КАФЕ ПАУЗА

Tag: охрабрување

  • Разочарани сте и обесхрабрени? Овие знаци ќе ви покажат дека сè ќе биде во ред

    Разочарани сте и обесхрабрени? Овие знаци ќе ви покажат дека сè ќе биде во ред

    Животот е како еден лавиринт каде не знаете што ве очекува на следниот свиок. Освен тоа, одвреме-навреме тој ви приредува неочекувани работи. Сосема нормално е да чувствувате стрес, нервоза и да бидете во депресија секогаш кога се справувате со нов животен предизвик. Но, најважно од сè е да верувате дека сè ќе биде во ред, а токму овие знаци ќе ви укажат на тоа.rnrnРазочарани сте и обесхрабрени? Овие знаци ќе ви покажат дека сè ќе биде во редrn

    1. Позитивниот став

    rnПесимизмот, стравот и вознемиреноста нè тераат да се сомневаме во сè, додека оптимизмот и позитивноста ни влеваат доверба и храброст за преземање акција. Не заборавајте дека вашиот живот зависи од тоа како гледате на него. Освен тоа, позитивните мисли ви помагаат полесно и поуспешно да се справите со стресните ситуации.rn

    2. Најголем дел од вашиот живот се состои во начинот на кој реагирате

    rnАмериканскиот свештеник, Чарлс Свиндол, рекол: „Животот е 10% од она што ви се случува и 90% како реагирате на она што ви се случува“. Не можете да го контролирате животот без разлика колку и да се трудите да го постигнете тоа, но можете да ги контролирате вашите реакции.rn

    3. Фокусирани сте на решението, а не на проблемот

    rnЗнаете дека кога-тогаш нештата ќе се постават на свое место доколку повеќе размислувате за решението отколку да се грижите за проблемот. Ова покажува дека сте доволно храбри и оптимисти за да се справите со кој било предизвик.rn

    4. Ништо не е вечно

    rnНе заборавајте го фактот дека во животот сè е подложно на промена. Иако тоа значи дека на убавите работи кога-тогаш им доаѓа крајот, од друга страна значи и дека лошите работи имаат свој крај. Без разлика на страдањето низ кое минувате во моментот, знајте дека тоа нема да трае долго. Тоа значи дека повторно ќе доживеете моменти на среќа, ќе запознаете нови луѓе кои ќе ве сакаат, ќе постигнете нови цели и ќе освоите нови дестинации, но и ќе пронајдете својот внатрешен мир. Сета оваа болка и страдање, пак, ќе ги направат тие моменти на среќа незаборавни.rnrnОткако прочитавте кои знаци ќе би укажат дека сè ќе биде во ред дури и покрај сите разочарувања, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те знаци на ниска самодоверба.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Охрабрувачки зборови што секој хороскопски знак треба да ги слушне во овој момент

    Охрабрувачки зборови што секој хороскопски знак треба да ги слушне во овој момент

    Охрабрувачките и мотивирачките зборови се најпотребни кога ќе се најдете во тешка животна ситуација. Овие зборови ќе ве мотивираат да соберете сила да ја надминете кризата и да продолжите понатаму.rnrnОхрабрувачки зборови што секој хороскопски знак треба да ги слушне во овој моментrn

    Овен

    rnЌе го надминете ова. Овој стрес нема да трае вечно. Оваа состојба е само привремена. За неколку месеци, оваа болка ќе стане сеќавање.rn

    Бик

    rnВо овој момент работите се движат во погрешна насока, но ќе се изненадите. Ќе постигнете големи работи. Ќе продолжите да преземате големи чекори за да го живеете животот од соништата што отсекогаш сте го посакувале. Таквиот живот ви е на дофат.rn

    Близнаци

    rnНе одмаздувајте се обидувајќи се да им докажете на луѓето колку далеку сте успеале да стигнете без нив. Одмазете се со тоа што ќе научите да се сакате себеси. Одмаздете се така што ќе го живеете најдобриот живот и што нема да ве интересира дали другите го забележуваат тоа или не.rn

    Рак

    rnВие заслужувате среќа. Никогаш не дозволувајте некој друг да ве убеди во спротивното. Имате добро срце и љубезност која ретко може да се најде. Среќа е некој да помине една вечер со вас, а камоли цел живот.rn

    Лав

    rnВашиот труд ќе се исплати. Вие не го правите ова залудно. Само треба да почекате малку подолго.rn

    Девица

    rnНе дозволувајте скршеното срце да ве убеди да се откажете од љубовта. Не дозволувајте еден неуспех да ве убеди да се откажете од вашите соништа. Не дозволувајте еден лош ден да ве убеди дека целиот ваш живот ќе биде лош.rn

    Вага

    rnВие заслужувате љубов. Секој што ќе ве натера да се посомневате во тоа не го заслужува вашето внимание.rn

    Скорпија

    rnВие не сте истата личност што некогаш сте биле. Вие пораснавте и се сменивте. Затоа, престанете да се грижите за тоа што сте направиле погрешно во минатото и фокусирајте се на иднината што ја градите сами.rn

    Стрелец

    rnПрестанете да се однесувате неправедно кон себе. Престанете да се сметате себеси за товар затоа што никој не ве гледа на тој начин. Вашиот поглед кон себеси е пристрасен, неправеден и нездрав.rn

    Јарец

    rnТреба да се гордеете со себе за сè што сте заработиле, а не да се фрустрирате за неколкуте работи што сè уште не сте успеале да ги постигнете. Престанете да очекувате премногу од себе.rn

    Водолија

    rnВие сте посилни отколку што мислите. Вие сте поспособни отколку што верувате. Може да се справите со многу повеќе проблеми отколку што некогаш сте мислеле дека можете.rn

    Риби

    rnНема секогаш да се чувствувате изгубено и осамено. Ќе откриете што сакате од овој свет и ќе го добиете тоа.rnrnПрочитајте како се промени секој хороскопски знак од почетокот на 2020 година.

  • Хороскопот открива: Што ви е потребно да слушнете кога вашето срце е скршено?

    Хороскопот открива: Што ви е потребно да слушнете кога вашето срце е скршено?

    Ако немате никого кој е во состојба да ви го каже она кое ви е баш потребно да го слушнете, кога вашето срце е скршено и кога сте во депресија, запишете ги охрабрувачките реченици кои одговараат на вашиот хороскопски знак и залепете ги на огледалото во бањата. Или пак, запишете ги на сто ливчиња и залепете ги насекаде низ вашиот дом. Тоа е најбрзиот начин да почнете да се чувствувате подобро, без воопшто да се трудите.rnrn1-horoskopot-otkriva-shto-vi-e-potrebno-da-slushnete-koga-vasheto-srce-e-skrsheno-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВие не можете долго да останете на дното. Кога-тогаш од вас ќе излезе искра и ќе сјае посилно од кога било порано, поради сето она низ кое сте поминале. Ќе блескате повторно, ќе бидете среќни.rn

    Бик

    rnОние кои најмногу губат се оние кои не се осудуваат да сакаат – а вие сте победник. Вашето срце е доволно големо, силно и топло да ве пренесе низ периодот на болката и кога ќе излезете на другата страна, ќе имате поголемо сочувство и заразна радост.rn

    Близнаци

    rnСледниот пат ќе сретнете некого кој ќе ги засака двете верзии од вашата личност – и онаа светлата, отворената, веселата и забавната, но и другата, нежната и ранливата. Можеби дури и повеќе. Вашата двојна природа е вашето најголемо емотивно богатство.rn

    Рак

    rnДоволно сте паметни за да ја изнесете вашата тешка и напорна страна, кога тоа ви е потребно, кога сакате да се ослободите. Дозволете си себеси да ги изразите тие чувства, непотиснато како бебе. А потоа сакајте си се доволно, за да посакате да се поместите од таа точка и да тргнете понатаму.rnrnrn

    Лав

    rnСо љубопитноста и страста како вашата, нема сомнеж дека брзо ќе соберете сила да станете од креветот и да се вклучите во животните случувања. А додека ви е навистина тешко, ќе имате на кого да се потпрете – вашето семејство и пријателите кои неизмерно ве сакаат и поддржуваат.rn

