КАФЕ ПАУЗА

Tag: мали

  • 11 знаци дека вашето дете е генијалец

    11 знаци дека вашето дете е генијалец

    Вие, како и секој родител, сте горди на вашето дете, но нешто во вас говори дека тоа е понапредно од неговите врсници. Многу пати ви поминала таа мисла низ главата, но веројатно набрзо сте си рекле дека ги преувеличувате работите и дека сте пристрасно настроени кон своето најмило. Според Националната асоцијација за надарени деца, постојат најмалку 11 знаци кои укажуваат на генијалност, а на кои особено внимание треба да се обрне во периодот кога децата се на возраст од 2 до 5 години.rnrn(1) 11 знаци дека вашето дете можеби е генијалецrn

    1. Поседува беспрекорно паметење

    rnИако се толку мали, имаат меморија која ве остава без зборови. Паметат работи за кои дури и вам ви треба време да се помислите за да се сетите. На пример, многу често знаат да ви забележат дека таа недела дури три пати сте имале пилешко за ручек.rn

    2. Почнува да зборува од многу мала возраст и има богат речник

    rnПоголем дел од децата, до својот 15-ти месец веќе кажуваат зборови. Но, особено талентираните деца, кои имаат голем потенцијал да прераснат во генијалци, многу порано од своите врсници умеат да сврзат реченици, фрази и метафори.rn

    3. Поставува чудни прашања

    rnКако на пример „Зошто кравата скокна преку месечината?“rn

    4. Може долго време да биде сконцентрирано на една работа

    rnИако малите деца многу брзо го губат интересот за нештата околу нив, и по неколку секунди наоѓаат нова работа за која се фаќаат, децата со голем интелектуален потенцијал се поинакви. Доколку вашето дете уште на 2 години може без проблем да изгледа долгометражен филм за деца, тогаш тоа е потенцијален генијалец.rn

    5. Има широка палета на интереси

    rnОбожуваат музика! Сакаат да си играат со коцки! Уживаат во јога!rn

    6. Или сето внимание го посветува на една специфична област

    rnНа пример, детално ја проучуваат секоја книга за диносауруси, за планети, за морски животни, за возила…rn

    7. Тоа е идеалист, но има особено развиено чувство за правда

    rnМожеби е мало, но често знае да ви забележи дека не е фер што неговиот/нејзиниот брат добил шест од омилените бонбони, а тој/таа само пет.rn

    8. Чита уште од мали нозе

    rnДоколку сè уште не оди на училиште, а веќе сам/а чита цели страници од омилените детски книги, тогаш веројатно дома имате премногу интелигентно мало човече.rn

    9. Има премногу жива фантазија

    rnДецата со голем интелигентен потенцијал особено се карактеризираат со својата беспрекорна фантазија, во која имаат развиено мрежа од фиктивни пријатели.rn

    10. Има супер енергија

    rnТоа не е исто што и хиперактивноста. Едноставно, овие екстра талентирани деца уште од многу рана возраст можат да се фокусираат на одреден проблем и со часови да го решаваат, без притоа да се заморат или да им стане здодевно.rn

    11. Најдобрата карактеристика: Има одлична смисла за хумор!

    rnОвие деца се одликуваат со особена смисла за хумор. Иако се многу мали, често знаат да кажуваат шеги и да прават интересни игри со зборови. Но, мора да признаеме дека секое дете, без оглед колкав интелектуален потенцијал поседува, е забавно и интересно на свој начин. Децата се неверојатни. Многу нешта можеме да научиме од нив.

  • 6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    Сите ние си имаме некои мали задоволства кои нѐ прават среќни, но за кои знаеме дека не се баш најдобри за нас. Поради тоа, секогаш кога ќе си ги дозволиме чувствуваме грижа на совест иако не би требало. Нема ништо лошо во тоа да изедете по некое чоколадо одвреме-навреме. Ова се 6-те начини со чија помош веднаш ќе престанете да се чувствувате виновни поради ситниците кои ве исполнуваат, а сакате да престанете да ги правите…rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    1. Пиење многу кафе

    rnСите сакаме кафе и би го пиеле во текот на целиот ден кога би можеле. Но, со целиот тој кофеин, шеќер и млеко, кафето не е баш најздравиот избор. Наместо тоа, кога ќе се туширате наутро истријте го телото со смеса од зрна од кафе, бадемово масло, витамин Е и морска сол. Тоа ќе ви ја зголеми енергијата и ќе ја задоволи вашата потреба за кафе без да претерате со ладното макијато.rn

