КАФЕ ПАУЗА

Tag: најдобро

  • Ова е најдоброто време за водење љубов, а еве и зошто

    Ова е најдоброто време за водење љубов, а еве и зошто

    Сексот во овој период е исклучително корисен за вашето здравје и за вашето тело, а ги намалува и шансите за срцев удар.rnrnОва е најдоброто време за водење љубов, а еве и зоштоrnrnСпоред истражувањето спроведено минатата година, најдоброто време за секс е во 9 часот во недела наутро.rnrnМеѓутоа, не само што ќе го намалите нивото на стрес, туку ќе доживеете и поголема интимност со партнерот. Без разлика дали ќе доживеете оргазам или не, сексот е одличен за започнување на денот.rnrnВо утринските часови имате најмногу енергија, освен ако не сте спиеле цела ноќ, така што сексот е многу поквалитетен. Сексот наутро е многу попријатен бидејќи на почетокот на денот имате високо ниво на тестостерон.rnrnТестостеронот е хормон што секој од нас го има во своето тело и тој е одговорен за сексуалната желба. Кај мажите, повеќе тестостерон значи посилна ерекција и повеќе сила, па сексот ќе трае подолго.rnrnДали има подобар начин да се започне денот? Веројатно нема. Затоа, подгответе се за в недела.rnrnПрочитајте како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос.

  • Овие хороскопски знаци ќе го имаат најдоброто лето досега

    Овие хороскопски знаци ќе го имаат најдоброто лето досега

    Летото секогаш е трансформирачко искуство. Тоа е сезона полна со романса, луди ноќи, релаксирање, спиење под сонцето… Никогаш не знаете што ќе се случи, а кога ќе заврши и кога ќе се потсетувате на него, ќе ви стане јасно дека сте станале целосно нова личност. Ако сте доволно среќни да припаѓате на некои од следниве знаци, подгответе се за лето што ќе ве исполни со љубов, задоволство и убавина.rnrnОвие хороскопски знаци ќе го имаат најдоброто лето досегаrn

    Бик: Ќе бидете полни со смеа и радост

    rnЌе почувствувате силна привлечност кога Венера, планетата на љубовта влегува во Лав на 15-ти јуни. Секој ќе сака да биде ваш пријател. Ќе зрачите со радост и среќа. Ова е совршено време за активности како организирање забава. Моментално минувате низ некои промени, но тоа не значи дека не можете да уживате и да се забавувате.rn

    Рак: Вашата енергија ќе биде привлечна

    rnПодгответе се да бидете полни со енергија, опкружени со луѓе што ве сакаат и во допир со вашето вистинско јас Ова е одлично време за активности со блиските пријатели, авантури со нови луѓе и проширување на љубовта кон себе. Внимавајте на сексуалниот живот. Ако искусите некоја загуба, имајте на ум дека за возврат ќе добиете нешто.rn

    Лав: Ќе се чувствувате како дел од кралско семејство

    rnПочнувајќи од 13-ти јуни, Венера, планетата на љубовта и пријателството ќе го осветли вашиот знак. Ќе ја реализирате вашата фантазија да бидете крал или кралица. Сонцето ќе му даде моќ на вашите тело, душа и ум и ќе се чувствувате посилно од кога било. Ова е одличното време да ги ставите вашите потреби на прво место и да го правите она што вам ве прави најсреќни. Сепак, внимавајте пред да кажете што било.rn

    Вага: Неверојатен социјален живот

    rnОчекувајте вашиот социјален живот да биде полн со возбуда. Веројатно ќе најдете многу нови пријатели и ќе биете инспирирани за авантури. Ова е одличен период за големи настани, собирања и излегување од удобната зона. Сепак, понекогаш ќе бидете фрустрирани од целото уживање. Обидете да бидете присутни во сегашниот момент.rn

    Риби: Ќе сакате постојано да се забавувате

    rnЗа вас ова лето ќе биде неверојатно. Подготвени се да се опуштите и да се нурнете во најзабавната сезона. Вашата аура ќе го привлече секого што сака да биде дел од вашиот волшебен свет. Нема причина уште веднаш да го развеселите вашиот дух. Можно е да ги запоставите приоритетите. Подгответе се за ова однапред.rnrnДознајте и што ве очекува овој јуни според вашиот хороскопски знак.

