КАФЕ ПАУЗА

Tag: маани

  • 3-те „маани“ што жените ги сакаат кај мажите

    3-те „маани“ што жените ги сакаат кај мажите

    Машкиот шарм многу тешко може да се опише со зборови, но многупати овој скриен сексапил е составен од мали нешта што го прават мажот посебен и едноставно неодолив. Еве кои се деталите кои го сочинуваат таквиот „имиџ“.rnrn3-те „маани“ што жените ги сакаат кај мажитеrn

    Очила

    rnИако како девојчиња ги избегнувавме момчињата кои личеа на „бубалици“, денес очилата се еден совршен моден детаљ кој ги привлекува жените. Внимателно избраните диоптриски очила оставаат впечаток на искуство, зрелост и интелигенција – особини на кои ретко одолева која било жена.rn

    Тридневна брада

    rn„Младата“ брада од само 3 дена е вистинската мамка за припадничките на поубавиот пол. Не станува збор само за брадата како таква, туку за бунтовничкиот и лежерен изглед на мажот, кој со соодветна облека и фраерски став, едноставно плени со својот сексапил.rn

    Седа коса

    rnМногу од жените ја доживуваат седата коса како многу секси детаљ. Ричард Гир е предводник на овој изглед  кој сè уште мами воздишките кај жените.rnrnИако сè повеќе мажи денес прибегнуваат кон боење на косата за да ги прикријат првите знаци на стареење, жените повеќе сакаат да изберат уредно потстрижен маж со сива коса, отколку вештачки изглед без знаци на стареење.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 7-те причини зошто германските мажи се совршени за врска.

  • Престанете да се обидувате да ги поправите луѓето и прифатете ги такви какви што се

    Престанете да се обидувате да ги поправите луѓето и прифатете ги такви какви што се

    Не можете да поправите никого. Сите што ги сакате се „расипани“ на еден или на друг начин. Тоа ни го прави животот таков каков што е и иако звучи тажно, мора да се помириме со реалната ситуација. Животот е суров и комплициран. Сите наши сакани доаѓаат со некаков длабок и тежок емоционален багаж. Ако барате совршени луѓе, тогаш сте на погрешната планета, бидејќи Земјата е место каде што сите имаат маани. И знаете што? Тие маани треба да ги прифатите!rnrnПрестанете да се обидувате да ги поправите луѓето и прифатете ги такви какви што сеrnrnПоминуваме премногу време пред огледало убедувајќи се себеси дека сме убави и покрај нашите недостатоци, но треба навистина да поверуваме во тоа. Недостатоците се оние што нѐ прават посебни и оригинални.rnrnТокму затоа никогаш не треба да се обидувате да ги поправите луѓето околу вас. Наместо тоа треба да ги сакате онакви какви што се. Ако тие самите сакаат да се поправат, тогаш ваше е само да ги сакате и да ги поддржувате додека минуваат низ болниот процес на заздравување и развивање.rnrnСите ние имаме лоши денови и срушени соништа и еден ден ќе најдеме некој кој ќе нѐ цени поради тоа што сме. Не треба да барате совршена љубов. Треба да најдете несовршена љубов која ќе направи да се чувствувате пријатно, прекрасно и неверојатно покрај вашата сакана личност.rnrnНе можете никого да поправите и доброто е тоа што не ни морате да го правите тоа. Треба да ги прифатите луѓето со сите нивни доблести и маани. Заедно со вашите најблиски научете да ги сакате оние недостатоци што другите луѓе не можеле да ги разберат и поради кои ве потцениле. Сакајте се себеси и другите без да пробувате да се промените. Бидете сигурни дека вашето вистинско „јас“ ќе блесне во нечии очи и ќе стане најизвонредното нешто што постои на светот.rnrnВо продолжение прочитајте кои се 5-те позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости.

