Настапите во живо се навистина тешки. Постои ризик од голем број грешки, како заборавање на текстот или кореографијата, негативен фидбек од публиката… Од друга страна пак, дури и на најдобрите им се случува да го изгубат својот глас или да ги згрешат нотите. Па, погледнете што се случува со гласот на дел од најпознатите музички ѕвезди доколку не е скриен од страна на музиката.rnrnrn
Добро пеење: Меган Трејнор
rnrnМеган добро се држи пеејќи ја оваа песна.rn
Лошо пеење: Мараја Кери
rnrnРеакциите на Ники Минаж и бебето кажуваат сè.rn
Неверојатно пеење: Бијонсе
rnrnНе постојат зборови за овој настап.rn
Прекрасно пеење: Аријана Гранде
rnrnМалата Аријана има огромен глас.rn
Исклучително пеење: Кристина Агилера
rnrnКажете што сакате, но Кристина има моќен глас кој никој не може да го следи.rn
Очекувано пеење: Кејти Пери
rnrnВисоките ноти не се баш онака како што би требало…rn
Пеење кое ќе ве остави без здив: Сиа
rnrnГласот на Сиа не може да направи грешка. Дури и кога малку се крши.rn
Убиствено пеење: Деми Ловато
rnrnОдличен глас, прекрасно пеење.rn
Просечно пеење: Ријана
rnrnОдлична песна, просечен глас.rn
Уникатно пеење: Адел
rnrnГласот на Адел звучи едноставно неверојатно и целосно различно.rn
Ексцентрично пеење: Лејди Гага
rnrnИ токму затоа таа засекогаш ќе биде во нашите срца…
Вчеравечер втората фаза во „Куќите на судиите“ помина доста возбудливо. Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач имаа тешка задача како ментори, да одберат по три најдобри кандидати од својата група, кои повторно ќе ги гледаме на настапите во живо, во јануари, 2014 година. На Жељко помош околу изборот му даде пејачот Тони Цетински, а Кристина ја поддржуваше пејачката Леонтина Вукомановиќ.rnrnrnrnПосле макотрпното размислување, судиите ги одбраа своите фаворити. Во групата на Жељко „Постари од 27“, во наредната рунда се пласираа Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ и нашата гордост Даниел Кајмакоски.rnrnОд друга страна, во групата на Кристина „Бендови“, во понатамошно натпреварување се пласира женскиот бенд 4U, машкиот бенд Doktoriи нашата Фифи во дуетот со Маринела, под назив H20.rnrnДаниел уште еднаш докажа зошто е еден од фаворитите за победник во Х фактор Адриа. Суперталентираниот Македонец, откако го отпеа хитот на Бруно Марс „When I Was Your Man“, ги воодушеви Жељко и Тони, кои му рекоа дека е фантастичен. Откако си замина Жељко му наведе на Тони дека Даниел поседува светски Х фактор!rnrnrnrnУбав настап кај Кристина и Леонтина имаа и Фифи и Маринела Џогани, кои во дует ја изведоа нумерата „I Was Here“ од Бијонсе. „Нивната енергија супер се согласува“ – јасно кажа Кристина.rnrnrn
Младен Лукиќ
rnrn
Маја Новаковиќ
rnrn
4U (Лана Шојиќ, Теодора Спаравало, Катарина Манојловиќ и Вања Мишиќ)
rnrn
Доктори (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов)
rnrnrnУрош Туркулов, кој е во составот на групата, е роден Штип, а живее во Нови Сад.rnrnЗа жал, македонските браќа Иван и Кико не успеаја да продолжат понатаму. Според Кристина нив им недостасува искуство и не е сигурна дека тие поседуваат X фактор. Сепак, сè уште не е сè изгубено, бидејќи до 7 јануари кога ќе започнат настапите во живо, публиката има можност во шоуто да врати еден од испаднатите кандидати, па да се надеваме дека ќе се одлучи за браќата Раденови. Погледнете го и нивниот настап.rnrnrnrn
Познато е дека славните би направиле сè само за да ги добијат своите 5 минути и да бидат наредната сензација за која зборува цел свет. Тоа подразбира и неверојатно бизарни работи кои секако добиваат уште поголем публицитет кога се изведени пред масовна публика, а публицитетот, добар или лош е секогаш добредојден. Познатите музички ѕвезди не пропуштаат да ги искористат своите концерти со огромна посетеност за да ја „изразат својата креативност“ и да ги воодушеват своите фанови. Или во случај да не сте толку голем фан, да ве извадат од памет. Следат најбизарните сензации кои познати музички ѕвезди ги имаат изведено на своите концерти.rnrn
