оваа планина многу опасно место. Без разлика на просечната височина од 1.917 метри, планината Вашингтон е еден од најсмртоносните врвови. Притисокот што го искусува човечкото тело на оваа планина може да се спореди со оној кој се искусува на Монт Еверест.rn4. Вулканот Синабунг, Индонезија
rn
rnrnОвој активен вулкан е сместен на индонезискиот остров Суматра. Ерупциите се многу чести и ги оставаат луѓето без засолниште и живеалиште. Околните градови и села биле целосно покриени со лава веќе неколкупати: во 2010, 2013, 2014 и 2015 година. Последната ерупција била на 27 февруари, 2016 година. Ерупцијата исфрлила смртоносен облак од вулкански гас, камења и пепел во висина од 2.500 метри. И никој не знае што може да се случи утре.rn5. Змискиот Остров (Iha da Queimada Grande), Бразил
rn
rnrnСкриен негде на бреговите на Бразил, овој остров е познат како најопасното место на планетата. Причината за ова е многу едноставна – островот е полн со едни од најотровните змии во светот. Истражувачите утврдиле дека околу 5 змии живеат на еден метар квадратен. Бразлиските власти забраниле секакви посети на островот.rnrnПреминете на следната страница за останатите опасни дестинација…rn -

17 опасни детски играчки што за среќа останале во минатото
Можете ли да замислите вашите деца да играат со вакви играчки? Сигурни сме дека за вас тоа би било целосно неприфатливо. Но, изгледа луѓето не размислувале секогаш на овој начин, па затоа и овие играчки не само што биле создадени, туку и широко распространети низ светот.rn
1. Тегови за деца, 1945 година
rn

rn
2. Автомобил на педали со пепелара, 1959 година
rn
rn3. Алатки за тренирање на вештината „јадење оган“, 1955 година
rn
rn4. Оружје за заштита од авионски напади опремено со вистински проектили, 1942 година
rn
rn5. Автомобили за деца што се возат на бензин, 1930 година
rn
rn6. Кафез за играње на прозорец, 1934 година
rn
rn7. Сет за создавање атомска енергија опремен со вистински примерок од ураниум, 1950 година
rn
rnrnПреминете на следната страница за останатите слики…rn -

Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!
Родените во овој хороскопски знак, иако изгледаат мирољубиво, кога се бесни подобро да се тргнете на страна од нив. Имаат големо трпение за сè, но и сопствен праг за толеранција, внимавајте да не го надминете.rnrn
rnrnНајмногу ќе ги разбесните доколку ги потценувате, додека поради недостаток на посветеност кон нив, тие можат целосно да ве игнорираат. Исклучително се темпераментни и не ги одбираат средствата со кои ќе го отстранат противникот од нивниот пат. Доколку сте имале несреќа да им покажете која е ваша најслаба точка, очекувајте да ве нападнат токму таму. За жал, не е исклучена можноста, нивната одмазда да ги опфати и вашите блиски луѓе, затоа што родените во овој знак, знаат дека на тој начин уште повеќе ќе ве повредат.rnrnРодените во овој хороскопски знак, често знаат толку многу да се внесат во планирање на некоја одмазда, притоа по пат да заборават зошто и воопшто почнале со таа работа. Но, тоа само дополнително ги разбеснува и по секоја цена го завршуваат веќе започнатото. Затоа, најдобро е воопшто да не се замерувате со нив.rnrnМожеби веќе препознавте некој свој пријател или член на семејството? Станува збор за хороскопскиот знак Овен. -

Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?
Од ден на ден, сè повеќе млади жени се обидуваат да постигнат екстремни пропорции на телото носејќи тесни корсети. И покрај предупредувањата од докторите дека носењето корсет може негативно да се одрази на здравјето на внатрешните органи, како и да ја оштети кожата и да го отежне дишењето, сè поголем број млади девојки секојдневно се приклучуваат кон овој нов растечки тренд.rnrn
rn„Сакам да имам облини како Ким Кардашијан, а истовремено и да бидам слаба. Не знам дали е тоа можно, но секако мислам дека вреди за трудот. Заради тоа носам корсет по 8 часа на ден. Исто така правам клекнувања во теретана за да го зголемам задникот“, вели Габриела Дит, една од девојките која не се одвојува од ова парче облека.
rnДит додава дека корсетот го носи и на часовите по физичко воспитување, бидејќи смета дека на тој начин повеќе ќе се поти и ќе го забрза процесот на слабеење, како и дека понекогаш спие со корсетот. Корсетот почнала да го носи кратко откако наполнила 16 години, а неодамна преминала на уште потесен модел.rnrn
rn„Кога носам корсет, толку е стегнат, што дури ни храната не стигнува до желудникот како што треба, така што не чувствувам многу глад. Јадам значително помалку, некогаш само малку салата. Но, не се грижам поради тоа. Сè што ме интересира се резултатите – мислам дека донекаде веќе успеав да го изменам обликот на својот струк. Верувам дека ако почнам сега да тренирам, моето тело во иднина, кога потполно ќе пораснам, ќе изгледа одлично. Кога ќе ставам некоја фотографија од мојот струк на социјалните мрежи, добивам многу позитивни реакции заради што самодовербата поприлично ми расте“, вели Дит.
rnОдредени припаднички на понежниот пол толку ги затегнуваат корсетите, што дури не можат ни да се наведнат или да седнат кога ги носат, и константно се без воздух. За да биде поефикасно, одредени модели се засилени со дебели жици.rnrn
rnrnКорсетите денес се сметаат за причина за појава на анемија, создавање на крвни грутки, несвестици, неплодност и проблеми со варењето, а оние кои ги носат патат од хлороза односно од т.н. „зелена болест“, која називот го добила по бојата на тенот кој се добива од постојаното слабеење на циркулацијата во лицето.rn„Засилениот притисок на абдоменот го успорува враќањето на крвта од нозете во стомакот, што може да доведе до настанување на крвни грутчиња во нозете. Заради големиот притисок на слабите точки на стомакот, исто така може да настане хернија при која желудникот се лизга подлабоко во градниот кош. Дополнителна опасност претставува и пролапсот на матката и појавата на хемороиди“, наведува професор Базил Амори, хирург во болницата „Cheadle’s BMI Alexandra“.
rnСо тоа е согласна и Дијан Џејд, основач на Националниот центар за нарушувања во исхраната.rn
„За мене овој нов тренд е еднаков на самоповредување. Тоа е најновиот начин на кој девојките се казнуваат себеси што немаат ‘совршено тело’. Жените ги исфрлија корсетите и разните други појаси уште во шеесеттите и мислам дека е лудост повторно да се враќаат такви нешта во мода“, заклучува Џејд.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зошто е опасен позеленетиот дел од компирот?
Сигурно досега имате забележано дека дел од компирот понекогаш позеленува. Тој дел од него е опасен по здравјето и не е пожелно да го јадете. Доволно е само да го отсечете и потоа можете да го зготвите другиот дел.rnrn
rnrnЗелениот дел од компирот е зелен поради тоа што содржи хлорофил, кој воопшто не е опасен, но е знак дека тој дел на компирот содржи поголеми количини на отровот соланин. Тој на компирот му служи за заштита од паразити и штетници, но е отровен и за луѓето. Сепак, тоа не треба премногу да ве плаши затоа што треба да изедете неверојатно многу зелен компир за да ви се слоши и да повраќате. Човек кој тежи само 50 килограми треба да изеде дури 8 килограми од овој зеленчук за да почувствува нешто, но добро е да се знае дека овој дел не е добар за телото.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn