КАФЕ ПАУЗА

Tag: мана

  • 5 совети како да се справите со неуспехот

    5 совети како да се справите со неуспехот

    Неуспесите се дел од секојдневното живеење. Некој ги пречекува подготвено и знае да се соочи со нив, друг е во постојан страв дека ќе се случат и не знае да ги дочека достоинствено. Животот некогаш знае да биде нељубезен. Но, тоа не е причина да бидете огорчени. Напротив, учете од грешките, оставете ги работите да поминат и одете напред во животот. Со други зборови, најдете начин неуспесите да ги претворите во успеси.5 совети како да се справите со неуспехотrn

    1. Воочете ги сопствените грешки

    rnНајдобар начин да се соочите со неуспехот е да ги воочите и признаете сопствените грешки и мани. Само тогаш ќе можете да продолжите понатаму во вистинскиот правец за да ги поправите.rn

    2. Проценете ја ситуацијата

    rnНаправете еден чекор назад и размислете како би можете да ја поправите ситуацијата која ве довела до неуспех. Размислете што било погрешно и како би постапиле поинаку.rn

    3. Разговарајте со луѓето на кои им верувате

    rnКога се соочувате со каков било неуспех, стресот и грижите се најважните причини зошто не можете да размислувате трезвено. Затоа, добро е своите чувства да ги споделите со оние кои ја заслужиле вашата доверба. Тие ќе можат правилно да ве посоветуваат и да ви поделат неколку утешни зборови, кои ќе ви помогнат подобро да се соочите со моменталната ситуација. Не плашете се да побарате помош. Никој не е совршен. Можеби пријателите и најблиските се соочиле со слична ситуација како вашата, па можат да ви дадат добар совет.rn

    4. Учете од своите погрешни одлуки

    rnНајдобар начин да се соочите со неуспесите што животот ги носи во кој било дел од живеењето е да учите од погрешните одлуки кои сте ги донеле и да се обидете да не ги повторите истите грешки.rn

    5. Продолжете понатаму

    rnПростете си себеси и едноставно продолжете понатаму. Оставете го минатото и силно, бескомпромисно зачекорете кон светлата иднина. Пробувајте сè додека да успеете во остварувањето на вашиот сон.rnrnМожеби ќе ве интересира и како подобро да се справувате со конфликтните ситуации.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    Иако постојано го користиме мозокот, сепак не секогаш правиме доволно за да го одржиме во добра форма. Еве 10 алатки со кои можете да го тренирате вашиот мозок и да правите редовни вежби за вашите ментални мускули:10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    1. Судоку

    rnСигурно сите ја знаете оваа заразна забавна игра во која целта е да ја пополните мрежата од бројки во даден број полиња. Ако никогаш не сте играле Судоку, погледнете ги инструкциите. За да го правите ова редовно и да си ги подобрите своите вештини за решавање проблеми, имате многу начини. Можете да играте онлајн, на вашиот ајфон, ајпод или ајпед, на Фејсбук или на вашиот мобилен телефон со Андроид оперативен систем или накратко, на секоја можна платформа.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    2. Wikipedia:Random

    rnWikipedia:Random е едноставен начин на случајно наидување на некоја статија од Википедија. Можете да ја користите оваа алатка за да научите по нешто ново секој ден. Со помош на Qwiki, кој претставува мини-Википедија која чита е уште една добра стартна точка. Учењето по нешто ново секој ден може да го одржи вашиот мозок во добра здравствена состојба. Затоа, воведете нова навика за почнување на вашите утра – додека го пиете првото кафе, читајте случајни статии, збогатете го вашето знаење и подобрете ја состојбата на вашиот ум..10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    3. Вежбајте математика секој ден

    rnВеројатно некои од вас ќе сакаат да ја скокнат оваа точка бидејќи зборот математика ги потсетува на долгите часови и тешките тестови кои не пратат во текот на целото основно и средно образование. Сепак, нема потреба од тешки равенки, лимеси и сложени геометриски фигури. Доволно е да нафрлате случајни броеви на еден лист хартија и да си зададете задача да извршите по неколку основни операции меѓу нив, за што е можно пократко време. Овој генератор на играта Mad Math Minute ќе ви понуди автоматски варијанти, додека можете да користите и верзии за печатење. Како и да е, 1 минута вежбање проста математика секој ден, помага за одржување на мозокот во форма и секако, ќе ве направи помалку зависни од калкулаторот.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    4. Почесто пишувајте наместо да типкате на тастатура

    rn

    Сите сакаме да си ги користиме тастатурите и факт е дека многу побрзо и поефективно можеме да ставиме куп зборови на електронски лист отколку на хартија, чкрабајќи со пенкало или молив. Сепак, подобро се учи кога се пишува со рака, така што подобро тргнете се од лаптопот кога сакате да стекнете ново знаење. Ова се случува поради системот за филтрирање во вашиот мозок кој го процесира она на што сте активно фокусирани во моментот. Кога фаќате забелешки, системот му вели на мозокот дека е време да обрне внимание.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    rnrn

