КАФЕ ПАУЗА

Tag: најдобар

  • Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

    Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

    Со кого ќе имате убав живот, а кого е подобро да го избегнете за да не настрадате? Проверете што велат ѕвездите за тоа. Еве ја ранг-листата составена од најдобри и најлоши партнери според хороскопските знаци. Дали ќе изберете примерен сопруг и татко или вечен Петар Пан, од вас зависи.rnrnКои мажи се најдобри според хороскопските знаци?rn

    12. место – Близнаци

    rnИнтелигентен, сјаен, забавен, совршен пријател – но тој е целосно неподобен маж. Непредвидлив е и никогаш не знаете што смислува во својата глава. Има совршен одговор на секое прашање, но не знае дали е фрижидерот полн. 90% е веројатноста дека ќе заборави да ги земе децата од училиште. Забавен е, ама, незрел – вечен Петар Пан. Никогаш го нема кога ви треба. Покрај тоа, тој не ги контролира своите трошоци и склон е кон зависности – посебно кон коцкањето.rn

    11. место – Стрелец

    rnШармантен е, прекрасен во водењето љубов и може да го заведе кого било. Стрелецот ви ветува „брда и долини“, но не очекувајте од него да го одржи зборот. Мажите, припадници на овој знак, најмногу го сакаат тоа што моментално го немаат и секогаш тежнеат да го добијат. Постојано си поставуваат нови цели и предизвици и кога ќе успеат да ги постигнат – брзо им здосадуваат. Може да бидете со него ако ги делите истите страсти и спремноста постојано да се борите со предизвици.rn

    10. место – Риби

    rnИнтересно е со господинот Риби, но мажот со овој астролошки знак не е најдобар кандидат за сопруг. Често ги менува расположението и ставовите, а тоа што еднаш е воспоставено за него не е задолжително. Мажот Риби мрази рутини, а исполнувањето на секојдневните обврски го вознемирува. Исто така, не сака да плаќа сметки, да пазари и да се грижи за семејството. Ако не очекувате премногу одговорност од него, тоа може да биде подносливо.rn

    9. место – Водолија

    rnКреативен е, енергичен и друштвен – тешко е да се најде подобар другар од него меѓу партнерите. Но, тој е во состојба да го вознемири и најсмирениот партнер. Сè заради тврдоглавоста и неспособноста да се почитуваат кои било правила. Посебно затоа што има неконвенционални ставови за многу прашања. Може да ги инспирира децата на оригинални идеи, но често е многу себичен.rn

    8. место – Скорпија

    rnМорате внимателно да постапувате со него. Скорпиите се страсни, но може да бидат многу посесивни. Сакаат да го имаат партнерот постојано покрај себе и ќе направат сè за тој да остане близу нив. Мажот Скорпија сака да биде во право, а кога не се согласувате со него, тоа може да доведе до кавга. Лесно се „пали“ во кавги – но, исто и за љубов. Сигурно нема да се жалите на недостаток од страст.rn

    7. место – Овен

    rnОвенот има душа на борец. Храбар е, енергичен и не се плаши да се соочи со проблемите. Меѓутоа, е многу тврдоглав, импулсивен и нервозен. Често му се случува прво нешто да направи, а потоа да проверува дали е во право (што некогаш е шармантно, но некогаш дефинитивно не е). Со него не е лесно, но истовремено е многу емотивен и страстен. Може да се бори за своето семејство.rnrnrn

    6. место – Рак

    rnВеројатно ќе беше погоре во ова рангирање, да не беше толку емотивен. Кога е сè добро, овие мажи се „вивнати до небото“, но ако нешто не е како што треба, ќе имате лоши моменти. Може да биде прекрасен татко и грижлив сопруг, но некогаш претерува со својот заштитнички однос. Исто така, сака да го контролира целото семејство.rn

    5. место – Бик

    rnОва е неверојатен кандидат за маж. Смирен, подготвен да направи сè за својата жена и децата. Сонува за голема куќа во која би можел да живее со семејството. Можете да бидете сигурни дека ќе ја оствари оваа цел. Тој сè што може ќе направи за неговите најмили да бидат добро. Но, со него не треба да „војувате“ – тогаш може да се претвори во бесен ѕвер.rn

    4. место – Вага

    rnРомантична душа. Дури и по 10 години од венчавката нема да престане да ве уверува во својата љубов и ќе ви подготвува изненадувања. Кафе во кревет, подароци без повод – тоа е неговиот стил. Меѓутоа, не барајте од него да се одлучи. Вагата сака да води мирен живот, без кавги и неуспеси, сегде каде што е тоа можно. Затоа барајте компромиси и… баланс.rn

