Имате соседи кои постојано ви ѕиркаат во куќата и ви прават проблеми? Не сте единствени. Соседите-шпиони се, за жал, честа појава, но и со нив може да се излезе на крај.rnrn
rnrnСите би требало да имаме мир во својот дом. Тоа е нашето место за релаксација и сè што сакаме, по работните обврски, е мирно да уживаме во домот или во дворот. Но, понекогаш нашиот мир го нарушува непримерното однесување на некои наши соседи. Со овие неколку совети ќе може да ги „превоспитате“ соседите, а постои лек дури и за „тврдите ореви“.rn
„Тивка“ борба
rnАко соседите имаат навика често да ѕиркаат во вашиот двор, па и во домот, размислете за „жива“ ограда. Засадете високи брзорастечки џбунови или зелена ограда (постојат дури и убави вештачки украсни огради). Кога ќе им го блокирате погледот можеби ќе се откажат од таквото однесување.rnrnИ следниот пат кога ќе ги фатите како ѕиркаат во вашиот двор, спуштете ги ролетните, ставете завеси, заштитете се од несаканите подѕирнувања во вашата приватност. На некои од нив им е само досадно, а вие изгледа сте им навистина забавни, како во серија. Мора да им дадете на знаење дека вие нема да бидете само уште една епизода од серијата што тие сакаат да ја гледаат.rnrnИгнорирањето исто така може да биде ефикасно, ако издржите. Можеби влегуваат непоканети во дворот или куќата? Најдете банални изговори или едноставно замолете ги да дојдат подоцна и затворете ја вратата. Ако премногу „душкаат“ или се распрашуваат игнорирајте ги и завртете ја приказната на „другата воденица“ или пак, само свртете се и продолжете си со работата во градината.rnrn
rn
Запознавање и смешкање
rnАко забележите дека некој директно гледа во вашиот двор, без и малку обѕир, мавнете му со раката и испратете му поздрав полн со насмевки. На некои што сакаат само „тивка“ шпионажа тоа може да им стане многу незгодно.rnrnИсто така, кај овој вид соседи постои и друга страна на приказната. Постои можност и да грешите. Можеби станува збор за осамени луѓе, желни за внимание и дружење или тие едноставно сакаат да ви помогнат. Затоа прво запознајте ги, па потоа судете ги.rnrn
rn
Последни мерки
rnСо соседите не треба директно да се судирате и да се карате, ама кога следниот пат ќе видите како ви ѕиркаат во дворот, слободно прашајте ги дали има некој проблем или им треба нешто. Гледајте ги директно во очите, заземете став и дајте им до знаење дека вам ви е многу важна вашата приватност.rnrnПоследната мерка која можете да ја преземете е да повикате полиција и тоа кога ќе забележите дека ви шетаат низ дворот во текот на ноќта, или чепкаат по вашите работи.rnrnНо, секако, секогаш прво пробајте некоја од гореспоменатите тактики.rnrnАко сакате да видите и како изгледаат љубопитните соседи од страна, ова куче ќе ви покаже.

Трој таму открил чудна структура на стеблото на едно дрво. Таа изгледа како некаков вид кула од јајца опкружена со заштитна бариера (2 сантиметри во дијаметар) која неверојатно многу наликува на ограда од колци. Тој се сомнева дека се работи за некој вид пајак кој ги положува јајцата во основата на конусовидната кула, кои се искачуваат по неа и безбедно одлетуваат со свилените падобрани, притоа постојано заштитени со ограда. Трој ја забележал необичната структура на неколку дрвја.rnrnНо, она што е пофасцинантно е фактот што никој не знае кој точно е одговорен за оваа градба ниту пак за што точно таа служи. И покрај тоа што фотографиите станаа хит на интернет, а биле проучувани и од голем број професори и специјалисти во оваа област, сè уште никој не успеал да ја реши мистеријата. Ова нè наведува да помислиме дека можеби Трој открил нов вид. Вие што мислите?
rnrn rnrn
Аквариумот изобилува со голем број риби од повеќе видови кои се фатени во Егејското море. Најтешка задача при градењето на оваа импресивна ограда, бил системот на поврзување на аквариумот со морето, за рибите постојано да имаат свежа морска вода. За ова задоволство турскиот бизнисмен одвоил 21.000 американски долари, а аквариумот е постојано надгледуван преку 17 безбедносни камери.
rn
Џон Бојн е роден во Даблин, Ирска и има студирано англиска литература на Тринити колеџ. Започнал со пишување на кратки раскази, кои до денес имаат достигнато завидна бројка од околу 70 и има напишано 12 новели меѓу кои 4 наменети за помладата публика.rnrnВо 2006 година излегува „Момчето во пижами на риги“ којашто го сместува во рангот на најценетите автори и воедно најнаградувани. Книгата има добиено две ирски награди, бројни интернационални награди, помина неверојатни 80 недели како број 1 книга во Ирска освојувајќи го исто така и врвот на листата на Њујорк Тајмс Бестселери. „Момчето во пижами на риги“ две години (2007 и 2008) по ред е најпродавана книга во Шпанија, а во светски рамки достигнува продажба од над 5 милиони копии. Преведена е на 46 јазици, а во 2008 година излезе и филмската адаптација на книгата во продукција на Мирамакс.
rn

rnrnИмајќи го тоа на ум, погледнете го наредново видео каде што едно неодоливо куче се обидува да помине низ ограда со малку подолга гранка во неговата уста. Веруваме дека ова е најголемиот, а можеби и единствениот проблем со кој секое куче постојано се соочува…rnrnrnrn














Според неколку извори, вакви места на кои се прикачуваат катанци постојат подолго време, но нема точна информација од каде започнало сето ова. Во Европа, љубовните катанци започнаа да се појавуваат на почетокот на овој милениум. Најпрво тие се појавија во Рим, на мостот „Ponte Milvio“, но тоа е благодарение на книгата „I Want You“ од италијанскиот автор Федерико Моча, за кој потоа се направи и филмска адаптација.
Пред некоја година, властите во Германија се заканиле дека ќе ги отстранат катанците од мостот, но сепак на крајот попуштиле под притисокот од граѓаните.
Сличен мост постои и во соседна Србија во местото Врањачка Бања, каде што се тврди дека љубовните катанци започнале да се прикачуваат уште од Првата Светска војна. Приказната вели дека имало некоја учителка по име Нада, од Врањачка Бања, која се заљубила во српскиот офицер Реља. Откако се вериле, тој заминал во војна во Грција. Таму после извесно време запознал некоја жена од островот Крф, во која се заљубил и ја раскинал веридбата со Нада. Таа никогаш не се опоравила од ова и по извесно време починала како резултат на неостварената љубов. После тоа, младите девојки од ова гратче, сакајќи да си ги заштитат своите љубени, почнале да ги запишуваат нивните имиња на катанци и истите ги заклучувале на мостот каде што Нада и Реља порано често се сретнувале. 

rn