    5. Глумете дека предавате

    rnМожете да си ги зацврстите вештините кои веќе ги имате, со малку глума. Наместо само да се потсетувате на чекорите кои треба да ги направите за да ја завршите започнатата задача, преправајте се дека си држите предавање (на самите себе) низ кое планирате како ќе го направите тоа. Ова ќе ви помогне да се сетите на неопходните информации и да ги избегнете глупавите грешки.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    6. Раскажувајте си приказни

    rnРаскажувањето приказни може да биде добра вежба за вашиот мозок. Прво, работите полесно се помнат бидејќи она што треба да се запомни, „присилно“ се става во поинаква рамка. Второ, ви дава шанса да се фокусирате на важните детали и да поврзете некое чувство со она што сакате да го запомните. Дури и ако не го правите ова за да си помогнете да ги запомните деталите, сепак ќе си ја подобрите меморијата со самото тоа што раскажувате приказни. Раскажувањето приказни се користи за третирање на Алцхајмерова болест. Доколку раскажувањето приказни може да му помогне на пациент со оваа болест да си го подобри помнењето, сигурно може да ви помогне и вам.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    7. Lumosity

    rnLumosity е веб-апликација која овозможува низа специјализирани активности за тренинг на мозокот. Можете да го користите бесплатно, но со платена корисничка сметка ќе добиете многу повеќе опции. Сите вежби се многу едноставни и забавни. Зависно од информациите кои ќе ги оставите во однос на целите кои сакате да ги постигнете, вежбите кои ќе ви ги понуди алатката може да се разликуваат. Кога ќе завршите добивате рејтинг, а вашата основна цел треба да биде секојдневно напредување.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    8. Медитирајте

    rnНишто не ја уништува способноста ефективно да го користите мозокот, како и самото негово здравје во целина, како стресот. Медитацијата е добар начин да го намалите нивото на стрес. Не мора да го правите ова со специјални пантолони за јога и  темјан. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    9. Научете ги маните на вашиот мозок

    rnВашиот мозок, многу од работите ги прави многу добро, но истовремено е за никаде во други. Можеби нема да успеете секогаш да ги поправите сите работи за кои вашиот мозок не го бива, но барем доколку сте свесни за маните, ќе можете да го искористите неговиот целосен потенцијал. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    10. Вежбајте и хранете се добро

    rnВеројатно колку што има луѓе што веруваат во ова општо познато знаење, има исто толку кои не се придржуваат до него. Ако не вежбате и не се храните добро поради тоа што не знаете како, едноставно почнете од некаде. Има многу совети за вежбање, како и такви за правилна исхрана на интернет. И не секирајте се, здравата исхрана не мора да значи и трошење повеќе пари. Сè што правите за да ја одржите вашата остроумност, може лесно да биде попречено доколку не внимавате на здравјето на вашето тело. Малку физичка активност и паметна диета ќе ви помогнат да го одржите вашиот мозок во топ состојба.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се вашите најдобри квалитети?

    Кои се вашите најдобри квалитети?

    „Што сакам да постигнам во животот?“ „Кои се моите амбиции?“ „Кој е мојот пат до успехот и среќата?“ Ова се прашања кои секој од нас си ги поставува во некоја точка од животот. Ретки се оние кои ги имаат дефинирано своите соништа уште од деца и успеваат да ги реализираат горе-долу според планираното. Повеќето луѓе се неодлучни и се префрлуваат од една на друга амбиција, обидувајќи се да дојдат до она во кое најмногу ќе се пронајдат себеси.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rnrnСе прашувате како да откриете која е вистинската причина за вашето постоење на планетава Земја? Можеби советиве кои следуваат ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Почнете веднаш да работите на себе

    rnКако за почеток, започнете разговор со следната личност која ќе ја сретнете денес и раскажете и за вашиот најдобар период од животот. Тоа не треба да биде скромен муабет, во кој вие ќе ги потценувате вашите квалитети и ќе ги осудувате вашите постапки од минатото, туку треба да говорите за оние денови кога вие вистински сте „блескале“ и сте се чувствувале фантастично.rnrnИ покрај тоа што зборувањето убави работи за себеси ги прекршува општествените табуа, истражувањата покажуваат дека препознавањето и правилната употреба на вашите најдобри особини, води кон повеќе моменти на среќа, помалку депресивни чувства и чувство на поголема поврзаност со останатиот дел од светот. Дефинирањето на вашите потенцијали воедно ќе ве направат и поупорни, поиздржливи и понасочени кон остварување на животните цели.rn