  • Вие сте диви, природни и прекрасни и време е да почнете да се сакате себеси

    Вие сте диви, природни и прекрасни и време е да почнете да се сакате себеси

    „Самите вие, исто како и секоја друга личност во универзумот, ја заслужувате својата љубов.“ – Буда

    rnСакањето себеси не ве прави вообразени, туку неуништливи. Често забораваме колку е важно да направиме пауза од светот и секојдневието и да се запрашаме што е она што навистина го сакаме. Ние сме студенти, соученици, работници, сестри, браќа, пријатели, родители… Но, кои сме за себе? Ако не можете да кажете дека најдобриот однос го имате со личноста која ја гледате во огледалото, тогаш време е да тргнете на патување до внатрешниот мир.rnrnВие сте диви, природни и прекрасни и време е да почнете да се сакате себесиrnrnДа се сакаме себеси значи да ја знаеме својата вредност. Да ги цениме своите достигнувања. Да ги прифатиме нашите несовршености и маани. Да разбереме дека ние сме главните шефови на нашите животи и не можеме да бидеме успешни додека не ги совладаме врските во своите срца.rnrnТоа не е лесна работа, но не е ниту невозможна. Тоа е нешто што бара време. Разбирање како да ги ставиме своите потреби пред да ја подариме својата љубов на другите. Да си го дадеме себеси не само она што го посакуваме, туку и она што го заслужуваме. Да заминеме од работите кои немаат смисла. Да простиме на оние кои нѐ повредиле и да запомниме дека има почеток во секој крај.rnrnНајдете ги оние мали моменти низ вашиот секојдневен живот каде целта е само да бидете тоа што сте. Исклучете го телефонот и прочитајте книга. Исклучете се од светот околу вас и дишете длабоко. Допрете до својот ум и отворете го срцето кон сите. Кога ќе сфатите дека сте незапирливи, ќе увидите и искусите неверојатни работи.rnrnПронаоѓањето на овие моменти е она што го прави животот убав и вреден за живеење.

  • 12 хороскопски знаци, 12 големи тајни: Од што најмногу се срами вашиот знак?

    12 хороскопски знаци, 12 големи тајни: Од што најмногу се срами вашиот знак?

    Секој хороскопски знак има свои врлини и маани, како и многу несигурности предизвикани од лошите страни. Во продолжение прочитајте ги најголемите тајни на секој знак кои тие повеќе од сè би сакале да ги сокријат во себе бидејќи се срамат од нив…rnrn12 хороскопски знаци, 12 големи тајни – Од што најмногу се срами вашиот знак?rnrnОвен… Делува самоуверено, но е преполн со сомнежи и самиот си наметнува притисок дека мора да биде најдобар.rnrnБик… Стравува од секоја промена во животот, бидејќи се плаши од непознатото и од сè останато на што не е навикнат.rnrnБлизнаци… Го кријат лошото расположение, како и тагата бидејќи сакаат да остават впечаток дека бескрајно се среќни и задоволни.rnrnРак… Никогаш не им верува во целост на луѓето во својот живот.rnrnЛав… Сака другите да имаат постојана потреба од него, бидејќи тоа е единствениот начин да се чувствува силно и подобро.rnrnДевица… Бара потврда од луѓето околу неа дека е добра во сите оние нешта кои секојдневно ги прави.rnrnВага… Едноставно не знае или не сакам да им каже „не“ на луѓето.rnrnСкорпија… Стравува од неуспех.rnrnСтрелец… Пати од себичните дела на другите луѓе, но постојано глуми и се преправа дека сè е во ред.rnrnЈарец… Постојано ја преиспитува својата вредност и се прашува дали е доволно добар во оние нешта кои ги прави.rnrnВодолија… Потајно се плаши дека луѓето всушност не ја прифаќаат каква што навистина е.rnrnРиби… Наместо соочувањето со проблемите или луѓето кои ги предизвикуваат истите, тие попрво би избегале од конфликтните ситуации.

  • Зошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?

    Зошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?

    Понекогаш се обидуваме да му покажеме на светот дека немаме никакви маани и недостатоци за да бидеме прифатени и ценети, но факт е дека никому никогаш нема да можеме целосно да му угодиме. Нашата убавина лежи во нашата ранливост, нашите комплексни емоции и нашата автентична несовршеност. Кога ќе се прифатите себеси онакви какви што сте, наместо тоа што другите сакаат да бидете, тогаш ќе се соочите со вистинската среќа и реалниот успех. Нема потреба да носите маска и да се претставувате како некој што не сте. Никому не треба да се докажувате, а во продолжение прочитајте и зошто е тоа така.rnrnЗошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?rn

