КАФЕ ПАУЗА

Tag: ново

  • 10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

    10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

    Образованието е нешто што не престанува бидејќи е практично невозможно да дојдете до точка кога знаете сè што вреди да се знае. Желбата за едукација, но и за откривање интересни историски факти е водечката идеја на една заедница на Редит. Нејзиното име е „Денес научив“ (Today I learned) и собира љубопитни луѓе кои сакаат да научат нешто ново секој ден. Во продолжение ќе прочитате 10 интересни факти што ги има таму.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Daniel Cotrim (@odanielcotrim)

    rnrn

    rnrnrn1. Проноја е спротивно на параноја. Додека параноичните луѓе мислат дека сè е против нив, оние што се проноидни веруваат дека другите луѓе се договараат зад нивниот грб како да им помогнат.rnrn2. Познатата слика „Крик“ на Едвард Мунк е насликана на картон.rnrn3. За време на преговорите помеѓу лидерите на САД и Советскиот сојуз во текот на 80-тите години, тогашните претседатели, Роналд Реган и Михаил Горбачов, се договориле да ја паузираат Студената војна во случај на инвазија на вонземјани.rnrn4. Истражувачите од „Харвард“ откриле дека луѓето кои немаат пријатели имаат ист ризик од предвремена смрт како и пушачите.rnrn5. Алберт Геринг, брат на познатиот нацист Херман Геринг, бил голем противник на политиката на Хитлеровата партија. Тој постојано им помагал на неистомислениците и на Евреите прогонувани од страна на режимот, а понекогаш го фалсификувал потписот на својот брат за да им дозволи безбедно да ја напуштат земјата.rnrn6. Џонатан Свифт, авторот на „Гуливеровите патувања“, страдал од тешка форма на депресија и секоја година на својот роденден го проколнувал своето доаѓање на овој свет така што бил облечен во црно.rnrn7. Една од причините зошто корсетите излегле од мода на почетокот на 20-тиот век бил фактот што за време на Првата светска војна, американските власти побарале од своите граѓани да се воздржат од купување за да остане повеќе метал за воената индустрија.rnrn8. Во едно истражување од 2012 година, лекарите ширум светот ја избрале анестезијата како најважно медицинско откритие, пред антибиотиците и рендгенот.rnrn9. Мравките спијат околу 250 пати на ден по една минута, што значи дека спијат нешто повеќе од 4 часа вкупно. На овој начин, 80% од мравките на една колонија се будни во секое време.rnrn10. Мислењето дека кафето и чајот може да ве дехидрираат е погрешно. Вистина е дека овие пијалаци се слаби диуретици, т.е. го стимулираат уринирањето, но оваа загуба на течности од вашиот организам е надоместена со дополнителната течност што ја внесувате кога пиете кафе или чај.rnrnПрочитајте ги и овие 10 факти што звучат неверојатно.

  • 11 необични видови храна што се појавија оваа година

    11 необични видови храна што се појавија оваа година

    Без разлика како изгледа вашата листа за купување, на неа сигурно не се наоѓа розов леб. Но секоја година се појавува нова и почудна храна по супермаркетите, и оваа година не е исклучок. Погледнете некои од најчудните видови храна што се појавија оваа година.rn

    1. Сладолед од мајонез

    rn11 необични видови храна што се појавија оваа годинаrnrnУште од 1920-та, компанијата Hellmann’s произведува мајонез и е горда на својот рецепт. Оваа година компанијата го пушти во продажба нивниот сладолед од мајонез. Навистина е тешко да се замисли вкусот, но според описот станува збор за кремаст вкус на јајце. Компанијата исто така објави и рецепт за чоколадна торта со мајонез.rn