    2. Јадење цела кутија сладолед

    rnФакт е дека ако имате кутија сладолед, ќе изедете повеќе од што треба. Одбегнувајте да купувате цели кутии и ограничете ја количината на сладолед што ќе ви биде достапна во фрижидерот. Уште подобро е ако си направите самите домашен сладолед. Има многу рецепти на Интернет кои се вкусни, а не се толку калорични.rn

    3. Одење на фризер само за фенирање

    rnСредувањето на косата без особена причина е несомнено едно од најдобри задоволства кои предизвикуваат чувство на вина. Нема да се чувствувате виновни повеќе доколку овие екскурзии до фризерскиот салон ги сметате како инвестиција во вашата убавина. А ако баш не сакате да трошите пари, постојат многу туторијали на Јутјуб кои ќе ви покажат како на лесен и брз начин самите да ја фенирате косата.rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    4. Пиење коктели

    rnЌе се чувствувате подобро доколку порачате коктели со зеленчук, наместо вашето рутинско летно мохито. Префрлете се од мартини на коктел со џин и репка. Иако сепак алкохолот не е баш добар за вас, сепак овие коктели барем содржат помалку калории и шеќери.rn

    5. Откажување планови во последна минута

    rnДојдовте дома од работа по особено стресен и напорен ден и ништо на светот, дури ни плановите за вечера што сте ги направиле уште пред 3 недели, нема да можат да ве станат од каучот. Наместо да се чувствувате лошо поради тоа што сте ги откажале плановите, дозволете си да забушавате малку. Истражувањата покажале дека ова може да ве направи посреќни бидејќи си оставате простор да дишете и да ги обновите вашите пријателски односи кога нема да ви биде толку стресно. Само гледајте да не ви прејде во навика, бидејќи во спротивно ќе забележите како поканите полека се намалуваат.rn

    6. Купување многу облека

    rnКупувањето премногу чевли никогаш не се одразува добро на сметката во банка. Но, можете да го оправдате вашиот шопинг ако направите место во вашиот шкаф со тоа што прво ќе продадете некои од вашите стари работи кои не ги носите повеќе. Нема зошто да се чувствувате виновни доколку вашата стара облека всушност ви ја купува новата.

  • Мали лаги кои треба веднаш да престанете да ги кажувате!

    Мали лаги кои треба веднаш да престанете да ги кажувате!

    Сите ние лажеме. Тоа е факт. Како што ви е добро познато, постојат „бели“ и „црни“ лаги. Но сепак, голема или мала, лагата е лага. Најлоши од сите лаги се оние што си ги кажуваме на себе бидејќи тие всушност немаат поента. Затоа престанете да се лажете себеси (и другите) и престанете да си го кажувате она што и не е баш точно.rnrn1-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_rnrn„Утре ќе го завршам тоа!“ Не, нема. Штом го одложувате еднаш, ќе го одложите уште неколку пати. Затоа, направете го тоа веднаш или едноставно кажете дека таа прегорена сијалица ќе ја замените следниот месец. Само бидете искрени. Зарем не е полесно?rnrn„Ма, како и да е.“ Не е, како и да е. Слободно изразете ги своите емоции и кажете што ве мачи. Ако некој ве повредил, тоа е сосема во ред, не е срамно да признаете дека се чувствувате разочарано.rnrn„Само уште еден пијалак.“ Колкупати тоа „уште еден пијалак“ навистина бил само еден? Кажете убаво „сакам да се напијам“ и тоа е тоа. Каков олеснување!rnrn„Не ја видов пораката!“ О да, ја видовте. Но, не сте сакале да одговорите. Или не сте знаеле што. И тоа е во ред, нема потреба да лажете.rnrn„Те слушам!“ А куцате порака. Штом имате потреба да нагласувате на некого дека го слушате, очигледно е дека не го правите тоа. Ако ве нервира кога некој друг ви го прави тоа вам, тогаш престанете и вие така да се однесувате.rnrn3-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_rnrn„Добро сум.“ Што ти е моќта на убедувањето! Колку пати на себе (или на другите) сте кажале дека сте добро, кога всушност било спротивното? Ако навистина не се чувствувате така, тоа е залудно. Исплачете се, преспијте, изедете чоколадо од 300 грама, пратете му/ѝ порака и тогаш навистина ќе можете да се почувствувате добро.rnrn„Ќе го купам ова за да имам што да носам кога ќе ослабам. Па да, ќе послужи како мотивација!“ Подигнете ги рацете сите вие кои барем еднаш сте си го кажале ова и сте се излажале.rnrn„Знам дека може да се промени.“ Човекот може да го промени својот изглед, навики, но својот карактер и она што е тој како личност – никогаш! Не лажете се!rnrn„Не сум љубоморна/љубоморен!“ Сте. Но добро, на сите ни се случува тоа.rnrn„Јас обично не го правам ова…“ На секого му се случува да откачи малку и да направи нешто што можеби никогаш не планирал да го направи. Па добро, малку лудило не боли.rnrn„Ма, го преболев јас тоа.“ Но, дали навистина? Во ред е ако не сте го преболеле, на никого не му е грижа, тоа е само ваша работа. Ако сакате да ви биде полесно да преболите, направете нешто од она што претходно ви набројавме: плачење, чоколадо сон…rnrn2-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_