    1. Луѓето кои вреди да ги импресионирате сакаат да бидете само свои

    rnНа долгорочен план, подобро е да не ве сакаат за тоа што сте отколку да ве обожаваат за тоа што не сте. Игнорирајте ги споредувањата и очекувањата кои ви тропаат на вратата. Единствената личност од која треба да се обидете да бидете подобри е личноста која бевте вчера. Немојте да се менувате за да им се допаднете на другите, бидете трпеливи, бидете онаа фантастична личност која што сте и вистинските луѓе ќе почнат да го ценат вистинското вие.rn

    2. Никој друг не знае што е најдобро за вас

    rnНемојте да се изгубите во потрагата за прифаќање од страна на другите луѓе. Одете по својот пат самоуверено и немојте да очекувате вашето патување да биде разбрано. Вие треба да ги правите чекорите кои ви одговараат само вам, бидејќи никој друг не е на ваше место.rn

    3. Вие сте единствената личност која може да го промени вашиот живот

    rnВо секоја ситуација во која сте се нашле, позитивна или негативна, единствената заедничка работа сте вие. Вашата одговорност е да сфатите дека сте способни да направите избор за да ја промените ситуацијата или да го промените начинот на кој размислувате за неа, без оглед на сѐ што се случувало досега во вашиот живот. Не дозволувајте мислењата на другите да влијаат на таа реалност.rn

    4. Животот не е трка, не морате никому ништо да докажувате

    rnДосега сигурно сте сретнале многу луѓе кои сакале да стигнат до врвот на планината и да извикаат дека се први, но вистината е тоа што среќата и развојот се случуваат на самото качување, а не додека седите на врвот. Уживајте во патувањето, обрнувајќи внимание на секој чекор. Немојте да брзате низ својот живот, бидејќи тој само ќе помине покрај вас. Елиминирајте ја потребата да им се докажувате на другите и ќе бидете слободни да го остварите тоа што е за вас најважно. Понекогаш е потребно да се потсетите дека не морате да бидете она што другите се и да го правите она што другите го прават.rn

    5. Невозможно е да им угодите на сите

    rnНекои луѓе секогаш ќе ви кажат каде сте погрешиле, но ќе размислат два пати пред да ве пофалат за тоа што одлично сте го сработиле. Немојте да бидете ваква личност. Кога ќе наидете на некој кој не ве почитува и се однесува лошо со вас без никаква очигледна причина, немојте да се обидувате да ги промените таквите луѓе или да ги освоите нивните симпатии. Едноставно оддалечете се од нив бидејќи секоја секунда помината со ваквите личности е губење време. Време кое можете да го трошите на активности кои ги сакате.

  • Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

    Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

    Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни карактеристики кои ја обликуваат сечија природа. За да не ги изненадите другите со брзите одлуки и однесувањето, астролозите откриваат кои се најголемите маани на хороскопските знаци за кои можете да прочитате во продолжение со цел да ги избегнете непријатните ситуации на време.rnrnКои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?rn

    Овен

    rnОвенот ги изненадува другите со својата непромисленост, нетрпеливост и презир кон сите совети кои му се делат. Дури и ако успее да издржи и да го сослуша неговиот соговорник, повторно ќе направи сѐ по свое. Ако сте се подготвувале за вечерно излегување со некој ваш близок кој припаѓа на овој знак, очекувајте да доцни.rn

    Бик

    rnБикот ги изненадува другите со своите главни адути: истрајноста, упорноста и тврдоглавоста. Вие понекогаш со денови или месеци ќе го чекате Бикот да го исполни она што го ветил, но на крајот, тој секогаш го исполнува ветеното. Кога ќе биде мрзлив за нешто, тешко е да го мрднете. Но, затоа пак кога ќе се развредни и ќе има волја за работа, може да работи како манијак.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците често многу брзо ги изненадуваат другите. Тие се шармантни, привлечни, информирани, начитани, и интелигентни. Но, сите овие особини кои на почетокот ве привлекле, можат да станат и едни од поголемите маани на овој знак. Припадниците постојано ќе зборуваат, ќе сакаат да се информираат од секаде, да се интересираат за сѐ и сешто и брзо ќе ја губат концентрацијата и интересот. Можете да очекувате дека тие ќе треба да го препаркираат автомобилот, токму во оној момент кога треба да се нахрани кучето или да се исчисти филтерот од машината за садови.rn

