КАФЕ ПАУЗА

Tag: онлајн состанување

  • 14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за запознавање и љубовни состаноци

    14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за запознавање и љубовни состаноци

    Доколку барате романса но сте немале многу среќа, можеби ќе сакате да го пробате модерниот метод – онлајн запознавањето. Овој начин на запознавање станува сè попопуларен бидејќи нуди навистина многу опции. Но пред да пробате нешто вакво, потребно е да ги земете предвид следниве 14 совети со цел да останете безбедни.rn

    1. Поставете си цели и граници

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnДобро е да знаете што барате пред да влезете во светот на онлајн запознавањето и состанувањето. Дали барате само разговор, или и нешто посериозно? Дали можеби сакате долга врска? Исто така треба да ги знаете вашите граници. Доколку сакате да разговарате, но не сакате да праќате фотографии, тогаш немојте да го правите тоа. Најдобро е да му верувате на вашиот инстинкт.rn

    2. Најдете веб-сајт со добра репутација

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnШтом ќе знаете што сакате, имате опција помеѓу многу веб-сајтови. Постојат неколку добро познати веб-сајтови кои ги преземаат потребните безбедносни мерки. Откријте го сајтот што е најдобар за вас и што прави да се чувствувате најудобно.rn

    3. Не откривајте многу за себе на вашиот профил

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnИако профилот би требало да биде искрена рефлексија на вас, немојте да вклучувате премногу лични информации. На пример, никогаш немојте да ја објавите личната имејл адреса или адресата на живеење. Можете да кажете што работите, но најдобро е да ја изоставите компанијата или клиентите. Ако сте родител, немојте да објавувате фотографии или имиња од вашите деца.rn

    4. Не откривајте премногу за себе во разговор

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnКако за профилот, истото важи и за разговорот со нови луѓе. На пример кажете го вашето име, но не и презимето. Кажете од кој град сте, но не зборувајте за вашата адреса. Можете да направите и листа со деталите коишто е најдобро да не ги кажувате.rn

    5. Бидете паметни и користете го здравиот разум

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnСигурно веќе сте слушнале дека ако нешто звучи премногу добро за да биде вистинито, најверојатно не е. Постои голема веројатност веб-сајтот да ве поврзи со личност со која ќе имате многу сличности. Но секогаш бидете паметни и користите го вашиот разум. Ако личноста почне да ви бара премногу лични податоци, најдобро е да престанете да комуницирате со неа.rn

    6. Внимавајте на профили и луѓе со трогателни приказни

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnНема ништо лошо да покажете сочувство кон личност која поминала низ многу. Но, за жал постојат многу луѓе кои користат лажни трогателни приказни за да привлечат внимание, па можеби и награда од странци. Пред да почнете да роните солзи за нечиј тежок живот, размислете да не можеби станува збор за емоционална стапица.rn

    7. Проверувајте

    rn14 начини да останете безбедни додека користите веб-сајтови за состанувањеrnrnШтом ќе се поврзете со некого и ќе споделите одредени детали, пребарајте ја личноста онлајн. Верувајте, сите го прават ова. Обидете се да пронајдете што споделува оваа личност. Иако можеби онлајн профилот нема да ви каже многу, сепак ќе знаете за што станува збор.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Колку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?

    Колку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?

    Запознавањето преку Интернет и социјални мрежи е доста популарно и на овој начин можеме да стапиме во комуникација со личност со која инаку не се ни разминуваме во текот на денот. Сепак, како и во секој друг начин на запознавање, постојат замки во кои лесно може да се падне.rnrnКолку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?rnrnЧестопати може да се случи да се добие впечаток на заљубеност по само неколку дена допишување и тоа иста како кога реално се случува – со насмевки на секоја порака и пеперутки во стомак на секоја нова нотификација. За разлика од традиционалните состаноци, онлајн допишувањата се поедноставни бидејќи благите напади на паника ги доживувате или сами, или во друштво на најдобрите пријатели, но не и пред личноста која е предмет на вашиот интерес.rnrnПроблемите кои може да се појават се преголемото потпирање на социјалните мрежи, од аспект на запознавање на личноста. Вистина е, од профилот можеме да дознаеме каква музика слуша другиот, кои му се омилени филмови и што го интересира во слободното време, но не и реалните карактерни особини. При средба, може да се случи, дури и кога добро ви одел разговорот, да сфатите дека не сте компатибилни како личности.rnrnОд друга страна, социјалните мрежи ни даваат голем избор, па затоа е лесно да елиминираме дали некого ќе запознаеме или не, само врз основа на впечатокот што го добиваме од видливиот дел од профилот. Допишувањето често оди многу полесно отколку реалната комуникација, но исто така предизвикува да имаме преголеми очекувања од соговорникот.rnrnВо однос на тоа колку време треба да трае допишувањето пред реалното запознавање, оптимален период се три недели. Сè што е подолго од тоа може само да доведе до помало задоволство и поголемо разочарување кога ќе дојде до реалната средба.rnrnПрочитајте ги и овие 8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн.

  • 8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн

    8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн

    Што ако е вистина дека постои само еден совршен партнер за секого? Што ако тој совршен партнер е на другиот крај на светот? До пред неколку децении шансите дека ќе ја запознаете оваа личност речиси и да не постоеле. Но, можноста за среќавање луѓе онлајн им го олесни животот на многумина. Сепак, и оваа можност треба да се искористи паметно. Погледнете некои од најдобрите совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов преку Интернет.rn

    1. Не брзајте

    rn(1)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mkrnrnНе очекувајте веднаш да ја најдете љубовта на вашиот живот и да имате желба за семејство. Љубовта на прва порака не постои. Потребно е да имате вистински состанок, и тоа повеќе од еден, за да се запознаете. Но како да одберете помеѓу многуте луѓе на апликациите за состанување? Дајте им предност на оние профили кои имаат повеќе информации за нивниот сопственик, луѓе чиј изглед ви се допаѓа и луѓе со кои имате слични интереси. Ова е важно за да имате за што да разговарате на вашиот прв состанок.rn

    2. Одберете ја вистинската фотографија

    rn(2)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mkrnrnСоциологот Џесика Кабрино открила кои се фотографиите кои најмногу би го привлекле потенцијалниот партнер:rn

      rn011

    • Објавете светли фотографии на кои се наоѓате само вие. Можете да направите исклучок за вашето милениче.
    • rn011

    • Не заборавајте на шминката. Но важно е да не претерате. И насмевнете се! Сите ја ценат отвореноста и добрината.
    • rn011

    • Немојте да објавувате експлицитни фотографии ако барате нешто посериозно од секс за една ноќ.
    • rn

    rn

    3. Наполнете го профилот со интересни информации

    rn(3)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mkrnrnВториот најважен чекор е пополнување на вашиот профил. Сфатете си ја сериозно оваа работа – колку повеќе информации и хобија откриете за вас, толку се поголеми шансите дека ќе ве контактира некој со исти интереси. Веднаш ќе имате нешто заедничко.rnrnУште еден трик од социологот – вклучете и некои прашања во текстот кои ќе поттикнат разговор. Но немојте да лажете, напишете ја само вистината за вас.rn

    4. Покажете иницијатива

    rn(4)8-soveti-od-lugje-koi-ja-pronashle-svojata-ljubov-onlajn-kafepauza.mkrnrnВеднаш пишете. Немојте да чекате некој прв да ви напише порака. Вашата цел е да запознаете некоја интересна личност, па зошто да губите време? Можеби е срамежлив/а или прв пат користи Интернет за состанување. Ако не добиете одговор, пишете на некој друг. Немојте да го трошите вашето време чекајќи.rnrnОбидете се да не ги споредувате вашите поранешни партнери со луѓето кои ќе ги запознаете онлајн. Исто така немојте да одбивате состанок само затоа што некој не е „ваш тип“. Веројатно сте биле во врска со „ваш тип“, но тоа очигледно не функционирало.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 3 заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер онлајн

    3 заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер онлајн

    Барањето љубов онлајн во некои земји е одамна хит, а и кај нас веќе сѐ поголем број луѓе им даваат шанси на социјалните мрежи со цел на таков начин да го запознаат потенцијалниот партнер. Ако се одлучите да се зачлените на кој било сајт за запознавање сродни души сигурно ќе се сретнете со некои заблуди кои уште на почеток можат да ве обесхрабрат. Овие 3 се најлоши и во нив секако не треба да верувате – барем додека не пробате.rnrn0-3-zabludi-poradi-koi-kje-ja-propushtite-mozhnosta-da-go-najdete-sovrsheniot-partnerrn

    1. Само губитниците бараат љубов онлајн

    rnКога би морале да го замислите просечниот корисник на некои од страниците за пронаоѓање љубов веројатно напамет би ви паднало дека изгледа вака: буцкав, неугледен и несмасен човек кој едноставно нема доволно храброст да зборува во живо со жена. Секако дека има такви, но поголемиот број сепак се нормални луѓе.rn

    2. Ризикуваш средба со манијак!

    rnПријателите ви ја полнат главата со тоа дека момците од онлајн страниците за состанување, иако изгледаат како нормални луѓе, во живо се тотални манијаци. Во ред, дури и да налетате на некој таков, тоа не значи дека сите кои љубовта ја бараат онлајн се манијаци. Всушност на лудак можете да налетате и во секојдневниот живот, зар не?rn

    3. Срамота е

    rnИако живееме во ера кога поголемиот дел од работите функционираат преку интернет, на луѓето и понатаму им е срам да признаат дека запознале некого онлајн. Но ако на ваков начин ја пронајдете љубовта на вашиот живот и со него/неа остварите прекрасна врска, дали воопшто е битно дали сте се запознале во реалниот или во виртуелниот свет?

  • 4 нешта што треба да ги знаете ако ве привлекува интелигенцијата

    4 нешта што треба да ги знаете ако ве привлекува интелигенцијата

    Сѐ поголем број луѓе се вртат кон интернетот за да запознаат личности кои имаат слични или исти интереси како нив. За групирање на тие интереси е потребна соодветна терминологија, па затоа се измислуваат нови зборови кои ќе го доловат значењето на одредени нешта кои се сметаат за привлечни.rnrn0-4-neshta-shto-treba-da-gi-znaete-ako-ve-prevlekuva-inteligencijata-kafepauza.mkrnrnДали имате авантуристички дух, или можеби сакате да читате, или пак сте љубител на спортски настани? Овие реченици се прост пример за тоа дека е потребна нова терминологија која на краток начин ќе ги објасни посакуваните карактеристики.rn

    1. Постои нов термин за луѓето кои ги привлекува интелигенција

    rn„Сапиосексуалец“ е личност за која културниот и социјално свесниот ум е најатрактивната карактеристика од сите.rn

    2. Сапиосексуалецот некогаш се нарекува и „нимфобрејнијак“

    rn

    „Сапиосексуалците се луѓе кои се ‘палат’ на начинот на кој личноста размислува“ – објаснува Дајана М. Рааб од сајтот „Psycology Today“. „Тие се луѓе кои се заљубени во мозокот. Понекогаш, сапиосексуалните индивидуи се нарекуваат и ‘нимфобрејнијаци’ – индивидуи кои се привлечени од помислата да бидат на исто ниво со интелектуалната перспектива на другата личност.“

    rn

    3. Зборот официјално го има во речникот на љубовните состаноци на веб-сајтот „ОКCupid“

    rnЛуѓето кои го користат овој термин очигледно имаат намера тој да биде од голема комуникациска значајност. Оние корисници на сајтот кои се опишале како сапиосексуалци и се од Њујорк имаат неколку карактеристики – тие се млади, атеисти се, живеат во Бруклин и нивната листа на омилени книги се состои од филозофски и теоретски текстови.rn

    4. Овој термин брзо станува еден од најпребаруваните тагови на сајтот „OKCupid“

    rn

    „Тоа е веројатно основната причина зошто не го направивме ова порано“ – вели Мајк Максим, шеф на технолошкиот оддел на сајтот „OKCupid“. „Оваа можност беше долго барана, можеби со години.“

  • 10 љубовни предвидувања за 2011

    10 љубовни предвидувања за 2011

    Да бидеме реални. Она што е тука пред нас сега, може многу лесно да го снема утре, исто како што онаму каде што не постоело ништо, може да се роди нова љубов. Работите се менуваат за сите и љубовта никогаш не треба да се сфаќа здраво за готово. Влезете малку поподготвено на полето на љубовта во 2011. Да видиме што предвидуваат експертите за љубовта оваа година.rn.rn

    1. Моногамијата ќе биде повторно „ин“.

    rnБракот или барем моногамијата ќе стане повторно модерна. Позначајни ќе станат вистинските вредности во врските, а не материјалните работи. Повеќе време ќе се посветува на животот во заедниците и на добротворните акции, а помалку на расфрлање пари за скапи предмети.rnrnКако што сè повеќе истополови двојки се одлучуваат за заедничко чување деца, ова веќе нема да претставува контроверзен проблем и до крајот на 2012, многу земји ќе го прифатат правото за стапување во брак со секој.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    2. Луѓето кои се во врски ќе ја прифатат состојбата на статус кво.

    rnСреќните двојки ќе сакаат да останат во врска, под услов таа да е добра. Повеќето парови ќе се воздржуваат од стапување во брак, а брачните двојки кои се во криза, ќе го одложат разделувањето и раскинувањето на браковите додека се подобри економијата во светот. Ќе се зголеми бројот на љубовни двојки од различни раси, како и на такви во кои жената е постара по 5 и повеќе години од мажот.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    3. За оние кои се сингл, факторите за неуспех ќе исчезнат.

    rnСите како мали сме правеле листи на кои сме запишувале каков сакаме да изгледа нашиот иден партнер: некои преферирале високи, други крупно градени или тенки, трети со одредена боја на косата, а има и такви кои знаеле дека сакаат момче кое свири во бенд, девојка која се занимава со гимнастика и сл. Ваквите листи сега се веќе застарени. Општата состојба во светот и особено финансиската криза, предизвика многу луѓе да се запрашаат кои се нивните вистински вредности кои ги бараат кај својата идеална сродна душа.rnrnМажите и жените драстично ќе ги изменат своите листи и ќе ги намалат очекувањата, особено во однос на личниот изглед и возраста. Важно ќе биде колку е финансиски обезбедена другата личност. Ова пак не значи дека сите ќе станеме „копачи на злато“, но финансиската состојба на партнерот дефинитивно ќе се искачува погоре на личните листи.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    4. Ќе се вратиме на традиционалните улоги на родовите.

    rnМажите ќе ја вратат својата лидерска улога во врските, тие ќе го имаат главниот збор и ќе станат поголеми авантуристи, посилни и заштитнички настроени.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    5. Сè повеќе луѓе ќе закажуваат состаноци преку Фејсбук и Твитер.

    rnИ оние кои се и оние кои не се во врски се многу зафатени во денешно време, често работејќи многу за мали плати. Времето е луксуз. Затоа, сè повеќе врски ќе се формираат со користење на фејсбук и твитер, но и сè повеќе ќе гледаме како луѓето раскинуваат во реално време преку нивните статуси на овие социјални мрежи.rnrnСостаноци ќе се закажуваат со текстуални пораки, наместо преку телефонски повици. Раскинувањата нема да се случуваат лице в лице. Љубовта во врските на далечина се повеќе ќе се зголемува. Состаноците преку Скајп, со користење на веб-камери ќе ги одржуваат врските со своите сакани на далечина.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    6. Состанувањето преку мобилни ќе стане мејнстрим.