    3. место – Јарец

    rnНе е лесно да го освоите неговото срце. Јарецот е интелигентен, духовит и чесен. Кога нешто еднаш ќе одлучи, мора да ја постигне својата цел. Тој, исто така, е „тркач на долги стази“. Ако бидете со него, може да сметате на стабилност и преданост од негова страна. Но, да се биде на теренот со него, понекогаш, е прилично тешко, затоа не правете романтични паузи. Како и да е, најчесто е многу мил.rn

    2. место – Лав

    rnМногу жени сонуваат за ваков маж. Лавот е многу грижлив и прави сè за неговата избраничка да се чувствува посебно. Тој ќе внимава на вас, а затоа што сака раскошен живот – сигурно тоа ќе го покаже и на поопиплив начин. Лавовите, исто така, се многу снаодливи и обично професионално добро се снаоѓаат. Од партнерот очекуваат еднакво внимание и почит – во спротивно нема да бидат задоволни во врската.rn

    1. место – Девица

    rnМожеби не постојат беспрекорни мажи, но од сите хороскопски знаци, Девицата е сопруг кој е дефинитивно најблизу до идеалот. Корисен, грижлив, семеен и симпатичен, и може добро да се грижи за децата. Обично има добра работа, но упатен е и во домашните обврски. Својата друга половина ја третира како партнер и – што е најважно – ѝ верува. Лоши страни – премногу е педантен.rnrnПрочитајте уште и за хороскопските знаци за кои љубовта е игра на сè или ништо: Дали сте меѓу овие 5 хороскопски знаци?

  • Приказната на еден самохран родител: 7 причини поради кои не сум најдобриот татко на светот!

    Приказната на еден самохран родител: 7 причини поради кои не сум најдобриот татко на светот!

    Семејниот живот понекогаш знае да биде суров и неправеден, особено ако се работи за самохран родител кој мора сам да го воспита и израсне детето. Иако многумина ги идеализираат таквите луѓе, се чудат на нивната способност да го воспитуваат своето дете, а притоа да ги извршуваат сите секојдневни обврски, сепак нивниот живот воопшто не е таков како што изгледа. Многумина молчат за своите проблеми, сакаат луѓето да веруваат во нивната способност, а притоа се „гушат“ во неможноста да им го подарат она што најмногу го сакаат на своите деца – својата целосна посветеност. Но, еден самохран татко, Лазар, реши да го прекине својот молк и да им објасни на останатите зошто не е сѐ онака како што изгледа и кои се неговите причини зошто не е најдобриот татко на својата ќерка.rnrn3-prikazna-na-samohran-tatko-7-prichini-zaradi-koi-ne-sum-najdobriot-tatko-na-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Иако веќе подолго време многумина од вас ми се восхитуваат, ме тапкаат по рамото и ми велат браво, решив да ви ги откријам работите кои не ме прават идеален човек, идеален родител, најдобар татко. Можеби сум и далеку од сето тоа. После многубројни и долги разговори, после многу читање, истражување и соочување со фактите, но и со самиот себе, после многу мислење и размислување, дојдов до овие седум работи кои со сигурност не ме прават најдобриот татко, туку можеби и најлошиот.rn

    1. Попустлив сум кон барањата и желбите на детето

    rnИако знам да кажам „НЕ“ и да го стегнам срцето кога ќе „заплаче“, на крајот секогаш таа се жали што (по)сакала нешто. Освен една изрека која вели „Кого ќе разгалиме ако не сопствените деца“, сите се сложуваат (па и јас) со тоа дека не треба да ги разгалуваме децата. Дали мојата ќерка е разгалена? Многумина велат дека не е. Сепак за своја грешка го сметам тоа што на крај секогаш е по нејзино.rn

    2. Премногу сум заштитнички настроен кон детето

    rnМногумина ме гледаат чудно затоа што додека таа се шета, си игра, трча или разговара со луѓето во паркот, јас само стојам на страна и ја оставам сама да ги вежба односите со другите деца, возрасни. Истото се случува и кога ѝ дозволувам на мојата мајка, пријателка или друга блиска личност да ја „кара“ (не во буквална смисла на тој збор), иако јас сепак доаѓам тогаш кога навистина ќе згусне. Често и самиот ја карам и се обидувам да ѝ објаснам, но секогаш гледам да ги оправдам некои нејзини постапки, секогаш гледам да ја разберам, но и да се обидам на другите да им помогнам да ја разберат, а сѐ заради, нели, „нејзината ситуација“. Често ѝ попуштам заради околностите, премногу ѝ угодувам.rn

