Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен партнер, не грижете се! Не морате да бидете најубавата, најслабата или најинтересната дама за да го пронајдете и освоите господинот Вистински. Доволно е само да бидете вистинската и искрена форма од себеси, а тој веднаш ќе го забележи тоа. А кога ќе го забележи, вие веќе треба да ги знаете овие 10 нешта.rnrn
rn
1. Тој постои
rnДали некогаш сте си рекле себеси дека нешто е премногу добро за да биде вистинито? Да, вистинито е, но ако не верувате во тоа ќе ви биде многу потешко да го пронајдете. Сетете се на Ѕвончица од Петар Пан – секој пат кога некој ќе каже „не верувам во самовили“ некоја самовила умира. Во овој случај, иако тоа не е толку екстремно, сепак сигурно од посочениот пример ви е јасно за што зборуваме.rn
2. И тој исто така ве бара
rnИсто како и вие и тој не сака да заглави во лоша врска. Всушност, како што вие трпеливо го чекате и го барате со месеци и години и тој го прави истото. Можеби ќе морате малку да му помогнете, но ве советуваме да не му се нафрлате – тој треба да се почувствува пријатно во вашето друштво. Спонтаноста на прво место!rn
3. Тој бара емотивна зрелост
rnВие не можете да знаете кога е и дали е вистинското време за да се запознаете. За да бидете добар партнер во врската вие мора да достигнете одредено ниво на емотивна зрелост за која ќе ви бидат потребни време и искуство. Не обидувајте се да ја занемарите оваа точка затоа што така непотребно ќе се полудите себеси или него.rn
4. Тој се грижи за малите нешта
rnСето она што го сочинува еден романтичен филм е ништо во споредба со добрата врска која долго трае. Вистинскиот живот трае подолго од 120 минути. Вие мора да мислите на малите нешта што ги сакате, затоа што вообичаено малите нешта се всушност големи во долгите врски. Како се чувствувате кога заедно одите во продавница, или кога се соочувате со заеднички тешкотии или кога ги завршувате домашните активности?rn
5. Тој е среќен
rnАко мислевте дека драмата и темпераментноста се секси – многу се лажете. Тоа е обичен мит. Реалноста е дека јаките и агресивни емоции најчесто стануваат болни искуства во врската. Никој не сака да биде во близина на некој кој менува расположение со брзина на светлината, зар не? Среќата е многу повредна од тоа. Мора да бидете среќни за и личноста со која сте да биде среќна заедно со вас. Толку е едноставно – токму како што звучи.rn
6. Тој е многу повеќе од добар секс
rnДа не се разбереме погрешно – немаме ништо против добриот секс, баш напротив. Меѓутоа, врските во кои добриот секс е доволен за нивно одржување вообичаено се лоша идеја. На секоја личност, па дури и на мажите, им е потребен некој што можат да го сакаат со сите нивни зборови и постапки. Едноставно, сексот е само еден преубав дел од врската кој може да ги зближи партнерите, но не е и доволна причина за таа да опстојува.rn
7. Тој ве цени
rnДа бидете во долга врска или да живеете со партнерот е како да живеете под микроскоп – добивате прилика да ги видите сите негови маани кои со текот на времето ќе испливаат на површината. Секој има некоја маана и нема личност која не прави иритирачки грешки.rnrnНајдобар противотров за потенцијалното иритирање или настанување на караници е да го воведете признавањето и секогаш да разговарате за проблемот. На таков начин меѓусебно ќе се прифатите и ќе бидете спремни да ги видите сите добри карактеристики кои ги поседува вашиот партнер, а кои секогаш треба да ги цените.rn
8. Тој ве засмејува
rnПаровите кои заедно се смеат имаат поголеми шанси за остварување на врска на долги патеки, за разлика од оние кои не воведуваат хумор во својот однос. Колку повеќе се смеете – толку повеќе ќе бидете во состојба да се прифатите еден со друг и полесно ќе ги гледате предизвиците кои можат да се јават во врската. Плус, тоа е одличен начин за остварување на здрав однос.rn
9. Тој не е совршен
rnТој само треба да биде вистинската форма на несовршеност. Ако сте опседнати со уредност, а тој не е, вие веројатно нема совршено да си одговарате, но ако двајцата прифатите дека по некое нешто може повремено да се најде на плочките во бањата, тогаш ќе имате подобри шанси за вклопување. Прифатете некои недостатоци – ни вие не сте совршени!rn
10. Тој е џентлмен
rnАко размислувате за врска на долги патеки, дали сакате покрај себе да имате некој кој е нежен и чувствителен кон вас? Џентлемените се често неправедно потценети, така што ви советуваме да обрнете внимание на нив. Ќе видите како тие можат многу добро да влијаат на вашата емотивна состојба и да ве направат горда и среќна дама. Пробајте!


rnrnДека е тоа така потврдиле и научниците од „
rn
rn
rnrnШто е поентата на убавината ако цената што ја плаќаме не е вредна за тоа? Кога инвестицијата во високите потпетици престанува да биде исплатлива? Се откажуваме од делови од себеси за да ги воодушевиме мажите. Ние сме посекси, но самите себе се повредуваме.rnrn rnrn
rn

rn
Да не се разбереме погрешно. Убаво е да обрнуваш внимание на својот надворешен изглед. И нема некој кој не се труди да биде среден и убав, кој повеќе, кој помалку. Да не се лажеме, ако не ти беше воопшто гајле, ќе се шеташе по пижами, а и тоа не чини. Ја слушам сестра ми како вежба водена од инструкциите на некој онлајн тренер, и нерви ми кине, ама ѝ се восхитувам на вложениот труд и на издржливоста. Сепак, грижата за изгледот и сопственото здравје лесно можат да преминат во опсесија. Е тоа не е во ред. Граница постои и мора да ја повлечете.rnrnЌе иташ кон тоа глупаво совршенство сè додека не изгубиш допирна точка со твојот природен изглед. Била позната и убава водителка, ама сакала да биде уште поубава па сега е анорексична и изгледа како жив скелет. Зошто би си го направиле тоа себеси? Убавината е во нас и во начинот на кој зборуваме, се движиме, јадеме, го искусуваме животот чекор по чекор. Не можеш цел живот да го поминеш затворен во твојот мал свет каде ќе бидеш опседнат со изгледот и со тоа дали изгледаш подобро од оние околу тебе, наместо слободно да излезеш, да го покажеш своето јас, просто да уживаш во животот, колку и да звучи како клише.rnrnПред една година ми рекоа дека морам да носам наочари. Јас ги носев ретко. Зошто? Мислев дека не ми стојат добро. Сега ми е дијагностицирано влошување на видот. По купувањето на новите наочари се погледнав во огледало и си плеснав едно најискрено – ГЛУПАЧКА. Да си упропастиш вид бидејќи не ти стоеле наочарите добро. Имаш ли ти пилешки мозок?rnrnБез разлика на моделот, наочарите нема да ти стојат добро ако ти не се гледаш со поинакви очи. Сè што мислите дека претставува некаква маана во вашиот изглед, носете го како да е ваша најголема предност. Така се гради сопствен стил. Така ќе се ослободите од глупавите мисли кои ве влечат назад и ви кажуваат дека, во светот на сите совршени лица од насловните страни, вие не сте убави. Вие сте дупло поубави од сите нив… помножени по двесте. Бидејќи така се чувствувате и тоа го мислат за вас оние најблиските, всушност оние чие мислење се важи.rnrnЕлиrnrnrnrn
rn