    rn

    Сè повеќе корисници на сајтовите за онлајн состанување пристапуваат од својот ајфон или ајпод и овој број продолжува да се зголемува секој месец. Причината за ова е брзината и практичноста во пристапувањето. Сервисите на мобилните оператори и апликациите за мобилни телефони ќе ни овозможуваат реално-временско договарање состаноци, дури и во движење.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    7. Ќе бидеме попаметни во врска со праќањето сексуални пораки (sexting).

    rnСпоред едно скорешно истражување, праќањето сексуални пораки достигнува до 15% од сите испратени пораки преку телефоните на тинејџерите, додека над 30% кај младите на 18-29 години.rnrnПраќањето сексуални слики преку мобилни телефони стана посебна вредност, а ова особено го потврдуваат сè почестите сексуални изложувања на познатите. Во тренд е и фаќањето за ваквото „зло дело“. Во 2011 очекувајте нови етички правила и можности во врска со овој тренд. Ако сакате некому да му испратите интимна слика од себеси, која притоа не може да биде копирана, препраќана и ретвитана, добрата вест е што ќе има апликации кои ќе го овозможуваат тоа.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    8. Паровите ќе почнат да применуваат забрани и ограничувања на социјалните мрежи.

    rnКолку што Фејсбук и Твитер се добри за создавање нови врски, толку се ефикасни и за нивно раскинување. Замислете само колку драма може да додаваат социјалните мрежи во моногамните врски: незгодни коментари на ѕидовите кои можат да водат до недоразбирања и лутења со денови; приватни пораки кои ја преминуваат линијата на тој начин заматувајќи ја линијата помеѓу пријателството и емоционалното неверство; „спријателување“ со бивш кое може да распламти некои стари пламени што веројатно требале да останат во минатото. Листата може да продолжи до бескрај.rn

    Оние кои ќе сакаат да ја одржат својата врска ќе бараат од своите партнери да ги напуштат социјалните мрежи. На оние пак, на кои не им треба дополнително затегнување на односите, може да одлучат да се повлечат од сите работи поврзани со социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека се зголемува потпирањето на виртуелната комуникација, вештите парови ќе се реорганизираат на овој план и својата потреба за комуникација со пријателите ќе ја фокусираат на контакти со оние вистинските, наместо на оние кои само постојат на сликите на социјалните мрежи.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    9. Луѓето ќе се откажуваат од онлајн состанувањето, а повеќе ќе се потпираат на стројници.

    rnВо 2011 очекувајте повеќе надеж за романтични состаноци обраќајќи се до роднините и пријателите кои можат да ве спојат со некого.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    10. Астрологијата ги потврдува предвидувањата.

    rnВо 2011 ќе има неколку големи планетарни промени. Некои планети ќе се движат кон знаци кој се посоодветни за нивните енергии. Еве ги главните астролошки трендови во 2011 кои се во корелација со превидувањата на неастролошките експерти:rn.rn

      rn011

    • Врзувањето ќе биде ин, необврзувачкиот секс ќе биде аут.
    • rn011

    • Ќе избегнуваме врски кои се засноваат на страв и потреба за сигурност или на грижата дека ќе бидеме осудувани од другите, за да се посветуваме на вистински врски кои се уникатни и либерални.
    • rn011

    • Мажите ќе стапнат еден чекор понапред и ќе земат поголема улога во динамизирањето на врската.
    • rn011

    • Љубовта ќе се базира на забава, авантури и спонтаност.
    • rn011

    • Ќе се намали трендот на онлајн состанување, а ќе се зголеми состанувањето преку мобилни телефони.
    • rn

    rn10 љубовни предвидувања за 2011Заклучок: И ѕвездите и експертите предвидуваат дека совршениот партнер можеби нема да биде згоден, но тоа нема да биде многу важно бидејќи секако нема да го изберете врз основа не неговиот онлајн профил. Тој ќе сака вистинска и ексклузивна врска, која ќе претставува повеќе од нов статус на неговиот профил на фејсбук. Па, има надеж за 2011.rnrn