    Девица

    rnАко постои личност која е подготвена, способна и апсолутно доволно дисциплинарна за низ периодот на скршено срце да помине малку по малку, чекор по чекор, ден по ден, тогаш тоа сте вие. Она што за другите е невозможно да го направат, за вас е совет кој умеете да го примите за сопствено добро.rn

    Вага

    rnСетете се дека тоа што некој ве отфрла, воопшто не ве прави помалку пожелни и достојни за љубов. Имате толку пријатели и луѓе кои ве опкружуваат, кои ве сакаат не поради она што можете да го направите за нив, туку поради она што навистина сте, поради тоа што за нив сте извор на радост, едноставност и утеха. Не менувајте се никогаш, за никого.rn

    Скорпија

    rnСега сте опседнати со она што тргнало наопаку и она што сте можеле да го направите поразлично, но сетете се – вие сте магична личност, низ вас течат сили кои ќе го направат она што е најдобро за вас. Препуштете се на космосот, нека ве однесе низ тешкиот период, нека го направи она што е најдобро за вас. Вие само продолжете со извршувањето на секојдневните обврски.rnrn3-horoskopot-otkriva-shto-vi-e-potrebno-da-slushnete-koga-vasheto-srce-e-skrsheno-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnВо ред е да не бидете главниот забавувач и оптимист. Не мора да правите шеги на сметка на вашето скршено срце. Во ред е да ве боли и да не ви е до ништо. И воопшто не мора да бидете храбри. Не морате ништо да направите.rn

    Јарец

    rnСетете се колку сте практични, логични и силни и дека сте потполно способни за сами да ги составите парчињата од вашето скршено срце. Вие сте поспособни од останатите, како што сте поспособни во поголемиот дел од работите. Ќе пронајдете начин, бидејќи ова е драгоцено искуство во вашиот живот.rn

    Водолија

    rnНе отсекувајте се од чувствата. Вашата болка има право да биде призната, доживеана, сфатена. Дозволете си да го почувствувате сето она што го чувствувате. Разговарајте со оние кои ве разбираат и кои ја познаваат моќта на чувствата. И најважно од сè, дајте си доволно време за да оздравите.rn

    Риби

    rnВашето скршено срце во овој момент ви дава прилика да се потпрете на оние луѓе, кои толку пати се потпирале на вас, вашето разбирање, топлина и сочувство. Дозволете им да ве разгалат, утешат, негуваат и да ве прифатат како подарок.

  • 5 одлуки за кои никогаш нема да зажалите

    5 одлуки за кои никогаш нема да зажалите

    Животот се движи со брзо темпо. Работата, разните активности и случувањата често нѐ спречуваат да се фокусираме на најважните делови во животот. Континуираното пропуштање на можноста да си помогнеме на самите себеси или на другите веќе станува норма. Но, животот не мора да биде толку комплициран. Одлуките кои ги носиме денес создаваат сеќавања на кои ќе се навратиме во иднината. Ова се 5-те одлуки за кои никогаш нема да зажалите што сте ги направиле.rnrn5 одлуки за кои никогаш нема да зажалитеrn

    1. Прошетка со некој кој го сакате

    rnКога одите и разговарате со некој кој ви е важен во животот доаѓа до длабоко поврзување на емотивно ниво. Се чувствувате како грижите да исчезнуваат, мирот да се појавува и надежта повторно да се раѓа. Единствената прошетка за која ќе зажалите е онаа на која нема да отидете.rn

    2. Испраќање рачно напишани пораки

    rnБлагодарноста е клучот кој ја отклучува радоста. Кому последно сте му се заблагодариле? Чинот на испраќање рачно напишана порака ја покажува вашата искреност и претставува нешто што се цени и чува засекогаш.rn

    3. Насмевка

    rnСмеењето го подобрува вашето здравје и расположение и ве прави уште попривлечни. Вашата насмевка е заразна и ви дава можност да го поправите како вашиот, така и денот на некој друг. Никогаш не знаете низ што поминува таа личност во тој момент и можеби токму вашата насмевка е тоа што ѝ е потребно за да се почувствува подобро, важно и ценето.rn

