Пештерите Waitomo Glowworm се светска позната атракција која се наоѓа на Нов Зеланд. Станува збор за спектакуларен природен феномен кој се состои од подземни пештери полни со илјадници сини светла – Arachnocampa Luminosa, еден вид на биолуминисцентни црви.rnrnrnrnСветлечките црви привлекуваат милиони туристи секоја година, што ги прави пештерите Waitomo Glowworm една од најпосетуваните туристички дестинации во Нов Зеланд. Пештерите нудат уникатно искуство кое не треба да се пропушти доколку планирате да го посетите островот.rnrnПештерите Waitomo Glowworm се природно чудо создадено од силите на водата и времето. Биле формирани во текот на милиони години додека подземна река го издлабила својот пат низ варовничките карпи. Денес, посетителите можат да ги истражуваат пештерите и да им се восхитуваат на уникатните форми, вклучувајќи сталактити, сталагмити и подземни водопади.rnrnПостојат многу причини зошто да ги посетите пештерите Waitomo Glowworm. Се работи за сосема уникатно искуство кое нема да го најдете на друго место во светот. Но, освен тоа, посетата на пештерите е можност да се поврзете со природата и да се восхитувате на чудата на природниот свет. Без разлика дали сте искусен авантурист или само барате ново искуство, овие пештери сигурно ќе ве импресионираат.rnrnОткако прочитавте за овие спектакуларни пештери, можеби ќе сакате да прочитате и за преубавиот модерен хотел сместен во стара италијанска пештера.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Едно од најважните прашања за секој кој патува сам е „дали е безбедно“. Кога патувате сами, морате да ја земете предвид безбедноста при изборот на вашите дестинации. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со најдобрите земји за соло патување.rnrnrn
Костарика
rnКостарика не само што е една од најубавите земји во светот туку и е една од најдобрите земји кога станува збор за соло патување. Мирните плажи, богатата фауна, прекрасните погледи кон океанот ќе направат да се чувствувате како да сте во рајот. Доколку патот ве одведе накај Костарика не заборавајте да посетете и некоја од плантажите за кафе кои се меѓу најдобрите производители на кафе во светот.rnrnrn
Исланд
rnЈадењето бакалар додека во позадина оди музиката на Бјорк, енергичната музичка сцена и ноќниот живот во Рејкјавик, плажите со црн песок, северната светлина, Сината лагуна и гејзерите – сето ова мора да го искусите доколку одите на патување во Исланд.rnrnrn
Нов Зеланд
rnДоколку ви се укаже можност, не пропуштате да го посетите местото каде Питер Џексон ги снимал „Господарот на прстените“ и „Хобитот“. Преубавите планински и крајбрежни пејзажи ќе ви ја доловат магијата од едно друго време и ќе го збогатат вашиот блог за патување со неверојатни фотографии.rnrnrn
Словенија
rnСместена помеѓу Хрватска, Италија, Австрија и Унгарија, Словенија и не е толку преплавена со туристи што ја прави скриено богатство меѓу најпознатите туристички дестинации во Европа. Малите, романтични средновековни градови и села, прекрасните пазари и старите калдрмисани улички со кафулињата ќе ви пружат неповторливо искуство.rnrnrn
Тајланд
rnБескрајните бели песочни плажи, врвната гастрономија, пријателски настроените локални жители како и ниските цени се доволна причина за веднаш да го спакувате куферот и да отпатувате до Тајланд!rnrnrnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најбезбедните земји за соло патување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те причини зошто да патувате по светот потполно сами.rnrnИзвор: allwomenstalk.com
На брегот на познатото рибарско село Моераки во Нов Зеланд лежат огромни расфрлани камења кои сè уште ги стимулираат имагинацијата и различните легенди за нивното потекло.rnrnrnrnКамењата се огромни, тешки се неколку тони и се смета дека се формирани пред 60 милиони години. Нивната големина варира од половина метар до неколку метри. Нивните пукнатини ги прават уште поинтересни затоа што изгледаат како нешто да излегува од тој камен.rnrnЛокалните Маори ја објаснуваат оваа појава со разни легенди. Една легедна вели дека ова се остатоци од корпи за јагули што морето ги донело на брегот по потонувањето на едрилицата.rnrnДруга легенда вели дека карпите ги претставуваат телата на морнарите кои се претвориле во камен по бура и бродолом. Овие морнари биле првите доселеници во Нов Зеланд (барем требало да бидат).rnrnПостојат и разни приказни со вонземјани, но овие карпи потсетуваат на јајца на диносаурус.rn
Туристичка атракција
rnВистината е дека камењата всушност лежеле под земја милиони години сè додека морето не ги измило песокот и тињата што ги покривале. Тие се формирале во морската кал и им биле потребни милиони години додека да ја добијат сегашната форма и големина.rnrnТакви камења ќе најдете и во другите делови на Нов Зеланд, но овие се најпознати поради тоа што ги има повеќе. Ќе имаше уште повеќе ако луѓето не ги извадеа од плажата во текот на 19-тоит век. Тие ги користеле камењата како градежен материјал, како украс или како сувенир. Денес, тие се заштитени и нивното отстранување од плажата е забрането со закон.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете го овој прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите.
Сите сакаме да патуваме, да посетуваме разни места, да гледаме познати палати, замоци, цркви… Но, уникатноста на Нов Зеланд не се крие во нешто што го изградиле претходните генерации, туку во неговата природа. Погледнете неколку интересни факти за најмагичната држава на планетата.rn
1. Џедаизам
rnrnrnНа пописот од 2001-ва година во Нов Зеланд, 1,5% од населението навело за своја религија „џедај“.rn
2. Министер за Господар на прстените
rnrnrnТокму така, Нов Зеланд има Министер на прстените. После трилогијата, туризмот поврзан со Толкин станал толку популарен, што владата морала да назначи министер кој ќе го регулира процесот. На некој начин, Нов Зеланд си има свој волшебник.rn
3. Тетоважи
rnrnrnТетовирањето е важен дел од културата на Маорите и тие често се тетовираат на лицето. Дезените се комплексни и откриваат многу за сопственикот. Традиционално, овие тетоважи се изработуваат со ножеви и длето наместо со игли.rn
4. Елфски јазик
rnrnrnТрилогијата „Господар на прстените“ има толку големо влијание на секојдневниот живот во Нов Зеланд, што временската прогноза на националната телевизија во 2012-та година била кажана на елфски јазик. Можеби еден ден овој јазик ќе го учат и на училиште.rn
5. Најдолгото име на место во држава во која се зборува Англиски
rnrnrnTaumatawhakatangihangaoauauotameteaturipukakapikimaungah-oronukupokaiwhenuakitanatahu значи „Местото каде Таматеа, човекот со големи колена, кој седеше, качуваше и голташе планини, познат како јадач на земји, ја свиреше својата флејта за неговата љубена.“ Како ли го сместуваат името во документи и изводи?rnrnПродолжува на следната страница…rn
Елспет МекЛин е уметница од Канада која во моментов живее во Австралија, но нејзините најубави дела доаѓаат од плажите на Нов Зеланд. Таму таа ги собира овие мали камчиња кои ги исцртува со многу бои создавајќи шарена хипнотизирачка уметност од нив. Таа користи многу тенка четка и акрилни бои за на камчињата да им го даде изгледот која го замислила. Слика во слоеви, а понекогаш нанесува дури по шест слоеви боја додека да стигне до финалниот изглед. Бојата ја нанесува како точки со цел да создаде тридимензионален ефект, со што успева да го привлече погледот покрај магичната колоритност.rnrnrnrn
Јохан Лолос е веб дизајнер, блогер и фотограф од Белгија кој пред 16 месеци тргнал да патува по светот и сè уште не се вратил дома. Откако поминал една година во Австралија, тргнал во обиколка на Нов Зеланд. Заедно со уште тројца пријатели изнајмиле комбе за кампување и делејќи ги трошоците за гориво и храна успеале да заштедат пари за неверојатните искуства кои овој дел од светот може да ги понуди. Нивниот пат околу Нов Зеланд траел три месеци и овие фотографии се краток увид во спомените кои им останале на Јохан и неговите пријатели. Тој за нив вели дека тие не се само документирање на неговите патувања, туку обид да ги инспирира другите да откриваат нови места.rnrnЕзерото Ванака, ОтагоrnrnНационалниот парк Маунт Кук во областа КентербериrnrnИнаку тој своите долги патувања ги финансира така што работи додека патува. Неговите фотографски вештини и познавањата на социјалните мрежи му овозможуваат да заработува преку интернет од кој било дел на светот. Покрај тоа соработува и со туристички бироа од кои добива одредени бесплатни услуги со цел да ги промовира на неговите 70.000 следачи на Инстаграм. Неверојатното тримесечно крстарење по инаку скапиот Нов Зеланд го чинело само 1.200 американски долари. Севкупниот престој таму ќе трае до септември, кога ќе треба да одлучи во кој дел од светот ќе продолжи да патува.rnrn
Автор: Сања ПетровскаrnrnСите девојки се во потрага по принцот на бел коњ: убав, шармантен, паметен и романтичен. Некој што ќе им го разниша целиот свет и секој ден ќе прави одново да се заљубат во него. И кога ќе го најдат својот принц сѐ си доаѓа на свое место, се радуваат, плачат, сонуваат заедно. Патешествие кое стрпливо ги води кон започнување заеднички живот со таа личност покрај себе.rnrnrnrnБелинда и Кембл се пар од Ванака, град во Нов Зеланд, кои решиле нивната љубов да ја крунисаат со брак во родното место. И кога секој можеби би помислил дека Кембл е тој што ќе приреди некакво изненадување за својата невеста, трофејот за подарување неверојатен свадбен подарок ѝ припаѓа токму на Белинда. Таа решила да го изненади својот тазе маж на денот на нивната свадба, така што изнајмила хеликоптер кој веднаш по свадбената церемонија ги зел и ги однел на неверојатни планински места прелетувајќи преку преубавото езеро Ванака. Таму, фотографот Ерик Роналд ги овековечил нивните први моменти како маж и жена правејќи фантастични фотографии додека се искачувале на самиот врв на планината. Според зборовите на премногу возбудениот Кембл, местото каде застанале било доволно големо колку за хеликоптерот да може да слета таму.rnrnВпивајќи ја со поглед целата убавина пред нив и држејќи се за раце со љубовта на својот живот, Белинда и Кембл биле фотографирани на врвот на планината над Ванака. Иако ветрот, како и вообичаено немирно дувал целиот ден, фотографиите направени тогаш не можат да се опишат со зборови.rnrnrnrn rnrn
Реално гледано, малкумина од нас ќе имаат можност кога-тогаш да ја видат во живо сета убавина која ја поседува Нов Зеланд, а веројатно никој нема да оди таму како пилот за со својот авион одозгора да го разгледува овој рај на крајот на светот.rnrn rnrnНо затоа можеме да уживаме во видеото на еден пилот кој летал над Нов Зеланд и сето тоа го снимил за да ни го покаже нам. Неговото корисничко име на ЈуТјуб е Mr GoodViews Person, а ова видео, направено над планините блузи до градот Квинстаун, го крстил „Еве зошто летаме“.rn
Синото Езеро или Rotomairewhenua на маорски јазик, е мало свежо езерце во Националниот Парк Нелсонски Езера, во северните предели на Јужните Алпи во Нов Зеланд.rnrnrnrnВо истражување од 2011 спроведено со неколку посети со хеликоптер и специјална опрема, истражувачите од Националниот институт за истражување води и атмосфера (NIWA), откриле дека езерото има екстремна визуелна оптичка бистрина до воодушевувачки 80 метри длабочина, што е речиси чисто колку и дестилираната вода.rnrnrnrnЕзерото се карактеризира со сино-виолетова боја, која може да се види само во најчистите природни води. Тоа се полни напролет од соседното глацијално езеро Констанс, а водата поминува низ брана формирана од лизгачки одрони. Природната брана ги филтрира скоро сите честички кои ги има во водата, давајќи му ја на езерото најинтензивната сино-виолетова боја.rnrnrnrn rnrn
Ако некогаш тргнете по патот кој го минуваа хобитите во трилогијата „Господарот на прстените“, а ќе го минуваат и во „Хобитот“, сега имате место каде да се одморите од долгиот пат. Пабот на Зелениот змеј (Green Dragon Pub) во Нов Зеланд е местото наменето за „да се напиете, да поразговарате и да си ги одморите влакнестите нозе“.Пабот се наоѓа во Хобитон, локација на која се снимани делови од трилогијата. Уреден е во духот на Средната Земја од страна на тим од 80 работници предводени од уметничкиот директор Брајан Маси. Тој е вметнат како последен дел од туристичката тура во овој живописен крај за да можат посетителите на мира да се напијат пиво, вино или јаболково вино.rnrn