Мустаќите се многу симпатични на прв поглед, а кога ќе дознаете дека тие се најдобрата алатка на мачките кога станува збор за сетилата, за комуникацијата и за координацијата, тогаш ќе сфатите дека тие не се само симпатични, туку и фантастични. Можеби не знаете, но мустаќите им кажуваат на мачките каде да одат, дали може да поминат низ некој тесен простор, а го откриваат и расположението на мачката. Во продолжение прочитајте ги овие 7 интересни факти за мустаќите на мачките и за нивната улога.rnrn
rn
1. Мустаќите на мачките се исклучително чувствителни
rnКоренот на мустаќите, во споредба со останатите влакна, се наоѓа многу подлабоко во кожата, а пределот околу мустаќите е вистинска ризница на нервни завршетоци и крвни садови, па овој дел од главата е исклучително чувствителен на дразби.rnrnОбласта околу мустаќите и самите мустаќи се исклучително чувствителни, а мачките можат да почувствуваат дури и минимална промена на правецот на ветерот.rnrnНе треба да ја допирате областа околу муцката и мустаќите на мачките бидејќи овој дел од главата е многу чувствителен и можете да им предизвикате болка.rnrnИсто така, садот за храна треба да биде поширок и порамен, така што мачката нема да удира со мустаќите во ѕидот на чинијата.rn
2. Мустаќите не се само околу носот
rnМачките имаат 8-12 мустаќи од двете страни на носот, но имаат и пократки мустаќи над очите, на брадата, како и на задниот дел од предните нозе.rn
3. Мустаќите и навигацијата
rnМустаќите обично се долги колку што е широка самата мачка, така што тие се еден вид патоказ кога мачката е пред тесен простор. Тие откриваат дали таа може да помине таму или не.rn
4. Мустаќите ѝ покажуваат на мачката каде е пленот
rnМачките се далековидни, што значи дека не го гледаат тоа што е пред нив. Затоа, за време на ловот, треба да најдат начин како да почувствуваат дека пленот е доволно близу за да му го зададат смртоносниот напад. Токму мустаќите им покажуваат на мачките кога е време да нападнат и да каснат.rn
5. Никогаш не скратувајте ѝ ги мустаќите на мачката
rnИако на мачките одвреме-навреме им паѓа по некој мустаќ, вие никогаш не треба да ѝ ги кратите мустаќите. Ако го направите тоа, вашата мачка ќе биде дезориентирана, може да има вртоглавица и ќе биде збунета затоа што мустаќите веќе нема да ја имаат таа драгоцена улога на навигација на којашто таа е навикната.rn
6. Мустаќите се показател на емоциите на мачката
rnПозицијата на мустаќите на вашата мачка кажува многу за нејзиното расположение. Ако мустаќите се опуштени и слободно паѓаат на двете страни на лицето, мачката е мирна и опуштена. Ако се насочени напред, тоа значи дека таа е возбудена и вознемирена. Ако се паднати под брадата, мачката е лута или тажна. Набљудувајте го и говорот на другите делови од телото на мачката, како што се ушите и опашката, за да може подобро да откриете што ви кажуваат мустаќите на мачката.rn
7. Мустаќите ја менуваат бојата
rnКако што стареат мачките, нивното крзно станува сиво, па и нивните мустаќи стануваат сиви. Немојте да бидете изненадени ако вашата постара мачка со црно крзно одеднаш добие бели мустаќи. Сепак, ова ќе го забележите само ако мачката има темно крзно.rnrnПрочитајте зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот.