    4. Поттик и охрабрување

    rnПоголемиот број луѓе често се соочуваат со тешки ситуации и предизвици: физички, финансиски, деловни, емоционални… Запомнете дека, без оглед на она што се случува, секому му е потребен поттик, охрабрување и мотивација во животот.rn

    5. Вежбање

    rnВашето физичко здравје го одредува квалитетот на вашиот живот. Ако одлучите да вежбате, тоа ќе ви ја обезбеди потребната сила за да совладате сѐ што ќе ви застане на патот кон исполнувањето на вашите цели. Можеби малку ќе ве демотивира напорот кој треба да го вложите, но никогаш нема да зажалите од резултатот.rnrnЖивотот е краток. Дали ќе дозволите во последните мигови жално да се сетите на сите пропуштени шанси низ годините кои изминале или ќе се насмеете од уво до уво? Изборот е ваш.

  • Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Можеби мислевте дека Дизниевите цртани филмови се обични содржини за деца, но верувајте дека грешите. Тие во себе содржат важни лекции за пријателството, љубовта, грижата… Во секој од нив има скриена порака која треба да ја разбереме и да ја практикуваме. Внимателно погледнете што велат цртаните на Дизни за пријателството и какви лекции тие споделуваат со вас.rnrn1-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вистинските пријатели чекорат со вас низ животот.

    rn2-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тие ве подигаат кога ќе паднете.

    rn3-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    3. И ги чуваат вашите тајни.

    rn4-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Но, исто така ви помагаат да го намалите озборувањето.

    rn5-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тие се секогаш тука да ве држат за рака.

    rn6-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    6. Тие нема да ве осудуваат ако одвреме-навреме им се препуштате на задоволствата.

    rn7-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тие ве поддржуваат кога ви е најпотребно.

    rn8-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    8. Но, ве опоменуваат кога грешите.

    rn9-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    9. Тие се поврзани со вас на повисоко ниво – понекогаш не се потребни зборови.

    rn10-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    10. Кога ви треба утеха, тие знаат точно што треба да ви кажат.

    rn11-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

  • Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет

    Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет

    Тања Катан, активист, автор и програмер, создала нов и забавен нов концепт за знаците за женскиот тоалет кои таа се надева дека засекогаш ќе ги смени перцепциите и претпоставките за жените, како и сите чувствителни и моќни гестови кои тие ги прават секој ден. Наместо знакот кој носи фустан, на кој сме сите навикнати, нејзиниот знак вклучува жена во облека на суперхерој со слоган „Тоа никогаш не било фустан“.rnrn(1) Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалетrnrnТаа ја создала кампањата #ItWasNeverADress со цел да поттикне повеќе жени да влезат во индустријата на технологијата, која е една од најголемите области кои не се сметаат за „женски“. Катан вели:rn

    „Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците, како и во нашите домови, сите проникливи жени се често непоканети, незабележани или едноставно отфрлени. Оваа кампања е создадена со цел да ги поттикне потребните разговори, да ги појача клучни гласови и слики од целиот свет кои треба да ги покажуваат СИТЕ жени во вистинското светло. Кога ние ги гледаме жените различно, го гледаме и светот различно!“

    rn(2) Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет (3) Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет (4) Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет (5) Тоа не е фустан: Кампања која ќе го промени начинот на кој ги гледате знаците за женскиот тоалет

  • Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

    Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

    Погледајте околу вас и кажете си во себе дека сте преживеале. Овие зборови треба да ве охрабрат. Но, доколку се растажите, тогаш тоа може да биде знак дека вие сте едни од оние луѓе кои не успеваат да ја спознаат својата внатрешна сила, па токму затоа кај нив преовладува мислата дека се изгубени. За разлика од нив, првата група луѓе никогаш не патат кога ќе доживеат пораз или кога ќе бидат понижени од страна на победници кои зборуваат за нив. Тие можат да си допуштат и по некоја солза, но никогаш не се сожалуваат.rnrnПоучна приказна: Кои се вистинските победници?rnrnТие знаат дека тоа е само мала пауза во борбата и дека тие на само еден момент ја изгубиле предноста. Тие се свесни дека стравот ги одржува нервозни. Но, кога размислуваат за својот живот, тие го разбираат, дури и покрај стравот, во нивната душа постои верба која ги води напред. Тие се трудат да откријат што направиле добро, а што лошо.rnrnОваа пауза која настанала со поразот ја користат за да се одморат, да ги залечат своите рани, да осмислат нова стратегија и подобро да се подготват. А потоа, кога ќе дојде новиот ден, нова борба ќе чукне на нивната врата. Тие сè уште се исплашени, но мора да делуваат или засекогаш да останат да лежат на земја.rnrnТие сепак стануваат и се соочуваат со својот противник, но се сеќаваат на болката која ја претрпеле и не сакаат повторно да ја доживеат. Нивниот претходен пораз значи дека овој пат тие мора да победат бидејќи не сакат да ја преживеат истата болката по втор пат. Но, доколку и овој пат не постигнат победа, тоа ќе го сторат следниот пат. Ако ни тогаш не успеат, тогаш можеби малку подоцна. Важно тие секогаш откако ќе паднат повторно застануваат на своите нозе.rnrnСамо оној кој се откажува е победен. Сите останати се победници!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    Дали некогаш чувствувате дека сте премали за да направите некаква разлика во светот? Размислете подобро. Светот е составен од луѓе како вас самите. Клучно е, што и да ни се случи и колку и да пораснеме, никогаш да не го заборавиме, навидум детскиот и наивен нагон дека можеме да го промениме светот. Всушност, секој може да го промени светот и да го направи подобро место за живеење со помош на својот мал придонес. Еве како.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    1. Со насмевка

    rnВистинско чудо е што сè може да направи една насмевка. Кога ќе му се насмевнете некому неговиот инстинкт му кажува да ви се насмевне и тој вам. Ширете позитивни насмевки и подарувајте ги бесплатно. При секој разговор или невербален контакт, не заборавајте да се насмевнете. Насмевнете му се на денот штом се разбудите наутро, насмевнете му се на градот штом излезете од дома, и при секоја упатена насмевка ќе добивате насмевка за возврат. Насмевнете му се дури и на оној кој се однесува лошо со вас. Размислувајте на ваков начин: зошто да се муртам кога можам да се насмевнам? Насмевката навистина нема да ве чини ни денар, а со неа ќе разведрите многу тмурни денови.rn

    2. Слушајте

    rnСите ние имаме своја приказна која сакаме да ја кажеме, сите ние сакаме да бидеме ислушани и да бидеме сфатени и поддржани. Но, слушањето е техника што не секој може или сака да ја совлада. Заглавени во сопствените суети имаме време само за нашите, некогаш навистина безначајни маки и проблеми. Огромна разлика ќе направите доколку издвоите време вистински да ислушате некого. Вашиот пријател, колешка, мајка, сестра или брат, дури и човек кој ќе го сретнете на улица. На луѓето им треба некој кој ќе ги сослуша и ќе им каже дека не е сè така црно, некој кој ќе ги потсети дека вредат доколку загубиле верба во себе. Навистина, дури и за наше добро, мора да почнеме повеќе да слушаме а помалку да зборуваме.rn

    3. Чистете го нередот позади себе

    rnБуквално, не оставајте неред. Во соба, канцеларија, во двор или на улица. Кога ќе поминете во парк и забележите отпад, фрлете го кај што му е местото, иако не сте вие оние кои го направиле нередот. Засадете цвеќиња во дворот и по терасите и разубавете му го денот на секој кој ќе мине покрај вашата куќа или вашиот стан. Под изговор дека сме презафатени забораваме на важноста на убавиот изглед на нашите дворови, бироа и канцеларии, како и на грижата за околината и природата. Трудете се сегде каде што ќе поминете да оставите впечаток и на секој кој ќе мине низ вашиот простор да му се разубави денот од позитивната енергија, чистотата и светлината на тоа место. Изненадете ја вашата мајка и средете ја кујната за да се одмори кога ќе се врати од работа. Навистина е прекрасно да се биде уреден и за вас, но и за другите околу вас.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    4. Отворете им врата на луѓето