    3. Поминувам малку време со детето

    rnСо неа, покрај неа, со приказни, читање, играње, шетање, општо… не ми се доволни ниту 25 часа дневно. А повторно, 21 век е, а живееме во Србија…rn

    4. Хронично сум уморен, нервозен

    rnЧесто ми се случува во текот на ноќта и кога можам да заспијам всушност да не спијам, бидејќи „нешто“ ме прогонува, некој товар, нешто ми се врти во главата, па утредента заморот е присутен. Со заморот редовно доаѓа нервозата, стресот. Колку и да се трудам за целата таа негативна енергија да ја канализирам во позитивна, се случува сепак да не успеам, па едноставно се повлекувам во себе, се тргам од сите, се сокривам, додека сето тоа не помине.rn

    5. Незадоволен сум од самиот себе

    rnКако, после неуспехот во некои работи, после некои неостварени соништа и заеднички желби (зборувам за својата ќерка и за себе), да бидам задоволен со себе? Многумина велат дека сум млад и дека имам време, а јас повторно велам дека нема време, бидејќи за неа секој месец, ден, час, во оваа возрасти ѝ е многу важен. А повторно, не успевам секој час, ден, месец да се посветам само и исклучиво на неа, на нејзините и нашите желби, не успевам во многу работи. Без разлика до кого е, се мразам себеси заради тие работи кои не можам да ѝ ги исполнам.rn

    6. Себичен сум, љубоморен, често лут (на себе)

    rnСебичен сум бидејќи нашите, односно нејзините и моите желби ги ставам пред сѐ, пред сите. Себичен сум, бидејќи не дозволувам никој и ништо да ја тргне насмевката од нејзиното лице, дури и кога тоа би значело другите да бидат несреќни и тажни. Себичен сум кон целиот свет, себичен сум и кон себе (можеби и најмногу кон себе), бидејќи не дозволувам ништо (или никој) да ѝ влијае на нејзината среќа. И многу сум љубоморен кога ќе си заигра без мене, со други деца, па е среќна без мене или причината за таа среќа не сум јас. И често сум многу лут што не можам уште повеќе да ја усреќам, иако многу добро знам што најмногу би ја усреќило.rn

    7. Семејство – тука потфрлив

    rnВелат дека куќата не стои на земја, туку на жената, а дека мажот е тука за да го одржи тој брак, односно тој ги претставува темелите. Можеби, и покрај целиот труд и сето мое залагање, сепак тука потфрлив, бидејќи не сум силен маж кој успеал да го сочува своето семејство на куп, а ниту пак да основа ново, за барем таа привидно да има „нормално“ детство бидејќи семејството е сепак темел на здравото и нормално растење. А како и да основам семејство денес, кога сите знаеме каква е ситуацијата кај нас самохраните родители? Некои работи се такви какви што се. На некои од овие работи не можам да влијаам. Во теорија, знам сѐ што би требало и како би требало, но во пракса тоа изгледа малку поразлично.rnrnГледате, не сум супер татко како што многумина мислат, како што многумина гледаат. Можеби сум и најлош! Можеби некои се во право кога велат дека не треба да се оптоварувам со вакви или онакви работи, но често чувствувам неправда, неправда кон сите кои, можеби, премногу ме идеализираат. И затоа секогаш треба да бидете чесни и искрени кон себе, бидејќи само така можете да го пронајдете сопствениот мир. Верувам дека во овој град, држава, па и на Балконот има многу подобри, како татковци, така и мајки од она што сум јас на своето дете.[/message_box]rnrnПрочитајте ги овие моќни цитати коишто ја прикажуваат нераскинливата врска помеѓу таткото и ќерката.

  • 10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријател

    10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријател

    Доколку сѐ уште немате пријател во знакот Лав, тогаш време е да пронајдете. Тие се силни, горди личности, а се и најдобри пријатели. Лавот е пријател којшто ќе ве охрабри кога ви е тешко, ќе ве покани да излезете, ќе ви помогне да флертувате и многу други работи. Лавовите се топли, енергични и возбудливи луѓе. Тие сакат да се дружат, а и покрај тоа што природно се егоцентрични, пријателството со Лавот е врска што ќе трае со години. Погледнете кои се причините поради кои вреди да го имате Лавот покрај себе.rnrn10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријателrn

    1. Со нив никогаш нема да ви е здодевно

    rnТие кажуваат шеги и знаат да се забавуваат. Со еден збор, тие се социјални луѓе и може да се справуваат со секој. Ако сте пријател со Лав, сигурно веќе знаете дека во нивно друштво никогаш не ви е досадно и дека честопати тие умеат да ве насмеат, дури и кога не ви е до смеење.rn

    2. Тие ја искажуваат љубовта преку подароци

    rnЛавот го сака она што го сака и ја споделува таа љубов со пријателите. Лавовите обожаваат да ја покажуваат љубовта преку подарување. Сакаат нивните пријатели да знаат колку тие се грижат за нив, па честопати љубовта ја изразуваат во форма на убаво завиткан подарок. Колку повеќе се дружите со нив, ќе сфатите дека тие постојано ќе ви покажуваат колку им значите, на каков било начин.rn

    3. Може да уживаат и во мрзливоста

    rnИако Лавовите се познати како знак кој постојано сака да е во центарот на вниманието, сепак и тие се изморуваат. Лавот е знак којшто најмногу спие, па затоа неретко од нив можете да слушнете дека се мрзеливи и дека сакаат да останат дома, гледајќи некој филм. Па, доколку некогаш сакате да поминете еден мрзлив и опуштен ден, побарајте го Лавот.rn

    4. Секогаш ќе ве штитат

    rnНикој нема таков гнев како Лавот чијшто пријател е во опасност. Тој е доверлива личност, па без разлика на сѐ, секогаш ќе стои зад вас. Ако некој му се спротивстави на некој близок член од семејството или пријателите, Лавот ќе им се спротивстави во секое време. Тие личните односи ги сфаќаат сериозно, па затоа се обврзуваат на секаква заштита.rn

    5. Ви помагаат да излезете од зоната на удобност

    rnСпонтаноста е главна особина на секој Лав. Тие сакаат да истражуваат, но што е најважно, сакаат да истражуваат со вас. Не сакаат да бидат сами, туку го сакаат друштвото на пријателите, особено кога влегуваат во непознати авантури. Доколку честопати не сте сигурни дали треба да направите нешто, Лавот со сигурност ќе ве охрабри во тоа.rnrn10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријателrn

    6. На убав начин ќе ви ги кажат работите онакви какви што се

    rnЛавовите се премногу искрени личности. Ако не се согласуваат со нешто што го правите, тие со сигурност ќе ви го кажат тоа. Тоа не е затоа што тие сакаат да ве повредат, напротив, затоа што се грижат за вас. Понекогаш може да делуваат грубо и непријатно, но тоа е затоа што ви го посакуваат најдоброто. Тие го признаваат проблемот и прават сѐ што е во нивна моќ за да ви помогнат.rn

    7. Умеат да ве расположат

    rnЛавовите не сакаат да ги гледаат оние околу нив нерасположени. Тие сакаат сите да се забавуваат, па затоа ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да ве насмеат. Покрај другото, тие се и флертувачи. Го користат својот шарм и смисла за хумор за да го добијат оној кој го сакаат, а во тоа им помагаат и на нивните пријатели.rn

    8. Со нив ќе поминете прекрасно време

    rnДоколку сте на забава со Лав, бидете сигурни дека нема да ви биде досадно. Бидејќи тие се социјални личности, ќе ве запознаат со сите нивни пријатели и никогаш нема да сакате да си заминете. Ако некогаш отидете надвор од градот со Лав, очекувајте долга ноќ помината со смеење и незаборавни моменти. И секако, еден куп селфи фотографии!rn

    9. Ќе научите да бидете толерантни и трпеливи (на потежок начин)

    rnДа бидеме искрени, доколку сте пријател со Лав, има голема шанса тие многу да зборуваат за себе. Токму затоа и брзо ќе научите како да бидете толерантни кон другите луѓе. По спријателувањето со Лавот ќе сфатите дека трпението понекогаш е клучна работа за да добиете нешто.rn

    10. Тие ве ценат вистински

    rnЛавовите умеат да сакаат вистински. Не само тоа што умеат да ве сакаат, туку и вистински ве ценат. Тие сакаат да слушнат сѐ за вас, за вашата животна приказна, соништата, вашите страсти и што ве прави среќни. Откако ќе се спријателите со Лав, вие имате пријател засекогаш. Знаејќи дека Лавовите се тврдоглави, нивната тврдоглавост се манифестира и во желба да се задржат пријателите во близина.rnrnЛавовите не судат, туку сакаат, а што е подобро од ова?

