КАФЕ ПАУЗА

Tag: мустаќи

  • Кучето со мустаќи стана господин

    Кучето со мустаќи стана господин

    Пред неколку месеци малото куче со мустаќи му се претстави на светот преку социјалните мрежи благодарение на една слика. Но, за среќа, новите фотографии ни овозможуваат да видиме дека тоа станало вистински господин.Кучето со мустаќи стана господинКучето со мустаќи стана господинКучето со мустаќи стана господин
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?

    Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?

    Пронајдена покрај каменливото пацифичко крајбрежје од северно Перу па кон југ, до централно Чиле, оваа уникатна птица од видот крачка-инка е лесно препознатлива по нејзиното темно сиво тело, портокаловите клун и нозе и секако, по белите дедовски завиткани мустаќи. 🙂Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?За жал, популацијата на овој вид птици значително опаѓа, како резултат на недостаток од соодветни области за гнездење. Преостанати се само 150.000 птици, кои се класифицирани во категоријата „речиси загрозени“. Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Овие  фотографии се направени од различни фотографи, а во нив главната улога ја игра оваа неверојатна птица со бел мустаќ. 🙂Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?Сте виделе ли некогаш птица со мустаќи?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку високо може да скокне мачка?

    Колку високо може да скокне мачка?

    Мачките, заедно со кучињата се најчуваните домашни миленичиња. Се верува дека мачките кои денеска ги чуваме се потомци на дивите африкански мачки. Не може да се утврди кога точно мачките почнале да живеат во близина на луѓето и да стануваат питоми, но се верува дека тоа се случило помеѓу 8 000 и 3 500 година пред нашата ера. Постојат многу видови домашни мачки, а секоја е специфична на свој начин. Ова се неколку опши фати за овие слатки миленичиња.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnМачките имаат по пет прсти на предните шепи, а на задните по четири.rnrnТие не можат да си гледаат под носот, па токму затоа некогаш не можат да ја видат храната под нив.rnrnМачките можат да скокнат во висина, седум пати колку што се долги.rnrnБремени се од 58 до 65 дена.rnrnКога се добро чувани, мачките можат да живеат и до 20 години. Просечен животен век на една мачка е 14 години.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnНе можат да вкусат благо.rnrnМачките мораат да имаат масти во исхраната, бидејќи самите не ги произведуваат.rnrnДоколку вашиот мачор е црно-портокалов, тогаш тој е стерилен.rnrnВо древен Египет убивањето мачка се казнувало со смрт.rnrnМачката може да помине 5 часа од денот лижејќи се.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnВо просек тие имаат по 24 мустаќи.rnrnСреќна мачка се движи со опашот исправен нагоре.rnrnСкоро 10% од коските на мачката се наоѓаат во опашката, со која впрочем таа одржува баланс.rnrnЧоколадото за готвење е многу опасно по здравјето на мачките.rnrnНаучно е докажано дека галењето мачка може да ви го намали крвниот притисок.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnМачка може да почне да се пари кога е на возраст од 5 до 9 месеци.rnrnМачор може да почне да се пари кога е на возраст од 7 до 10 месеци.rnrnМалите мачиња остануваат со мајката сè до деветтата недела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Дознајте нешто повеќе за легендарниот комичар Чарли Чаплин, за кого досега имавте прилика да прочитате што ја советувал ќерката Жералдин, како се почувствувал на својот 70-ти роденден или по кои зборови останал запаметен. Следуваат интересни факти за Чарли и неговиот бурен живот.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn1. Чарли Чаплин е роден на 16 април, 1889 година, во Валворт, Лондон, само 4 дена пред германскиот диктатор, Адолф Хитлер. Фирерот му завидувал на огромната популарност која тогаш ја уживал Чарли, па решил да израсне мустаќи како неговите, за да биде подобро прифатен од луѓето.rnrn2. Во 1925 година, тој станал првиот актер кој се појавил на насловната страница на списанието „Time“.rnrn3. Чарли се пријавил на натпревар за човек кој најмногу личи на него и замислете освоил трето место.rnrn4. Отпечатоците од неговите стапала и дланки биле отстранети од Булеварот на славните во Холивуд, поради сомнежите дека е комунист. Подоцна истите биле изгубени.rnrn5. Украински астроном именувал астероид во чест на големиот актер. Го нарекол „3623 Чаплин“. Се наоѓа меѓу планетите Јупитер и Марс.rnrn6. Во 1985 година, неговиот лик за прв пат се појавил на поштенска марка во Англија. Девет години подоцна и американската пошта започнала да печати поштенски марки со неговата карикатура. Во Вотервил, Ирска пак е поставена бронзена статуетка со неговиот лик, а во музејот Мадам Тисо, Чаплин доби восочна фигура.rnrn7. Британските медиуми често го критикувале, бидејќи не се пријавил во војска за време на Првата светска војна. Вистината е дека Чарли се обидел да стане војник, но го одбиле со облазложение дека е премногу слаб и ситен.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn8. Заслужен е за едни од најпрофитабилните филмови во ерата на немиот филм. Класикот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) е на петтото место, со заработка од 4,25 милиони долари, а „Циркус“ (The Circus, 1928) на седмото, со 3,8 милиони.rnrn9. Компонирал преку 500 мелодии за своите филмови, а последниот филм што го гледал е „Роки“, во 1976 година.rnrn10. Неговиот ривал на професионално поле, американскиот комичар и режисер, Бастер Китон, во своите мемоари напишал дека Чаплин е најголемиот комичар кој некогаш се родил и најдобриот режисер на комедии.rnrn11. Тој се женел 4 пати во својот живот, а од браковите има вкупно 11 деца. Неговата ќерка Жералдин се појави на филмското платно во биографијата „Чаплин“ (Chaplin, 1992), во улога на мајката на легендарниот комичар, односно нејзината баба, Хана. По стапките на Чарли тргнале и ќерката Џозефин и синовите Ерл и Мајкл. И тие, исто така се актери. Ќерката Викторија пак, е циркузант.rnrn12. Во 1975 година, кралицата Елизабета Втора го одликувала со титулата витез.rnrn13. Чарли бил протеран од САД во 1953 година, откако одбил да земе американско државјанство. Живеел во Швајцарија сè до смртта. Починал во сон, на 88-годишна возраст, на 25 декември, 1977 година.rnrn14. Посмртните останки на Чарли Чаплин биле украдени во 1978 година, од страна на швајцарски механичари. Тие два месеци го уценувале неговото семејство. Барале откуп од 600 илјади долари. Но, набрзо биле уапсени, а неговите посмртни останки биле пројандени на 20 километри од гробиштата, закопани во ливада. Ги пронашол селанец, единаесет недели по кражбата. После овој инцидент, тие биле забетонирани два метри под земјата, со цел да се спречат нови обиди за кражба.rnrn15. Еден од неговите бастуни е продаден за 150 илјади долари, на аукција во 1987 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnВо Македонија, традиционалното празнување на Велигден изгледа отприлика вака: рано утрото на Велики четврток се бојадисуваат јајца во црвена боја. Првото бојадисано јајце е наменето за Господ Бог и се покажува на семејството, а членовите на семејството го дочекуваат со зборовите „добре дојде“. На најмалите дечиња три пати им се врти со јајцето околу лицето велејќи им „црвено, бело, дебело“ за да бидат здрави и силни. Потоа, јајцето се завиткува во црвено крпче и се остава на видно место на прозорецот или на терасата од домот. Се верува дека тоа јајце штити од громови и зли сили. На Велигден, обичај е луѓето да се кршат со јајца, а победникот си го зема јајцето на тој што го скршил.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrnМеѓутоа, гледано во светски размери, ние сме доста конзервативни во празнувањето на Велигден. Откривме 10 најчудни традиции на празнување што се применуваат ширум светот. За некои можеби сте слушнале, некои можеби ќе ве зачудат или пак ќе ве насмеат. Како и да е, еве на што наидовме.rnrn1. Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти. Овој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина. Секако, жените и девојките можеби мислат поинаку. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn2. Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn3. Остатоците од Божиќ им предизвикуваат забава на Германците за време на Велигден. Остатоци од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn4. Веројатно сте виделе чоколадни јајца и зајаци, но дали сте виделе чоколаден билби? Билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn5. Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn6. Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn7. Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn8. Оваа полска традиција несомнено ја започнал некој маж. Традицијата вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn9. На Финска можеби ѝ треба потсетник дека е Велигден, а не ноќта на вештерките. Децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn10. Ние ги јадеме Велигденските јајца, а Англичаните ги тркалаат. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џеф Данам и неговиот хумор без граници