    2. Кафе од печурки

    rn11 необични видови храна што се појавија оваа годинаrnrnКомпанијата што го произведува ова кафе, Four Sigmatic, тврди дека кафето ќе ви даде енергија, моќ и ќе го зајакне вашиот имунитет. Најдобро е да го пиете овој пијалак наутро или пред вежбање. Оние кои го пробале кафето изјавиле дека повеќе има вкус на чај и кафе, а не на печурки. Луѓето со низок крвен притисок треба да бидат внимателни со пијалакот. Не се препорачува самите да го подготвувате бидејќи печурките што се користат можат да бидат опасни по здравјето.rn

    3. Цветови како зачини

    rn11 необични видови храна што се појавија оваа годинаrnrnНекои цветови не само што изгледаат добро, туку и имаат одличен вкус. Денес можете да најдете исушени цветови што можете да ги додадете како декорација на секое јадење. Најпопуларните цветови за јадење се од лаванда, хибискус, роза, портокал и праска.rn

    4. Розов леб

    rn11 необични видови храна што се појавија оваа годинаrnrnОвој продукт ќе им се допадне на луѓето кои навистина се грижат за нивното здравје. Необичната боја е добиена поради цвеклото во лебот. Цвеклото има антивоспалителни својства и антиоксиданси, го намалува крвниот притисок и ја зголемува издржливоста.rn

    5. Ги путер

    rn11 необични видови храна што се појавија оваа годинаrnrnРастопениот путер што е навистина популарен во Јужна Африка конечно го најде своето место на глобалниот пазар и можеби ќе го замени обичниот. Ги путерот ја подобрува работата на дигестивниот систем. За разлика од другите видови путер, не станува токсичен кога е изложен на висока температура.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Што треба да проба вашиот хороскопски знак во 2018-та година?

    Што треба да проба вашиот хороскопски знак во 2018-та година?

    Секој знак е посебен и има свои одредени карактеристики. Овенот и Рибата нема да ги усреќат исти работи, но доколку ги набљудуваме поединечно, можеме да дознаеме многу за секој од нив. Во продолжение прочитајте ги предлозите што секој хороскопски знак би требало задолжително да ги направи во текот на оваа година со цел да има поисполнет живот.rnrn1-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Овен – Искачување

    rnОвенот е полн со енергија и мора да најде начин продуктивно да ја потроши. Имајќи го тоа на ум, добро хоби за Овните е искачувањето.rn

    Бик – Изработка на албум

    rnБиковите се вечно врзани за своите спомени и за минатото, па затоа и ќе пронајдат големо задоволство при изработка на различни албуми, односно споменари.rn

    Близнаци – Подготвување колачи

    rnБлизнаците обожаваат да подготвуваат колачи, па доколку сте родени во овој хороскопски знак и не печете колачи во слободно време, тогаш 2018-та е годината кога треба конечно да почнете.rnrn3-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Рак – Пишување песни

    rnНа Раковите им е потребно време за себе. Во тие моменти се преселуваат во свој свет во кој целосно уживаат. Во 2018-та година посветете се на пишувањето песни, за да поминете поквалитетно време додека сте сами со себе.rn

    Лав – Фотографирање

    rnЛавовите се ентузијасти и многу активни. Ним им е потребен простор за изразување, а фотографиите се еден од нивните највпечатливи заштитни знаци.rn

    Девица – Волонтирање

    rnДевиците ја обожаваат природата, па затоа и времето кое го поминуваат надвор ги исполнува. Доколку би пронашле начин да волонтираат во природа, без сомнение би биле пресреќни.rnrn3-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Вага – Планинарење

    rnВагите се во постојана потрага по хармонија. А, каде би можело да се пронајде поголема рамнотежа од онаа во убавините на природата? Знаете што треба да правите оваа година…rn

    Скорпија – Трчање

    rnСкорпиите се многу одлучни и тешко го губат фокусот од својата цел. Токму затоа и трчањето е идеална активност во која може да се почувствуваат посилни и да имаат целосна контрола над сето она што ќе го дофатат.rn

