Сте посакале ли некогаш да го кренете пенкалото од хартијата и да гледате како вашиот цртеж се претвора во реален тридимензионален објект? Епа сега можете!rnrn
rnrn„3Doodler“ е 3Д револуционерно пенкало коешто црта во воздух. Работи со ABS пластика (материјал којшто се употребува во многу 3Д печатачи), а може да црта во воздух или на некаква површина. Едноставно е за употреба и не му е потребен компјутер или софтвер за да работи. Едноставно приклучете го во струја и за неколку минути нацртајте сѐ што сакате! Доколку знаете да чкртате, цртате или едноставно да го мрдате прстот низ воздухот, тогаш ќе знаете и да го користите 3Doodler.rnrn
rn
rnrnОва пенкало умее да црта во воздух, на начин што од врвот истиснува загреана пластика, која многу брзо се лади и се претвора во цврста и стабилна структура. Ова ви овозможува да градите бесконечно многу разни 3Д форми со леснотија.rnrnСо ова неверојатно пенкало можете многу едноставно да креирате разни артистички дела. Доколку сте артист или едноставно онака, од хоби сакате да создавате нешто убаво со вашите раце, ќе посакате ова пенкало веднаш да го имате!rnrn
rn
Што можете да создавате со „3Doodler“?
rnПостојат разни начини на кои можете да го користите ова пенкало. Можете да го користите за креирање на рамни површини кои потоа лесно се одлепуваат од парче хартија, за фристајл 3Д објекти или за засебни парчиња, кои потоа лесно можат да се спојат со помош на пенкалово. Еве што се можете да создадете:rn
- rn011
- Основни 3Д форми и 3Д макети
- Накит, приврзоци и лампиони
- Декоративни предмети и магнети за фрижидер
- Персонализација на секојдневните предмети (футроли за Ајфон, лаптопи, пенкала итн.)
- Мини Ајфелова кула и што ли уште не…
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn3Doodler работи на секаква површина, вклучително и на пластична, а освен за декорирање и за забава, може да се употребува и за некои ситни поправки на предметите низ вашиот дом. Пенкалото чини 75 американски долари, а негови основачи се Питер Дилворт и Mакс Бoуг.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnМакетата е изработена не само од чкорчиња, туку и од дрво и камења, а моментално е изложена во археолошкиот музеј во Софија, Бугарија. Рилскиот манастир е најголемиот и најпознатиот манастир во Бугарија. Тој се смета за најважниот културолошки, историски и архитектски објект во земјата и е главна туристичка атракција. Манастирот е заштитен од светската организација УНЕСКО.rnrn


rnrnПотсетете се на скулптурата 
Минијатурниот модел на аеродром е направен според 





