1. Lady Gaga – раѓање од јајце
rnПозната е по провокативната и чудна облека, драматичните настапи и хипнотизирачките видеа, но на отворањето на музичките награди Греми во 2011, Лејди Гага ги шокира буквално сите. За потребите на изведбата на песната „Born this way“ таа буквално „се роди“ од јајце. Но, целата драма всушност не беше поврзана со самиот настан и излегувањето на сцена туку со фактот дека Лејди Гага поминала цели 72 часа во јајцето. Како што самата изјавила, сакала да се чувствува дека навистина е родена на сцената.rn
2. U2 – џиновска вонземјанска канџа
rnЗа најголемата и најуспешна тура во музичката историја наречена 360º, која траеше цели две години и заработи неверојатни 736.421.586 долари, бендот користеше џиновска конструкција позната како „The claw“. Станува збор за масивна конструкција со четири столба која ја опфаќа сцената и целокупната опрема – аудио, визуелна и опремата за осветлување. На тој начин феноменалниот бенд им овозможи одличен поглед на сите посетители без разлика на местото на кое стојат и со самото тоа, тура и концерти за паметење.rn
3. The Cumshots – секс на сцена
rnСамиот бенд е познат по насилните и вулгарни сценски настапи, всушност членовите на бендот често по концертите остануваат со скршеници и разни повреди. Најбизарниот настап на овој бенд бил на фестивалот Кварт во Норвешка во 2004 година при промовирање на порака за еколошка свест. Најинтересниот дел е што вниманието не го привлекле членовите на бендот туку бесрамен пар кој бил дел од еколошка порнографска организација (да, и тоа постои) наречена „ F*ck For Forest“ и само за доброто на шумите се решиле да имаат секс на сцена пред бројна публика. Не сме баш сигурни како чинот би помогнал во спасување на едно дрво, но добро, дефинитивно останале запаметени.rn
4. Ozzy Ozbourne – жртвување на лилјак
rnЧленовите на ПЕТА сигурно не биле воодушевени од концертите на Black Sabbath, како и дел од посетителите кои не претпоставувале дека нивниот омилен бенд ќе фрла кон публиката свински црева и црн дроб од теле. Но, имало и такви на кои веројатно им се допаднале ваквите настапи коишто се повторувале на секој концерт од турата „Night of the living dead“ па почнале да си носат свои животни, обично мртви, кои ги фрлале на сцената. На еден од концертите бил фрлен лилјак кој шокиран од осветлувањето буквално се замрзнал, па Ози мислејќи дека е гумена играчка му ја одгризал главата. Секако, морал да биде хоспитализиран после тоа.rn
5. Hanatarashi – булдожер шоу
rnСигурно ви се случило вашите родители да влезат во соба врескајќи „Каква е оваа врева?!“ мислејќи на музиката од вашиот омилен бенд и веројатно во поголем дел од случаите едноставно не ја разбирале :). Но, кога станува збор за бендот Hanatarashi зборот врева е сосема соодветен. Користеле разни машини и алатки со цел да создадат бучава кои некои ја сметале за вистинска уметност. Бендот имал зачудувачки број на фанови, кои едвај го чекале нивното наредно шоу иако сите тие морале да потпишат дека во случај на повреда бендот не е одговорен. Најпопуларниот настап бил кога фронтменот на бендот влегол на сцената со булдожер и тоа преку ѕид.rnrn
Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Младиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn
rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn
rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rnrn
„Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“
rnrnrn
rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn
rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn
rn
rn
rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn
Бенд: High Controlrnrn Основан: 2005 годинаrnrn Музика: алтернативен рокrnrn Албуми: „In every way“ (2009), „Report“ (2011)rnrn Состав: Роберт Матовски (вокал, гитара), Игор Мариниќ (бас), Гоце Симоновски (гитара) и Јосип Сензел (тапани)rnrn