    Стрелец – Друштвени игри

    rnСтрелците се динамични и сакаат да бидат опкружени каде што постојано нешто се случува. Друштвените игри би ги смириле, но би им ја дале и потребната динамика.rnrn4-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Јарец – Јога

    rnЈарците се често нервозни и лесно се нервираат, па реагираат избрзано. Јогата би била идеален вентил за нив што би им помогнал да се опуштат и да го вратат посакуваниот внатрешен мир.rn

    Водолија – Грнчарство

    rnВодолијата во 2018-та година треба да се посвети на правење различни предмети од глина. Нема подобар начин да си ја смири душата.rn

    Риби – Градинарство

    rnРибите сакаат да работат многу различни работи, а многу им е лесно да ги усогласат сите одеднаш. Токму затоа градинарството е одлично хоби за нив, па нека ја дочекаат пролетта со нови производи за ова хоби и штом се затопли, веднаш можат да се впуштат во уште една забавна авантура.rnrnДознајте кои се најважните работи кои го очекуваат вашиот хороскопски знак во 2018-та година.

  • Применувањето на овие 5 работи ќе ви го зголеми нивото на интелигенција

    Применувањето на овие 5 работи ќе ви го зголеми нивото на интелигенција

    И додека гените си играат своја улога во сечие оформување како личност, интелигенцијата е нешто кое може константно да се подобрува. Со постојано работење на себе и применување на одредени техники, луѓето можат да го вежбаат својот мозок и да го подигнат нивото на интелигенција кое го имаат. Сѐ што е потребно е да почнете да ги применувате следниве 5 работи.rnrnrn

    1. Излезете од својата удобна зона

    rnНовото е подобро и повозбудливо. Излезете од својата удобна зона и обидете се со нешто што е целосно непознато за вас. Наместо да се плашите и да се заштитувате од она кое не го знаете, отворете го својот ум за нови нешта, луѓе и искуства. Тие ќе ве направат многу побогати и ќе придонесат за ширење на вашите гледишта. Нова перспектива на гледање на работите е некогаш токму она што ви е потребно.rn

    2. Предизвикувајте се

    rnМногу луѓе мислат дека не се способни да направат нешто сѐ додека не се обидат и не увидат дека сепак можат. Токму затоа постојаните предизвици сѐ од голема корист. Единствен начин да го победите стравот е да се предизвикате себеси да го направите она од кое се плашите. На овој начин ќе ја победите несигурноста која ја чувствувате, ќе ја подигнете самодовербата и ќе му дадете до знаење на вашиот ум дека е способен за многу повеќе.rn

    3. Бидете креативни во размислувањето

    rnИ ова секако се однесува на фактот дека луѓето скоро секогаш играат на сигурна карта. Тоа што го знаат го прават на начинот кој го знаат и не се обидуваат да ризикуваат така што ќе размислуваат надвор од тие рамки. Но креативното и различно размислување носи многу придобивки со себе, а една од нив е таа што го развивате мозокот и го учите да размислува во повеќе насоки, што носи поголема продуктивност, успех и задоволство.rn

    4. Одберете го потешкиот пат

    rnПолесниот пат не е секогаш најдоброто решение за пристап кон некоја проблематика. Иако понекогаш е поважно брзо и лесно да ги завршите работите, почесто е од многу поголемо значење да се помачите и во тој процес да научите нешто повеќе. Кога ќе се предизвикате себеси да завршите нешто на поинаков и посложен начин од другите, вие ги тренирате своите умствени способности и ја подигнувате интелигенцијата на следното ниво.rn

    5. Користете ја мрежата на познанства

    rnЛуѓето кои имаат различни познанства се разликуваат од оние кои немаат по тоа што кога ќе заглават некаде, тие знаат кого да побараат да им помогне. Комуникацијата со луѓе кои ќе можат да ви покажат во која насока да одите кога вие самите не можете да ја најдете таа насока е од големо значење. Ќе научите нешто повеќе, ќе добиете искуство поинакво од она на кое сте научени и најважно од сѐ, ќе создадете мрежа на луѓе кои ќе ви се најдат кога ви е тоа потребно.rnrn(2)-primenuvanjeto-na-ovie-5-raboti-kje-vi-go-zgolemi-nivoto-na-inteligencija-kafepauza.mkrnrnКонстантното и сигурното многу брзо досадуваат. Новото и различното, од друга страна, секогаш носат со себе некоја авантура. А зошто, кога можете, не би ја споиле авантурата со знаењето, на тој начин станувајќи малку поинтелигентни секој ден?