  • 6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите

    6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите

    Кој не би сакал да има пријател во знакот Близнаци? Доколку имате можност да бидете пријатели со припадници на овој хороскопски знак сметајте се себеси за среќници! Честопати, луѓето мислат дека Близнаците се дволични од очигледни причини, но тоа е далеку од вистината. Иако се познати по нивната неисцрпна енергија, тие исто така сакаат понекогаш да бидат сами. Па така, во зависност од денот (или минутата), вашиот пријател Близнак може да пие вино и да разговара за филозофија со група луѓе на забава и потоа одеднаш да посака да си отиде дома, да си ги облече удобните пижами и да гледа филм со вас. Едно нешто е сигурно: Со Близнаците никогаш нема да ви биде здодевно! Прочитајте ги следните 6 причини зошто секој би сакал да има најдобар пријател во овој хороскопски знак…rnrn6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислитеrn

    1. Постојано ќе се смеете

    rnВашиот пријател Близнак постојано ќе сака да ве задева, но на игрив начин, никако навредлив! Тие се многу досетливи и се сметаат себеси за интелигентни, што навистина е така. Никогаш нема намерно да ве повредат, но ако сепак кажат нешто што ќе ве погоди, поразговарајте со нив отворено. Близнаците ќе се чувствуваат ужасно поради тоа што го кажале и веднаш ќе ви се извинат. Луѓе сме, грешки правиме, нели?rn

    2. Ќе почувствувате обострана љубов

    rnКај Близнаците важи правилото колку даваш толку добиваш, така што пријателството со нив е секогаш двонасочна улица. Близнаците се всушност многу нервозни под нивната цврста надворешност. Таа анксиозност се манифестира преку нивниот хумор и шеги на нивна сметка. Секогаш мора да бидете тука за вашиот пријател Близнак и да му дадете поддршка кога тоа ќе биде потребно. Бидете сигурни дека секогаш ќе ви возврати на ист начин. Токму такво треба да биде вистинското пријателство, а вие ќе имате можност да го почувствувате тоа со Близнаците.rn

    3. Ќе ве потсети дека на сите им е потребно да поминуваат време сами

    rnБлизнаците се многу длабоки, но имаат активен социјален живот, така што понекогаш ќе им бидат потребни неколку вечери за да бидат сами и да си ги наполнат батериите, а ќе ви воочат дека и вам ви треба истото. Кога ќе се ослободите од целиот насобран стрес и убаво ќе одморите, ќе бидете подготвени повторно да излезете и да се забавувате до раните утрински часови.rnrn6 причини зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислитеrn

    4. Ќе може да каже работи на глас кои вам ви е срам да ги кажете

    rnДали ви ставиле некој зачин во салатата што не ви се допаѓа? Некој келнер комплетно ја игнорира вашата нарачка? Вам ви е непријатно да се побуните, па решавате да се помирите со ситуацијата. Но, без грижи! Тука е вашиот пријател Близнак кој ќе ја среди работата. Никогаш нема да биде некултурен и да навреди некого, туку преку шега и смеење ќе укаже на грешката, па дури можеби и ќе стекне пријател во целиот тој процес.rn

    5. Никогаш повеќе нема да бидете изгубени

    rnБлизнаците се љубопитни и постојано трагаат по нови информации, а особено сакаат кога ја имаат контролата во свои раце. Така што, ако некогаш не знаете кој пат да го одберете, тие воопшто нема да се двоумат кога од нив ќе побарате да ви ја покажат насоката во која би требало да се движите. Секогаш ќе имате некој кој знае каков чекор треба да се преземе понатаму, во која било ситуација.rn

    6. Секогаш ќе имате за што да разговарате

    rnБлизнаците имаат голем авантуристички дух, па затоа благодарение на нивните непроценливи искуства, имаат многу интересни приказни за раскажување. Тие се одлични наратори со кои ќе се смеете до солзи. Што и да се случи, секогаш ќе си поминувате убаво со вашите пријатели Близнаци.rnrnИ што е најважно: Никогаш нема да ја изневери вашата доверба! Ако чуе лош збор за вас, ќе биде подготвен да ве брани до смрт. Пријателот Близнак ќе биде вашата причина за насмевка кога мислите дека сите бродови ви потонале. Ќе биде вашата поддршка кога се чувствувате како сите други да ве имаат напуштено. Близнаците ја знаат вредноста на пријателството и никогаш нема да направат нешто што би можело да го загрози вашиот однос. Напротив, тие секогаш ќе го негуваат пријателството како најнежниот предмет што постои на светот, бидејќи многу добро се свесни дека ако еднаш се скрши, делчињата можеби ќе се залепат, но секогаш ќе остане пукнатина.

  • Што е погрешно во потребата да се биде најдобар?

    Што е погрешно во потребата да се биде најдобар?

    Да се посегнува кон големи цели не е недостижно, но да се посакува да се биде најдобар, тоа е веќе проблем. Секој од нас има право да го следи својот сон, но притисокот на којшто можеме да се изложиме посакувајќи да бидеме најдобри, може да доведе до несигурност, нарцисоидност и до намалување на нашите способности. Новите истражувања за перфекционизмот ја откриваат темната страна на овој обично позитивен квалитет. Според една студија, најмногу поради високото ниво на стрес и анксиозност, веројатноста за смрт во пораната возраст кај перфекционистите е 51% поголема. Други истражувања пак покажуваат дека во некои случаи перфекционизмот може да придонесе за ризик од самоубиство.rnrnrnrnРастејќи во поконкурентна средина, младите луѓе се изложени на поголем стрес и притисок да бидат „најдобри“ или да бидат „посебни“, за на некој начин да се разликуваат од останатите. Неодамнешните истражувња исто така покажале дека претерано амбициозните родители може да придонесат своите деца да чувствуваат интензивна анксиозност и да ја попречат нивната ефикасност. Родителите коишто премногу настојуваат нивните деца „да успеат“, не ја сфаќаат анксиозноста и сомнежот којшто им ги наметнуваат. На овој начин децата може да се почувствуваат неуспешни доколку не ги остварат очекувањата на нивните родители. Друга студија пак покажала дека 70% од младите коишто извршиле самоубиство чувствувале „премногу високи“ барања од нивните родители.rnrnЗа родителите, постојат начини за да се спротистават на овие трендови. На пример, тие може да се стремат да ги видат нивните деца онакви какви што се, да ги учат да ги прават работите за себе, да ги пофалуваат тогаш кога е потребно и да ги поттикнуваат да го прават она што навистина го сакаат, за да ги остваруваат своите сопствени цели.rnrnМногу малку од нас најверојатно ќе бидат најдобри во сè. Но успехот, среќата или пак исполнетиот живот не се состојат во тоа. Потребно е да научиме да се прифаќаме себеси онакви какви што сме, а тоа е и најдобрата лекција на којашто можеме да ги научиме нашите деца.

  • За исплатливоста на издржливоста…

    За исплатливоста на издржливоста…

    „Најдобриот челик мора да помине низ најжешкиот оган.“ – Ричард Никсон, поранешен претседател на САД

    rn

    За исплатливоста на издржливоста...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2560×1600)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсилниот маж на светот во очите на една жена

    Најсилниот маж на светот во очите на една жена

    Интересно стрипче кое ќе ви илустрира како изгледа вистинска љубов на еден поинаков начин.rnrnНајсилниот маж на светот во очите на една жена

  • Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

    Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

    Омиленото нешто на многумина во летниот период, сладоледот, се приготвува на илјадници начини и вкусови, а е обожаван на сите континенти. Познатиот магазин „National Geographic“ составил листа од места, каде што можете да го пробате најдобриот сладолед во светот.rn

    „Perchè No!“ – Фиренца, Италија

    rnУште од 1939 година, слаткарницата „Perchè No!“ (Зошто да не!) секојдневно произведува и продава сладоледи со интензивен вкус. Овде имате голем избор на сладоледи, а помеѓу омилените и најбараните се комбинациите од мед и сусам, како и онаа од зелен чај, кафе и парчиња чоколадо. Исто така тука има голем број вкусни овошни сорбета и гранити. Слаткарницата се наоѓа на улицата „Via dei Tavolini“, на само две минути од познатата катедрала во Фиренца.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Vaffelbageriet“ – Копенхаген, Данска

    rnЗабавниот парк „Tivoli“ е седиштето на најпознатиот дански „аутлет“, кој има стогодишна традиција. Специјалитет на куќата е сладоледот послужен во корнет од вафла познат како Американер, во кој можат да се стават четири топки сладолед. Потоа, врз нив се ставаат преливи, шлаг и голем број други додатоци. Паркот се наоѓа во центарот на Копенхаген и е отворен од средината на април до крајот на септември. Во овој забавен парк има дури 40 ресторани.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    Хотел „A’jia“ – Истанбул, Турција

