КАФЕ ПАУЗА

Tag: мали

  • Како дечињата гледаат на бракот?

    Како дечињата гледаат на бракот?

    Децата размислуваат на неверојатен начин. На многу рана возраст тие имаат длабоки мисли, големо срце и веруваат во честа. Група мали дечиња биле прашани на кој начин возрасните луѓе решаваат со кого да стапат во брак, а добиените одговори се забавни и многу слатки.rnrnКако дечињата гледаат на бракот?rn

    Како одлучуваме со кого да стапиме во брак?

    rn rn

    „Мораш да пронајдеш некој кој ги сака истите работи како тебе. На пример, ако сакаш да следиш спорт, неа треба да ѝ се допаѓа тоа и таа треба постојано да ти носи чипс со сос, додека гледаш натпревар.“ – Ален, 10 години

    rn

    „Ниедна личност не може вистински да одлучи со кого ќе се земе кога ќе порасне. Господ одлучува многу порано, а ти потоа дознаваш со кого си заглавил.“ – Кристен, 10 години

    rnrn

    Која е вистинската возраст за брак?

    rn rn

    „23 е најдобрата година за стапување во брак, бидејќи дотогаш ќе ја познаваш личноста ЦЕЛА ВЕЧНОСТ.“ – Камил, 10 години

    rn

    „Ниедна возраст не е соодветна за започнување брачен живот. Мора да си будала за да се венчаш.“ – Фреди, 6 години

    rn

    „84! Бидејќи на таа возраст не треба повеќе да работиш и ќе можете да го поминете целото време љубејќи се во спалната соба.“ – Керолин, 8 години

    rnrn

    „Веднаш штом престанам да одам во градинка, ќе одам да си најдам жена.“ – Берт, 5 години

    rnrn

    Како туѓинец знае дека двајца луѓе се во брак?

    rn rn

    „Ќе мораш да претпоставиш врз основа на тоа дали тие двајца им викаат на истите деца или не.“ – Дерик, 8 години

    rnКако дечињата гледаат на бракот?rn

    Што заедничко мислиш дека имаат твоите мајка и татко?

    rn rn

    „И двајцата не сакаат да имаат уште деца.“ – Лори, 8 години

    rnrn

    Што прават повеќето луѓе кога се излезени на состанок?

    rn rn

    „Состаноците се наменети за забава и луѓето треба да ги користат за да се запознаат подобро. Дури и момците имаат нешто да кажат, доколку слушате доволно долго.“ – Линет, 8 години

    rn

    „На првиот состанок тие си кажуваат само лаги, кои најчесто ги одржуваат работите доволно интересни, за да отидат и на втор состанок.“ – Мартин, 10 години

    rnrn

    Што ќе направиш доколку првиот состанок тргне на лошо?

    rn rn

    „Би истрчал дома и би глумел мртов. Наредниот ден ќе се јавам во весниците за да напишат за мене во црната хроника.“ – Крег, 9 години

    rnrn

    Кога е во ред да бакнеш некого?

    rn rn

    „Кога ќе дознаеш дека личноста е богата.“ – Пем, 7 години

    rn

    „Законот вели дека треба да имаш 18 години, така што не би се плеткал со тоа.“ – Курт, 7 години

    rn

    „Правилата се вакви: ако бакнеш некого, потоа треба да се венчаш со таа личност и да имате деца заедно. Така е исправно.“ – Хауард, 8 години

    rn

    „Никогаш не се бакнувајте пред други луѓе. Тоа е срамотна работа доколку некој ве види… Ако никој не гледа, јас можеби би пробала да се бакнувам со некое згодно момче, но само неколку часа.“ – Кели, 9 години

    rn

    „Никогаш не треба да бакнуваш девојка, ако немаш доволно пари за да ѝ купиш прстен и видео рекордер, бидејќи таа сигурно ќе сака да има видео-снимки од свадбата.“ – Ален, 10 години

    rnrn

    Дали е подобро да си сингл или во брак?

    rn rn

    „Не знам која варијанта е подобра, но ќе ти кажам една работа: никогаш нема да имам секс со мојата жена. Не сакам да ми се згрози од тоа.“ – Теодор, 8 години

    rn

    „Подобро е за жените да бидат сингл, но не е добро за мажите. На момците им е потребен некој кој ќе зачистува зад нив.“ – Анита, 9 години

    rnrn

    Како се запознале твоите родители?

