КАФЕ ПАУЗА

Tag: настинка

  • Дали знаете што е менструална настинка?

    Дали знаете што е менструална настинка?

    Кога ПМС се комбинира со воспалено грло, треска, болки во мускулите и кивање, ќе добиете три дена пекол наречен менструална треска.rnrnДали знаете што е менструална настинка?rn

    Што е менструална настинка?

    rnОва е вообичаено име за еден посебен вид менструални заболувања. Ваквиот ПМС значи дека секој месец, во последните три дена од циклусот, непосредно пред новата менструација, ги имате сите симптоми на грип. Овие симптоми може да вклучуваат дури и треска, воспаление на грлото или кивање. Иако ви се чини дека овој специјален мини пекол е направен само за вас, тоа не е така. Резултатите покажуваат дека помеѓу 5 и 10 проценти од жените имаат симптоми на настинка за време на ПМС. Значи, секоја десетта жена има сличен проблем.rn

    Зошто се појавува менструалната настинка?

    rnНаучниците сè уште немаат официјално објаснување зошто кај некои жени симптомите на ПМС се изразени на овој начин. Но, естрогeнот е тој што ја активира менструалната настинка. Нивото на овој женски хормон нагло паѓа пред менструацијата и кај некои жени предизвикува толкав хаос во организмот, што имунитетот реагира како да бил нападнат од вирус. Зошто токму на тој начин и зошто токму кај тие жени, науката сè уште не успеа да објасни.rn

    Кои се симптомите на менструална настинка?

    rnБуквално се чувствувате како истовремено да имате ПМС и настинка. Вашите гради се отечени и болни, чувствувате грчеви во стомакот, депресивни сте, може да имате и главоболка. Но, згора на сето ова, ги имате и следниве симптоми на настинка:rn

      rn 011

    • силна болка во мускулите
    • rn 011

    • слабост
    • rn 011

    • главоболка
    • rn 011

    • кивање или течење на носот
    • rn 011

    • болка во грлото
    • rn 011

    • треска
    • rn

    rnСе чувствувате како да имате треска, но повеќето жени, сепак, не добиваат покачена телесна температура, а тоа е знак по кој вистинската инфекција се разликува од менструалната настинка.rn

    Дали постои лек за менструалната настинка?

    rnЗа жал, нема лек за менструалната настинка. Достапни ви се само одредени рутини кои можат да помогнат во ублажување на симптомите. За да ги намалите симптомите, земете ибупрофен. Тој ќе ги ублажи повеќето ваши симптоми. Исто така, користете термофор за да ги намалите грчевите и пијте многу вода.rnrnЗа превенција можете да пиете калциум. Калциумот има ефект во регулирањето на нарушувањата пред менструацијата. Исто така, земете додатоци на витамин Б6 бидејќи е медицински докажано дека овој витамин ги намалува симптомите на ПМС. Освен тоа, треба да го намалите внесот на алкохол и кофеин.rnrnПрочитајте зошто сте дополнително уморни за време на менструацијата.

  • Колку долго е заразна настинката?

    Колку долго е заразна настинката?

    Обичната настинка е многу честа појава што многу луѓе ја имаат неколкупати годишно, но е и многу заразна. Имено, според експертите, настинката се шири преку воздухот, преку близок контакт со заразени лица, па дури и преку фекалните материи на заразеното лице (ако некој што е болен не одржува хигиена на рацете по употреба на тоалет).rnrnКолку долго е заразна настинката? rnrnДури и ако ги преземете сите потребни мерки за да се заштитите: темелно ги миете рацете, избегнувате да го допирате лицето и стоите понастрана од болни луѓе, големи се шансите да дојдете во контакт со бактерии и вируси. Но, дури и во тој случај, сепак можете да преземете чекори за да заштитите некој друг.rnrnКако прво, експертите велат дека периодот на инкубација или времето помеѓу инфекцијата и првите симптоми е околу два до три дена. Но, тогаш можеби сте најмногу заразни. Најчесто, настинките се предизвикани од вируси, а периодот кога сте најмногу заразни е обично еден до два дена пред појавата на симптомите и во текот на првите два до три дена по појавата на симптомите. Станува збор за типичните симптоми на настинка: воспаление на грлото, течење на носот, кашлица, кивање, главоболка и болки во телото.rn