    2. Обрнете внимание на она што другите го кажуваат за вас

    rnДобар начин да откриете кои се вашите сили, е да обрнувате внимание на комплиментите кои ги добивате од другите луѓе. Вашите блиски можеби ви велат: „Јас никогаш не би можел/а да бидам толку храбар/храбра како тебе“ или „И се восхитувам на твојата способност за опростување“. Добрите зборови упатени кон вас од страна на искрените луѓе во вашиот живот кои добро ве познаваат, можат да бидат репер за вистинските квалитети во вашиот карактер.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    3. Кои нешта се креатори на вашата енергија?

    rnКои активности го поттикнуваат вашиот ентузијазам? Кои задачи, обврски, задолженија сметате дека не ви создаваат притисок и чувство на замор, туку напротив ви ги „полнат батериите“ и ве прават да се чувствувате задоволно на крајот од денот? Кога еднаш ќе успеете да идентификувате неколку силни страни на вашиот карактер, оние кои вистински ве опишуваат како личност, ќе можете да работите на нивно развивање и да почнете да го живеете животот со вашиот целосен потенцијал.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    4. Употребувајте ги вашите сили во разумни количини

    rnСè што е претерано не може да биде добро. Да се биде амбициозен е одлична работа, но да се биде преамбициозен, најчесто резултира со контра ефект. Така на пример, ако се трудите да бидете премногу креативни, постојано ќе се трудите да смислувате нови брилијантни идеи, без да потрошите доволно време на реализирање на старите, а нема да можете ниту да го процените нивниот ефект врз вашиот (не)успех. Понекогаш помалото вложување на себеси во некоја работа и користењето на вашите најдобри квалитети без да си вршите премногу притисок и контрола врз вашите постапки, може да биде исто толку моќно оружје, како и амбициозното следење на вашиот пат кон успехот. Клучот за среќата, е во имањето баланс во сè.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    5. Правилен избор на вашата „најсилна страна“

    rnМожеби имате добра смисла за хумор, брзо ги опростувате грешките на другите или имате способност за забележување детали, но имајте на ум дека вашите најдобри карактеристики можат да бидат и погрешно употребени во зависност од ситуацијата. Кога се соочуваме со некој проблем, пробуваме да ја одбереме најдобрата можна солуција на истиот, потпирајќи се на нашите сопствени сили и инстинкти. Но, форсирањето и напрегањето на нашите најдобри особини да дојдат до израз, може да доведе до донесување погрешен заклучок во врска со изборот на тактиката.rnrnНаместо тоа, кога се соочувате со проблем, запрашајте се која ваша силна карактеристика може навистина да помогне за да дојдете до негово решавање. Оставете самата ситуација да одреди што е потребно да направите за да ви олесни. Во некои случаи, најсоодветните сили кои што треба да ги ставите во акција, всушност не се оние кои ве отсликуваат вас како личност. Во ваквите ситуации, најдобриот клуч за вашата хармонија, можат да бидат советите од други луѓе или вашата желба за соработка со оној со кој имате проблем и обид за омекнување на истиот.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    6. Ставете ги вашите слабости на вистинското место

    rnМногу е нормално да сметате дека за да се подобрите себеси како личност, потребно е да ги сведете вашите слабости на минимум, но додека размислувате земете ја предвид следнава метафора: „Едрилицата има само една мала пукнатина и тоа е нејзината мана“. Тоа значи дека е многу важно да обрнувате особено внимание на вашите недостатоци, ако не сакате вашиот брод да потоне. Но дури и ако ја истурите насобраната вода во едрилицата или ја закрпите дупката, вашите постапки нема да го туркаат бродот напред. За таа цел ви се потребни едрата. Фокусирањето на отстранување на вашите слабости може да ви помогне да го спречите неуспехот, но успехот е базиран на енергичноста, волјата и благовременото бирање на моментот за спроведување на вашето најдобро „јас“ во акција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.