    Рак

    rnДодека мислите дека вашиот Рак умира од работа, тој се јавува од непознат број (нема батерија на телефонот) од некоја кафеана каде заглавил со пријателите, бидејќи тој ден времето се променило 5 пати, а во медиумите пишувало дека озонската дупка се проширила. Потоа му ја одбиле кредитната картичка во супермаркетот баш кога сакал да купи нешто за дома, а роднините постојано му досадувале. На крајот се изнервирал, ама не сакал непотребно да ве малтретира бидејќи и онака веќе сте во шок.rn

    Лав

    rnЛавовите се секогаш спремни да прават големи дела, но често знаат тоа да го прават само во своја корист. Тие сакаат да го поделат задоволството со вас, но очекуваат секогаш да бидете покрај нив и тие да бидат центарот на вашиот свет, па ако не сте тука во моментот кога сакале да ви дадат некоја покана и карта за филмска или театарска премиера или некој спортски натпревар, тогаш кој ви е крив.rn

    Девица

    rnОтмена, воздржана и рационална, Девицата често знае да изненади. Понекогаш оваа нивна рационалност може да биде претерана, но бидејќи знаете дека тука не е крајот, вие се тешите со тоа што се потсетувате дека ова е истата ваша Девица која ве спушта на земја секогаш кога премногу летате во облаци и ве чува од непромислени постапки. А, што е со чувствителноста? И тука знаат да ве изненадат, посебно ако направиле некој добар ручек или поправиле нешто сами, а вие сте се воодушевиле. Тие ќе ве гледаат во очи додека ги фалите, бидејќи ги дочекаа своите 5 минути.rn

    Вага

    rnПонекогаш Вагите знаат да изненадат со својата љубов кон материјалните работи кои нечесто ги ценат повеќе од времето кое го поминуваат со своите најблиски. Кога се толку радосни што купиле нешто ново на себе (на ваша сметка), а вие не сте забележале, без сомнение ќе бидете наречени неблагодарни и дека не ги заслужувате. Но, и кога сте вака изненадени и шокирани, вашата Вага ве сака толку многу, што ќе ви опрости.rn

    Скорпија

    rnИако би сакале на секого да им ја кажат вистината во лице (посебно на оние луѓе кои не им се допаѓаат), вам нема да ве изненади кого Скорпијата избира да го сака, туку тоа ќе ги изненади сите други околу неа. Кога би погледнале во нејзиниот свет, би се шокирале кога ќе сфатите дека вашата Скорпија сонува за времето кога била помала, кога немала ниту кариера, ниту пари, зависела од своите родители и била заљубена до уши. Но, не во вас.rn

    Стрелец

    rnА, што друго да направи освен да ве изненади и шокира. Посебно ако сте нивен партнер. Па, вие не сте со кој било, вие сте нивните избраници, а Стрелецот решил да ви го разубави животот со неговото присуство и постоење. Адреналинот кој постојано струи во неговите вени ви го префрла и вам во оној момент кога, на пример, ќе седнете во неговиот автомобил или ќе посака да има деца или внуци.rn

    Јарец

    rnЈарецот ќе ве изненади кога со жар ќе објаснува и расчленува некои работни зафати и нови идеи, кога ќе каже дека одамна сака да ја објави книгата која ја пишувал подолго време, да го изложи своето недовршено уметничко дело, да компонира музика, да замисли некоја нова модна линија или да отпатува некаде со вас. Ако се согласите, тогаш очекувајте уште во истиот момент да го припреми теренот за заминување во Париз или Шпанија, да ги резервира картите и да се распраша за условите за престој и рекреативните понуди. Сепак, еднаш се живее.rn

    Водолија

    rnМожно ли е една Водолија да изненади или да шокира некој, воопшто? Се разбира дека може, и тоа знае да се случи токму во оној момент кога ќе дојде на време дома, а вие тој ден сте решиле да се откажете од идејата за заеднички ручек и сте отишле во посета на пријателите. Ќе ѝ испратите порака, а таа се разбира уредно ќе ви одговори. Вие, природно, ќе започнете да се прашувате што се крие зад ова однесување. Всушност, ништо не се случило, Водолијата е седната на двоседот и го гледа омилениот квиз. Мобилниот телефон непрекинато ѕвони, но ставен е на нечујно…rn

    Риби

    rnРибите шокираат и кога делуваат конфузно и кога се навистина такви, но и кога се прават дека се такви, па ви доаѓа малку да се преиспитате бидејќи сега и вие сте збунети. Но, нив веќе им успеало да ја остварат и завршат работната идеја од која вам ви се кревала косата. А потоа, излегува дека Рибите всушност го изненадиле бизнис партнерот, а не вас, па се издишувате и повеќе не се загрижувате. Во меѓувреме, вашата љубовна партнерка веќе некому му се допаднала, додека мажите веќе успеале да ја освојат првата личност која им паднала на памет. На крајот, сите сте шокирани.

  • Никој не е совршен: Вашите најголеми маани според хороскопскиот знак

    Никој не е совршен: Вашите најголеми маани според хороскопскиот знак

    Секој знак има свои генерални карактеристики. Повеќето од нив се добри, но сепак има и по некоја лоша. Можеби некои за вас воопшто не важат, но можеби и ќе се препознаете во дел од нив. Дознајте кои се вашите најголеми маани според хороскопскиот знак.rnrn1-nikoj-ne-e-sovrshen-vashite-najgolemi-maani-spored-horoskopskiot-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnСè што го прави роден лидер, му ја отежнува соработката. Овенот сака резултати веднаш, а ако нема влијание од некоја мирољубива планета, ќе сака да се кара и да наредува.rn

    Бик

    rnБиковите сакаат да уживаат и умеат да работат за да си обезбедат луксуз. Но од друга страна пак, мрзеливи се, склони кон пороци и сакаат по полесниот пат да дојдат до удобност.rn

    Близнаци

    rnСо љубопитен дух и забавни, Близнаците умеат д ги кријат своите активности и интереси и да водат двоен живот. Лажењето е нивната најголема маана.rn

    Рак

    rnПознатата Ракова чувствителност понекогаш прераснува во драми и во тотална нестабилност. Тие не можат сами.rn

    Лав

    rnПресериозно се сфаќаат себеси, одмаздници се и немаат смисла за хумор. Кога не се главни, воопшто не им е добро.rn

    Девица

    rnТактична, аналитична, но секогаш гледа сè црно. Секогаш на памет им е најлошиот можен исход.rnrn2-nikoj-ne-e-sovrshen-vashite-najgolemi-maani-spored-horoskopskiot-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Вага

    rnОсвен познатата неодлучност која ги краси сите Ваги, најлошата особина на овие инаку стабилни, одмерени и пријатни луѓе, е тоа што многу тешко можат да дојдат до сопствените емоции. Тие се огледала кои го рефлектираат она што другите го чувствуваат, па затоа хармонијата им е многу важна.rn

    Скорпија

    rnИм одолева на промените и тврдоглаво чекори по истиот пат. Таа има сила за тоа, но така ја уништува сопствената можност за среќа.rn

    Стрелец

    rnСе брани со своите стрели, а цели прецизно и немилосрдно. Никој не умее да повреди толку многу како Стрелецот во одбранбена состојба.rn

    Јарец

    rnРаботохоличари, секогаш загрижени и обземени со исполнување на дневниот распоред. Ако се на одговорна позиција, ги употребуваат подредените како хартиени марамчиња.rn

    Водолија

    rnТие умеат да ви натоварат чувство на вина како никој друг. Често во себе носат зрно генијалност, кое доколку не израсне и созрее, ќе прерасне во лудило.rn

    Риби

    rnКога се препуштени сами на себе, Рибите се тотално непрактични и неповрзани со реалноста. Чезнат за поддршка, а не умеат ниту да ја препознаат, ниту да ја примат. Секогаш сакаат повеќе.rnrn3-nikoj-ne-e-sovrshen-vashite-najgolemi-maani-spored-horoskopskiot-znak-www.kafepauza.mk_

  • 10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за вас

    10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за вас

    Секој од нас поседува карактерни црти кои општеството ги класифицирало како „лоши“. Вие сте пораснале со критики затоа што вашата соба секогаш била растурена или пак, затоа што сте поминале многу време во одложување на обврските и мечтаење, па токму тоа и влијаело врз вашата самодоверба. Можеби попусто се надеваме, но има шанси овие 10 „лоши“ карактеристики, доколку се погледнат од друга страна, да бидат добри за нас. Барем во одредени моменти. Токму затоа покажете ги со гордост.rnrn10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за васrn

    1. Одложување – Вие работите одлично под притисок

    rnВие постојано одложувате и одложувате, но одеднаш, во последен момент, го надминувате сиот стрес и ја завршувате својата работа во дадениот рок. И покрај тоа што си ветувате дека никогаш нема да ви се повтори тоа, сепак наредниот пат го правите истото. Но, постои и добра страна на одложувањето. Овие луѓе научиле како да работат добро под притисок и стрес, без да дозволат тие да ја преземат контролата врз нивниот живот.rn

    2. Себичност – Вие добро се грижите за себеси

    rnДа се биде себичен е добро, повеќето од времето. Размислете малку и погледнете ги оние кои не знаат никому да кажат „не“. Тие се толку фокусирани на потребите на другите, што воопшто не обрнуваат внимание на себе. Себичноста го елиминира стресот и ви овозможува подобро да се грижите за себе – ментално и физички. Вие знаете кои сте и што сакате.rn

    3. Чувствителност – Вие сте способни за голема емпатија

    rnОние кои се претерано чувствителни имаат потешкотии со критицизмот, па затоа сè сфаќаат лично, дури и кога станува збор за нешто поврзано со работата. Но, тие исто така поседуваат и свесност за емоциите на другите, па тоа ги прави најдобрите дипломати во просторијата. Да можете да се ставите во туѓи чевли е вредна способност која може да ви помогне брзо да напредувате во животот.rn

    4. Неуредност – Вие сте многу креативни

    rnНекои луѓе не можат да го поднесат хаосот, додека другите лесно го прифаќаат. Најчесто неуредноста се поврзува со мрзливост и недостаток на продуктивност, но историјата ни покажува дека дел од најголемите умови во историјата, како Ајнштајн, Марк Твејн и Стив Џобс имале екстремно растурен работен простор. Една студија дури покажала и дека неуредноста е поврзана со креативноста, што има смисла, ако подобро размислите.rn

    5. Еготизам – Вие имате висока самодоверба

    rnСите ние знаеме дека личностите со оваа карактеристика знаат да одат до екстреми. Тие доминираат над сите настани и мислат дека сè се врти околу нив, па затоа и луѓето ги одбегнуваат. Но, здравото и силно его најчесто е добро. Тоа значи дека имате цврста самодоверба, задоволни сте со себе и ви се допаѓа тоа што го гледате во огледалото пред вас.rn

    6. Срамежливост – Вие сами можете да постигнете големи нешта

    rnСрамежливите личности се најчесто интроверти кои имаат потешкотии при комуникацијата со непознати или голема група луѓе. И покрај тоа што оваа карактеристика може да делува како маана, сепак срамежливите личности имаат неверојатна моќ самите да дојдат до одлични решенија за даден проблем. Тие сакаат да работат сами, не им треба одобрување, ниту пофалба од другите, па затоа и завршуваат голема работа.rn

    7. Песимизам – Вие воведувате реализам во сите ситуации

    rnОвие личности ја гледаат негативната страна на сите ситуации, па многумина веруваат дека токму поради тоа и не се способни да бидат среќни. Затоа луѓето ги избегнуваат, а тие најчесто имаат само пријатели кои го делат истиот поглед кон светот. Но, вредноста на песимистите доаѓа до израз кога треба да се донесе тешка одлука или решение. Тие имаат моќ да ја согледаат ситуацијата од повеќе агли, овозможувајќи им пореална слика од онаа која ја гледаат оптимистите.rn

    8. Мрзливост – Вие сте иноватор

    rnМрзливите луѓе не се непродуктивни, тоа е само општо погрешно сфаќање. Тие имаат тенденција да ги завршуваат своите обврски со најмалку вложен труд додека постојано мечтаат. Токму затоа и тие се големи иноватори. Мрзливците го поминуваат своето време во откривање на најлесните начини да завршат одредена работа и се многу добри во наоѓање плата за онаа работа која вистински ја сакаат.rn

    9. Импулсивност – Вие имате способност за брзо донесување одлуки

    rnОваа карактерна црта води кон преземање ризици, искажување на сè што ќе им падне на памет, како и носење одлуки брзо и без дополнително двоумење. Овие индивидуи се оние кои наутро се будат, решаваат да продадат сè што имаат и да одат на пат околу светот. Ова однесување најчесто ги води кон онаа насока во која сакаат да се движат и живеат живот кој никогаш не е здодевен.rn

    10. Цинизам – Вие никогаш не сте жртви на измами

    rnЦиничните луѓе гледаат заговори насекаде и веруваат дека „злото“ демне од секој човек. Тие се сомневаат во сè и сешто, па затоа и ги преиспитуваат сите постапки и настани. Но, здравата доза цинизам е одлична бидејќи ве спречува да станете жртва на измами. Циничните луѓе прават сè внимателно, што е ретка особина во денешниот начин на живеење.