rnrn
rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn
rnrnСилиг исто така изјавила дека кученцата се многу активни и разиграни, исто како и нивната мајка.rn
rnrn
rnrn„Hearts & Bones Rescue“ е згрижувачки дом за кучиња кој работи со преполни стационари како овој во Далас, во кој се случувало да примат и до 100 кучиња во еден ден. Главната цел на оваа непрофитна организација е да спасат колку што е можно повеќе животи и да им помогнат во секој поглед.rnrnПогледнете го и 
rnrnГенералот на Американската граѓанска војна, Амброз Бернсајд е познат како основач на страничната брада, подоцна именувана како „бакенбарди“, инспирирано од неговото презиме. Неговите мустаќи биле стилизирани така што му се протегале низ образите при тоа спојувајќи се со бакенбардите.rn
rnrnВо неговата 30-годишна филмска кариера, Кларк глумел во некои од најнезаборавните продукции на Холивуд, како „Побуна на бродот Баунти“ (Mutiny on the Bounty) и „Одвеано со виорот“ (Gone with the Wind). Гејбл ги имал најпознатите мустаќи во Холивуд во средината на 20-тиот век. Неговите мустаќи можат да се стават во категоријата „четката на сликарот“ или „абажур“.rn
rnrnПризнајте, знаевте дека Хитлер ќе се најде на листава. Покрај улогата во започнување на Втората светска војна и неговата одговорност за убиство на милиони Евреи (што го направи најомразениот човек во историјата), овој фашистички диктатор исто така е познат и по уредните мустаќи. Беспрекорниот стил „четка за заби“, се карактеризирал со дебели мустаќи кои се простирале под ширината на носот, познат како Хитлерови мустаќи. По втората светска војна, мажите го напуштиле овој стил на мустаќи бидејќи бил потсетник на Хитлер. И до ден-денес, овој стил многу ретко се гледа.rn
rnrnПретседателот на Америка го носел стилот познат како „кормило од велосипед“. Иако е сличен на изгледот на Салвадор Дали, сепак мустаќите на Вилијам биле поголеми, побујни и помалку ексцентрични, со мало нагорно извиткување.rn
rnrnКомпозиторот Руџеро, познат по операта „Паглиаци“ (Pagliacci), имал големи луксузни мустаќи кои ги виткал нагоре. На сликата се гледа дека неговите мустаќи зафаќаат дел од образите и горната уста, што се класифицирани како „кралски“ мустаќи, според Американскиот институт за мустаќи.rn
rnrnВеројатно еден од најпознатите луѓе на планетата според мустаќите е Маркс. Неговите препознатливи, широки мустаќи влегуваат во категоријата на „морж“ или „шеврон“. Заедно со неговата капа, очила, веѓи и нос, мустаќите му биле заштитнички знак, кои до ден-денес се продаваат како играчка. Класичните Гручо мустаќи кои тој ги носел за време на филмовите на Маркс Брадерс биле лажни, но подоцна тој пуштил вистински мустаќи за неговото телевизиско квиз шоу „Го обложуваш својот живот“ (You Bet Your Life).rn
rnrnЧарлс е познат по неговите авантури во Индија за време на британското владеење. Според неговиот портрет, Напиер имал бујни англиски мустаќи, кои се карактеризирале со долги влакна кои излегувале од под носот.rn
rnrnГолема е веројатноста Салвадор Дали да е исто толку познат по необичните мустаќи колку и по неговите надреалистички слики. Неговата уметност често претставува свет во кои предметите се деформирани или трансформирани на бизарен начин.rnrnСпоред Американската институција за мустаќи, неговите спаѓаат во категоријата наречена „Дали“, кои се карактеризираат со долги шилести краеви кои се извиткани стрмно нагоре. По 28 години од неговата смрт, трупот на Дали бил откопан во 2017 година, за да можат вештаците да земат негова ДНК за тест за татковство. Тие откриле дека мустаќите сè уште му биле непроменети.rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на другата страница…rn
rnrnБидејќи приоритет на секој владетел бил да остави потомство, Насир ел Дин имал дури 21 дете – 11 принцови и 10 принцези. Најинтересно од сите негови деца била принцезата Фатема Канум Есмет ал Довлех.rn
rnrnОваа девојка била миленичка на шахот и важела за најубавото од сите деца. Денес се смета за најфотографирана жена во неговиот дворец. Голем дел од фотографиите ги направил татко ѝ кој бил страстен фотограф.rnrnНасир долго време се обидувал да пронајде достоен маж за Есмет. Постои легенда дека 13 момчиња се убиле бидејќи принцезата ги одбила, но веројатно ова не е вистина. Како и повеќето жени од овој период, најраниот дел од младоста го поминала во харем опкружена само со жени. Ова значи дека баш и немала можност да разговара и да одбие 13 мажи.rnrn
rnrnСпоред фотографиите што можеме да ги видиме денес, Есмет била далеку од занесна убавица каква што замислуваме кога ќе го спомнеме зборот харем. Есмет била ниска и со вишок килограми. Главата и вратот ѝ биле покриени со богато украсени марами. Главниот адут на нејзиното лице биле споените веѓи и темните, многу изразени бркови. На прв поглед дури изгледа и како машко.rnrnНо, во тој период критериумите за убавина биле такви, особено во високите класи. Колку жената била подебела, толку била поубава. Ова особено се однесувале за жените од владетелските семејства. Тие ја јаделе најдобрата храна и не им дозволувале да се движат премногу.rnrnМажествениот изглед, што значело жената да е силна и влакнеста, станал симбол за убавина во Иран во 19-тиот век. Поради ова Есмет била вистинска убавица.rn
