Доколку се прашувате што би можело малку да ве размрда и да ви ја зоврие крвта во овие празнични денови, одговорот е новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“. Каталогот е правен на островите Туркс и Каикос, а дел од него се многу „Ангели“, меѓу кои и Кендис Суанпол, Ерин Хедертон и Лили Олдрич.
Каталогот е сликан во неколку теми, а една од нив е француската ривиера. Повеќето модели од костимите се направени со препознатливата технологија за градници на Victoria’s Secret за да се постигне подигнувачкиот ефект, или во овој случај магичниот горен дел може да ги зголеми градите за два броја. Иако каталогот сè уште не е комплетно готов, еве едно одлично видео направено за време на фотосесиите на прекрасните острови.rn.rn
Tag: модели
-

Новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“
-

Мода низ фотографиите на Дејвид Eрбанки
Роден во 1994 година, Дејвид Ербанки го купил својот прв фотоапарат во 2007 и почнал да експериментира фотографирајќи кукли. Но, кога веќе дошол во средно школо, сфатил дека сака сериозно да се занимава со фотографирање на човечки субјекти.
Прво почнал да ги фотографира неговите другарки, на тој начин полека претворајќи ги во вистински модели. Ставајќи ги своите фотографии на Фликр, Дејвид брзо станал дел од издавачката модна индустрија, фотографирајќи професионални модели. Тој има работено со агенции како Ford, Elite, Next, DNA, Major, Fusion, Trump, Wilhelmina и др.




















-

Моделите на Victoria’s secret
Американскиот бренд за долна облека „Victoria’s Secret“, за прв пат се појавил во 1977 година. Прв креатор е Рој Рејмонд, кој, верувале или не, го создал брендот бидејќи му било срам да купува долна облека за неговата жена од локалниот трговски центар.rn
Денеска „Victoria’s Secret“, претставува гигант во полето на модата, но и на шоу-бизнисот, па така ангелите на Викторија се најдобро платените модели на планетава. Покрај познатите Адријана Лима, Хајди Клум, Александра Амбросио, Миранда Кер и Мариса Милер, и новите ангели успеваат да го привлечат вниманието на публиката. Уживајте…rn -

Дали и вие сте љубител на Ламборгини?
Ламборгини е италијански производител на возила, основан на 30 октомври 1963 година. Основачот Феруцо Ламборгини бил голем љубител на спортски автомобили и затоа многу често ги купувал најновите модели на Ферари и Масерати, но секогаш нешто му пречело и не ги задоволувало неговите критериуми. Затоа ја отворил компанијата со цел да создаде свој совршен, отмен, супер брз автомобил. Доколку би ги погледнале сите модели на Ламборгини, заклучокот дека ја остварил својата цел ќе биде неизбежен.
Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.rnrn1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.rnrn
2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија Ауди.rnrn3. Првиот модел на Ламборгини е направен во 1963 година и бил наречен 350 GTV и можел да развие брзина до 280 км/ч. Првиот модел кој можел да развие брзина над 300 км/ч бил конструиран во 1974 година и бил наречен Каунтач.rnrn
4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.rnrn

5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.





