  • Очекувајте го најдоброто и тоа ќе го добиете: 10 совети за неверојатен живот

    Очекувајте го најдоброто и тоа ќе го добиете: 10 совети за неверојатен живот

    Сите тежнееме кон среќен живот, а тој секако, почнува со посветеност и добра грижа за нас самите. Тоа значи дека се потребни одредени промени во вашиот живот уште денеска, а не од утре, задутре или од наредниот понеделник, како што вообичаено знаеме да кажеме. Доколку сте подготвени да внесете позитивни промени во вашето секојдневие и од животот да го извлечете најдоброто, затоа што единствено тоа и го заслужувате почнете со примена на следниве неколку совети.rnrn(1) Очекувајте го најдоброто и тоа ќе го добиете: 10 совети за неверојатен животrn

    1. Дишете длабоко

    rnКолку често обрнувате внимание на вашето дишење? Повеќето од вас ќе одговорат – недоволно. Во моменти на стрес и тешки ситуации, дишењето може да биде плитко и напнато. Сетете се на некој момент кога сте биле под голем притисок, можеби сте имале интервју за работа или сте полагале испит на факултет, а по завршувањето, сигурно сте забележале дека длабоко сте се издишале. Тоа се случува затоа што во стресниот момент, без да бидете свесни, сте го задржувале воздухот. Затоа не заборавајте, длабоко, одмерено да вдишувате и да издишувате во текот на целиот ден. На тој начин, не само што ќе го подобрите својата емоционална состојба, туку и ќе се погрижите за здравјето на вашето тело.rn

    2. Уживајте во сегашниот момент

    rnНајверојатно веќе сте запознаени со овој совет, но тој никогаш не е вишок. Запаметете дека најдобриот подарок што можете да си го подарите е сегашниот момент. Тргнете го настрана минатото. За момент заборавете на грижите, а наместо тоа обидете се да дознаете како да извлечете најмногу од она што веќе го имате – токму овде и токму сега.rn

    3. Простете си

    rnВие сте човек и нормално е да правите грешки. Сите ние ги правиме. Но, доколку не можете да си простите и да продолжите напред, тогаш си го скратувате можниот потенцијал и личната среќа.rn

    4. Простете им на другите

    rnЕднакво е важно, освен на себе, да им простите и на другите за неправдите кои ви ги нанеле. Зошто? Затоа што кога задржувате омраза или болка, вие всушност одржувате жива и силна врска меѓу вас и таа личност која ви нанела неправда. Единствниот и најбезболен начин да ја прекинете таквата врска е целосно да му простите на другиот човек. За тоа секако е потребно време, но бидете добри кон себе. Наместо, кога размислувате за таа личност да чувствувате одбојност, во својот ум потрудете се да креирате позитивни мисли и да ѝ испратите љубов.rn

    5. Откажете се од осудувања

    rnСтанете потолерантни кон себеси и кон другите. Осудувањето ја замаглува нашата способност да ги гледаме работите на еден појасен начин. Тоа нè попречува да го видиме доброто во себе, во другите, како и добрите нешта кои можеме да ги научиме од различните ситуации во кои се наоѓаме. Со тоа ни се затвораат вратите кон нови можности.rnrn(2) Очекувајте го најдоброто и тоа ќе го добиете: 10 совети за неверојатен животrnrn

    6. Очекувајте големи нешта!

    rnДали чашата ви изгледа полупразна или полуполна? Тренирајте си го мозокот да очекувате најдобро од сè, со што секој ден, па и воопшто животот, ќе си го направите побогат и поубав. Очекувајте го најдоброто и тоа всушност и ќе го добиете.rn

    7. Инвестирајте во своите односи

    rnВо нашата природа е да бидеме социјални и да бараме добри односи со средината којашто нè опкружува. Затоа размислете колку време минувате со луѓето кои вистински ги сакате и кои ве инспирираат да одите напред. Дали минувате доволно квалитетно време со луѓето кои носат радост во вашиот живот? Издвојте повеќе време за негување на односите и пријателствата со луѓето кои ви се најдраги.rn

    8. Кажете „благодарам“

    rnЖивејте го животот со благодарност! Таа со себе носи предности, како посреќен, подобар и севкупно поквалитетен живот. Благодарноста за она што веќе го имате ви овозможува да бидете среќни и свесни за моментот – сега и тука. Истовремено, да бидете благодарни значи дека ги почитувате нештата кои ги поседувате, но и дека сте подготвени да грабите напред кон нови цели, без да губите време на себе сожалување.rn

    9. Ослободете се од старите работи

    rnДоколку немате сила и храброст да се ослободите од нештата кои повеќе не ви служат, како може да очекувате до вас да дојде она кое што толку многу го посакувате? Чувајќи ги старите нешта, не ослободувате простор за нови во вашиот живот. Ако не можете да ги видите позитивните промени во својот ден, размислете малку за животот што го живеете во моментот и прашајте се: „Кои нешта ме попречуваат да го остварам она што најмногу го сакам?“ Направете простор во вашиот живот.rn

    10. Искажете си љубов

    rnПоследен, но не и помалку важен совет е тој дека треба да почнете да се сакате себеси, доколку сакате да живеете во мир, задоволство и хармонија секоја секунда од вашиот живот. Исполнете ги својот ум и своето тело со љубов. Направете го тоа и прифатете се и веднаш ќе почувствувате како нештата околу вас добиваат „розова“ боја.