  • Работи кои можете да ги купите на старо за да заштедите пари

    Работи кои можете да ги купите на старо за да заштедите пари

    И предметите кои некој веќе ги употребувал можат да бидат употребливи уште долго време, а се наоѓаат за многу пониска цена. Секако, потребно е да бидат исправни, да изгледаат како нови, да имаат останато уште доста од својот век на траење и можеби тоа да биде нешто кое нема да го користите многу често. Такви предмети е подобро да се купат на старо отколку нови поради односот помеѓу парите што ги плаќате и вредноста што ја добивате за тие пари. Такви предмети би можеле да бидат некои од овие што следуваат.rnrnРаботи кои можете да ги купите на старо за да заштедите париrn

    Книги

    rnРетко кога една книга е прочитана повеќе од еднаш. Дури и ако поминала низ многу раце претходно, доволно е да не е искината за да можете и вие да ја читате. Страсните читатели на ваков начин можат да заштедат многу пари.rn

    Велосипед

    rnЗа цената на нов неквалитетен велосипед можете да си купите стар супер квалитетен. Новите велосипеди кои навистина вредат, чинат и повеќе од 18.000 денари, но ист таков можете да добиете и за помалку од половината од таа сума ако некој го користел пред вас. Проверете само дали е исправен и дали треба да се сменат некои делови пред да го возите, затоа што тоа може подоцна да ви извади уште некој денар од џебот.rn

    Автомобил

    rnКупувањето автомобил на старо веќе е раширена практика кај нас поради многу пониските цени во споредба со оние на новите автомобили. Ако сакате да извлечете максимум од односот вредност-пари, купете автомобил кој е стар 2-3 години. Тие не се многу користени, а нивната цена значително е падната.rn

    Опрема за вежбање

    rnОпремата за вежбање е многу скапа ако ја купите нова од продавница, а нема да ви користи повеќе од некоја што ќе ја купите на старо. Нема никаква разлика помеѓу нов тег и некој што веќе е користен 5 години.rn

    Алати за домаќинство

    rnИсто како и со опремата за вежбање, алатите за домаќинство се доста издржливи и не ја намалуваат својата употребливост со текот на годините. Тоа не важи секогаш за електричните алати, но чеканот, клештите и шрафцигерот секогаш ќе бидат исти како и новите од продавница.rn

    Венчаница

    rnФустанот кој ќе го носите на вашата свадба чини десетици илјади денари, а ќе го облечете само еднаш. Би било паметно доколку веднаш после тоа го продадете, а би било уште попаметно ако го купите на старо и заштедите многу пари за на меден месец.rn

    Мебел

    rnСигурно дека нема домот да го реновирате со мебел на старо, но можете барем некои ситни парчиња кои ви притребуваат одвреме-навреме да ги набавувате на ваков начин за да заштедите пари. Тоа особено важи за мебелот изработен од метал или стакло на кој му треба само малку „шминкање“ за повторно да изгледа како нов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Глупостите на новото време – или зошто ми се смачи од Бредшо

    Глупостите на новото време – или зошто ми се смачи од Бредшо

    Ако размислите подобро, Кери Бредшо си има проблеми. Ама ич не ѝ е лесно. Како прво и основно, нема доволно место во својот плакар за сите пара чевли што ги поседува. Работи како колумнист, и со таа работа успева да го покрие живеењето во Њујорк, скапата брендирана облека, како и купишта штикли Маноло Бланик. Животот кон неа е толку нефер, што не може на раат да си се гледа со својот бивш, кој патем е женет. Подоцна, мора да се справи со лудо богатиот руски уметник кој упорно ѝ нуди луксузен живот во Париз (како не му е срам)! За тука да не биде крајот, таа е скоро секогаш заглавена во љубовен триаголник меѓу двајца прекрасни (често и многу богати) мажи. Лудило.rnrnГлупостите на новото време – или зошто ми се смачи од БредшоrnrnЖивееме во време на испрани мозоци. Младината се огледува на некои старлети кои поставуваат вакви стандарди:rn

      rn011

    • Најдобрата работа на свет е да си славен бидејќи си познат.
    • rn011

    • Твојата свадба треба да биде раскошна и скапа, не е важно ако бракот после ти трае цели 72 дена.
    • rn011

    • Цел во животот треба да ти биде да ја држиш јавноста „гладна“ за секакви детали за твојот живот – каде си, што правиш, што јадеш, како си облечен, колку глупости си направил/а во изминатото деноноќие.
    • rn011

    • Ако немаш никаков талент едноставно привлекувај внимание кон себе, којзнае, можеби еден ден некој ќе те забележи и ќе станеш познат.
    • rn011

    • Вистинските вредности во животот се: скапи одмори, луксузен накит и брендирана облека.
    • rn011

    • Твоите доблести се: деколте, задник, нозе, способноста да направиш секс снимка.
    • rn

    rnСекојдневно сме изложени на секакво медиумско влијание, а пак медиумите ни малку не доцнат со тазе свежи и воглавно небитни информации. Младино повели, живеј нормално! Восхитувај се на личности со пилешки мозок. Немојте случајно да сте потрошиле пари на книга, вистинска инвестиција се гаќи, на пример.rnrnЖивееме во време кога 12–годишници се ослободуваат од часови за да се сликаат во веце со нивниот ајфон. Кога „пријателите“ редовно нè информираат каде се и што јадат. Кога новопечената мајка го апдејтува својот Фејсбук профил 5 минути по породувањето. Кога ќе видам слика од 5-годишно црнче од Етиопија со подуено стомаче и слаби рачиња, и кога ќе се вратам во виртуелниот свет на ФБ и ќе видам како некој постирал слика од својата салата или пица, ми иде да го најдам кај и да е и да го задавам. Во ред е, знаеме дека јадете и пиете. И останатите го прават истото, само не чувствуваат потреба да се фалат.rnrnНе, не сум ни јас совршена. Па човек сум на крајот на краиштата. И мене ме скокотка стомакот од среќа кога ќе си купам ново парче облека. И јас понекогаш од досада ќе пуштам Sex and the City или ќе отворам да видам што има ново во таблоидите. Само држете се до некоја нормала (ако веќе сосем не е избришана). Гледајте да не им се препуштите на глупостите на модерниот свет, барем не целосно. Сфатете дека сите романтични ликови и ријалити ѕвезди постојат за да го забавуваат народот. Дека тоа е нивната работа, улогата која ја играат оти за друго не се способни.rnrnИ за крај. Можеби на 20-и-нешто години, нема да живеете во луксузен стан со работа од соништата и плакар од кој боли глава. Можеби за вас нема да се тепаат 3-4 јаки батки со полни џебови и клучеви од црна мечка. Ама пак ќе бидете среќни.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

    Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

    Одличен и многу креативен начин како од вашите стари ланчиња да си направите ново. Нема да ви одземе многу време, ви треба само трпение и желба за старото да го претворите во ново. Зошто би ги фрлале старите парчиња накит кои ни здодеале или излегле од мода, кога самите можеме од нив да направиме нешто ново, модерно и употребливо.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnПотребни материјали:rn

      rn011

    • околу 30 см ланче со некаква декорација
    • rn011

    • околу 90 см тенок ланец, пресечен на три делови
    • rn011

    • 3 клопчиња конци во различни бои
    • rn011

    • Ножички
    • rn

    rnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnПоставете два дела од потенкиот ланец еден до друг. Исечете околу 120 см од еден од конците и врзете го дупло на едниот крај од ланецот, како на сликата. rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnКонецот кој ви остана врзете го за крајот од другиот ланец. Продирајте го конецот наизменично во двата дела од ланецот, потоа врзете го на крајот.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnДо двата врзани ланци поставете го и третиот, најмал дел.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит rnrnСо конец во друга боја, врзете го крајот на третиот ланец, и повторете ја постапката, со што ќе го поврзете со останатите два. Заврзете го на крајот.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnЛанчето, кое би требало да биде еднакво по должина со третиот ланец, поставете го веднаш до него.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит rnrnСо третиот конец, внимателно врзете го ланчето со веќе поврзаните делови, како што е прикажано на сликата. Додека го врзувате со конецот, поставете го ланчето во заоблена положба, како да е веќе ставено на нечиј врат, со цел да не се витка и деформира.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnСо конец врзете ги двата краеви на ланчето, за да ги споите сите конци кои останале од врзувањата. rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnВашете ново ланче е готово и спремно да оди со вашата омилена комбинација на облека.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    Дали некогаш сте почувствувале дека ви е потребна промена во животот? Сте помислиле ли дека можеби би требало да се откажете од студиите, да дадете отказ од работата или пак да ја прекинете долгогодишната врска и да тргнете на пат околу светот? Пред да се решите на каков било огромен чекор од овој вид, прво размислете дали одредена промена на вашиот изглед би можела позитивно да ви влијае во ваква ситуација…rnrnЕве неколку предлози со кои брзо и лесно целосно ќе го промените вашиот изглед, но истовремено и одлично ќе се чувствувате:rnrnШишки – можеби изгледаат како мал додаток на вашата фризура, но нивниот ефект е многу поголем. Тие целосно ќе го променат начинот на кој изгледате. Похрабрите девојки можат да пробаат рамни и долги шишки (кои бараат малку повеќе време за одржување), а за останатите шишките на страна се одлична идеја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвена боја на коса – Оваа промена дефинитивно нема да остане незабележана, а и вие ќе се чувствувате како сосема нова личност. Похрабрите девојки можат слободно да пробаат силна црвена боја која постојано ќе примамува нови погледи без разлика на местото каде што се наоѓаат…5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnВиолетово моливче за очи – Можеби не ви звучи како многу драстична промена, но сепак целта е да промените нешто секојдневно. Доколку ви изгледа малку чудно, на почетокот комбинирајте го со црно моливче и виолетова сенка. Многу брзо ќе се навикнете на оваа промена и ќе можете целосно да го замените стандардното црно моливче…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnНов парфем – промената на начинот на кој мирисате, ќе предизвика промена и во начинот на кој се чувствувате. Одберете нешто сосема различно, нешто што досега никогаш не сте го употребувале. Или купете го повторно вашиот омилен парфем од детството кој со сигурност ќе ви врати  интересни спомени…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвен кармин – со оваа едноставна, но ефективна промена никако не можете да згрешите. Црвениот кармин е совршен за сите настани и ситуации, секако во различни нијанси. За на факултет/работа одберете нешто малку понеутрално, но за прошетки и излегувања слободно употребете силна црвена боја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

  • Нов лик на најпознатите кафе-продавници „Старбакс“

    Нов лик на најпознатите кафе-продавници „Старбакс“

    Најновата кафе-продавница на светски познатиот бренд „Старбакс“ се наоѓа во Амстердам и е само прва од низата од овој тип, кои во блиска иднина ќе се појават секаде низ Европа. Оваа продавница е направена на повеќе нивоа и е изработена од природни материјали, како што е холандскиот даб.Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Уникатниот таван е направен од дрвени блокови со различна големина кои придонесуваат да се добие оваа домашна атмосфера. Новиот дизајн додава еден модерен и рустичен „спин“ на овој синџир кафе-продавници, кои својот лик го немаа променето многу години.Нов лик на најпознатите кафе продавници „СтарбаксНов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“Нов лик на најпознатите кафе продавници „Старбакс“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.