  • За или против? Еве што сѐ треба да знаете за менструалната чашка!

    За или против? Еве што сѐ треба да знаете за менструалната чашка!

    Иако веќе со години се присутни насекаде низ целиот свет, менструалните чашки сѐ уште не се толку популарни на Балканот, но во последно време постојат сѐ повеќе и повеќе позитивни информации и искуства за овој производ кој денес може да се купи или порача во скоро сите аптеки. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за менструалните чашки ви ги носиме одговорите на најчесто поставуваните прашања.rnrn0-za-ili-protiv-eve-shto-se-treba-da-znaete-za-menstrualnata-chashka-kafepauza.mkrn

    1. Што е менструална чашка?

    rnСтанува збор за посатка со форма на ѕвонче, малку поголема од тампон, направена од мазен медицински силикон која за време на циклусот се вметнува во вагината за да ја собира менструалната крв – што е спротивно од тампон и хигиенски влошки кои ја впиваат крвта. Доаѓа во 2 величини – за жени кои немаат родено и/или имаат под 30 години и оние кои имаат родено и/или се постари од 30 години.rn

    2. Како се употребува?

    rnСе притиска со прстите, се свиткува на пола и се вметнува во вагината. Кога ќе ја пуштите, таа се шири и се прицврстува за вагиналниот ѕид за да ја собира менструалната крв. Ако е исправно ставена, чашката нема да пропушта крв, а нема ни непријатен мирис. Кога чашката ќе се наполни испразнете ја директно во веце школката, измијте ја со топла вода и вратете ја на истиот начин.rn

    3. Какво е чувството да одите и седите со вметната чашка?

    rnОткако ќе го совладате нејзиното ставање, не би требало ни да ја осеќате. Таа не предизвикува никакви иритации, нити пак смета во движење, а може да се носи и за време на сите физички активности, па дури и при пливање и јога.rn

    4. Колку често треба да ја празните чашката?

    rnЧестотата зависи од големината на чашката (како што спомнавме, доаѓа во 2 големини) и јачината на менструалното крварење. Чашката може да прими скоро 3 пати повеќе крв од тампонот што значи дека во текот на обилно крварење треба да ја празните на секои 5-8 часа, а во поблагиот дел од циклусот најмногу до 12 часа.rn

    5. Кои се недостатоците на менструалната чашка?

    rnИсто како и тампонот, треба да научите да ја ставате правилно. Иако процесот не е комплициран, потребно е да вложите малку почетнички труд, затоа што ако чашката не „седне“ на точната позиција може да дојде до пропуштање. Најголемиот недостаток на менструалната чашка е тоа што (поради празнење на крвта и нејзино перење) не е погодна, нити практична за употреба надвор од домот, но од друга страна не мора често да се празни.rn

    6. Кои се предностите на менструалната чашка?

    rnЗа разлика од влошките и тампоните кои можат да предизвикаат инфекции, иритации и развој на бактерии, чашката е потполно сигурна и нема никакви нус-појави. Исто така не ја суши матката и не е потребно да ја вадите кога вршите нужда. Не е штетна за околината, а со оглед на тоа дека е трајна, значително е поевтина од влошките и тампоните.rn

    7. Какви се коментарите на жените што ги користат?

    rnКоментарите горе-долу се позитивни. Иако менструалните чашки не се многу застапени на Балканот, оние жени што ги користат се толку задоволни што никогаш не би користеле ни влошки ни тампони.rn

    Важни напомени:

    rn

      rn011

    1. Не заштитува од бременост и полово преносливи болести.
    2. rn011

    3. Жените кои имаат спирала можат нормално да ја користат, но треба да внимаваат на конците.
    4. rn011