  • Прави го најдоброто што можеш

    Прави го најдоброто што можеш

    „Главата горе. Никој не очекува дека треба да го спасиш светот, инаку би бил роден со наметка и хеланки. Само прави го најдоброто што можеш.“

    rn

    shutterstock_132856376
    Искористете ја сликата како десктоп позадина (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Автор: Калин БабушкуrnrnКолку пати досега сте си рекле: Е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: Ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?rnrndali-gi-pravite-rabotite-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnДа направите работи кои најдобро можете да ги направите, не значи дека сте направиле сè за да бидат како што треба. Значи, сте ги истражиле сите опции за да можете да кажете дека сте направиле некоја работа најдобро што може.rnrnСакам да споделам со вас некои мои практични работи кои јас и ние во нашата компанија ги практикуваме за да може да направиме некоја работа најдобро што може:rnrnПрашања – За да може да направите некоја работа најдобро што можете, тогаш треба да си поставите многу прашања (на себеси, пријателите, колегите, фамилијата, итн.) и да стигнете до вистинските одговори. rnrnКреативност – Разбудете ја креативноста во вас и пробајте повеќе начини да го направите тоа што сакате или е побарано од вас на најдобар начин. Си страдаме од рутина, па не дозволуваме креативноста да навлезе во нашите животи при извршување на работите.rnrnТим – Пробајте со тимска работа. Доколку сте во можност, работете во тим затоа што така ќе имате можност за повеќе идеи за извршување на зададената задача.rnrnПланирање – Пред да започнете со работа, имајте повеќе опции пред вас. Секоја опција разработете ја до перфекција и изберете ја најдобрата што вие мислите дека може да е соодветна за таа работа. Споделете ја со вашите колеги/пријатели/фамилија, можеби ќе добиете друга.rnrnФокусираност – Многу е важно за да направите некоја работа најдобро што можете. rnrnПодобрувања – Настојувајте да се подобрувате секој пат. Не се задоволувајте со тоа на што сте. Секогаш стремете се кон повеќе.rnrnИскреност – Бидете искрени кон себе и кон другите. Ако не знаете, признајте си дека не знаете. rnrnЕвалуација – После завршената работа направете евалуација на сработеното (без оглед дали сте дома или на работа) и прашајте се самите себеси: дали е ова најдоброто што можев да го направам?rnrnНо, што и да правите, секогаш имајте го пред вас прашањето: А, зошто да го направам тоа најдобро што можам? Многу е едноставно, затоа што со тоа секој пат сте сè подобри и подобри. Не знаете кои сè промени тоа предизвикува кај вас. Па, само погледнете ги горенаведените точки и ќе видите барем неколку од нив. rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ремикси за инстантно добро расположение

    Ремикси за инстантно добро расположение

    Без разлика дали слушате рок, поп, хип хоп или хаус музика, оваа плејлиста составена од фантастичните ремикси на Дон Диабло во 2010, со сигурност ќе ве разведри и ќе ви го направи денот. Добрата музика секого го исполнува со позитивни вибрации, па затоа додека учите, работите, се одморате, пиете кафе со пријателите или се спремате за да одите во дискотека, ви препорачуваме да притиснете плеј и да се препуштите на ритамот. Бидете сигурни дека оптимизмот нема да ве заобиколи ни вам. 🙂 Ремикси за инстантно добро расположениеBearbot – Get ItrnrnrnChester French – C’mon (Pance Sudionik Remix) rnrnrnChemical Brothers – Swoon (Don Diablo Remix)rnrnrnThe Hood Internet – Rude Baptism (Rihanna vs Crystal Castles) rnrnEdward Sharpe and The Magnetic Zeroes – Home (RAC Mix)rnrnrnKid Sister – Daydreaming (Telephoned Dreams Version)rnrnrnOasis – Wonderwall (Questions Version)rnrnrnRox – I Don’t believe (DON DIABLO REMIX)rnrnrnSolid Gold – Matter Of Time (Tanlines Remix)rnrnrnTegan and Sara – Alligator (RAC Mix)rnrnrnThe Hood Internet – Decalogue (The Hood Internet vs The 2000s)rnrnrnThe Joy Formidable – Whirring (BRAHMS)rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.