    rnНема ништо поромантично од прошетка покрај крајбрежјето на Босфор, особено доколку седнете на сладолед на терасата на хотелот „A’jia“, сместен во вила која датира од 19 век. Тие служат фантастичен пржен сладолед од ванила, сорбето од маракуја и традиционален сладолед од козјо млеко.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Ice Cream City“ – Токио, Јапонија

    rnНа ова место можете да пробате повеќе од 300 вкусови на сладолед. Тука дефинитивно ќе имате можност да ги пробате најчудните вкусови, како сладолед со вкус на пилешко во соја, корен од Орхидеја, морска сол или од јагула.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Capogiro Gelato“ – Филаделфија, САД

    rnТука сладоледите имаат единствен вкус, најмногу поради тоа што се користат најсвежи состојки, како свежо млеко од фармите на Амишите. Помеѓу најпознатите вкусови се мадагаскарска бурбон ванила, melograno (калинка), Nocciola Piemonte (лешник), сајгонски цимет, тајландско кокосово млеко со малку рум и Zucca (тиква).rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Bombay Ice Creamery“ – Сан Франциско, САД

    rnНекои од најдобрите индиски сладоледи на светот можат да се најдат во САД, поточно во шпанскиот кварт во Сан Франциско. Во понудата можат да се најдат вкусови како кардамом, шафран, ружа, ѓумбир, кои многу ретко можат да се најдат надвор од Индија.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Devon House“, Кингстон, Јамајка

    rnСлаткарницата „Devon House“ е изградена доцна во 19 век, како дом на првиот црн јамајкански милионер и претставува ремек-дело на карипската викторијанска архитектура. Воедно, денеска ова е место на најпознатиот сладолед на островот. Помеѓу триесетината вкусови можат да се пронајдат традиционални, како вишна и ф’стак, егзотични, како манго, кокос, но и сладолед со вкус на пиво, познат како „Devon Stout“.rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rn

    „Helados Scannapieco“ – Буенос Аирес, Аргентина

    rnВо оваа мала слаткарница, начинот на работење се нема променето уште од 1938 година, кога италијанските доселеници Андрес и Џозефина Сканпјеко првпат ја отвориле. Членовите на семејството сè уште го произведуваат сладоледот на истиот начин како пред 60 години. Слаткарницата се наоѓа во квартот Палермо, а нуди повеќе од 50 вкусови, од чоколадо и ванила, до праска, цимет, лимон, шампањ и „caipirinhe“ (бразилски коктел направен од какао и зелен лимон).rnrnКаде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

    Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

    Доколку сте ексцентрични и сакате невообичаени работи, водолијата е идеален избор за вас, меѓутоа доколку сте во потрага по некој кој ќе ужива во сексот исто колку и вие, тогаш треба да се одлучите за скорпијата. Прочитајте како астролозите ги оценуваат сексуалните вештини на мажите, според нивниот хороскопски знак.rnrnАстрологија: кој маж е најдобар љубовник?rn

    Овен – Маж од акција

    rnКако да го препознаете: Тој е вистински мачо кој го третира секое машко како маж и секоја жена како дама. Тоа само по себе е доволно за да го препознаете. Воедно, има и специфично високо чело и брз од, со оглед на тоа што секогаш некаде брза.rnrnНегов пример: Расел Кроу во „Гладијатор“rnrnДобри страни: Постои голема веројатност да ве избезуми со неговата енергичност, отвореност и упорност и да предизвика затресување на вашите колена од возбуда.rnrnНедостатоци: Поради неговиот експлозивен карактер, честопати губи живци и очекува од вас тоа да го прифатите како нормална работа.rnrnКако да постапувате со него: Високите потпетици и краткото здолниште, за жал нема да бидат доволни доколку не сте секогаш еден чекор пред него, во секоја смисла на зборот.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 4. Сака да ја истакне неговата доверливост и лојалност, но не е баш таков.rnrnКолку е романтичен: Оцена 4. Неговата романтика е од многу едноставна природа. Тој е вистински витешки заштитник.rnrnКаков е во кревет: Оцена 5. Управуван од страсниот Марс, овенот е брз и див во кревет и сака често да биде интимен.rn