    5. Не е наменет за жени кои ја немаат изгубено невиноста.
    6. rn

    rn

  • 8 нешта од кои стравувате и поради нив се држите на дистанца од него

    8 нешта од кои стравувате и поради нив се држите на дистанца од него

    Љубовните врски знаат да бидат страшни – секој барем еднаш искусил болка од скршено срце и голем број од луѓето одлучуваат да се повлечат стравувајќи од тоа дека може да бидат повторно повредени. Ова е само една од причините зошто не дозволувате тој да ви се приближи. Погледнете кои се останатите.rnrn0-8-neshta-od-koi-stravuvate-i-poradi-niv-se-drzhite-na-distanca-od-nego-kafepauza.mkrn

    1. Страв од повредување

    rnБолката и патењето од скршено срце не ви се непознати. За жал, кога еднаш ќе се изгорите од млеко, цел живот и на јогурт ќе дувате. Не го оставате да ве запознае затоа што се сомневате во неговите намери. Иако ни еден човек нема намера да повреди друго суштество, за жал тоа се случува и тоа ќе се случува и понатаму. Навикнете се на тоа.rn

    2. Не сакате да ги види вашите маани

    rnНе се врти сѐ околу него, дел од нештата се вртат и околу вас. Постојат одредени делови од вас што не сакате тој да ги види. Не станува збор само за физички маани – вашиот страв е многу подлабок од тоа. Се плашите дека тој ќе ги открие сите мали нешта кои сакате да ги промените кај себеси. Без разлика дали тоа е вашата претерана организираност или вашата срамежливост – вие не сакате тој да ја види оваа ваша страна, па затоа го бркате и не го оставате да ја запознае вистинската верзија од вас.rn

    3. Не сакате да го исплашите

    rnИскажувањето чувства отсекогаш било едно од најтешките и најстрашните нешта. Клучот е во комуникацијата, но искреноста за чувствата честопати може да доведе до страв и да го натера да избега од вас. Ако му кажете што чувствувате, тоа значи дека искрено ви е грижа за него, а во моментов не сте сигурни дека тој треба да го знае тоа. Овде не станува збор за криење на чувствата, туку за фактот дека се плашите како тој ќе реагира на нив. Не сакате да мисли дека прерано искажувате премногу чувства, па затоа го држите на одредена дистанца за да спречите да избега од вас, но додека го правите тоа, всушност вие бегате од него.rn

    4. Мислите дека ќе ги влошите работите

    rnНе можете да контролирате дали тој ќе ве повреди или не, но можете да се контролирате дали вие ќе го повредите. Себесаботажата е уште еден од симптомите на стравот од дозволувањето да ве запознае. Честопати намерно ги влошувате работите, а ако не намерно, тогаш се прашувате дали потсвесно го правите тоа. Не започнувајте да допишувате со бившите само затоа што знаете дека се заљубувате во него. Доволно е стресно да се грижите дали тој ќе ве повреди, не треба да се оптоварувате и со тоа дали и вие ќе го направите истото.rn

    5. Последниот пат кога станавте блиски со некој, исходот не беше онаков каков што очекувавте

    rnВистината е дека ако некој ве повредил последниот пат кога некому сте му дозволиле да ве запознае, не мора да значи дека тоа повторно ќе се случи. Разбираме дека се плашите, но секој пат кога ќе ве нокаутираат и вие ќе станете, болката некако изгледа помала.rn

    6. Дел од вас се плаши од промени

    rnСега ви е убаво, тогаш зошто да менувате нешто? Промената не секогаш е страшна. Не се плашете да го промените животот, затоа што тие промени можат да бидат на подобро.rn

    7. Знаете дека е тешко да се опоравите од скршено срце

    rnПолошо од кршење на срцето е процесот на заздравување кој следи потоа. Знаете дека е тешко да продолжите понатака и се прашувате дали тој веќе продолжил. Кога мислите дека сте спремни за да одите понатака, сѐ уште си ги гледате раните и лузните од претходната врска и тоа ве потсетува да не се зближувате. Како може да се грижите за заздравување ако тој не е ни доволно блиску за да ве повреди?rn

    8. Не сакате среќата да ви зависи од некој друг

    rnВи се допаѓа чувството на независност и кога сфаќате дека вашата среќа почнува да зависи од него, едноставно решавате да се тргнете настрана. Мислите дека тој ги контролира вашите емоции, но тој само ги надополнува. Сте почувствувале среќа без него знаејќи дека можете да функционирате и без тој да биде во вашиот живот. Ако му дозволите да ви се приближи не му давате контрола врз вашиот живот, туку можност да ги споделите сите радости и таги кои се дел од вашето секојдневие.