Оваа фотографија на сите Бетмобили наредени еден до друг, не само што создава носталгични чувства, туку ни покажува и колку многу време поминало. Првата приказна за Бетмен е создадена во 1939 година. Оттогаш, Бетмобилот е составен дел во секоја приказна за легендарниот лик.Можеби не постои момче, кое како како дете не мечтаело да поседува Бетмобил. За повеќе информации за историјата на овој култен автомобил, погледнете го трејлерот за документарниот филм за Бетмобилите.rn
Летото е сè поблиску, па доколку размислувате за купување нов костим за капење, не смеете да си дозволите тоа да го оставите за во последен момент. Костимите за капење се многу битно парче облека за летната сезона, па затоа треба многу внимателно да се одберат при шопингот.Модната куќа „Parah“ за ова лето, во својата колекција препорачува модели со морско сина, тиркизна, смарагд зелена, виолетова, портокалова, кафена и црна боја. Скоро сите модели се креирани со цветни дезени и разни други апликации. Овогодишната летна колекција е наменета за урбани жени и девојки, кои сакаат активен и спонтан одмор. Покрај костимите во колекцијата се вклучени и модни додатоци, како чанти, марами и шарени летни нараквици.rnrn
Преку овој ретро каталог погледнете што нудел брендот „Victoria’s Secret“ пред повеќе од 30 години. Ако некогаш сте се запрашале како изгледале Викториините модели во 70-тите, во споредба со денешните секси „ангели“, одговорот ќе ви го дадат следните фотографии:rnrn
Незгоди можат да му се случат секому. Сите сме имале лош ден, сме се соочиле со незгодни ситуации и моменти кога сме посакале да се отвори земјата под нас и да нѐ голтне. Замислете дека сте успешен модел, носите облека од најновите модни колекции од познатите брендови, совршено ве средиле сите шминкери и фризери зад сцената, излегувате на модната писта гордо чекорејќи и бум, се сопнувате, се наоѓате на земја, се исправате барајќи рамнотежа и соочувајќи се со срамот кој ви се случил.rnrnrnrnДали за овие засрамувачки ситуации се виновни високите потпетици, неудобната облека, очилата за сонце, лошата осветленост или тремата која преовладала во моментот, не е ни важно. Она што е важно е дека овие девојки се храбри, некои се ослободуваат од џиновските потпетици, други пак, ги облекуваат повторно, но сите со насмевка знаат да ја исправат главата и да продолжат да чекорат. Сепак, тие се само луѓе.rnrnПогледнете некои од најлошите и најзасрамувачки падови, незгоди, сопки и непосакувани испади на модните писти…rnrnrnrnИ токму кога помисливте дека незгодите завршиле, тие се случуваат повторно. А во случај да се прашувате што се случува со девојката во 2.47. Таа е дел од модна ревија која тргнала навистина лошо поради револт кај дел од моделите.rnrnrnrnНели е ова најдолгиот пад во модната историја?rnrnrnrnВо позадина оди „Clumsy“, а која би била посоодветна песна за целава ситуација? И секако, дел од ова видео се одлично подготвени модни ревии, пропратени со ненадејни протести против природното крзно.rnrnrnrnНаоми е позната по својата темпераментност, а во неколку наврати и по нервозните испади врз нејзините асистентки. Што мислите, што се случило после оваа нејзина модна ревија? Не знам за вас, но јас би се обложила дека некој настрадал.rnrnrnrnМожеби малку постари снимки, но сигурна сум дека тоа што облеката на моделите не е по најнова мода нема да ве спречи да се насмеете… а да, и машките модели можеле да изгубат рамнотежа. А кој е нивниот изговор, високите потпетици?rnrnrnrnrn
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnДоколку сакате да сте модерни, да изгледате гламурозно и секогаш да бидете во тренд, чевлите на Балдинини се вистинскиот избор за вас. Италијанскиот бренд Балдинини, кој опстојува на модниот пазар повеќе од 100 години, и овојпат не ги остави рамнодушни своите женски обожаватели. Новата колекција на женски чевли пролет/лето 2012, фасцинира со гламурозност, впечатливи бои и уникатен дизајн.Иснпирацијата за новата колекција на женските чевли, италијанскиот дизајнер Гими Балдинини ја црпи од времето на диско музиката, кога ултрамодерни биле чевлите со високи потпетици, мини здолништата и жешките панталончиња. Токму новите модели на женски чевли се одликуваат со високи потпетици, впечатливи бои и подигнати платформи.Вие сте тие кои ќе одлучите кои од чевлите ќе ве красат во наредната сезона.rnrn
Џереми Скот е дизајнер кој очигледно има голема смелост при креирањето нови модели за „Адидас“. Тој има и претходно соработувано со овој светски бренд, а неговата пролетна колекција за следната сезона ќе биде навистина екстра.Во новата колекција тој повторно ги има вметнато неговите препознатливи крилја на обувките. Покрај тоа, тој има внесено тотална иновација во чевлите на „Адидас“, па така може да се забележи модел со дезен на крзно од крава, сандали направени да наликуваат на легендарните и веќе препознатливи модели на патики, па дури и модели со опашка од тигар. Бидејќи неговата претходна колекција доживеа огромен успех, очигледно од „Адидас“ му дале одврзани раце, а тој тоа го искористил максимално. Па кој модел ви е најсимпатичен?
Преку овие видеа со вежби, откријте ја тајната за совршен задник, рамен стомак и цврсти бутови на најпосакуваните девојки на светот, моделите на „Victoria’s Secret“, Кендис Сванапул, Дуцен Крос и Линдзи Елингсон. Сите три видеа содржат по 5 вежби кои ги објаснува тренерот на секоја од девојките, додека тие ги извршуваат дадените задачи. Па доколку сакате да го стигнете нивното ниво, почнете да практикувате некоја од програмите на овие три познати модели или пак направете своја програма со комбинација од вежбите.rn.rn
Ламборгини ги објави цените за своите модели кои ќе бидат достапни во 2012 година. Па доколку размислувате за купување на некои од нивните модели, треба да знаете кој колку би ве чинел. Се разбира, како и на секој друг автомобил цената варира во зависност од тоа што сакате да му додадете на основниот модел. Ова се цените кои светскиот бренд ги нуди во 2012 година за своите основни модели.rnrnGallardo LP550-2 Coupe – 187.900 американски долариrnrnBicolore – 191.900 американски долариrnrnGallardo LP 560-4 Coupe – 202.000 американски долариrnrnSpyder – 225.400 американски долариrnrnGallardo LP 570-4 – 237.600 американски долариrnrnSpyder Performante LP 570-4 – 248.000 американски долариrnrnAventador LP 700-4 – 387.000 американски долариrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Промотивната кампања за „Дизни“ на фотографката Ани Либовиц, наречена „The Year of a Million Dreams“, е вистинско ремек-дело. Во неа глумци, пејачи, спортисти и многу други познати личности влегуваат во светот на фантазијата и ги заменуваат најпознатите ликови од цртаните на „Дизни“.
rnrnrnСкарлет Јохансон – ПепелашкаrnrnРејчел Вајс – СнежанаrnrnЏенифер Лопез и Марк Ентони – Аладин и ЈасминrnrnЏулијан Мур – Малата сирена (тука е и Мајкл Фелпс)rnrnЏесика Биeл – Покахонтас rnrnЏули Ендруз – Сината самовилаrnrnЖизел Бундшен – Венди, Михаил Баришњиков – Петар ПанrnrnВупи Голдберг – ДухотrnrnРоже Федерер – Кралот АртурrnrnДејвид Бекам – Принцот Филип rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Гледајќи во фотографиите на лосанџелешкиот моден фотограф и уметник Мајкл Шмит, веднаш е воочливо дека тој преферира неговите сцени да изгледаат што е можно поприродно. Ниедна од неговите фотографии не делува исфорсирано и вештачко. Напротив, на нив, неговите модели изгледаат како да се чувствуваат удобно и релаксирано си ја работат нивната работа, позирајќи пред фото-објективот.rnrnrnrnШмит настојува да ја „фати“ емоцијата, тој не се концентрира на прецизност и бистрина на фотографијата.rnrnrnrnТокму тие совршени сенки, одблесоците од сончевата светлина и магловитиот ефект кој го имаат неговите фотографии, ù дава уникатност на неговата работа.rnrnrnrnШмит успева од моделите да извлече една природна, нефилтрирана убавина, сексапил и спонтаност, кој ретко се наоѓа во денешните „фотошопирани“ фотографии, на кој се „дошминкани“ и така пренашминканите модели.rnrnrnrn rnrn