rnrnВо дворецот на шахот често имало пратеници, фотографи и уметници од странство. Ако со нив биле и нивните сопруги, тие добивале прилика да се запознаат со членовите на семејството на шахот.rnrnСопругата на еден белгиски пратеник ја запознала Есмет во 1877-ма година и во нејзиниот дневник запишала дека била згрозена.rn
rnrnНа крај шахот ја омажил Есмет за Дуст Мухамед Кан, син на угледно кралско семејство. По венчавката се знае малку за неа, иако е познато дека останала во дворецот и редовно разговарала со посетителите од Запад.rnrnКако и татко ѝ, и таа се вљубила во фотографирањето па направила мало студио во својот дом. Најчесто ги фотографирала своите пет деца и сопругот. Есмет умрела на 31-годишна возраст во 1905-та година и била погребана до нејзиниот сакан татко.rnrnПогледнете ги и овие шокантни 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на 
rnrnОвие мустаќи (познати и како шеврон) беа популаризирани од актерот Том Селек и за нив се потребни груби и густи влакна, кои треба да растат неколку месеци. Релативно отмен, овој стил е еден од наједноставните стилови на мустаќи. Но, пред да се обидете со овој стил, треба да знаете какви се влакната на вашето лице. Најдобро изгледа доколку имате прави влакна, а се одржува со нивно кратење кога почнуваат да растат преку устата.rn
rnrnОвие мустаќи неспорно искажуваат цврст став и токму затоа не се за тие со слабо срце. Тие биле најпопуларни во 19-от и почетокот на 20-от век, а кратко биле популарни и меѓу младите револуционери од 60-тите години од 20-от век. За да го постигнете овој изглед, треба да ги растете и одржувате мустаќите повеќе од 5 месеци. За тоа време, влакната ќе почнат да ви растат преку горната усна и ќе ви го дадат посакуваниот изглед на морж.rn
rnrnОвие мустаќи станаа популарни кога филмските ѕвезди како Клерк Гејбл и Ерол Флин го прифатија тој стил. Како во филм од 40-тите, тие многу полесно се оформуваат отколку мустаќите на Селек. За да израснете ваков тип мустаќи потребен ви е еден месец. Но, имајте на ум дека тие треба редовно да се одржуваат и бараат поголемо внимание за да се задржат правите линии кои изгледаат како нацртани.rn
rnrnОмилениот уличен стил на денешницата. Мустаќите во форма на кормило имаат краеви кои се искривуваат спирално кон јаболкниците. За да изгледате помодерно и помладолико, заедно со овој стил на мустаќи носете и модерна фризура. Стилизирањето на овие мустаќите е едноставно – со малку восок виткајте ги краевите кон надвор.rn
rnrnЗа овој вид карактеристични мустаќи потребна е храброст бидејќи тие се едни од понагласените. Ако сакате да се обидете, ви требаат неколку месеци за да ја добиете густината потребна за овој изглед. Овој стил во секој случај не им прилега на сите, па бидете сигурни дека ќе ви стои добро на вашето лице пред да се одлучите за него.rn
rnrnКаубојскиот стил на мустаќи се всушност подолга и побушава верзија од мустаќите на Селек. Овие мустаќи не се толку отмени, баш напротив, тие се нерамни и помалку уредни. Одржувајте ги со ножички за да не изгледате премногу запуштено, но избегнувајте прецизни маневри за да ја задржите грубоста на овој стил.rn
rnrnОва е еден од најексцентричните стилови на мустаќи, кои изгледаат како да се излезени од стрип. Инспирирани од уникатниот изглед на д-р Фу Манчу, за да го постигнете овој стил треба да оставите да растат страничните влакна, така што ќе почнат да висат над брадата. Доколку оставите да ви порасне брадата на долниот дел од вилицата, ќе добиете потрадиционален изглед. Оваа верзија веројатно повеќе ќе ви прилега за некој маскенбал или карневал.rn
rnrnОвие мустаќи се инспирирани од изгледот на единствениот Салвадор Дали, славниот шпански сликар. Духот на Дали може да се забележи во овој смешен, но уникатен вид мустаќи. Нивните краеви се исправени нагоре, а ова може да го постигнете ако со восок ги насукувате долгите влакна. Дали за овој изглед користел брилијантин, а во една прилика изјавил дека неговите мустаќи се најсериозниот дел од неговата личност.rn
rnrnОвие мустаќи се омилени кај познатите актери и воопшто не оддаваат карактеристичен изглед и најчесто се придружени со неуредна, неколкудневна брада. Ова е најлесниот начин да израснете мустаќи и сигурна опција доколку сте скептични во врска со вашиот изглед. Не е потребно премногу време за да ги израснете мустаќите до должината потребна за овој стил, а тие со погусти влакна треба повремено да ги кратат мустаќите и брадата. За инспирација погледнете како изгледаат Џони Деп, Џејмс Франко и Рајан Гослинг.
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn


rnrnВо текот на целата измината година, Дениел објавува по една слика месечно на нејзиниот блог на Тамблр, комбинирајќи ги фотографиите на непознатиот маж со фотографии од себеси, на кои ги имитира „селфи фотките“ на мустаќестиот маж. Месец за месец, таа ги открива страстите на мажот за правење фотографии од сам себе, без разлика дали е дотеран во одело, се поти во вежбалната или си ги проверува мускулите пред огледало. Таа дури си ставила и мустаќи, за да изгледа поавтентично.rnrn
rnrn
rn