КАФЕ ПАУЗА

Tag: минути

  • Станете попродуктивни: 15-минутно правило кое ќе ви го промени животот на подобро!

    Станете попродуктивни: 15-минутно правило кое ќе ви го промени животот на подобро!

    Четвртина час. Доволно за правење смуди, разговор со пријателка и најважно од сѐ, доволно време за промена на животот. Сите сонуваме да имаме уреден дом, да вежбаме минимум пет пати неделно и секое утро да готвиме, но времето воопшто не е на наша страна или пак ние не знаеме да го користиме? Според книгата „15 Minute Rule: How to stop procrastinating and take charge of your life“ од Каролин Бучанан, сите ги имаме тие 15 минути само треба да ги пронајдеме во нашите пребукирани распореди.rnrn0-stanete-poproduktivni-15-minutno-pravilo-koe-kje-vi-go-promeni-zhivotot-na-podobro-kafepauza.mkrn

    Прв ден: Престанете да одложувате, започнете да работите

    rnПочетоците на нови нешта секогаш претставуваат голем предизвик. Мислите постојано ви пролетуваат на сите неодговорени мејлови, што има на Инстаграм и сл. Време е да заборавите на безделничењето и да се фокусирате на задачите пред вас.rnrnПрво правило од книгата е да ги спречите збрканите мисли да ви се врткаат низ главата и едноставно да го направите нештото. Почнете од финансиите. Голем број луѓе не можат да заспијат навечер размислувајќи за своите долгови, кредитни картички и плаќање на сметките. Навидум сето тоа ви изгледа како многу напорно, па го оставате за „друг ден“, но тој никако да дојде.rnrnБучанан, од друга страна е непоколеблива: „Сите имаме теми кои не би сакале да ги започнеме, но важно е да се соочите со нив“ – посветете им 15 минути, со целосен фокус, без пречки и ќе успеете сѐ да завршите. Затоа притиснете старт и започнете да ги организирате финансиите. Откажете се од телефонот и интересните апликации што ги имате на него барем на 15 минути и работете концентрирано.rn

    Втор ден: Промена на навиките

    rnФакт е дека вежбањето ретко на кого му е омилена активност, но поради него сме здрави и се чувствуваме убаво потоа. Сепак, според овие правила дозволени се само кратки и брзи вежби – што значи високо интензивни кардио вежби т.е. комбинација од голем напор во мали временски интервали. Ова ќе ви ја зголеми кондицијата и ќе ви го зајакне метаболизмот.rnrnСпоред професорот Џејми Тимонс од Универзитетот Лоубороу во Велика Британија, кратките и напорни вежби ги подобруваат аеробните способности и го намалуваат ризикот од дијабетес. Затоа, подгответе се и пробајте високо интензивен тренинг. Освен што ќе го подобрите здравјето, на овој начин ќе имате многу повеќе време за останатите активности од денот.rn

    Трет ден: Промена во исхраната

    rnКога веќе ќе се уверите во моќта на 15-минутното правило, можете да почнете да го применувате и во други сфери од животот – исхраната. Сите сме склони кон вкусните, но сепак нездрави оброци. Според 15-минутното правило, во ред е да го изедете нештото само ако го посакувате повеќе од 15 минути. Вообичаено додека поминат тие кобни 15 минути, вие веќе ќе имате заборавено на храната. Ова е така затоа што е многу полесно да одолеете ако знаете дека нештото не ви е забрането.rnrnПробајте да готвите во рок од 15 минути. Најбрзо што можете одберете некој лесен рецепт, ставете престилка и откријте ги кулинарските тајни. Не го поминувајте времето ѕверејќи се во фрижидерот и прашувајќи се што да готвите. Носете брзи одлуки кои ќе ви го променат животот на подобро.rn

    Четврти ден: Работете паметно

    rnСо новиот пристап кој веќе го откривте, добро организирајте го времето и одредете по 15 минути за секој чекор од работата. Дајте си неколку минути одмор за да испиете кафе или да погледнете што има на Фејсбук, но потоа повторно вратете се на работа. Кога го мерите времето ќе бидете многу поефикасни, а нема ни да пропуштите ништо ново на социјалните мрежи.rn

    Петти ден: Расчистување

    rnКако и сите смртници на планетава, и вие сте мрзеливи да средите некој дел од вашиот живот, без разлика дали станува за простор или за некој проблем кој долго сте го одложувале. На пример, размислете како би изгледало кога би ја средиле градината. Убава глетка нели? Е па време е да се фатите за работа. Искористете ги тие 15-тина минути за барем малку да ја расчистите градината или некој друг дел од куќата. Доволни се само 15 минути дневно за да успеете сѐ да постигнете.rn

    Како да го искористите 15-минутното правило денес:

    rnЈавете се. Не трошете време на допишување на комплицирани теми. Наместо тоа, јавете се. Побрзо ќе го добиете одговорот и побрзо ќе можете да преминете на следната активност од денот.rnrnНајдете време за себе. Одвојте еден период од денот за некој вид медитација или релаксација која ќе ве опушти и ќе ви даде енергија за да продолжите.rnrnИспразнете ја торбата. Ослободете се од старите сметки, потрошените кармини и сите залутани работи кои буквално и психички ве влечат надолу. Потребни се само неколку минути за да го сторите сето ова, а чувството потоа е феноменално!

  • Инстинктивното однесување на бебињата: Првите 70 минути од животот на новороденчињата

    Инстинктивното однесување на бебињата: Првите 70 минути од животот на новороденчињата

    Благодарејќи на внимателното набљудување на новороденчињата во текот на првите 70 минути по раѓањето, научниците дошле до следниве интересни сознанија.rnrninstinktivnoto-odnesuvanje-na-bebinjata-prvite-70-minuti-od-zhivotot-na-novorodenchinjata-kafepauza.mkrnrnМинута 0: Бебето пушта гласен крик кој му помага да си ги разбуди белите дробови.rnrnМинута 2: По крикот бебето се одмора помалку од минута, лежејќи сосема мирно на мајчините гради. Овој миг на тишина според д-р Лора Сандерс , може да е резултат на еволуцијата во која бебињата морале да се кријат од предаторите.rnrnМинута 2,5: Кога ќе почне да се буди, новороденчето за првпат ги отвора очите. Полека почнува да ги поместува главата и усните.rnrnМинута 8: Бебето станува активно и ги држи очите отворени до 5 минути, па и подолго. Во текот на оваа активна фаза, се чини дека развива интересирање за јадење, бидејќи гледа во мајчиното лице и гради и испушта тивки слатки звуци и со рацете посегнува кон својата уста.rnrnМинута 19: Тоа беше исцрпувачки. Време е за уште еден одмор.rnrnМинута 36: Новороденчето се одморило и почнува да се поместува кон мајчините гради, а мирисите му помагаат да се ориентира.rnrnМинута: 62: Бебето почнува да цица, најнапред мала количина колострум, кој тече пред млекото, а е полн со белковини и супстанци кои го јакнат имунитетот.rnrnМинута 70: Бебето потонува во заслужен сон.rnrnД-р Лора предупредува дека овие заклучоци се добиени со посматрање на мал број бебиња, така што какво било отстапување во минутажата е сосема нормално, но напоменува и дека сите податоци и тоа како можат да бидат од помош при осмислувањето на постапки кои го охрабруваат доењето.

  • Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.rnrnПа така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.rnrnУчесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.rnrnОвие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.