    rnПрво, буквално. Замислете ваква ситуација. Една девојка има навистина ужасен ден, и токму кога е на работ да изгуби верба во човештвото, налетува на вас, и двајцата истовремено сакате да влезете во бутикот, но вие ѝ ја отворате вратата и ја пуштате да влезе пред вас. Без разлика на полот или возраста, отворајте им врата на луѓето. Ете, толку е едноставно. Ќе направите да се чувствуваат важни.rnrnВторо, метафорички. Давајте им можности на луѓето. Кога ќе слушнете за супер работно место веднаш кажете му на вашиот пријател за можноста што ја има. Ако вие можете да помогнете, сторете го тоа. Пружете им рака за помош на луѓето. Можеби не секој ќе ви биде благодарен, но вие ќе знаете дека сте направиле некаков придонес.rn

    5. Бидете тука за луѓето

    rnКога некому му треба помош, помогнете несебично. Без разлика дали станува збор за носење тешки ќеси, товарање на камион, средување на домот и сл. Бидете тука дури и за оние кои не ви се блиски и кои не ги познавате. Не мора да ги знаете двете слатки дечиња кои чекаат на каса веднаш позади вас со сладолед во рака за да им ги платите сладоледите. Едноставно треба да бидете хумани. И кој и да ви рече дека хуманоста е губење време, е огорчен човек кој ни дава, а ниту пак добива љубов.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    6. Редовно велете „ве молам“ и „благодарам“

    rnСамите зборови кажуваат сè, и искрено се магични, само што ние понекогаш ги забораваме. Никој нема обврска да направи ништо за вас, не заборавајте го тоа. Дури и некој кој добива пари за услугата што ви ја прави, може да ја направи лошо. Затоа никогаш не заборавајте да речете „ве молам“ и „благодарам“. Да, тоа важи и кога ќе му речете на вашиот брат да ви донесе чаша со вода.rn

    7. Научете ги имињата на луѓето

    rnКога веќе на второто гледање ќе му се обратите некому по име, вие оставате впечаток дека личноста ви е мила, ви значи штом сте ѝ го запаметиле името и ја/го цените како индивидуа. Без разлика дали е вашиот автомеханичар, продавачката или сосетката, обраќајте им се на луѓето по име, секако, доколку пригодата и односот ви го дозволуваат тоа. Со тоа што ќе се потрудите да ги запомните имињата на луѓето, создавате еден вид блискост меѓу вас.rn

    8. Охрабрувајте ги луѓето

    rnСекако, ова не важи кога очигледно некој губи време на нешто што нема да вроди со плод. Но, секому му е потребно едно едноставно тапкање по рамо и охрабрување. Дајте им до знаење на луѓето дека верувате во нив, дека тие се способни, дури и ако не ви се многу блиски. Сè е возможно и секој кој вложува труд ќе успее. Само што негде попатно може да изгуби надеж и верба во себе. Тука настапуваат другите кои негуваат емпатија за луѓето. Охрабрувајте ги оние кои минуваат низ тешки мигови или се соочуваат со големи предизвици.rn

    9. Давајте, но и добивајте за возврат

    rnПрекрасно е што сте хумани и што сакате да помогнете и безрезервно се вложувате себеси. Не секој го може тоа и затоа сте достојни за восхит. Но некогаш ви е потребно време за себе. Не заборавајте да бидете сами со вашите мисли, не заборавајте на нештата кои ги сакате и ве опуштаат. Не плашете се да побарате помош и поддршка. Никој никогаш не успеал сам. Ако немавме потреба од другите луѓе, сите ние ќе живеевме сами и постојано ќе бевме сами. Да покажете дека ви е потребна помош не значи дека сте слаби, туку доволно јаки да ја признаете вашата потреба и немате проблем со барање услуга бидејќи безброј пати сте ја дале.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    10. Кажувајте „те сакам“ почесто

    rnНема потреба од никаков коментар. Сите ние имаме круг на луѓе кои вистински ги сакаме, но од некој причина забораваме да им кажеме или не им кажуваме доволно често. Не, не зборувам за индиректни постапки кои покажуваат дека ги сакате вашите блиски, туку за кажување во лице – те сакам. Тоа што некој ве сака значи дека ве почитува и му значите. Дека сте незаменлив дел од нечиј живот. Добро е да се слушнат овие зборови одвреме-навреме. Не ги потиснувајте емоциите во себе и кажете им на луѓето како се чувствувате.rn