    Џеф Данам и неговиот хумор без граници

    Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…Џеф Данам и неговиот хумор без границиНа врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.rn

    rnНиту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“rn

    rnВолтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.rn

    rn

    rnrnДанам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.rn

    rn

    rn

    Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:

    rnrn

    rn

    Меѓу најпопуларните ликови е и Хозе Халапињо. Тој е кукла на стапче, која зборува американски со шпански акцент. Носи малечко сомбреро и мустаќи. Обично настапува во комбинација со Пинат. Тука е и пивопиецот Баба Џеј. Тој може да мрда само со едното око и тоа кон лево…


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мустаќите прават разлика

    Мустаќите прават разлика

    Сте забележале ли дека повеќето значајни личности од историјата, ја потврдувале својата сила, мажественост и гордост носејќи мустаќи? Ќе ве потсетиме на неколку такви, кои не би делувале ни малку сериозно, доколку би ги немале тие јаки влакна стилизирани на различен начин на нивните лица.rnrn

    Мустаќите прават разлика
    Фреди Меркјури (кралица –> Queen)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Че Гевара (бунтовник –> револуционер)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Супер Марио (мајстор –> херој)
    rnrnОва е месецот на растење мустаќи. Т.н. месец „моеври“ го обележуваат мажите низ целиот свет на тој начин што ги оставаат нивните мустаќи да пораснат со тоа давајќи поддршка за решавање на здравствените проблеми со кои тие се соочуваат. Доколку сакате да го поддржите движењето, можете да донирате пари во Истражувачкиот фонд за рак на простатата во Сингапур или барем и самите да поносите мустаќи.rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Џозеф Сталин (комунист –> освојувач)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Салвадор Дали (бизарен –> брилијантен)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Алберт Ајнштајн (геријатрик –> гениј)
    rnrnДоколку немате, можете барем виртуелно да си направите, и тоа без разлика на вашиот пол. Вашиот нов имиџ и поддршка можете да ги покажете на Фејсбук.rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Кејсуке Мијаги (стар човек –> стар мајстор)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Махатма Ганди (протестант –> поборник)
    rnrn
    Мустаќите прават разлика
    Хулк Хоган („бело ѓубре“ –> светски шампион)