Ако сакате да изгубите телесна тежина, тогаш овие неколку продукти не би требало да бидат вклучени во вашето мени.rnrn
rn
Тестенини од бело брашно
rnЗнаеме дека тестенините како макарони или шпагети се честопати вклучени во исхраната на врвните спортисти, но тоа не се оние тестенини направени од бело брашно. Јаглехидратите содржани во нив се осиромашени и можат да предизвикаат некои реакции во организмот кои придонесуваат за складирање на масни наслаги. Наместо тоа, одберете тестенини од нерафинирано брашно.rn
Бел леб
rnБелиот леб ги има истите карактеристики како и тестенините од бело рафинирано брашно. Содржи премногу вештачки состојки кои се корисни за бизнисот на пекарите, но не и за вашиот организам.rn
Слатки
rnДобро е познато дека наместо да даваат енергија, тие секогаш завршуваат како масни наслаги. Во ред е да се насладувате со благи работи одвреме-навреме, но тоа не смее да биде стандарден дел од вашата исхрана.rn
Брза храна
rnПржените компирчиња и останатата брза храна важат за најчести причинители за појава на вишок килограми. Содржат премногу масти, во количина во која организмот не може да ги претвори во енергија и затоа остануваат под кожата.rnrnИсто така, треба да се избегнува и чипсот. Тој може да се замени со пуканки, кои се здрава закуска.rnrn
rn
Газирани сокови
rnОсвен вкусот кој краткотрајно останува во устата, газираните сокови немаат друга позитивна страна. Нивната нутритивна вредност е рамна на нула и се исклучително неквалитетно гориво за организмот.rn
Сувомесни производи
rnВо сувомесните производи нема многу месо. Нивниот вкус произлегува од разните вештачки материи кои ги содржат, а кои на крајот предизвикуваат срцеви заболувања и дијабетес.rn
Одредени видови житарки
rnПотребно е да се биде претпазлив кога се купуваат житарки. Внимателно прочитајте на кутијата што сè е содржано во она што сакате да го купите. За да имаат подобар вкус производителите честопати додаваат разни засладувачи кои не ви требаат. Наместо тоа, одберете житарки во кои нема никакви додатоци, а потоа бидете креативни и пронајдете го вашиот омилен вкус.rn
Прелив за салата
rnКаква салата и да направите, ако ѝ додадете прелив кој не е здрав, џабе јадете салата во обидот да загубите некој килограм. Ако врз вашиот зеленчук ставите мајонез, не може да стане збор за здрава исхрана.rn
Маргарин
rnМаргаринот е еден од најлошите продукти кои можат да нахранат човек. Содржи многу масти, многу повеќе од путерот, и што е најлошо, неговата редовна употреба значително го покачува лошиот холестерол.




rn