    Колку долго е заразна настинката?

    rnКога се појавуваат симптоми на настинка, тие можат да траат од неколку дена до две недели, а во повеќето случаи, обичната настинка обично не е заразна по првата недела. Сепак, ова не е правило без исклучок. Имено, сè додека продолжувате да кашлате или покажувате какви било симптоми, сепак можете да бидете заразни.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за да се заштитите себеси и другите во текот на сезоната на грип е да ги преземете потребните превентивни мерки, како што се миење на рацете и физичка дистанца од болни луѓе. Ако настинете, најдобро е да се обидете да се изолирате колку што е можно повеќе во текот на првите неколку дена кога настинката може да биде заразна. Но, и потоа треба да бидете внимателни, сè додека не се чувствувате подобро.rnrnПрочитајте дали стресот може да доведе до покачена температура.

  • Што мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни?

    Што мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни?

    Со доаѓањето на есента почнува и сезоната на настинки, па често се случува да имате симптоми и да треба да останете дома. Прочитајте што го нервира секој хороскопски знак додека е болен.rnrnШто мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни?rn

    Овен

    rnМразите да бидете непродуктивни. Ве нервира тоа што знаете дека можете да правите други работи, но сте премногу уморни за да ги остварите.rn

    Бик

    rnВе нервира тоа што не можете да го бакнете вашиот партнер. Мразите да држите дистанцата за да избегнете да го заразите партнерот.rn

    Близнаци

    rnМразите што физички не можете да ги правите работите за кои сте ментално заинтересирани да ги правите. Мразите што се чувствувате беспомошно.rn

    Рак

    rnМразите да се потпирате на другите за да ви помогнат. Мразите да ги принудувате да одат во продавница за вас, да ви готват и да ви носат лекови.rn

    Лав

    rnВе нервира што вие сте дома додека сите други се забавуваат. Се чувствувате како да пропуштате нешто возбудливо.rn

    Девица

    rnМразите да бидете мрзеливи. Знаете дека го слушате вашето тело и ја правите вистинската работа, но сепак чувствувате вина затоа што не правите ништо.rn

    Вага

    rnМразите да се гледате во огледало затоа што изгледате и се чувствувате лошо.rn

    Скорпија

    rnМразите да се прашувате дали вашиот шеф ќе биде лут затоа што не сте на работа. Мразите да се чувствувате како да не ги исполнувате очекувањата.rn

    Стрелец

    rnГо мразите начинот на кој другите луѓе ве гледаат кога сте болни, како вие да сте виновни.rn

    Јарец

    rnМразите да отсуствувате од работа или од часови. Не сакате да заостанувате.rn

    Водолија

    rnМразите што не уживате во слободното време затоа што се чувствувате лошо и не можете да го искористите како што сакате.rn

    Риби

    rnМразите да спиете со часови. Ве нервира тоа што залудно ги трошите убавите денови.rnrnПрочитајте од каков проблем се обидува да избега секој хороскопски знак.

  • Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

    Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

    Започна сезоната на грипови и настинки, а многумина од нас кои немаат силен имунитет веројатно нема да бидат поштедени. Веќе ги знаеме советите на докторите за побрзо оздравување: многу течности и одмор. Но, треба да знаете и за некои навики кои ги имаме со кои несвесно ги влошуваме симптомите на грипот.rnrnНавики кои ги влошуваат симптомите на грипотrn

    Претерување со лекарства

    rnВеројатно вашиот работодавач сака побргу да се вратите на работните обврски, но прекумерното консумирање лекови нема многу да ви помогне. Всушност, тоа може да подобри одредени симптоми, што ќе ве поттикне да мислите дека сте оздравени, иако вирусот сѐ уште е во вашето тело. На овој начин, само може да го повторите боледувањето и да ги заразите сите околу вас, а можете и да станете отпорни на лековите.rn

    Гледање ТВ до доцна во ноќта

    rnНема ништо попријатно од гледањето добар филм додека сте покриени со ќебе. Сепак, доцното легнување може да ја влоши вашата состојба. На вашиот имунолошки систем му е потребно време да се одмори. Одморот и долгиот сон се покорисни отколку што мислите.rn