    11. Бидете свои и вложувајте максимално

    rnНајголем придонес на светот може да му дадете со тоа што ќе бидете свои. На светот му се потребни разлики и шаренила, а не луѓе излезени од ист калап. Бидете свои во однесувањето, зборувањето, движењето, облекувањето. Оставете белег со секој ваш потег. Борете се за своите ставови и држете се до своите принципи и до она во што верувате без разлика што ви кажуваат другите. Засадете нешто од што ќе никне прекрасен плод и допрете до срцата на другите. Не секој го дава најдоброто од себе, но вие правете го тоа и служете им како пример на другите. Вие сте она што сте и нема потреба да се преправате или да се срамите од себеси. Кога секој би ја тргнал својата маска и едноставно би бил свој и искрен, светот би бил подобро место за живеење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање

    Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање

    „Од утре почнувам со вежбање,“ „Неделава ќе врне, ќе почекам подобро време,“ „Ми се јави другар/ка ми за на кафе, нема да имам време за вежбање денес…“ – ова се само неколку од секојдневните оправдувања со кои се „вадат“ поголемиот дел од оние кои се убедуваат себеси да почнат со вежбање.rnrnНе е тајна дека вежбањето не ни е секогаш омилениот дел од минатото. Но, сепак сите ние знаеме дека од него имаме само придобивки. Најтешкиот дел е одлуката да се започне од почеток. Пронајдете ја вашата внатрешна сила и решителност преку овие мотивациски цитати кои се наменети да ви помогнат при одлуката конечно да започнете со вежбање.rnrnМотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбањеrn
    rn

    „Вчера рече утре.“ – Најк

    rn

    „Без разлика колку споро се движиш, сепак си побрз од оние кои седат на каучот.“ – непознат автор

    rn

    „Човекот сам си ги поставува ограничувањата, не прави го тоа.“ – Ентони Бејли

    rn

    „Болката е привремена. Откажувањето трае цел живот.“ – Ланс Армстронг

    rn

    „Линијата на финишот е само почеток на нова трка.“ – непознат автор

    rn

    „Трчањето е најголемата метафора за животот, бидејќи од него го добиваш она што во него си го вложил.“ – Опра Винфри

    rn

    „Единствениот хендикеп во животот е лошиот став.“ – Скот Хамилтон

    rnМотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбањеrn
    rn

    „Не станува збор за тоа дали ќе те соборат, туку за тоа дали потоа ќе станеш.“ – Винс Ломбарди

    rn

    „Не постои такво нешто како лошо време, само слаби луѓе.“ – Бил Бауермен

    rn

    „Страст е кога нема никој околу мене, кога сме само јас и патот и самиот се бодрам себеси да продолжам.“ – Рајан Шеј

    rn

    „Вежбај! Немаш време да НЕ го правиш тоа.“ – непознат автор

    rn

    „Трчањето е 80% психичка работа.“ – Џоан Беноа Семјуелсон

    rn

    „Никој, никогаш не се удавил во пот.“ – непознат автор

    rn

    „Опседнатост е само збор кој мрзливите го употребуваат за да ги опишат посветените.“ – Расел Ворен


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изнудете насмевка на туѓите лица

    Изнудете насмевка на туѓите лица

    Не чекајте да ви се насмевнат луѓето. Покажете им вие како се прави тоа. Направете со некој што случајно ќе го запознаете искрен муабет од срце, дајте му комплимент, не очекувајте дека ќе биде незгодно. Бидете вие, на вашиот уникатен убав начин и дајте му шанса да се поврзе со вас и да изнудите насмевка на неговото лице. Сетете се, и вашиот најдобар пријател, некогаш ви бил непознат. Курт Вонегут рекол:rn
    rn