Дека македонската музичка сцена навистина има квалитет со кој може да се гордее, покажаа момците од бендот High Control. Со многубројни настапи и ангажмани, веќе два албума зад себе и промоција на новиот, петти по ред официјален видео запис за песната „Доста“, навистина ја покажаа нивната посветеност кон музиката и сигурноста со која чекорат кон сè поголеми успеси.rnrnБендот е оформен во 2005 година, но самиот состав претрпел одредени промени па така сегашниот тим работи заедно од 2007 година и може да се забележи дека функционира одлично. Нивната музика според најголем дел од критичарите е категоризирана како алтернативен рок, но дефинитивно станува збор за препознатлив, жив звук одличен за многубројните свирки на кои бендот постојано е ангажиран. rnrnФановите секогаш можат да најдат плус информации во врска со идните свирки, настапи и други битни информации за бендот на нивниот официјален веб-сајт www.highcontrolmusic.com, и што е најбитно и двата албуми можат да си ги симнат бесплатно. Освен што се навистина посветени на нивната музика и напорно работат, момците од High Control се одлично расположени и за муабет, па така со задоволство ви пренесуваме што открија во интервјуто за Кафе пауза.rnrn
rn rnЗад себе имате веќе два албума, одлични хитови и неверојатни настапи… Ви недостасуваат почетоците, првите свирки, собирањето во гаражи или пак во суштина работите и не се толку променети?rnrnИако сме подобрени во однос на тоа како сме го добиле своето место на сцената, во суштина работите не се многу изменети во однос на собирањето по гаражи, процесот на создавање музика – сепак таму амбиентот е најдобар за работа. А од првите почетоци и свирки можеби недостига оној предизвик за самодокажување, како и желбата да те „слушне“ некој.rnrnКако настана „Report“ и колку долго работевте на албумот?rnrnНа „Report“ работевме околу една и пол година, бидејќи после првиот албум „In Every Way“, кога сè уште некако се баравме и експериментиравме, со овој албум веќе знаевме што сакаме, знаевме каде одиме, т.е. имавме визија како тој ќе звучи, а крајниот производ беше повеќе од задоволителен.rnrnПесните очигледно испраќаат јасна порака до публиката, не може, а да не се забележи таа поврзувачка нишка на „Are you blind?“, „Tired of lies“ или „Brainwashed“… Мислите ли дека дојде време младите конечно да се освестат за сè што се случува околу нас?rnrnВремето не само што е дојдено, туку дури е и одминато, ама се добива некој впечаток дека кај младите постои своевидна индолентност, како да владее една општа апатија и затоа малку сме скептични во однос на ова прашање, бидејќи како да не постои веќе онаа движечка сила која би требала да биде манифестирана од страна на младите, како да недостига креативност, самосвест, желба за подобро. Сепак, наше е да ги искажеме работите кои нè мачат и да се надеваме дека ќе допрат до некого.rnrnОд што ви е „доста“?rnrnДоста ни е од насилници, убијци, лажговци, лицемери, профитери кои заработуваат на сметка на маката на другите, празни, неисполнети ветувања, лоши вести, заплашувања… Доста ни е од сè она што веќе со децении нè оптоварува.rnrn
rnrnКако и дали воопшто се смени вашата музичка и уметничка визија од времето кога почнавте со формирањето на бендот? Дали се движите во посакуваната насока за High Control, онаа која ја замисливте при самите почетоци? Би промениле ли нешто?rnrnМузиката созрева заедно со нас. На почетокот имавме некоја визија за создавање на основа на сето она што е изградено до денес, но сè уште градиме – тоа е еден процес кој никогаш не запира. Мислиме дека се движиме во вистинска насока и сега за сега не би менувале ништо, но не се исклучува можноста за експериментирање со нови инструменти, технологии, соработка со други музичари и слично.rnrnШто ве инспирира? Кои се вашите идоли?rnrnГенерално инспирација црпиме од нашето секојдневие. Животот е полн со убави и не толку убави работи, предизвици, пречки, а сето тоа е доволно за да ве инспирира. Ако зборуваме за идоли, тогаш идоли ни се сите добри луѓе, кои што успеале да задржат од доброто во себе во овие тешки и лицемерни времиња. На музички план, идоли ни се оние музичари кои успеале да останат искрени во својата музика, а сепак да допрат до голем аудиториум и да бидат влијателни.rnrnНаоѓате ли време и за некое хоби покрај ангажманите на музички план? Што прават High Control во слободно време?rnrnHigh Control во слободно време работат макотрпно на финиширање на третиот албум! Хаха, мала шега која не е многу далеку од вистината, но сите приватно сме ангажирани кој со работа, кој со факултет, кој и со двете, па сепак работата на музиката која ја сфаќаме сериозно т.е. претставува нешто што навистина ни е важно – всушност ни преставува и едно хоби и издувен вентил.rnrn
rnrnКога би ви се понудила можност за милионски договор од некоја светска издавачка куќа под услов да го промените стилот на музиката, би прифатиле ли?rnrnТоа би значело дека ни нудат договор заради погрешни причини или скриени намери, а не заради нашата музика. Повеќе би сакале да ни понудат милионски договор за да продолжиме да го работиме она што најдобро го работиме т.е. да создаваме музика онака како што ние сакаме. Тоа веќе би значело нешто големо!rnrnСе чини дека во последно време, повеќе од кога било, музиката и модата едноставно не одат едно без друго, музичарите кои се пробиваат постојано се трудат да изнајдат некој препознатлив, дури ексцентричен стил… Да речеме, „Hurts“ не може човек да ги замисли без костуми. Начин на уметничко изразување или желба за привлекување внимание? Може ли да се очекува нешто такво од High Control?rnrnНе сме размислувале на тоа да го поставиме имиџот во некој „тренди“ елемент, затоа што размислувањата ни одат во насока дека треба да бидеме препознаени според нашата музика и според она кое ние навистина сме, без да додаваме некоја ексцентричност и да го промениме тој впечаток.rnrnКои настапи ви останале во особено сеќавање?rnrnБи можеле да издвоиме неколку, и тоа од: Winner Fest, Total Demo Fest (каде што освоивме прво место и како награда го снимивме првиот албум „In Every Way“), Пиволенд, Битола Отворен Град, Music Without Borders (Вуковар – Хрватска) двата настапи на EXIT (Нови Сад), па сè до еден од попозитивните настапи на Пикник Рок Фест (Куманово) пред околу 6-7.000 публика со многу позитивна енергија.rnrn
rnrn Каков е вкусот на славата? Дали ви се допаѓа идејата луѓето да ве препознаваат каде и да одите?rnrnХахаха, па не би рекле дека некој тука во Македонија може да се пофали со некоја слава или дека е ѕвезда и слично. Поимот ѕвезда е изваден тука кај нас од контекст, бидејќи за да бидеш ѕвезда треба да продаваш милионски тиражи на албуми и преку цела година да си на турнеја низ светот, така што едноставно ние се задоволуваме со тоа што ќе сретнеме нови луѓе, а сме сретнале многу прекрасни луѓе со кои сме изградиле пријателски односи, ќе презентираме дел од она што сме успеале да го сработиме и ќе се задоволиме со позитивен повратен ефект од публиката, сè другото е бонус.rnrnШто би им препорачале на читателите на „Кафе пауза“?rnrnДа го читаат вашиот портал, бидејќи изобилува со интересни и квалитетни содржини, нека се надградуваат во животот, нека го живеат со полн здив, нека работат макотрпно на остварување на соништата и никогаш нека не се предаваат – не постои друга формула за да се биде среќен и исполнет.rnrn
Автор: Моника Трајковскаrnrn„So you think you can dance“ е најголемото шоу во Америка кое е посветено на натпреварување во танцување. Создадено е од Сајмон Фулер и Најџел Литгоу во 2005 година и со секоја нова сезона популарноста значително се зголемува. Ова шоу го води неодоливата Кет Дили, а во улога на судии покрај Најџел се појавуваат најпознатите кореографи и танчери во Америка.rnrnУспешноста и гледаноста на ова шоу произлегува од уникатноста на изведбите на танчерите. Секој танц има своја посебна приказна која постојано допира до срцата на публиката. Погледнете ги овие неверојатни настапи кои целосно ќе го променат вашето мислење за танцувањето.rn
Џејми и Хок – џез (The Chairman’s Waltz)
rnКореографијата на Вејд Робсон е една од најнезаборавните изведби во ова шоу и танчерите дефинитивно одлично ја доловија неговата идеја. Приказната е за колибри (Хок) кој се обидува да заведе цвет во цутење (Џејми). Изведбата на танчерите е толку уникатна и совршена, што сè уште никој не успеал да ја одигра како нив.rn
rn
Кејти и Твич – модерен танц (Mercy – Duffy)
rnКореографиите од Миа Мајклс скоро секогаш имаат романтично-љубовна содржина. Но оваа рутинска точка сама по себе е малку поразлична. Се работи за опсесивна девојка која не сака да се откаже од своето момче. Но тој не го дели истото мислење со неа и поради тоа настанува малку комплицирана ситуација.rn
rn
Челси и Марк – хип хоп (Bleeding Love – Leona Lewis)
rnКога станува збор за хип хоп, кореографите Наполеон и Табита се незаменливи. Приказните во нивните кореографии изобилуваат со интензивни чувства кои само најдобрите танчери успеваат да ги доловат. Оваа изведба објаснува една секојдневна ситуација низ која сите поминуваат. Девојката (Челси) пробува да го задржи дома нејзиниот љубовник кој е зависен од работата (Марк) со надеж дека ќе помине повеќе време со него, но тој го краде нејзиното срце и си оди.rn
rn
Нил и Себра – џез (Sweet dreams – Eurythmics)
rnОваа фантастична кореографија е на Менди Мур. Приказната е еден вид бизнис преговарање, во кој има жестока дебата помеѓу двете страни. На крај Нил и Себра го завршуваат преговарањето со „ракување под маса“, кое најчесто се случува и во реалниот живот.rn
rn
Тревис и Хејди – модерен танц (Calling You – Celine Dion)
rnПознатата кореографија со клупата на Миа Мајклс е една од најпопуларните во ова шоу. Како и секогаш се работи за љубовна рутинска точка, проследена со многу емоции. Девојката (Хејди) се обидува да најде начин да се смири со нејзиното момче (Тревис), но и покрај сè што ќе направи, тој сепак ја напушта.rn
rn
Роберт и Алисон – модерен танц (Fix You – Coldplay)
rnКореографот Тревис Вол ја направил оваа кореографија во чест на неговата болна мајка. Неверојатната изведба од страна на Роберт се должи на сличната ситуација со онаа на Тревис. Приказната за синот кој очајно се обидува да ù помогне на својата мајка е една од најтрогателните досега во ова шоу.rn
rn
Били и Лорен – Бродвеј (Footloose – Kenny Loggins)
rnОваа интересна бродвеј рутинска точка е на Тајс Диорио. Се работи за средношколска љубов, која Били и Лорен одлично ја доловуваат. Уживајќи во слободното време помеѓу часовите, тие се забавуваат како никогаш досега.rn
rn
Кејти и Џошуа – Боливуд (Dhoom Taana – Om Shanti Om)
rnНакул Дев Макаџан стои зад оваа интересна кореографија. Се работи за типична боливудска љубовна приказна, која што танчерите одлично ја изведоа. За овој вид танц е потребна голема физичка кондиција како и трпеливост, бидејќи има сосема различни движења во однос на останатите музички жанрови.rn
rn
Били и Лорен – џез (Boogie Shoes – KC & The Sunhine Band)
rnЗабавна кореографија од Менди Мур која овие танчери прават да изгледа неверојатно лесна. Приказната е едноставна – тие едвај чекаат да се видат за да танцуваат заедно.rn
rn
Кортни и Марк – џез (Garden – Mirah)
rnДоколку ве интересираат малку чудни и бизарни, но истовремено уникатни кореографии, Соња нема никогаш да ве изневери. Нејзините изведби се незаборавни и изобилуваат со многу интензивни емоции. Приказната во оваа кореографија е за млада девојка (Кортни) која не може да поверува дека повеќе не му е привлечна на своето момче (Марк) и прави сè за повторно да го заведе. На крај таа целосно успева во својата намера.rn
Автор: Ели РадескаrnrnНејзината музика, нејзиниот моќен стил и глас, движењата, самодовербата со која располага и силата со која преовладува на сцена ја прават оваа жена многу повеќе од обична пејачка. Стилот и музиката на Бијонсе се вистинска инспирација за многу стилисти, дизајнери, текстописци, кореографи и музичари. Секоја нејзина песна, секој нејзин настап има содржина и значење. Таа со својата музика пренесува порака, па затоа Бијонсе не е само забавувач, таа инспирира и мотивира, таа е божица која остава без здив!Бијонсе Ноулс, или целосно име Бијонсе Жизел Ноулс е родена на 4-ти септември 1981 во Хјустон, Тексас. Нејзиниот татко Мејту Ноулс е успешен менаџер, а нејзината мајка Тина Ноулс одличен дизајнер, позната по нејзината модна куќа „Дереон“. Бијонсе е постара сестра на Соланж Ноулс, пејачка, текстописец и актерка.rnrnЧленувајќи во различни школи за сценски уметности, често била дел од натпревари во пеење и танцување. Станува славна во доцните деведесетти, откако групата во која е водечки вокал „Destiny’s Child“ ја зголемува популарноста и станува група со најплатени музички хитови. Сигурно ги паметите хитовите: „Jumping jumping“, „Girl“, „Say my name“, „Independent woman“, „Lose my breath“, „Solider“, „Bootylicious“ и многу други.rn
rn
Во 2002 гостува во филмот „Austin Powers“ играјќи ја улогата на Фокси Клеопатра, а истата година го издава нејзиниот прв соло сингл „Work it out“, како главна нумера на филмот. Наредната година се појавува во романтичната комедија „The Fighting Temptation“ заедно со Куба Гудинг Џуниор, а како песна за овој филм ја снима „Fighting Temptation“ со Миси Елиот.Во октомври, 2002 година, во дует со Џеј Зи го сними синглот „Bonnie and Clyde“, а откако останатите членови на последниот состав на „Destiny’s Child“, Мишел Вилијамс и Кели Роуланд, издадоа свои соло песни, во јуни, 2003 година Бијонсе го издаде својот прв соло албум „Dangerously in love“. Првиот соло албум на Бијонсе се најде на првото место на „Billboard 200“, со продадени 317.000 копии само во првата недела, а до денес се продадени 4,2 милиони копии во САД. Носечки сингл е дуетот со Џеј Зи „Crazy in love“ кој 8 недели по ред беше на првото место на „Billboard Hot 100“ и кој официјално ја обелодени нивната љубовна врска.
rnrnНејзиниот дует со Шон Пол „Baby boy“ на истата таа листа остана на првото место цели 9 недели. На доделувањето на Греми наградите за 2004, Бијонсе освои 5 награди, меѓу кои онаа за најдобра женска изведба, најдобра ар-ен-би песна, како и за најдобар современ албум.Во ноември, 2004, трите девојки од „Destiny’s Child“ повторно се здружија за да го издадат нивниот последен заеднички албум „Destiny Fulfilled“, по кој следуваше турнеја која траеше сè до септември, 2005. После тоа беше издаден компилациски албум со нивните најголеми хитови, насловен како „Number 1s“.Во 2006 година заедно со неповторливиот Стив Мартин таа глуми во комедијата „Pink Panter“, чии сегменти се појавуваат во официјалниот видео запис за нејзиниот хит „Check on it“. Истата година се појавува во филмскиот хит „Dream girls“ заедно со Еди Марфи, Џенифер Хадсон и Џејми Фокс, каде ликот на Бијонсе е базиран на женската музичка легенда Дијана Рос. На наградите за „Златен Глобус“ во 2007 година, Бијонсе добива награда за најдобра актерка, како и најдобра песна за прекрасната балада „Listen“ која се наоѓа на саундтракот на „Dream girls“.rnrnОваа 2006 година е важна година за Бијонсе, бидејќи покрај двете улоги, таа го издава вториот соло албум насловен како „B’day“ кој се продаде во 541.000 примероци во првата недела од издавањето. Самата Бијонсе кажува дека албумот е главно инспириран од сите чувства и емоции кои улогата во „Dream girls“ ги пробудила во неа. Водечки сингл е „Déjà vu“ со Џеј Зи, додека песната „Irreplacable“ од истиот албум, десет последователни седмици остана на првото место на „Billboard Hot 100“. Подоцна, во 2007 година таа издава делукс издание на „B’Day“ каде, меѓу другите е дуетот „Beautiful liar“ со Шакира.Она што дефинитивно го достигна врвот на нејзината кариера е албумот од 2008 „I am Sasha Fierce“, кој го претставува алтер егото на Бијонсе – Саша Фирс. Како што и самата кажува, Фирс е нејзиното второ јас, она што Бијонсе се претвора кога ќе застане на сцена:rnrn
„Некој друг кој ме презема кога доаѓа време да работам и кога сум на сцена, некое алтер его што сум го создала за на некој начин да ме штити мене и она што навистина сум…” – изјави таа.
