Секоја солза изгледа различно и токму тоа фотографката Роуз-Лин Фишер успеала да ни го покаже со огромни детали. Како дел од нејзиниот нов проект наречен „Топографија на солзите“, таа со помош на микроскоп ни покажува една неочекувана перспектива на познатите човечки солзи.rnrnСолза предизвикана од вечно обединувањеrnrnПред околу 5 години таа имала операција на колкот каде што можела од многу блиску да види дел од коската и токму тогаш сфатила дека всушност сѐ што гледаме во нашите животи е само мал дел од она што постои. И веднаш потоа се запрашала како би изгледале солзите одблизу… Токму затоа таа уловила една своја солза, ја исушила и ја погледнала низ обичен светлосен микроскоп.rnrn
„Беше многу интересно. Изгледаше како поглед од многу високо, исто како да гледате пејзажи од авион,“ вели таа. „Со тек на време почнав да се запрашувам дали солзите од тага и солзите радосници би изгледале различно? И какви би биле тие во однос на солзите кои се предизвикани од кромид?“
rnСолза предизвикана од променаrnrnНаучно гледано, според потеклото солзите се поделени во 3 различни типови. Од една страна имаме солзи кои се поттикнати од екстремни емоции, како оние кои настануваат од тага или радост. Потоа основни солзи, кои постојано се испуштаат во мали количини со цел да се одржува окото влажно. И на крај, третата категорија ја сочинуваат рефлексните солзи кои настануваат како одговор на иритирачка дразба, како прашината, кромидот и слично.rnrnСолза предизвикана од почеток и крај на нештоrnrnСите солзи содржат различни видови биолошки супстанци (масла, антитела, ензими…) кои се задржани во солена вода, но како што Фишер забележала, солзите од различни категории се составени од различни молекули и токму затоа тие изгледаат толку различно одблизу. Неверојатно, се согласувате?rnrnСолза предизвикана од лупење кромидrnrnСолза предизвикана од тагаrnrnСолза предизвикана од радостrnrnОсновна солзаrnrn rnrn
Основачот на Институтот за многу загрозени и ретки видови (T.I.G.E.R.S.) и тренер на егзотични животни д-р Багаван Антл секојдневно добива уникатна можност да се најде лице в лице со голем број бенгалски тигри. Како резултат од неговиот директен контакт со нив, тој развил прекрасна фотосерија со портрети од овие моќни животни фатени екстремно одблизу.rnrnrnrnОвој институт кој се наоѓа во Јужна Каролина промовира едукација и заштита на дивите животни ширум светот. Работата на д-р Антл ги истакнува сличностите и разликите помеѓу уникатните видови. Неговите фотографии овозможуваат да се почувствува доминантното присуство на овие прекрасни суштества. Тој успеал да ги прикаже и природната моќ која избива од нивните лица, но и нивната ранливост на патот кон нивното исчезнување.rnrn
Веќе сте запознаени со неверојатниот артист кој работи со минијатурни макети, Мајкл Пол Смит. Овој пат креирал нова многу интересна серија фотографии, кои ги илустрираат автомобилските модели од 50-тите години на минатиот век. Фотографиите повторно се направени во неговиот непостоечки американски град Елгин Парк, кој тој самиот го има измислено.rnrnrnrnФотографот Мајкл Пол Смит се служи со паметен трик – создава вештачка перспектива ставајќи малечки возила во средина со реална големина. Благодарение на неговото посветување на секој детаљ и внимателното фотографирање одблизу, минијатурните коли совршено се вклопуваат во позадината. Тој ги прикажува фотографиите направени одблизу и оддалеку, за да ни прикаже како ја создал илузијата.rnrnrnrn rnrn
Кога првите снегулки почнуваат да паѓаат и да ја покриваат земјата, првото нешто што ни доаѓа на памет е да влеземе внатре и да им се восхитуваме од затоплениот дом. Но, Андреј Осокин, фотограф од Москва, во тие моменти добива желба за фотографирање. Оди по московските улици, лази по нив и ја бара снегулката која е наместена доволно добро за да му ја покаже својата сложена и совршена геометриска форма. Кога ќе успее да ја фати со својот објектив пред да се стопи, добива извонреден резултат како на овие фотографии.rnrn
Се сеќавате на ерменскиот фотограф, професор по физика, математика и астрономија Suren Manvelyan, кој ги „позајмил“ очите на неговите пријатели, колеги и ученици за да направи фантастични макро фотографии, кои ја претставуваат комплексната структура на човековото око? Кога ја направил таа серија т.н. „Твоите убави очи“ тој не помислувал дека ќе види нешто толку магично. Импресиониран од фантастичните резултати, тој решил да не застане тука.rnrnЦрн зајакrnrnНеговата нова фотографска серија т.н. „Животински очи“ покажува зачудувачки диверзитет на бои и различна структура на окото кај секое животно, што од своја страна, ги доведува набљудувачите да се запрашаат за начинот на кој тие го гледаат и перцепираат светот околу себе. Според изгледот на окото, на некој начин, ни изгледа како да можеме да го одредиме карактерот на секое животно. Ова е уште едно фантастично ремек-дело на Suren Manvelyan. Се надеваме дека овој уметник, и понатаму ќе не изненадува со неговите волшебни фотографии. 🙂 Уживајте!rnrnТигрест питон (албино) rnrnТигрест питон rnrnКајман, вид рептилrnrnЛево око на куче од расата хаскаrnrnДесно око на куче од расата хаскаrnrnОко на рибаrnrnСијамска мачкаrnrnСин ракrnrnХиенаrnrnКоњrnrnИгуана rnrnПолжавrnrnПовторно око на риба rnrnКрокодилrnrnСтерлет, вид кечигова рибаrn