Слаткиот сок од манго има голем број корисни својства исто како што имаат соковите од останатите овошја. Мангото содржи витамини Б (Б1, Б2, Б5, Б6, Б9), витамини А, Е, Ц и Д и минерали: цинк, манган, железо и фосфор. Второ, мангото е одличен антиоксидант и плод што содржи многу влакна. Поради тоа, прочитајте ги петте причини зошто да го вклучите ова овошје во вашата исхрана.rnrn
rn
Помага при варење на храната
rnБидејќи мангото содржи многу растителни влакна, има позитивно дејство врз желудникот и врз цревата. Редовната употреба на овој плод го забрзува метаболизмот и ја елиминира хроничната опстипација.rn
Манго за слабеење
rnМангото содржи малку калории и многу растителни влакна, па затоа е многу хранливо. Поради тоа, тие што сакаат да изгубат тежина треба да го внесат мангото во исхраната. Покрај тоа, мангото има корисен ефект врз функционирањето на желудникот, што е исто така важно за слабеење.rnrn100 грама манго содржи 67 калории.rn
Помага при депресија
rnМангото е исто така корисно за борба против депресијата. Ова овошје содржи растителен ендорфин – супстанција која го подобрува расположението, па затоа е еден вид антидепресив кој ја ублажува нервната напнатост. Исто така, ова овошје е добар афродизијак што еднакво дејствува и кај и мажите и кај жените.rn
Манго за убавина и младост
rnОва овошје е идеален избор за оние што се грижат за својата убавина и младост. Мангото содржи витамини А и Ц кои се вклучени во создавањето колаген – протеин кој обезбедува еластичност на кожата.rnrnИмајте на ум дека е многу ефикасно да направите домашни маски за лице од манго. Витамините и минералите што се наоѓаат во мангото се исто така важни и за здравјето и за убавината на косата.rn
Свежо или сушено манго
rnСушеното манго може да биде соодветна алтернатива за свежото. Но, имајте на ум дека содржи повеќе шеќер и повеќе калории. Сто грама сушено манго има околу 350 калории, а во свежото овошје има 67 калории. Сепак, и сушеното манго го има потребното ниво на влакна, но треба да се јаде во умерени количини.rnrnПрочитајте и за здравствените придобивки од јадењето киви и дали смеете да ја јадете неговата лушпа.

rn
rn
rnrn rnrn


rnrn
rn
rnrn
Искинати тексас фармерки, тенки пантолони, блејзери, пријатни џемпери, мини фустани, интересни палта, кошули и блузи. Оваа есен/зима колекција ги содржи сите парчиња кои треба да ги поседува една жена. 







rnrn
rn
rn
rn
За потребите на каталогот за пролетната колекција на „Mango“, Кејт носи ненападна шминка и разбранета коса со што се истакнува нејзината природна убавина. Според фотографиите, „Mango“ за оваа пролет подготвува женствени фустани и палта. По својот крој фустаните потсетуваат на периодот од шеесеттите години на минатиот век, но покрај овие посвечени парчиња, тие спремиле и линија со полежерни модели.