rnМагазинот „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за втор најплатен женски изведувач, со заработка од 80 милиони во периодот од јуни, 2007 до јуни, 2008. Од албумот посветен на нејзиното алтер его излегоа хитовите „If I were a boy“, „Single ladies (put a ring on it)“, „Halo“, „Sweet dreams“, „Diva“, „Ego“ и многу други. Она што е карактеристично е тоа што албумот ги нагласува двете страни на Бијонсе. Поделен е во два дела, првиот „I am…“ содржи балади и песни со средно темпо, додека вториот диск „Sasha Fierce“ целосно ја открива сексапилноста на оваа пејачка и се карактеризира со побрзо темпо и со истакнат стил.Во 2011 настапува на рок спектаклот „Гластонбери“, тоа ја прави првата жена изведувач која настапила на главната сцена на овој фестивал, и признава дека тоа е вистинско остварување на нејзините соништа. Соло албумот едноставно насловен како „4“ е четвртиот албум на Бијонсе.Како што самата тврди, бројот 4 е навистина важен во нејзиниот живот, бидејќи многу важни датуми се поклопуваат со овој број, меѓу кои и датумот на нејзината венчавка со Џеј Зи, 4 април. Многу музички критичари велат дека она што го пее Бијонсе е еден посебен жанр на музика, додека таа вели дека е сè она што таа го сака, помешано заедно. Таа црпи инспирација од многу музички легенди за овој албум, меѓу кои Стиви Вондер и Мајкл Џексон. Хитовите кои ќе го одбележат овој албум се: „Best thing I never had“, „Countdown“, „1+1“, „Love on top“, „Run the world“, „End of time“ и „Party“. Основен елемент на „4“ е истакнатата женственост и моќ.Таа во многу наврати за време на презентирањето на песните од најновиот албум, ја спомнува силата на жената, рамноправноста, борбеноста, моќта. Еден од нејзините настапи за „Run the world“ започнува со „Јас сум жена, и она што го мислам морам да го кажам!“ И покрај тоа што помина само месец и пол откако Бијонсе стана среќна мајка на слатката Блу Ајви Картер, таа веќе има планови за наредниот музички албум.За крај, уживајте во неколку од многуте нејзини моќни настапи:rn
Автор: Драгана Петрушевскаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnТие се вистински уметници. Со својот уникатен талент секојдневно ги забавуваат граѓаните кои живеат или се во посета на градот. Некои од нив се занимаваат со тоа за да преживеат, а има и такви кои се вработени, но сакаат да настапуваат на улиците и да го прават светот поубав.Лери Рајт е уличен изведувач кој настапува заедно со неговите три деца. Тој создава музика удирајќи на обични пластични канти, додека неговите ќерки танцуваат. Со ова се занимава од својата петта година. Просечната дневна заработка на Лери е 300 долари.Роџер е мимичар кој настапува на улиците цели две години. Вели дека заработува одлично, но многу често се среќава со луѓе кои се обидуваат да го демотивираат. „Колку и да се обидуваат, не ми пречат. За нив настапувам“.Лери Вилсон свири на гитара во центарот на Њујорк речиси секој ден. По својата дневна работа, одвојува шест до седум часа за да ги весели Њујорчани. Најдобрата дневна заработка за него е 150 долари.Доколку отидете во Њујорк, може да го побарате и Даглас облечен како Спајдермен. Негова работа е да позира на улица. Освен што заработува како актер и пејач, како Спајдермен добива и дополнителни пари. Најдобра дневна заработка му е 375 долари.Дерил е човекот кој седи мирен без разлика на случувањата околу него. Тој е облечен и обоен во златна боја и претставува златна статуа.Ова се само дел од уличните изведувачи во Њујорк. Сите тие се ѕвезди иако не се појавуваат на телевизија. Нивните перформанси се доживуваат само лично. Тие се едни од најубавите украси на градот.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Бенд:Serpentine FirernrnОснован: април, 2005rnrnСостав:Филип Златковски – ритам гитара, Дамјан Јанев – соло гитара, Игор Панев – вокал, Милош Дејановиќ – бас и Љубомир Јовановиќ – тапаниrnrnТип музика: хеви метал со примеси на треш метал и прогресивrnrnИздадени албуми: Out to the lightrnrn___________________________________________________________________________________________rnSerpentine Fire е хеви метал бенд кој годинава обележува 6 години од своето постоење. Зад себе имаат еден самоиздаден албум и неиздаденматеријал од 2010 кој ебесплатно споделен преку интернет, а во подготовка е вториот албум, кој планираат да го завршат годинава.Секој во бендот си има своја улога: Игор ги прави вокалните линии и текстовите заедно со Милош, Филип и Дамјан се грижат за компонирањето и аранжманот на песните, а Бубе доволно е само да тропа :). Но на крајот, сите заедно одлучуваат за сè, не постои „газда“ во бендот. Редовни настапи како „тезгари“ немаат, а позначајните свирки им биле наРок Фест, Плагијат и Дојди Веслај во Струга.rn___________________________________________________________________________________________rnrn
rn011
rn
Кои странски музички изведувачи се вашиот фаворит и главна инспирација?