    rn rn

    „Тие биле на забава во куќата на нивен пријател. Потоа, отишле да се повозат, но колата им се расипала… Тоа било добра работа, бидејќи добиле шанса меѓусебно да ги дознаат вредностите кои ги имаат.“ – Лоти, 9 години

    rnrn

    Како светот ќе беше поразличен доколку луѓето не стапуваа во брак?

    rn rn

    „Сигурно ќе имаше многу деца на кои ќе требаше да им се објасни тоа, зар не?!“ – Келвин, 8 години

    rnrn

    Што треба да направиш за бракот да функционира добро?

    rn rn

    „Кажи ѝ на жена ти дека изгледа убаво, дури и ако е голема колку камион.“ – Рики, 10 години

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав

    Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав

    Доколку ви е потребна дневна доза позитивизам, овие фотографии ќе завршат работа. Слатките бебиња-животни се преслатки и со сигурност ќе ви го направат овој ден поубав. Кое животинче ви е најслатко?rnrnСлатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав Слатки животинчиња кои ќе ви го направат денот поубав rnrnГалеријата продолжува на втората страница.rn

  • Неверојатен свет на минијатури

    Неверојатен свет на минијатури

    Интересно е како сите оние предмети кои нè опкружуваат секојдневно можат да бидат толку слатки кога се изработени во мали димензии. Навистина е потребна прецизност, креативност, а и стрпливост за да се изработат вакви минијатурни предмети, особено оние со многу детали. Очигледно, идеите можат да се црпат од буквално сè околу нас, но авторите често пати се трудат да создадат и некаква приказна. Направивме избор од неколку фотографии со минијатурни предмети за ваше уживање.rnrnНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриНеверојатен свет на минијатуриrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 мали нешта за покажување голема љубов

    7 мали нешта за покажување голема љубов

    Малите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да ѝ ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Помагајте ѝ со товарот

    rnСекогаш помагајте и на вашата сакана со нејзиниот товар, бидејќи ретко која девојка „обожава“ да се килави. Таа ќе ви биде многу благодарна, а вие ќе испаднете прав џентлмен.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Делете ѝ комплименти без разлика на нејзиното моментално издание

    rnПокажете и дека ја сакате во секакво светло или расположение. Без разлика дали таа е облечена во тренерки и обична маичка, укажете и дека сè уште ви е атрактивна и секси, а таа со сигурност нема да остане рамнодушна.rn

    Пазарете самоволно, без таа да ве тера

    rnКога ќе забележите дека сте го испиле млекото или пак нема ни зрно кафе, појдете и набавете ги намирниците кои ви недостасуваат. Кога самоиницијативно го правите ова, таа ве сака уште повеќе.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Сослушувајте ги нејзините проблеми

    rnПо стресниот ден разговорот со партнерот е секогаш вентилот за опуштање и растеретување од нервозата. Оставете ја да ги искаже своите маки и проблеми, а вие сослушајте ја и доколку можете дадете ѝ совет. Жените го сакаат тоа.rn

    Превезувајте ја доколку сте во можност

    rnОд јавниот превоз, на сите им доаѓа да збеснат и да викаат на цел глас. Понудете ѝ да ја превезете или земете од негде. Нејзиното чувството на олеснување како резултат на избегнувањето на градскиот метеж и гужвата во автобусите ќе биде голем благодет за вас.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Правете ѝ кафе

    rnМожеби е премал и незначаен потег, но кога ќе го помириса моќниот вкус подготвен од нејзината најголема љубов, таа ќе биде пријатно изненадена и ќе ве пречека насмеана. Самиот факт што сте го направиле, без таа да го побара тоа од вас е сосема доволен, дури и доколку не го погодите. Но, еве неколку добри рецепти за кафе со кои нема да згрешите.rn

    Згответе вечера, без некој повод

    rnНишто не кажува подобро „Те сакам“ од маж во престилка, готвејќи нешто вкусно за неговата сакана и тоа без некој посебен повод.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.