    Ладен туш

    rnМожеби сте слушнале од вашите мајки или баби дека ладниот туш е најдобар начин бргу да се намали телесната температура. Всушност, студената вода само ќе ви ја зголеми температурата. Кромидот е најдобриот природен лек кој помага при намалување на температурата за време на грип или настинка. Ставете облоги со исечкан кромид на стапалата за да се чувствувате подобро.rn

    Кашлање во дланките

    rnСекако, кашлањето или кивањето во рацете е подобро отколку исфрлањето капки насекаде околу вас. Сепак, доколку кашлате или кивате директно во дланките, вие оставате траги од вирусот на сѐ што ќе допрете и со тоа потенцијално ги заразувате останатите.rn

    Чад од цигари

    rnЧадот од цигарите ги оштетува белите дробови, а штетата е двојно поголема кога сте болни. Чадот може да ги воспали белите дробови и го влошува кашлањето. Намалете со пушењето и одбегнувајте да седите во зачадени простории додека сте настинати.rnrnПрочитајте ги и 10-те митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате.

  • 10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

    10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

    За настинките најчесто ги обвинуваме клима уредите, ветрот и ниските температури. Некои луѓе дури веруваат дека е невозможно да добиете настинка два пати во една сезона. Други пак се убедени дека пиењето антибиотици ќе спречи настинката да се претвори во грип. Ова се 10-те најпознати митови за грипот и настинката и време е да престанете да верувате во нив.rn

    1. Настинката може да се претвори во грип

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnНастинката и грипот се предизвикани од различни вируси, па едното не може да се претвори во другото. Обично луѓето ги мешаат раните симптоми на двете болести. Овие карактеристики ќе ви помогнат да ги разликувате.rn

      rn 011

    • Настинката почнува со болно грло, главоболка, треска и течење на носот. Луѓето чувствуваат дека ќе настинат за 3-5 денови. Симптомите на грипот се треска, главоболка и болки во мускулите и се појавуваат многу брзо.
    • rn 011

    • Ако имате настинка, обично температурата нема да се покачи. Доколку имате грип, температурата може да ви се качи и над 37,7 степени.
    • rn 011

    • Ако имате грип, нема да се појави кивавица. Тоа е симптом на настинка.
    • rn

    rn

    2. Можете да ја лекувате настинката со антибиотици

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnАнтибиотиците не можат да се справат со вирус бидејќи неговата структура е поразлична од бактериските болести. Всушност, антибиотиците можат само да ја влошат ситуацијата – симптомите на настинка нема да исчезнат, а вирусот ќе продолжи да се шири.rnrnИсто така немојте да земате антибиотици како превентива. Со ова ќе го ослабите вашиот имунитет и ќе создадете добра околина за вирусот. Со текот на времето лекот ќе стане помалку ефективен бидејќи бактериите можат да се прилагодат и да станат имуни.rn

    3. Можеби не треба да ја лекувате настинката

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnПо правило, симптомите на настинката траат 3 денови. Но ако само чекате и не ја лекувате, може да настанат компликации и симптомите да траат 20-30 денови. Особено важно е да посетете лекар доколку почувствувате тешкотии при дишењето.rn

    4. Не треба да земете боледување ако имате настинка

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnПовеќето луѓе обично продолжуваат со работа кога не се чувствуваат добро. Постои и верување дека ако не си дозволите да се опуштите, настинката ќе помине побрзо. Всушност, ова само ќе го продолжи оздравувањето. Подобро е да останете дома два дена, па да се вратите на работа. Покрај тоа, вашата настинка е заразна и можете да инфицирате некој друг.rn

    5. Секогаш треба да останете во кревет

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnАко имате настинка и цел ден останете во кревет, може да добиете бронхитис или пневмонија. Покрај тоа се намалува циркулацијата на крвта. Се разбира, не би требало веднаш да се упатите во теретана, но малку физичка активност нема да ви штети.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Напивка полна со здравје: Млеко со ѓумбир за зима без настинки

    Напивка полна со здравје: Млеко со ѓумбир за зима без настинки

    Ѓумбирот го стимулира организмот, тој е добар антиоксиданс и антисептик, дури помага и кај менструалните болки. Ви откриваме рецепт за вистинска зимска напивка со ѓумбир.rnrn1-napivka-polna-so-zdravje-melko-so-gjumbir-za-zima-bez-nastinki-www.kafepauza.mk_rnrnЃумбирот е еден од најважните зачини на индиската кујна со ароматичен, освежувачки и над сѐ, пикантен вкус. Ја поттикнува работата на метаболизмот, согорувањето на мастите и го олеснува слабеењето. Тој е одличен за целокупното здравје, особено во студените зимски месеци кога настинките се дел од секојдневието.rnrn2-napivka-polna-so-zdravje-melko-so-gjumbir-za-zima-bez-nastinki-www.kafepauza.mk_rnrnНекои од најинтересните и несекојдневни состојки кои оваа напивка ги содржи се:rn

    Куркума

    rnОвој зачин е многу сличен на ѓумбирот и се нарекува жолт ѓумбир или индиски шафран заради својата жолта боја. Куркуминот кој се содржи во коренот има антисептични и противоспалителни својства, а веќе долго време се користи и во традиционалната кинеска медицина.rnrn3-napivka-polna-so-zdravje-melko-so-gjumbir-za-zima-bez-nastinki-www.kafepauza.mk_rn

    Кардамом

    rnКардамомот е од истата група билки како ѓумбирот, а познат е по своите етерични масла кои имаат антисептично, смирувачко и противоспалително дејство на нашето тело. За да се развие целосното влијание на кардамомот, треба да го купите во свеж облик (во вид на капсули).rnrn4-napivka-polna-so-zdravje-melko-so-gjumbir-za-zima-bez-nastinki-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 милилитри вода
    • rn 011

    • 1 чајна лажица темна куркума
    • rn 011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn 011

    • 5 мешунки кардамом
    • rn 011

    • 30 грама свеж ѓумбир
    • rn 011

    • 600 милилитри овесно, бадемово или оризово млеко
    • rn 011

    • 2 прстофати свежо мелен бибер
    • rn 011

    • 1 лажичка ленено масло
    • rn 011

    • 1 чајна лажица мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗовријте ја водата. Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Помешајте ги куркумата, биберот и кардамомот, додајте ги стапчињата цимер и ѓумбирот, па сето тоа ставете го во тенџерето со топлата вода. Варете околу 8 минути на среден оган. Додајте го млекото и лесно загрејте ја смесата, а потоа тргнете го тенџерето од огнот. Додајте го лененото масло и засладете со мед по желба. Измешајте добро. Откако ќе ги извадите стапчињата цимет, млекото можете да го сипете преку сито. Состојките се уште поинтензивни ако ги изматите во блендер. Тогаш вашето млеко ќе има погуста конзистенција и ќе содржи уште повеќе хранливи влакна.rnrnВи препорачуваме во зима да консумирате топли напивки, а овие чаеви се одлични против настинката.

  • Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

    Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

    Познато е дека билните чаеви помагаат во зимските месеци кога надвор царуваат настинките и грипот. Жалфијата, нането и мајчината душичка ги убиваат бактериите и ги дезинфицираат дишните патишта. Освен што се вкусни, билните чаеви се најдобар сојузник во борбата против зимските болести, бидејќи го јакнат имунитетот и го забрзуваат лекувањето. Некои чаеви тешко се наоѓаат во вреќичка, на пример, чајот од бозел. Токму бозелот е исклучително ефикасен, бидејќи ја поттикнува циркулацијата, предизвикува потење и го чисти организмот од штетни состојки.rnrn1-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чај од бозел

    rnЧајот од цветовите бозел се користи при лекување настинки, грип, бронхитис, кашлица, почетни воспаленија на белите дробови, астма и тешко дишење. Цветовите бозел помагаат при кашлицата и предизвикуваат потење, што значи може да се користат против зголемена температура. Притоа, ги исфрлаат токсините по пат на потење, а сите овие својства го прават бозелот идеално зимско оружје против настинките и грипот. Како да приготвите чај од бозел? Ставете од два до пет грама суви цветови бозел во шолја со врела вода. Оставете да отстои од пет до десет минути, па процедете. Пијте три шолји на ден.rn

    2. Мајчина душичка, жалфија и нане за настинка

    rnВо периодот на чести настинки, воспаление на грлото, бронхитис и синуси докторите препорачуваат да подготвите чај и билни капки од мајчина душичка, жалфија и нане, бидејќи тие билки ги убиваат бактериите, односно ги дезинфицираат дишните патишта. Докторите велат дека чајот од жалфија заради силниот вкус почесто се употребува како вода за миење на устата и гаргара отколку како напивка, а жалфијата ги прочистува дишните органи, го лечи воспалението на грлото, крајниците и слузницата во устата. Жалфијата се вари околу 3 минути за силниот тујон што го содржи барем делумно да испари.rn

    3. Камилица, црн и бел слез за подигање на имунитетот

    rnКамилицата делува против воспаленијата, а белиот и црн слез го олеснуваат искашлувањето. Кај грипот, кој го предизвикува вирус, а не бактерии, се пие чај и се земаат капки за имунитет. Најсилни имунолошки болки се имелата и невенот, а од етерични масла чајното дрво, мајчината душичка, равенсарата и лаванда. Мајчината душичка го зајакнува имунитетот и го олеснува варењето. Во инхалациите помага кај воспаление на синусите и бронхитисот, односно го олеснува искашлувањето. За чај прелијте една лажичка суви билки со шолја врела вода, процедете после десет минути и засладете со мед.rnrn2-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Нане, маточина и мајчина душичка за превентива

    rnЧаевите од нане, маточина и мајчина душичка се предлагаат да се пијат превентивно, пред да почувствувате какви било симптоми. Највкусна е ментата која во зима делува како природен тоник за јакнење на организмот. Докторите посебно ги нагласуваат чаевите од кората на врба и суручица, бидејќи тие се познати како билен аспирин заради своето својство на намалување на температурата. Овие билки уште од минатото се користат за подготвување на чај кој ги ублажува болките и го подобрува излачувањето на отровните состојки од организмот. Иако кај грипот и настинките може да си помогнете со чаеви, за лекувањето на посериозни болести задолжително е да се посоветувате со вашиот доктор.rn

    5. Кантарион против депресија

    rnСтудените, тмурни денови може да предизвикаат лошо расположение и сезонска потиштеност. Најдобар антидепресив е кантарионот. Во текот на зимата редовно консумирајте го овој чај.rn

    6. Чај од мајчина душичка

    rnЗа инхалација ставете сува билка, на пример мајчина душичка во сад со вода и наведнете се над него со пешкир ставен врз главата. Така лековитата пареа се вдишува и влегува низ порите на кожата, а топлината ги грее синусите.rn

    7. Чај од шипка

    rnЧајот од шипка освежува, го стимулира метаболизмот и ги разградува масните клетки. Шипката е полна со витамини Ц и Б12 и антиоксиданси, па напивките од шипка служат како средство за јакнење на имунитетот. Заради тоа се препишува како дополнително средство во текот на лекувањето и оправувањето.rnrn3-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    8. Бел слез

    rnЧајот од слез е одличен за зимскиот период, а се подготвува така што една лажица корен се потопува осум часа во две децилитри студена вода. Белиот слез најчесто се користи за лекување на дишните органи, кај настинка, грип, воспаленија, бронхитис и за полесно искашлување, а црниот против засипнатост.rn

    9. Зелен чај

    rnНасобирањето на килограмите може да го спречите со пиење зелен чај. Освен тоа, тој го зајакнува природниот имунитет на телото, го поправа чистењето на клетките, го забрзува метаболизмот, благо ја поттикнува концентрацијата и го подобрува расположението. Исто така, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го намалува холестеролот. За најдобри резултати се препорачува да консумирате зелен чај од 2 до 3 пати дневно. Притоа е оптимално да го пиете незасладен.rn

    10. Чај од хибискус

    rnХибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат при детоксикација на организмот. Чајот од хибискус е диуретик и го намалува чувството на надуеност, а додатен плус дава и фактот дека ја намалува апсорпцијата на масти и шеќери.rnrnВреме е да се заштитите од настинките и вирусите, а овие златни правила ќе ви го одбранат телото од настинка.

  • Заштитете се, почнува периодот на вирусите: 7 златни правила кои ќе ви го одбранат телото од настинка

    Заштитете се, почнува периодот на вирусите: 7 златни правила кои ќе ви го одбранат телото од настинка

    Во текот на студените месеци нашиот имунитет слабее, односно стануваме поподложни на разни инфекции, најчесто на грлото и носот. Но, за навремено да ги избегнеме настинките, потребно е да реагираме што побрзо и да го разбудиме телото со сојузниците од природата, како и со задолжителното вежбање. На кој начин треба да делувате превентивно и на време да ја спречите настинката, прочитајте во продолжение.rnrn1-zashtite-se-nastinkite-samo-shto-ne-pristignale-7-zlatni-pravila-koi-kje-go-odbranat-teloto-od-nastinka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Дополнително внесување пробиотици

    rnПробиотиците се живи микроорганизми кои, внесени во доволна количина, благотворно делуваат на организмот, ги подобруваат својствата на неговата автохтона дигестивна микрофлора. Наједноставно кажано, пробиотиците се добри бактерии. Добрите бактерии во цревата играат важна улога во јакнењето на имунолошкиот систем. Со други зборови, истражувањата покажале дека константното земање пробиотици помага во заштита против настинката. Личностите кои земале пробиотици имале за 27% помал ризик од развој на инфекции.rn

    2. Дополнително земање цинк

    rnМногумина како додаток во исхраната земаат цинк за што побрзо да ја победат настинката, но поголема улога на овој минерал е неговото превентивно користење додека настинката сѐ уште не се развила. Резултатите од бројни студии покажале дека земањето цинк како додаток во исхраната најмалку пет месеци во континуитет го намалува ризикот од настинка, а доколку се разболите, цинкот ќе ги олесни симптомите и ќе го скрати траењето на настинката.rnrn2-zashtite-se-nastinkite-samo-shto-ne-pristignale-7-zlatni-pravila-koi-kje-go-odbranat-teloto-od-nastinka-www.kafepauza.mk_rn

    3. Сад за миење на носот

    rnДодека за хигиената на усната шуплина уште одамна зборувавме, кога станува збор за носот, мораме да признаеме дека доста заостануваме. Всушност, носниците се најголеми собирачи на бактерии и вируси, кои со несоодветната хигиена поттикнуваат бројни воспаленија во телото, а најчесто инфекција на душните патишта. Затоа е исклучително важно секојдневно да го миете носот. За таа намена постои посебен сад со долго грло во кое е потребно да ставите малку однапред подготвена течност. Потребно е да зовриете половина литар вода, да ја оладите и во неа да додадете една лажичка сол од продавниците за здрава храна. Добро измешајте ја смесата и мала количина, околу половина децилитар, ставете ја во садот и измијте ја едната, па потоа втората носница.rn

    4. НЕ за шеќер, ДА за овошје

    rnШеќерот е еден од најголемите непријатели на имунитетот, напомнуваат нутриционистите. Доколку со секојдневната исхрана внесувате 199 грама шеќер (содржината на три лименки газиран сок) на белите крвни зрнца им треба и до пет часа повеќе за да ги победат бактериите. Јакнете го имунолошкиот систем и тоа со помош на изобилство од овошје и зеленчук и зачини кои во себе содржат природни облици на минерали, витамини и антиоксиданси., кои се најдобри за превенција во борбата со настинките кои ни доаѓаат. Изобилството од витамин Ц е неопходно во периодот кога има вируси, а можете да го пронајдете во портокалите и во сезонскиот зеленчук, како киселата зелка. Важно е од вашето мени целосно да ја исфрлите мрсната храна и да консумирате намирници кои содржат омега-3 масни киселини, односно оброци кои поминале минимална термичка обработка.rn

    5. Зачини од кујната

    rnЃумбирот е најдобриот природен сојузник во борбата со настинките, односно го поттикнува организмот да произведува дермицидин, заштитник од микроорганизмите. Освен тоа, ѓумбирот консумиран како чај го чисти грлото, додека како додаток во јадењето ја поттикнува циркулацијата и го грее телото. rnrnЦиметот има противвоспалителни и антибактериски својства, заради што е пожелно да го воведете во секојдневната исхрана. За превентива кај настинките се препорачува консумирање на 1/4 лажичка цимет помешан со 1 лажичка мед наутро. rnrnКаранфилчето е уште еден пример за одличен зачин. Тоа ја чисти слузницата, помага при спречувањето на настинките и го поттикнува потењето на телото, содржи хранливи влака, фитостероли, калциум, железо, магнезиум, фосфор, бакар, витамини Ц, Е, К и Б6 и фолна киселина, заради што е важно да се користи како превенција против заболувањата.rnrnrn

    6. Потење

    rnСо потењето се ослободуваме од токсините и микроорганизмите, па затоа е препорачано вежбање во текот на зимските месеци и потребно е рекреацијата да ја надополните со жесток тренинг кои на телото ќе му овозможи дополнително потење. Идеална комбинација со рекреацијата е сауната, бидејќи високите температури го поттикнуваат растењето на ендорфините, природни телесни супстанци кои нè ослободуваат од болката. Топлината ја подобрува циркулација и го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца.rn

    7. Редовно вежбање и практикување јога пози кои го јакнат имунитетот

    rnВежбањето помага на повеќе нивоа кога е нашето здравје во прашање, а моменталното потење може да го спречи кивањето и настинката подоцна. Голем ефект за зацврстување на имунитетот има јогата, поточно положбата на телото позната како „асана“, која е поврзана со различни техники на дишење и медитација кои помагаат при намалување на хормонот на стрес кој го загрозува имунолошкиот систем. Јогата традиционално сите причини за лошиот имунитет ги пронаоѓа во лошото варење и работа на цревата кои се предизвикани од неправилната исхрана. Неправилното варење предизвикува собирање на токсините кои може да се манифестираат насекаде во телото. Јогата помага да ги зајакнете и стимулирате сите четири главни физиолошки системи кои се поврзани со имунолошкиот систем, нервниот систем и ендокриниот систем.rnrnЕдна од основните јога пози која е составен дел од поздрав на Сонцето, а помага за јакнење на имунитетот е „адхо мукха шансана“, односно во превод – куче кое гледа надолу. Позата можете да ја практикувате еднаш дневно во вашиот дом:rnrn4-adho mukha shanasanarn

      rn011

    1. Клекнете на постилка и спуштете го колковите на петите, испружете ги рацете во ширина на рамената далеку пред себе.
    2. rn011

    3. Лесно подигнете ги колената во воздух, обидувајќи се да го задржите грбот целосно исправен. Обидете се да ги спуштите петите на подот. Рацете се рамни, главата е релаксирана, рамената се широки и оддалечени од увото, стомакот е вовлечен и активни се бедрата.
    4. rn011

    5. Дишете длабоко и лесно само на носот. Задржете се во позата 5 длабоки вдишувања. Повторете повеќе пати со лесни паузи и одмор.
    6. rn

    rnДоколку сте во потрага по природен лек против настинката, тогаш ви предлагаме да го направите овој моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија.

  • Како да ги победите есенските и зимските настинки?

    Како да ги победите есенските и зимските настинки?

    Иако есента и зимата доаѓаат со прекрасни работи како што се убави лисја, удобни џемпери и многу празници, тие исто така ни носат и многу настинки. Покрај покривањето на устата кога кивате, редовното миење на рацете и внесувањето витамини, постојат уште многу други природни трикови што ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот. Прочитајте за што станува збор…rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

    Јадете повеќе лук

    rnМожеби здивот нема да ви мириса најубаво, но според најновите истражувања лукот е вистински борец против бактериите и зајакнувач на имунитетот. Меѓутоа, имајте на ум дека топлината ги деактивира неговите моќи, така што ако готвите со него, додадете го пред самото послужување на храната или ставете го во ладна салата за да ги зачините другите зеленчуци.rn

    Спијте доволно

    rnНедоволното спиење не само што го уништува имунитетот туку и предизвикува потешкотии во борбата со вирусите. Според едно германско истражување, спиењето и биоритамот се силни регулатори на имунолошките процеси. Подолгиот недостаток од сон доведува до производство на клетки што предизвикуваат намален имунитет.rn

    Вежбајте повеќе

    rnКако што станува поладно, сѐ поголемо е искушението да го замените одењето во теретана со топлото ќебенце дома и гледањето филмови. Тоа не е добра идеја, бидејќи редовното вежбање е неопходно за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Вежбањето им помага на белите крвни клетки да циркулираат побрзо, што му овозможува на имунолошкиот систем побрзо да ги открие болестите и да ги исфрли бактериите од белите дробови. Освен тоа, честото вежбање го подобрува сонот, а како што веќе кажавме, тоа има позитивно влијание и на здравјето.rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