    „Сакајте ги сите кои се наоколу за да бидат сакани.“

    rnЕве неколку идеи:rnrnИзнудете насмевка на туѓите лицаrnrn1. Смејте се почесто.rnrn2. Задржете ја вратата отворена за да помине оној зад/пред вас.rnrn3. Пуштете го купувачот во брзање пред вас во редот на касата.rnrn4. Заблагодарете се, на писмено.rnrn5. Донирајте ги вашите алишта кои не ви требаат повеќе.rnrn6. Дајте му комплимент на келнерот/келнерката, продавачот во маркетот или бутикот.rnrn7. Оставете позитивни пораки на лепливи ливчиња во книгите позајмени од библиотека.rnrn8. Помогнете му на постар човек за нешто.rnrn9. Изненадете некого со цвеќе.rnrn10. Бидете љубезен возач. Дозволете некогаш да се „протнат“ пред вас.rnrn11. Давајте крв.rnrn12. Купете украси за домот на вашите блиски соседи.rnrn13. Пратете писмо со благодарност до колегата или пријателот што ви помогнал.rnrn14. Поделете ја вашата ужина со некој што не понел ништо.rnrn15. Исконтактирајте со некој што знаете дека се чувствува осамено во последно време.rnrn16. Донесете колачи за колегите на работа без причина.rnrn17. Оставете му бакшиш на келнерот.rnrn18. Бидете дел од нешто во што верувате. Раширете го вашиот ентузијазам околу вас.rnrn19. Ослободете столче за некој друг, во автобусот, на клупата, на домашната забава…rnrn20. Мафнете му на детето што се вози во автомобилот до вас.rnrn21. Раширете некоја добра вест.rnrn22. Кажете нешто убаво што сте чуле, на некој друг.rnrn23. Трудете се да ги запомните правилно имињата на луѓето што ги запознавате.rnrn24. Секогаш кога ќе воспоставите контакт со очи, пружете и насмевка.rnrn25. Наполнете го печатачот со хартија, откако ќе завршите работа.rnrn26. Кога врне, поканете некој незаштитен минувач под вашиот чадор.rnrn27. Слушајте внимателно кога другите ви ги раскажуваат своите приказни.rnrn28. Охрабрете некој што има некаков животен сон.rnrn29. Прашајте некого што ретко го среќавате да ви раскаже за неговите успеси во последно време.rnrnrn30. Направете нешто малку плус, за да му помогнете многу на некој друг.rnrn31. Давајте без да очекувате нешто за возврат.rnrn32. Кажувајте „те молам“ и „благодарам“.rnrn33. Опростувајте.rnrn34. Верувајте во себеси со цело срце. Луѓето ќе го забележат тоа.rnrn35. Немојте постојано да бидете сериозни. Насмевнувајте се.rnrn36. Користете го секој контакт со луѓето за да направите нешто добро и за вас и за нив.rnrn37. Кажувајте ја вистината.rnrn38. Помогнете му на некој да стане независен.rnrn39. Давајте им простор на луѓето околу вас.rnrn40. Охрабрете некого што неодамна доживеал неуспех.rnrn41. Кажете им на луѓето кога ќе завршат некоја добра работа.rnrn42. Кажете виц.rnrn43. Расчистувајте си зад себе, по јадење, по користење на тоалетот, откако ќе станете од спиење…rnrn44. Помогнете му на возачот на автомобилот со дупната гума на автопатот.rnrn45. Научете некого некоја вештина која вие ја поседувате.rnrn46. Помогнете му на некој да стане активен. На пример, вашиот пријател сака да ослабе, но му треба вашиот поттик (друштво) за одење во теретана.rnrn47. Појдете во домашна посета со топол чај кај некој за кој сте разбрале дека е болен.rnrn48. Одбранете гласно некој на кого му е потребна поддршка. Засегнете се за туѓите потреби.rnrnrn49. Направете фотографија од љубовниот пар кој сам се обидува да го стори тоа.rnrnrn50. Бидете достапни и пристапни за луѓето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.