  • 13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали гради

    13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали гради

    Започнувајќи од чувствување поголемо задоволство во кревет, па сè до привлекување подобри мажи, науката вели дека вашите мали гради ви носат многу придобивки во животот. Токму затоа доколку и вие сте член на „здружението на жени со мали гради“ тогаш погледнете ги овие 13 причини кои ќе ве натераат да ги засакате вашите гради и да сте благодарни затоа што ги имате во оваа големина…rnrn13 причини зошто треба да ги сакате вашите мали градиrn

    1. Чувствувате поголемо задоволство во кревет

    rnБез разлика на она што го промовира списанието Плејбој или порно ѕвездите ширум светот, малите гради си имаат свои придобивки во кревет. Истражувачите од Универзитетот во Виена откриле дека големите гради се околу 24% помалку чувствителни од малите гради. Па, што значи ова за оние со мали гради? Тие бидејќи имаат многу помалку масно ткиво во нив, многу полесно се стимулираат за време на предиграта. Повеќе движење, повеќе чувства, повеќе забава!rn

    2. Тие прават да изгледате помладо

    rnЗа тинејџерите ова можеби не се добри вести, но за оние кои се постари (и помудри) тоа е нешто што треба да се цени. Вашите мали и цврсти гради ве прават помлади! Бидејќи големите гради со тек на време свиснуваат, тоа е знак дека жената старее. Но, тоа не се случува и со вас. Слободно кажете им на момците дека сте 5 години помлади. Никој нема да забележи.rn

    3. Свиснати гради? Тоа вам не ви е познато

    rnОва е нешто за што вие нема потреба да се грижите. Сè уште постои дилема дали градниците помагаат или одмагаат на ова поле, но дури и науката да докаже дека тие не се добри за градите, вас нема да ви биде толку тешко да се навикнете да живеете без нив.rn

    4. Кошули со копчиња

    rnДали знаете колку им е тешко на жените со големи гради да ги одржуваат овие кошули постојано закопчани? Сигурно не знаете бидејќи вие никогаш не сте го немале овој проблем. Вашите гради не ви пречат во модниот стил и можете да облечете сè што ќе посакате без страв дека тие би можеле од некаде да излезат.rn

    5. Мажите со добра финансиска состојба ги обожаваат

    rnСпоред едно истражување спроведено од веб-сајтот „Psychology Today“, мажите кои биле во полоша финансиска состојба одбирале жени со поголеми гради, додека пак, оние кои имале повеќе пари одбирале жени со помали гради. Добри новости за вас, се согласувате?rn

    6. Мажите на полн стомак одбираат жени со помали гради

    rnКако продолжение на претходното истражување, се спровело друго истражување кое ја испитувало поврзаноста помеѓу „сигурноста во храната“ и преферирањето одредена големина на гради. Тие откриле дека мажите чии стомаци биле полни повеќе ги привлекувале жени со мали гради, додека пак оние кои биле гладни повеќе ги одбирале жените со големи гради.rn

    8. Површните мажи ве избегнуваат

    rnСпоред една студија мажите кои сакаат само жени со големи гради се плитки, но и сексистички. Овие мажи се повеќе привлечени од жени со големи гради, но исто така ги гледаат овие жени и како слаби и лесни за контролирање.rn

    8. Вие сте слободни и полни со енергија

    rnКратка коса, танцување цела вечер, носење шминка, пиење со пријателите… Вас ништо не ве спречува да го правите она што во моментот сакате да го правите и изгледа дека секогаш сте полни со енергија за време на вашите секојдневни авантури.rn

    9. Имате подобро држење на телото

    rnВие не само што не ги искусувате болките во грбот кои жените со големи гради ги чувствуваат, туку исто така имате и подобро држење на телото бидејќи ништо не ве влече кон напред. Големите гради исто така можат да создадат тензија во вратот и главоболки – 2 нешта со кои вие скоро никогаш не се соочувате.rn