rn
rn
rn
Странските бендови кои влијаеле на нас со текот на годините се менувале, како и нашиот стил, но едни од фаворитите кои на сите нас ни извршиле влијание се бендови како KIng DIamond, Pantera, Flotsam and Jetsam, Forbidden и многу многу други. Горе-доле нашата музика е комбинација од стиловите на овие бендови, додека инспирацијата доаѓа директно од душата, не од некој бенд.
rn
rn011
rn
Колку често правите проби?
rn
rn
rn
Се трудиме тоа да биде колку можеме почесто, со оглед на обврските кои ги имаме сите, така што релативно е, но тоа се движи од ниеднаш до 2-3 пати неделно.
rn
rn011
rn
Кога и каде можат да ве чујат фановите? Кои песни може да се чујат на вашите свирки?
rn
rn
rn
Нашите фанови знаат кај да не најдат. Тоа најчесто е или Кастро или Хавана. Секој што сака да слушне добар и моќен метал нема да има проблем да не најде. Воглавно свириме наши песни, но одвреме навреме знаеме да отсвириме и некоја преработка од некои од познатите бендови. Целта ни е само луѓето да си поминат убаво на свирка и да им се исплатат парите кои ги дале.
rn
rn
rn.
rn011
rn
Што правите кога не се занимавате со музика?
rn
rn
rn
Постарите во бендот работат, помладите студираат :). Имено: Игор е доктор, јас (Филип) работам со ентериери, Милош и Дамјан се студенти, а Бубе држи Фаст фуд ресторан. Останатото време кулираме и чат-пат некоја песна може да излезе од дремењето по дома.
rn
rn011
rn
Текстовите на вашите песни се на англиски јазик. Зошто?
rn
rn
rn
Па, од една страна на англиски е многу полесно изразувањето поради тоа што има голем фонд на зборови и нивни варијации, додека македонскиот е поограничен во тој поглед, а од друга страна сакаме нашата музика да ја разбираат во секој дел од светот, не само во Македонија. Но, тоа не значи дека во иднина не би направиле песна на македонски јазик.
rn
rn011
rn
Која песна е ваш фаворит?
rn
rn
rn
На сите најголем фаворит ни е „Hypocrisy of Life“ која исто така ја сметаме за нашиот најголем успех. И најверојатно во таа насока ќе се движи бендот во наредните години.
rn
rn.
rn
rn011
rn
Кои македонски бендови или изведувачи особено ги почитувате?
rn
rn
rn
Од постарите бендови, би ги наброиле Sanatorium и Orion, кои влијаеле на доста генерации, а од нашите сегашни колеги Vandal, Raven, Furion и многу други кои доста добро си ја вршат својата работа.
rn
rn011
rn
Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на вашиот бенд?
rn
rn
rn
Обично одговорот на ова прашање би бил издавање за позната издавачка куќа, турнеи низ цел свет и многу жени и пари (што не би било далеку од вистината :)), но искрено не сме во потрага по успех кој само би не направил познати. Сакаме нашата музика да допре до што повеќе луѓе и да не почитуваат само поради нашата музика, прилично искрено го работиме ова и сакаме поради тоа да бидеме ценети.
rn
rn011
rn
Дали би го смениле стилот на музиката, доколку некој познат продуцент во Македонија ви понуди соработка која ќе го вклучува овој услов?
rn
rn
rn
Мислам дека нашите продуценти имаат доволно кловнови, така да не верувам дека сме им ние потребни само за да им пркосиме на неквалитетот. Но кога би дошло до тоа најверојатно би им рекле: „SCREW YOU GUYS, WE’RE GOING HOME“.
rnrn
rn011
rn
Како го гледате бендот после 25 години?
rn
rn
rn
Па се надеваме дека ќе оставиме печат на македонската андерграунд сцена, како бенд кој истрајал, има барем 5-6 албуми позади него и многу концерти. Се разбира, сакаме да бидеме бенд кој би влијаел на идните генерации и да бидеме инспирација за некој да направи поголем успех.