    Поминувајте повеќе време на сонце

    rnПоминувањето време на сонце обично го поврзуваме со летото, но многу е важно да примате сончеви зраци дури и кога надвор е ладно. Освен што ќе ви го подобри расположението, сонцето може да ве заштити и од болести. Изложеноста на сончева светлина ги активира т-клетките што играат многу важна улога во имунолошкиот систем кај луѓето.rn

    Смејте се повеќе

    rn„Смеата е најдобриот лек“ не е само изрека. Смеењето навистина го намалува нивото на стрес хормоните и го зголемува бројот на бели крвни клетки што се борат против инфекции. Одвојте неколку часа за да погледнете некоја добра комедија или пак неколку минути за да се насмеете со неколку смешни видеа на Јутјуб. Се работи за вашето здравје!rn

    Ограничете ја консумацијата на алкохол

    rnНе грижете, не треба да се откажете од вашата чаша вино што ја пиете пред спиење. Но, немојте да претерувате со алкохолот, бидејќи тоа доведува до нарушен имунолошки систем и зголемен ризик од белодробни инфекции.rnrnПогледнете ги и овие 6 домашни лекови за спречување настинка.

  • Златна паста: Направете моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија

    Златна паста: Направете моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија

    Грипот и настинката и понатаму „царуваат“, а доколку се борите со нив или сакате превентивно да се заштитите, ќе направите добар избор доколку во вашата исхрана ја додадете оваа „златна паста“ која помага кај сите видови воспаленија. Најдоброто нешто кај оваа моќна паста е што многу едноставно и лесно можете да ја направите дома.rnrn1-zlatna-pasta-napravete-mokjen-lek-koj-kje-gi-izbrka-gripot-nastinkata-i-vospalenieto-www.kafepauza.mk_rnrnГлавната состојка на „златната паста“ е куркумата, позната и како индиски шафран, која претставува зачин со својства што благотворно делуваат против воспаленијата и вршат детоксикација на целиот организам. Позната е и како природно средство против болки. Со оглед на тоа дека нашето тело тешко ја апсорбира куркумата, во „златната паста“ секако додајте масло и бибер кои ќе помогнат при апсорпцијата на зачинот.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 125 грама куркума во прав
    • rn011

    • 250 милилитри вода
    • rn011

    • 1 1/2 лажица мелен црн бибер
    • rn011

    • 70 милилитри девствено маслиново или кокосово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете ја куркумата во водата, а потоа на тивок оган со постојано мешање. Мешајте сè додека не добиете густа паста, а овој процес може да трае од 6 до 10 минути.rnrn2. Доколку ви изгледа дека пастата е премногу ретка, тогаш додајте уште куркума, а доколку ви изгледа дека е премногу густа, дополнете со вода. Пастата цело време треба да биде на тивок оган, односно не треба да зоврие, бидејќи состојките ќе ги изгубат своите лековити својства.rnrn3. На крај, додајте ги биберот и маслото. Продолжете да мешате за да се соединат сите состојки.rnrn4. Тргнете ја пастата од оган и оставете ја да се излади. Пастата можете да ја складирате во стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер околу 2 недели, бидејќи нејзината моќ, односно ефикасност опаѓа после тоа време.rn

    Начин на употреба:

    rn

      rn011

    • Ако се користи како додаток во јадењето, додајте ја при крајот на готвењето за хранливите состојки да останат максимално сочувани. Особено одлично го надополнува јадењата со грав.
    • rn011

    • Може да се користи и како чај така што една лажичка од пастата да се стави во врела вода, да се промеша и да се додаде мед или шеќер по желба.
    • rn011

    • Таа е одличен додаток на сосовите.
    • rn011

    • Додајте една лажица од пастата во супата од зеленчук, варивото или крем супата.
    • rn011

    • Додајте една лажица од пастата во динстан ориз и зеленчук за подобрување на вкусот.
    • rn011

    • Малку паста можете да додадете и во топло растително млеко.
    • rn