    10. Имате бескраен избор за градници

    rnЕвтини градници? Маички со вграден градник? Градник од чипка кој нуди минимална поддршка? Оној светло розов градник за тренинг кој ви фатил око? Нема проблем. Каков градник и да забележите, вие секогаш ќе можете да го најдете во вашиот број. Или пак, не сакате да носите градник? И тоа е во ред. Никој нема ни да забележи.rn

    11. Вие сте во добро друштво

    rnКејт Мос, Камерон Дијаз, Мила Кунис, Оливија Вајлд, Гвинет Палтроу… Вие сте член на оваа жешка линија девојки кои имаат млади гради и кои одлично изгледаат.rn

    12. Тие ве одржуваат здрави

    rnСигурно досега веќе ги засакавте вашите мали гради, но дали сте знаеле дека тие исто така можат и да ви го спасат животот? Малите гради можат да ја спречат појавата на рак на дојки бидејќи многу лесно можете да забележите грутка при испитувањето.rn

    13. Летниот период е како измислен за вас

    rnБез ракави, гол грб, кошули, рамен топ и најважно од сè, кое било бикини! Вие немате потреба од неколку слоеви облека кои ќе ви ги држат градите на место и можете да уживате во летните денови со само едно парче облека на вас. Дури и џогингот не ви претставува никаков проблем бидејќи вашите гради едноставно нема накаде да се движат.

  • Талентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезички

    Талентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезички

    Талентираниот фотограф Мајранд Џозефсон ги остварил соништата на Клер (2 години) и Клои (1 година) со оваа неодолива фотосесија во која ги трансформирал во нивните омилени ликови од Дизни. Тој со мала помош од мајката на Клер, Џесика, која изработува облека за млади принцези направил неодоливи фотографии кои несомнено ќе го освојат вашето срце. Погледнете…rn

    Снежана

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnНе малечка Снежана! Не го јади јаболкото!rn

    Пепелашка

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnМалечката Пепелашка ги изработува своите задачи пред да го запознае шармантниот принц.rn

    Црвенкапа

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnХм, не сме сигурни дали да му се доближиш на тој волк мала Црвенкапче…rn

    Заспаната убавица

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnЗаспаната убавица во своите мали одаи за спиење.rn

    Ѕвончица

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnМалата Ѕвончица ја посетува сенката на Петар Пан.rn

    Алиса во земјата на чудата

    rnТалентиран татко го остварува сонот на две слатки девојчиња да бидат мали принцезичкиrnrnМалечката Алиса пие чај од малечка шолја на нејзината забава организирана од Лудиот шапкар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 најромантични мали градови во Европа

    12 најромантични мали градови во Европа

    Дали имате желба да побегнете од сообраќајниот метеж, вревата и обврските во вашиот град? Овие 12 места низ Европа гарантираат мирен и романтичен одмор за вас и вашиот партнер. Доколку не можете да го напуштите вашиот град сега, избегајте од него макар за миг.rnrn12 најромантични мали градови во ЕвропаrnrnОтворете ја галеријата и тргнете на романтична прошетка низ Европа.rnrn

  • Најмалечките и најслатки глувчиња што некогаш ќе ги видите

    Најмалечките и најслатки глувчиња што некогаш ќе ги видите

    Иако во глобала се сметаат за напаст, особено кога ќе најдеме некој во нашиот дом како ја јаде нашата храна и се шета низ и под секое парче мебел кое постои, глувчињата знаат да бидат навистина слатки.rnrn4-najmalechkite-i-najslatki-gluvchinja-shto-nekogash-kje-gi-vidite-kafepauza.mkrnrnГлувците се многу брзи и приспособливи животни и како такви се меѓу најраспространетите цицачи во светот. Може да ги видиме скоро секаде и во секакви услови. Слатки и безопасни кога се во нивните сопствени и нормални живеалишта, но уништувачи кога и да се најдат во околина која не им е позната.rnrn5-najmalechkite-i-najslatki-gluvchinja-shto-nekogash-kje-gi-vidite-kafepauza.mkrnrnЗа разлика од типичните глувци со кои, за жал, може си имаме работа по дома, глувчињата на следниве слики се можеби најмилите суштества кои ќе ги видите. Дали поради нивната големина или неверојатно прекрасните лиценца, овие глувчиња сигурно ќе ве освојат.rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Не е потребно многу за да бидете среќни. Погледнете кои се малите задоволства во животот, кои речиси секогаш ќе успеат да измамат насмевка на вашето лице.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn1. Седењето на плажа. Ги гледате брановите, слабо ветренце струи во воздухот, а вие не размислувате за ништо и едноставно уживате во моментот.rnrn2. Бебенце кое случајно ви заспало в скут. Мора да признаете дека нема нешто послатко од бебиња кои спијат. Ве обзема некое пријатно и хармонично чувство, кое не сакате да заврши.rnrn3. Одморање во омилената фотелја после напорен ден на работа со шолја кафе или чај. И секој коментар е излишен. Друго ништо не е важно.rnrn4. Седење дома со саканиот/саканата во петок вечер, уживање во омилената пица и гледање добар филм. Не постои подобар начин за почеток на викендот.rnrn5. Кратко патување со тато. Мал излет, прошетка низ планина или само долго возење со вашиот татко навистина исполнува.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn6. Будење со мирис на свежо мелено кафе. Со таков почеток на денот, знаете дека сѐ ќе биде во ред.rnrn7. Сладолед. Сладоледот е врвно уживање без разлика на временските услови. Ве прави среќни и задоволни, без разлика колку ви бил утепан денот.rnrn8. Добивање подароци од роднини. Добивањето убава чоколада или бонбониера од роднини што случајно решиле да ве посетат може многу да развесели.rnrn9. Гледање на виножитото. Само што помисливте дека нема ништо позитивно во мрачното и дождливо време, блика сонце и се појавува прекрасно виножито, кое го враќа духот на сите разочарани луѓе на земјата.rnrn10. Слушање на ‘What a Wonderful World’ од Луис Армстронг. Колку и да сте депресивни, лути и нервозни, оваа песна ќе ве потсети на сите добра нешта во светот и ќе направи да сфатите колку прекрасен животот навистина е.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живее
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    Малите задоволства го прават животот поубав. Ова се 20 пријатни и слатки задоволства спакувани во само еден миг, кои навистина нè прават посреќни.rnrn1-20-zhivotni-zadovolstva-koi-definitivno-se-potceneti-www.kafepauza.mk_rnrn1. Излежување во кревет наутро додека надвор има невреме, а вие немате обврска да станете.rnrn2. Она кога сте имале вода во увото цел ден и во еден момент мало количество топла вода го напушта вашето уво.rnrn3. Кога нешто што ви било заглавено меѓу забите конечно излегува.rnrn4. Оној момент кога го/ја гледате келнерот/ката како се приближува до вашата маса со храната која сте ја нарачале, а вие умирате од глад.rnrn5. Отворање на прозорецот по долгата зима и вдишувањето на сите пролетни мириси – топол ветер, мирис на цветови и на свежо искосена трева.rnrn6. Оној момент кога наутро ќе се разбудите во својата топла постела посакувајќи да продолжите со спиење уште саат-два, а потоа сфаќате дека навистина можете да продолжите со спиење бидејќи немате обврски.rnrn7. Кога конечно ќе завршите голема обврска и товарот од плеќи ќе ви се симне, правејќи да се чувствувате како Супермен.rnrn8.Кога после викенд поминат на море или езеро, одите по голема нужда во вашето купатило.rnrn9. Кога ќе примамите искрена насмевка на нечие лице.rnrn10. Она кога се будите навистина одморени и ви се чини дека имате енергија да го промените светот.rnrn11. Кога лежите, а над вас имате куп тукушто испрана облека која мириса на свежина.rnrn12. Кога оној кого го сакате ќе ве почешка по грбот.rnrn13. Кога песната на радио ќе заврши во истиот момент кога ќе ја изгаснете колата.rnrn14. Кога ќе го слушнете оној звук што вашата правосмукалка го прави кога ќе собере нешто големо од земја.rnrn15. Она кога ќе си легнете на свежо испрани чаршафи.rnrn16. Кога искрено и од срце се смеете толку што ви течат солзи од очите.rnrn17. Првата голтка вода кога ќе се вратите дома по напорен и топол ден.rnrn18. Соблекувањето на тешките чизми за скијање по долг ден минат на планина.rnrn19. Соблекување на водените чорапи и облекување суви и топли.rnrn20. Легнувањето в кревет по долго туширање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    Обидете се да ги погледнете овие 15 волшебни италијански гратчиња кои шармираат со својата посебност, а да не помислите дека тие се местата во кои живеат измислените ликови од бајките. Прочитајте и кратко инфо за секое од нив.:)rn

    1. Атрани

    rnЛоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. Погледнете ја за да ја почувствувате неговата магија.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    2. Кастелсардо

    rnЛоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    3. Вогоња

    rnСо население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    4. Алберобело

    rnПознат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    5. Неиве

    rnГратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrnrn