КАФЕ ПАУЗА

Tag: масички

  • Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум

    Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум

    Овие неколку интересни парчиња мебел се дело на израелската дизајнерка Хила Шамија. Таа зема парчиња дрво кои не се доволно совршени за да влезат во вообичаениот процес на производство на мебел и ги спојува со алуминиум. Металот навлегува во сите пукнатини на дрвото горејќи ја неговата површина таму каде што се среќаваат, а резултатот се овие уникатни маси и клупи.rnrnУникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиумrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

    Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

    Автор: Сања ПетровскаrnrnИмагинацијата и креативноста кај некои луѓе едноставно немаат граници. Понесени од многуте идеи кои им се вртат низ глава, уметниците успеваат да создадат неверојатни работи кои постојано нѐ изненадуваат и воодушевуваат.rnrn1-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mkrnrnГрег Класен се занимава со изработка на единствени парчиња мебел познати под името „Речна колекција“. Неговите изработки претставуваат уникатни дрвени маси низ кои поминува рачно исечено парче стакло кое создава речен или езерски ефект. Парчето стакло милиметарски точно се поклопува со дрвената конструкција, а за целата изработка од почеток до крај е задолжен самиот тој. Посебно значење во неговата работа има соработката со локалната пилана од каде го добива дрвото во сурова форма, така добивајќи можност да ги искористи неговите природни шари и облици. Работата на Класен всушност е резултат на спојот од дизајнирање на мебел и уметност.rnrn2-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mkrnrnСекој кој сака да поседува една од овие единствени маси, тие може да се нарачаат директно од неговиот веб-сајт. Достапни се во сите големини и облици така што би можеле совршено да ги вклопите во вашиот ентериер.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритни стаклени масички за тренди дом

    Колоритни стаклени масички за тренди дом

    Бар-масичките сè повеќе стануваат интересен составен дел од внатрешното уредување на домовите. Тие не се нешто многу практични и немаат голема примена, но затоа со сигурност ќе ѝ дадат специфичен стил и тренди изглед на вашата дневна соба. Токму затоа, изборот на бар-масичка треба да биде модерен и привлечен за око.rnrnКолоритни стаклени масички за тренди домrnrnСтаклените масички изработени од страна на „Х-студио“ се токму такви и се создадени за да го декорираат и збогатат секој простор, со „фенси“ нота.rnrnКолоритни стаклени масички за тренди домrnrnОвие четири фантастични масички, просто шармираат со нивната колоритност и уникатен дизајн.rnrnКолоритни стаклени масички за тренди домrnrnОригиналните стаклени столбови, ги претвораат овие бар-масички, во совршени уметнички дела.rnrnКолоритни стаклени масички за тренди домrnrnСекоја од нив е достапна за купување во различни бои по избор. Благодарение на тоа, купувачите можат да си ја одберат вистинската солуција според боите на нивниот ентериер, за да го направат домот уникатен и персонализиран.rnrnКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домКолоритни стаклени масички за тренди домrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Нано“ – кафе-масички со ЛЕД технологија

    „Нано“ – кафе-масички со ЛЕД технологија

    Кафе-масичките „Нано“ претставуваат сет составен од два елементи со различна висина. Дизајнирани се од Менегело Паолел за потребите на компанијата „Emoh“, а истите му ја донесоа наградата „Red Dot“ за дизајн на продукт за 2010 година.rn„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологијаДвете масички имаат тркалезна површина која лежи на столбови во форма на пресечен конус. Површината на масата е лакирана со метакрилат, а од страните се поставени ленти со ЛЕД технологија, благодарение на кои рабовите светат, на овој начин создавајќи интимна атмосфера.rn„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија„Нано“-масичките имаат едноставен, но елегантен дизајн. Тие се состојат од конусна основа, кој се шири надолу, правејќи ја масичката постабилна. Достапни се со и без ЛЕД технологијата, а нивните висини изнесуваат 50 и 35 сантиметри. Сетовите се достапни во неколку варијации и во неколку бои со црна и бела основа.rn„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија

  • Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со некое од овие навистина елегантни парчиња мебел.rn

    Гитара  која ќе ви го „причува“ кафето

    rnМожеби никогаш не сте имале музичка кариера, но отсекогаш сте биле вистински љубители на добра рок музика. Доколку вистински уживате во енергичниот звук кој го произведува електричната гитара, ова е најверојатно совршениот избор на кафе масичка за вас.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Кафе масичка и аквариум во едно

    rnОтсекогаш сте сонувале да поседувате еден уникатен аквариум, кој ќе говори за вашиот одличен вкус и ќе внесува свежина и раскош во домот. Желбата ви се чини неостварлива, бидејќи никогаш не успеавте да пронајдете аквариум, кој добро ќе се вклопува со останатиот мебел во дневната соба. Потрагата може да заврши! Ова е вистинското парче уметност за вас!rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    iPhone т.е. iCoffeetable

    rnВие сте просто заљубени во вашиот iPhone. Тоа е најдоброто парче технологија, кое ви нуди толку многу можности, а го собира во една дланка. За да биде задоволството уште поголемо, сега имате можност и да го пиете вашето утринско кафе на масичка, која изгледа идентично како вашиот омилен телефон. На неа можете дури и да додавате нови „апликации“.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Дел од природата во вашиот дом

    rn

    Вистински знаете да уживате во убавините на природата. Уживате во свежината која ја носи утринската роса, мирисот на свежо искосената  трева и лулкањето на лисјата… Посакувате, просто да можевте да живеете во градина. Сега можете да „откинете“ дел од зеленилото кое никогаш не венее и да го сместите во вашата дневна соба. Дома ќе ви биде пролет, во текот на целата година.Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Мултимедијална масичка

    rn

    Никогаш не се разделувате од вашиот компјутер, така?  Не би ви замериле, затоа што ни е јасно дека ви е потребен за вашата работа, за да контактирате со пријателите или едноставно за да се релаксирате читајќи на Кафе пауза. Она што е ново, е дека сега за да го правите сето ова, не ви е потребен компјутер, туку маса. Да, да, добро прочитавте – маса на која ќе можете да проверувате имејл, да зачувувате фајлови, да користите блутут, да слушате музика, да играте видео игри и да јадете сладолед.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Невидлива масичка

    rnДенес во продавница видовте одличен чаршав, но за жал тој не одговара со бојата на ногарките на вашата кафе масичка. А што ќе ви е масичка, кога можете да си купите чаршав над кој ќе „лебди“ вашата шолја со кафе? Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со ова навистина елегантно парче мебел.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот