КАФЕ ПАУЗА

Tag: миленици

  • Овој веб-сајт ви дозволува да шетате низ светот ако се согласите да се грижите за туѓи миленици

    Овој веб-сајт ви дозволува да шетате низ светот ако се согласите да се грижите за туѓи миленици

    Можете ли да замислите луксузно сместување на вашите патувања – од фармите во Франција до вилите на плажа во Австралија, и сѐ тоа во замена за чување на неодоливи крзнени пријателчиња? Една компанија, наречена „Trusted Housesitters“ (Верни чувари на куќи), може да ви го дозволи токму тоа за околу 100 долари на годишно ниво!rnrn(1) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mk (2) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mkrnrnКонцептот е едноставен, а сепак генијален – луѓе ширум целиот свет што сакаат да патуваат, но се чувствуваат виновно кога ги оставаат милениците дома, се спојуваат со проверени патници што би сакале да го чуваат нивниот дом, како и милениците, во замена за престој.rnrn(3) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mk (4) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mkrnrnЗа да ги добиете најневеројатните домови за престој, најпрво мора да изградите добра репутација. Но тоа сигурно ќе ви оди лесно, ако сте подготвени да чувате миленици што се близу до вас за да добиете добри оценки. Откако ќе го соберете потребното искуство, вие сте подготвени за палатата на три ката во која отсекогаш сте сакале да живеете, додека истовремено се дружите со неодоливи четириножни пријатели!rnrn(5) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mk (6) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mk (7) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mk (8) ovoj-veb-sajt-bi-dozvoluva-da-shetate-niz-svetot-ako-se-soglasite-da-se-grizhite-za-tugji-milenici-www.kafepauza.mkrnrnКако да патувате низ Европа со ограничен буџет?

  • 25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

    25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

    Сигурни сме дека денот кога го доведовте вашето куче дома, сѐ уште ви се чини како да беше вчера. И веројатно го имате документирано секој момент од неговиот живот. Од моментот кога било мало кученце, до денес кога израснало во големо куче кое конечно научило да мокри надвор. Добро, најчесто надвор. Прочитајте ги следниве 25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn1. Нема подобар партнер за спиење од вашето куче.rnrn2. Иако кучето зафаќа половина од вашиот кревет.rnrn3. Будилник? Откако кучето влегло во вашиот дом, сигурно не спиете подоцна од 6 часот наутро.rnrn4. Соседите од вашето соседство кои ги шетаат своите кучиња се вашиот утрински информативен сервис.rnrn5. И добро е што ги имате околу вас бидејќи немате повеќе кеси за собирање измет.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn6. Нема поголемо задоволство од моментот кога вашето куче ќе ја наведне главата на страна и со погледот ќе продре длабоко во вашата душа.rnrn7. Добро, можеби го прави тоа затоа што во раката држите сланина.rnrn8. Моментот кога ќе почувствувате дека вие сте господар на универзумот затоа што ја чувате храната.rnrn9. И дека рутинските наредби кои ги научило вашето куче ви се најголемото достигнување во животот.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn10. Факт е дека Инстаграм профилот на вашето куче има повеќе следбеници од вашиот личен профил.rnrn11. И дека во вашиот телефон има повеќе фотографии од кучето отколку од вашето семејство.rnrn12. И големи се шансите дека можеби секој ден размислувате да ја напуштите работата и да се посветите целосно на вашето куче.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn13. Купувате облека за вашето куче.rnrn14. Вашето куче освоило награда за најдобар костум на Ноќта на вештерките.rnrn15. Вашето куче е најпопуларно во паркот во кој шетате секој викенд.rnrn16. И тоа никогаш не е виновно кога ќе се случи некаква незгода во паркот.rnrn17. Бидејќи практично е совршено, освен што изгледа смешно по последниот ваш обид да му направите фризура.rnrn18. Кога сме на ова прашање: Никогаш повеќе нема да го пострижувате сами вашето куче!rnrn19. Бидејќи, господе, колку влакна се собраа во кадата.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn20. Не обрнувате внимание кога вашето куче обележува територија на дрвјата низ паркот.rnrn21. Чистењето на пердувите од перниците ви станало навика.rnrn22. И морате да ја заштитите вратата од шпајзот, најверојатно до крајот на својот живот.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn23. Но, ништо не е тешко споредено со радоста на вашето куче кога ве поздравува кога се враќате дома.rnrn24. Фразата „морам да одам дома и да го прошетам кучето“ е таен код за „само сакам да ја гледам мојата омилена серија без да ме вознемируваат“ – токму оваа изјава ве извлекла од многу незгодни ситуации.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn25. Но, најдобрата причина зошто го сакате вашето куче е фактот што тоа е секогаш расположено да се гушка со вас на каучот, дури и ако држите чинија со сланина во вашите раце.

  • Кој е подобриот избор за вас, посвојувањето куче или мачка?

    Кој е подобриот избор за вас, посвојувањето куче или мачка?

    Посвојувањето милениче за многу луѓе е еден од најневеројатните моменти во нивните животи. Но ова не е нешто кое би можеле да го направите само од каприц. Носењето животно во вашиот дом е голема одговорност. Бидете сигурни во тоа што се впуштате пред да направите одлука која може негативно да влијае на вашиот и животот на животното. Поради тоа, добро е да прочитате на што треба да внимавате кога ќе посвоите куче или мачка.rnrnДали да вдомите куче или мачка?rn

    Кучиња

    rnНашите кучешки пријатели доаѓаат во многу форми и големини, но едно нешто е сигурно – тие се најдобриот пријател на човекот. Кучињата се неверојатно лојални и емоционално се поврзуваат со своите сопственици. Иако кучињата разбираат дека луѓето всушност не се кучиња, сепак тие ги гледаат нивните сопственици како членови на нивното семејство. Затоа се радуваат кога ќе ве видат после долгиот работен ден, исто како децата што се радуваат кога ќе ги видат своите родители.rnrnТие исто така се и неверојатно интелигентни (и покрај некои смешни ситуации во кои запаѓаат). Со време и упорност, може да ги научите да бидат послушни и секако да прават смешни трикови.rnrnНо, како и да е, кучињата се животни кои бараат исклучителна грижа. Тие се навикнуваат на одреден распоред до кој се придржуваат. Секако, ова е само нивен распоред и не мора да се совпаѓа со човечките секојдневни обврски. Ако кучињата научиле дека во точно одредено време мора да излезат надвор, тогаш подобро е да им ја исполните желбата или нема да се воздржат да се олеснат на вашиот тепих.rnrnКога зборуваме за нередот кој го оставаат околу себе, дали сте виделе куче кое ги брише своите шепи после прошетката на дождот? Секако дека не. Па затоа мора вие да го избришете убаво пред да влезе во вашиот дом и да остави калливи траги насекаде.rnrnИ што е најважно, кучињата бараат големо внимание. Тие се емоционално интелигентни, што претставува бонус кога ви е потребен пријател за дружба. Но исто така можат да бидат и претерано досадни или љубопитни, особено во моментите кога сакате да сте сами.rnrnСумирано, да имате куче е слично како да имате мало дете. Тоа не значи дека е лошо, но дефинитивно треба да знаете што ќе ве очекува ако имате намера да посвоите куче.rn

    Мачки

    rnМногу луѓе мислат дека секоја мачка е иста, но тоа едноставно не е точно. Слично како и кучињата, мачките имаат многу различни видови и раси. Додека секоја раса има свои особини, мачките генерално доаѓаат со слични позитивни и негативни страни на кои треба да внимавате пред да ги посвоите.rnrnЗа разлика од кучињата, мачките не бараат исклучителна грижа и внимание. Сè додека имаат храна, вода и место за да си ја гледаат својата работа, може да ги оставите сами и по цел ден, па дури и подолго.rnrnДобро негуваните мачки вообичаено се многу приврзани и игриви. Дури и кога нивните канџи излегуваат во текот на играњето, тие нема да ве нападнат, освен во случајот кога ќе почувствуваат опасност. Можеби звучи неверојатно, но едно истражување покажало дека мачките предат за да бидат терапевтски корисни за другите животни околу нив. Можеби тие изгледаат како животни кои сакаат да се сами, но сепак се чини дека на некој начин се грижат за своите сопственици.rnrnСекако, чувањето мачка не е само виножита и бескрајно галење. Иако тие сакаат да си играат, ако почувствуваат опасност, моментално можат да станат агресивни. Ова значи дека вие или вашите деца можете да бидете каснати или изгребани во знак на предупредување.rnrnИсто така мачките постојано се митарат. Без разлика дали се работи за прилагодување на промената на времето или едноставно се ослободуваат од мртвите влакна, мачките очигледно никогаш не престануваат да оставаат купчиња крзно насекаде низ домот.rnrnИ секако, тука е кутијата со песок. Ако имате мачка која не излегува надвор, бидете подготвени да ја чистите нивната кутија најмалку секој втор ден, а некогаш и неколкупати дневно. Ако ја занемарувате оваа обврска, вашето крзнено пријателче нема многу да се двоуми и да искористи различна површина за завршување на личните потреби.rnrnВо секој случај, мачките се одличен миленик за тие кои немаат време за кучиња, но сепак сакаат приврзан миленик кој ќе им прави друштво. Само запомнете, кога ќе донесете мачка во вашиот дом, таа ќе стане главна.

  • 3 совети за вашите миленици да се чувствуваат удобно кога се сами дома

    3 совети за вашите миленици да се чувствуваат удобно кога се сами дома

    Вашиот домашен миленик е дел од вашето семејство. Уште повеќе, тој е дел од вашата личност. Затоа е сосема природно она непријатно чувство на вина кога излегувате од дома и го оставате вашето крзнено пријателче само.rnrn3 совети за вашиот миленик да се чувствува удобно кога е сам домаrnrnВистината што го кине срцето е дека вашето милениче навистина не ужива кога вие не сте дома. Секоја минута од вашето отсуство е полоша од претходната. Но, бидејќи не можеме да не излегуваме од дома, сите сме принудени да прифатиме дека едноставно не е возможно цело време да сме покрај нив.rnrnНе очајувајте, на крајот на денот сѐ ќе биде во ред. Најпрво погледнете во фотографијата од вашиот миленик за да ја вратите насмевката на вашето лице. Второ, ако мислите дека не се доволни старите начини да му го олесните животот на вашето милениче додека ве нема, како тоа да сте сигурни дека има доволно храна и вода, или да му оставите доволно играчки за да се занимава, тогаш внимателно прочитајте ги следните предлози.rn

    1. Оставете го светлата вклучени кога излегувате од дома

    rnВашиот миленик ја чувствува тежината на вашето отсуство повеќе од вас. Со оглед на тоа дека ние знаеме кога ќе се вратиме, без разлика дали се работи за минути или часови, вашиот миленик не може да биде сигурен. Грижата дека е напуштен уште повеќе се зголемува со темнината и тоа може дополнително да го вознемири. Вклучените светла на вашиот миленик му даваат чувство дека сѐ е нормално, па затоа е и помирен.rn

    2. Вклучете го телевизорот за да му го одвлекувате вниманието

    rnДали вашиот миленик е фан на спортот или на сапунски опери? Да бидеме искрени, веројатно ни на едното ни на другото, но истражувањата покажуваат дека милениците уживаат кога е вклучен телевизорот во вашиот дом.rnrnНајчесто животните имаат беспрекорен слух, но оваа природна способност може да има лошо влијание на вашите крзнени пријатели кога се сами дома. Кога вашиот миленик е нервозен, секој звук од надвор, но и од внатрешноста на станот е засилен до непријатно ниво. Резултатите од истражувањата сугерираат дека вклучениот телевизор го враќа нормалното ниво на звук во домот, овозможувајќи му на вашиот миленик да не се чувствува толку осамено и да не се фокусира на страшните звуци.rn

    3. Надгледувајте ги неговите движења за да бидете подготвени во случај на опасност

    rnВашето милениче може да биде само, но тоа не мора да значи дека е осамено. Секогаш може да внимавате на него преку систем за надгледување кој ќе ви испраќа видео известувања на вашиот телефон. Во случај на некаква незгода, може веднаш да реагирате, наместо да се чудите што се случило кога ќе се вратите дома. Секако, ова повеќе ќе ве смири вас, отколку вашите миленици, но ако се случи некаква несреќа, тие во секој случај ќе бидат среќни ако реагирате брзо.

  • Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

    Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

    Кога луѓето правилно го користат своето право за владеење над животните, тоа може да им донесе многу убави моменти. Многу љубители остваруваат близок контакт со животните, притоа сметајќи ги за дел од нивното семејство. Несомнено е дека животните придонесуваат за подобар, посреќен и поисполнет живот.rnrnrnrnДоколку сте љубители на животните погледнете ги овие неколку цитати коишто дополнително ќе ви ја зголемат желбата да го прегрнете вашето милениче.rn

    „Кучињата зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат.“ ― Орхан Памук

    rn

    „Животните постојат во светот поради свои причини. Тие не се создадени за луѓето, исто како што црните луѓе не постојат за белите и жените не се створени за мажите.“ ― Алис Вокер

    rnrn

    „Ако да имаш душа значи да бидеш способен да чувствуваш љубов, верност и благодарност, тогаш животните се подобри од многу луѓе“. ― Џејмс Хериот

    rn

    „Можеме да судиме за срцето на човекот по неговото однесување кон животните.“― Емануел Кант

    rnrn

    „Не знам како животните ги разбираат работите, но јасно е дека тие разбираат. Веројатно постои јазик којшто не е составен од зборови и сите на светот го разбираат. Веројатно постои душа скриена во сѐ и таа секогаш може да ѝ зборува на друга душа, без притоа да испушти звук.“ ― Франс Ходсан Бурнет

    rn

    „Нашето совршено друштво никогаш нема помалку од четири нозе.“― Колет

    rn

  • 12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома порано

    12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома порано

    Овие слатки домашни миленици уживаат во опуштена атмосфера правејќи го она што го сакаат, но на нивно големо изненадување, стопаните им се вратиле дома порано. Погледнете ги смешните реакции и изрази на нивните лица.rnrn12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома пораноrnrn

  • Домашни миленици кои се генијалци за камуфлажа

    Домашни миленици кои се генијалци за камуфлажа

    Домашните миленичиња се забавни и преслатки суштества, но некогаш знаат како да ги надмудрат своите стопани. Погледнете ја оваа урнебесна галерија со животни кои одлично се камуфлирале со помош на предметите или природата околу нив.rnrnДомашни миленици кои се генијалци за камуфлажаДомашни миленици кои се генијалци за камуфлажаrnrn

  • Есенско расположение: Слатки миленици завиткани во ќебенца

    Есенско расположение: Слатки миленици завиткани во ќебенца

    Слатките миленичиња секогаш ни ги топат срцата. Овие домашни миленици се подготвени за зимата. Погледнете ги овие преслатки суштества завиткани во топли ќебенца.rnrnЕсенско расположение: слатки миленици завиткани во ќебенцаrnrn

    rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да натерате мачка да остане на едно место?

    Како да натерате мачка да остане на едно место?

    Целиот интернет колективно спроведува една интересна студија од областа на бихејвиоралната психологија. Сите ние, вклучително и нашите миленици мачки можат да учествуваат. Откако неколку корисници на Редит и Имиџер забележале дека нивните мачки на чуден начин се привлечени од кругови, и многу други корисници почнаа да објавуваат слики на кои се гледа обидот да ги измамат своите миленици за да останат заробени во затворен круг.rnrnrnrnЕдна можна причина за ова е потребата на мачките од сигурност. Мачките сакаат мали и сигурни места, па дури и самиот впечаток односно илузијата дека се наоѓаат во таков простор може да им изгледа попривлечно од секое друго место во околината.rnrnПогледнете со какви трикови се имаат послужено оние сопственици на вакви миленици, на кои тоа очигледно им успеало.rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

    Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

    Домашните миленици се повеќе од животни. Тие се наши пријатели и наше друштво кога сме осамени. Секојдневно од нас бараат да им даруваме грижа и заштита, правејќи нè подобри и повнимателни личности. Нè тераат да играме со нив за да заборавиме на сè она што нè мачи. Сакајте ги и чувајте ги вашите домашни миленици, тие ви помагаат да бидете подобри и посреќни личности и ве учат да водите здрав и исполнет живот.rnrn1-kako-domashnite-milenici-vi-pomagaat-da-zhiveete-posrekjen-i-podobar-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    Милениците им се посветени на своите стопани

    rnЛесно ќе запознаете човек кој е разочаран од другите луѓе, од нивната негативност, лицемерие или предавство. Но, тоа не важи за домашните миленици. Никогаш нема да се разочарате од својот миленик. Тие се приврзуваат за своите стопани и подготвени се да се жртвуваат за да го одбранат домот.rnrnКога и да се разочарате од луѓето, посветете му повеќе внимание на домашниот миленик. Ќе ве забавува, ќе ви ја оттргне главата од она што ве мачи и ќе ви покаже дека постои искрено пријателство.rn

    Милениците прават да станеме подобра верзија од себеси

    rnМожеби сте биле сведоци на ситуација каде човек кој навидум се грижел само за себе, почнува безрезервно да дарува грижа, љубов и заштита на својот миленик. Домашните миленичиња прават чуда. Тие се паметни и мили и нè учат да бидеме безгрижни, но и верни на оние кои ни се блиски.rn

    Имаат лековити моќи

    rnКолку и да ви звучи чудно, животните може да излекуваат физичка и психичка болка. Тие не само што ги следат своите животински инстинкти, туку чувствуваат и размислуваат. Ако се вратите дома разочарани ќе дојдат покрај вас барајќи да им посветите внимание и ќе ви го излекуваат духот. Ако прашате сопственик на мачка ќе ви каже како, кога има болки, мачката ја положува главата на болното место и почнува да преде. Научно е докажано дека мачките може да ја почувствуваат физичката и психичката болка на своите сопственици. Некогаш е доволно едно мјау за да ви се разубави денот.rn

    Нè прават поорганизирани и поодговорни

    rnАко заборавите да го нахраните, искапете или прошетате вашиот миленик знаете дека таа постапка ќе носи последици и затоа внимавате да ги исполнувате своите должности кон вашиот мал пријател. Така, колку и по природа да не сте организирани или одговорни, миленикот ќе ве научи да си го организирате времето за да можете да му посветите внимание, да го храните редовно и да се грижите за него, станувајќи многу поодговорни. Доколку ви фали дисциплина или одговорност, само присвојте домашно милениче.rn

    Милениците претчувствуваат незгода

    rnНе занемарувајте ги промените во однесувањето на вашиот миленик. Милениците насетуваат незгода, невреме или каква било опасност, па така може да се потпрете на нивниот инстинкт.