КАФЕ ПАУЗА

Tag: обиди

  • На што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?

    На што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?

    Со почетокот на секоја нова година, си ветуваме дека ќе се подобриме и ќе смениме некои навики. Но, астрологијата открива на што не треба да трошите енергија овој месец.rnrnНа што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?rn

    Овен

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да направите некој друг горд наместо да се фокусирате на она што вие лично сакате да го направите.rn

    Бик

    rnНе трошете енергија за да допрете до некои личности кои се заинтересирани да разговараат со вас само кога им одговара.rn

    Близнаци

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да се вклопите во толпата луѓе кои ве третирале многу лошо во минатото.rn

    Рак

    rnНе трошете енергија обидивајќи се да ги промените токсичните луѓе кои одбиваат да го слушаат разумот.rn

    Лав

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да ги разберете негативните луѓе кои се исполнети со толку многу омраза.rn

    Девица

    rnНе трошете енергија на луѓе кои се расправаат со вас за секое ваше мислење.rn

    Вага

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да изгледате совршено однадвор за да ги импресионирате луѓето кои се плитки и површни.rn

    Скорпија

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да ги промените работите што не можете да ги контролирате и научете да ги прифаќате.rn

    Стрелец

    rnНе трошете енергија на луѓе кои не се подготвени да трошат енергија на вас.rn

    Јарец

    rnНе трошете енергија на правење споредби помеѓу себе и она што другите луѓе на ваша возраст го постигнале.rn

    Водолија

    rnНе трошете енергија на премолчување на вистината само за другите да се чувствуваат удобно.rn

    Риби

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да го претставите вашиот живот да изгледа совршено на социјалните мрежи.rnrnПрочитајте ја пораката за 2021 година за секој хороскопски знак.

  • Мачка што умее да се коцка

    Мачка што умее да се коцка

    Мачката што ќе ја видите на видеото се вика Фрида Кало, а нејзе ја чува семејство од Берлин, Германија. Таа одлично се снаоѓа во една од најстарите улични коцкарски игри, каде што треба да погодите под кое кутивче од ќибрит се наоѓа топчето. Тука наместо вакви кутичиња се употребени јатки од ореви, а мачката погодува два пати од три обиди.Мачка што умее да се коцкаМожеби треба да си ја проба среќата во Лас Вегас?rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 победнички навики на успешните

    5 победнички навики на успешните

    Успешните луѓе се навистина фасцинантни. Наместо да им се завидува, од нив треба да се учат здрави победнички навики. Тие треба да се набљудуваат и анализираат и да се црпи најкорисното од нив. Еве неколку од нивните победнички тактики.5 победнички навики на успешните

    rnrn

    Имајте крајна цел

    rnДали се чувствувате изгубени кога правите нешто, а не знаете каде тоа ве носи? Луѓето кои постигнуваат успеси на сите полиња, секогаш ја имаат целта во глава. Тие знаат што сакаат и се посветуваат целосно кон остварување на замисленото. Кога имате поставено цел, имате и на што да се фокусирате. Доколку немате цел, секогаш ќе талкате наоколу, чувствувајќи се изгубено. Секогаш имајте на ум што треба да правите, така ќе си помогнете полесно да стигнете таму.rn.rn

    Имајте причина

    rnИмањето крајна цел е само еден мал сегмент од целата приказна. Победниците секогаш имаат причина зад нивните намери. „Патувањето“ кон вашата цел е полно со препреки. Повеќето луѓе се откажуваат на половина пат затоа што немаат конкретна причина за она што го прават. Како и да е, оние кои имаат силни причини, имаат и поголеми шанси да ги „прерипаат“ препреките. Веројатноста да се откажете е многу поголема доколку немате причини за она што го правите. Како на пример, доколку имате за цел да изгубите 10 килограми од вашата тежина, знаете дека оваа задача нема да ви биде воопшто лесна. Но, доколку си речете дека без тие 10 килограми ќе изгледате фантастично за време на свадбата на која ќе присуствувате, задачата е веќе на повисоко нив и вие влегувате мотивирани и фокусирани.rn5 победнички навики на успешнитеrn

    Детално планирање на времето

    rnВремето е еден од најважните ресурси. Можете да трошите пари, а потоа да успеете да најдете начин како да ги вратите назад, но за времето тоа е невозможно. Морате да бидете претпазливи како го трошите. Доколку сакате да си ги  исполните целите, сигурно поголемиот дел од денот не треба да го потрошите гледајќи телевизија или дружејќи се со пријателите.rnrnВодете бележник за секој саат од денот. Ова во денешно време можете да го правите со многуте апликации, кои можете да ги користите онлајн или на вашиот мобилен телефон. Доколку сте решени навистина да успеете, посветете се на поважните обврски, наместо да се опуштите.rn.rn

    Имајте поддржувачи

    rnСекогаш е полесно да се откажеш кога си сам. Соберете или формирајте поддржувачка група која ќе ви помогне на патот до успехот. За да креирате ваква група, потребно ќе ви биде да најдете истомисленици кои сакаат да постигнат слични цели на вашите. Групата обидете се да биде помала, од двајца до максимум шест луѓе, кои морате да ги одбирате внимателно. Одберете луѓе кои се позитивни, ориентирани кон успехот и со слични ставови.rnrn5 победнички навики на успешнитеrn

    Обидувајте се повторно и покрај падовите

    rnТешко е да се погоди метата од прва. Затоа вистинските победници  никогаш не се откажуваат. Има многу нешта кои не ги знаеме во животот, па грешките ни помагаат да научиме нешто ново. Имајте на ум дека секогаш можете да научите побрзо, доколку се обидувате почесто во краток временски период, а притоа не успевате да постигнете успех. Со побавно реагирање, учењето е со побавно темпо. Кога преземате нешто побрзо, учите забрзано и почнувате да разбирате кои работи функционираат, а кои не.rnrnЗа време на процесот на учење можеби ќе се соочите со многу фрустрации. Како и да е, никогаш не  откажувајте се. Секогаш обидувајте се со нови идеи кои сте ги создале за време на целиот процес. Нема краток пат низ овој процес.rn5 победнички навики на успешнитеИсто така, можете да најмите и ментор или тренер. Без разлика дали целта ви е да ослабете или да отворите компанија за профит, неговото искуство ќе ви биде добредојдено на патот кон постигнување на целта. Бидејќи тие сигурно веќе го поминале тој пат, ќе работат со вас и ќе ви помагаат заедно да ги пребродите предизвиците.rn