    Бик – Карпа човек

    rnКако да го препознаете: Згодниот Бик најлесно можете да го препознаете по надворешниот изглед. Имено, за облекувањето, како и за сè друго што го прави, има стил. Делува силно и доверливо.rnrnНегов пример: Пирс Броснан – јак, згоден, но и чувствителен како Џејмс Бонд. Зарем ова не звучи совршено?rnrnДобри страни: одличен е во сексот, страстен и упорен, но без емоции. Сепак, женската проблематика не му е одбивна, така што во кревет е во состојба да го стори токму она што го посакувате.rnrnНедостатоци: Биковите сакаат да се хранат добро и обилно, а тоа го очекуваат и од своите партнерки. Според тоа, заборавете на диети додека сте со него, ако сакате да го задржите.rnrnКако да постапувате со него: на вашите хистерични испади, тој ќе се повлекува.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 5. Познат е по својата лојалност и никогаш нема да ја изневери вашата доверба.rnrnКолку е романтичен: Оцена 3. Верува во љубовта и сака да дарува. Но, за жал, сето тоа завршува откако ќе ве придобие.rnrnКаков е во кревет: Оцена 5. Страстен е и сензуален. Но, проблемот е тоа што мисли дека сѐ може да се реши со секс.rn

    Близнаци – Непоправлив заводник

    rnКако да го препознаете: од сите хороскопски знаци, тој е најголемо дете и можете да го препознаете по детската гестикулација. Обрнете внимание на истакнатите движења на неговите раце, додека зборува.rnrnНегов пример: англискиот актер Руперт Еверет во филмот „My Best Friend’s Wedding“ (Свадбата на мојот најдобар пријател) – паметен, духовит и урбан маж.rnrnДобри страни: доволен е еден Близнак во друштвото, за да биде забавата загарантирана.rnrnНедостатоци: Машките Близнаци секогаш делуваат како да не се во врска, дури и кога нивната партнерка седи покрај нив. Животот ќе ви биде поедноставен ако научите да го делите со остатокот од светот.rnrnКако да постапувате со него: Оставете го да погодува како се чувствувате. Не го оптоварувајте со длабоки и јаки чувства, туку бидете кул и потрудете се да бидете интересни и духовити во негова близина.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 2. Заборавете на сигурноста, туку сакајте го токму поради неговата непредвидливост.rnrnКолку е романтичен: оцена 3. Добар е со реплики и комплименти како актерот Кери Грант.rnrnКаков е во кревет: Оцена 3. Темпераментен е и склон кон експериментирање и е идеален доколку сакате опуштен, а не страстен и исцпрувачки секс.rnrn

  • Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Ако чувствувате дека сте под стрес, можеби е добра идеја да се видите со вашиот најдобар пријател. Според едно ново истражување спроведено на деца, дојдено е до констатација дека присуството на најдобриот пријател, може да го намали нашето ниво на стрес.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrn rn

    „Интересно е тоа што истражувањето покажа дека стресот не може да го намали кој било другар, туку само најдобриот другар“ – вели Рајан Адамс, водечкиот автор на студијата и асистент по педијатрија на Детскиот Медицинскиот Центар во Синсинати.

    rnНа 100 деца на возраст од 10 до 12 години, им било кажано да запишуваат во дневник како се чувствуваат во врска со нешто што го искусиле во текот на изминатите 20 минути, пет пати на ден, во текот на 4 школски денови. Воедно им било кажано да запишат, дали во тој момент биле сами или со родителите, со роднини, со најдоброто другарче, со некој другар или другарка, со соученик, странец, професор или некоја друга личност. Децата давале и примерок од нивната плунка, за да може да се измери нивното ниво на „хормонот на стресот“ кортизол.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrnИстражувачите откриле дека присуството на најдобриот пријател најмногу ги ублажува телесните ефекти предизвикани од негативните искуства, бидејќи во негово/нејзино присуство децата имале помало ниво на кортизол. Кога немале до себе пријател, а биле под стрес, нивното ниво на кортизол било покачено. И покрај тоа што истражувањето е спроведено на деца, експертите велат дека добиените резултати би требало да се однесуваат и на возрасните.rnrnД-р Керен Мејџорс, едукативен психолог во Образовниот Психолошки Сервис во општината Баркинг и Дагенхем вели:rn
    rn

    „Најблиските другари на децата може да бидат проблематични и да ги одведат на погрешен пат, но тие можат да имаат и неверојатно позитивно влијание врз нив и да им ја дадат својата поддршка. Пријателите имаат навистина важна улога во нашиот социјален и емотивен живот. Упатени се во него и ни помагаат и нè расположуваат со нивното присуство. На пример, едно претходно истражување покажа дека ако се запишете во училиште заедно со вашите пријатели, имате поголеми шанси да стекнете нови.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.