КАФЕ ПАУЗА

Tag: лош

  • Астрологијата открива зошто имате лош вкус за момци

    Астрологијата открива зошто имате лош вкус за момци

    Дали некогаш сте си помислиле дека имате навистина лош вкус при изборот на момци? Колку пати ви се случило да најдете некое убаво и шармантно момче, а тоа набрзо да исчезне од вашиот живот? Или да си помислите дека тој е вистинскиот и по неколку недели или месеци да се покаже дека сте во заблуда. Прочитајте зошто правите лош избор кога се во прашање момците врз основа на вашиот хороскопски знак.rnrn(1) Хороскопот открива зошто имате лош вкус за момциrn

    Овен

    rnДевојките родени во овој знак се многу импулсивни. Тие најчесто дозволуваат емоциите да ги понесат многу брзо, па не размислуваат пред првиот бакнеж или пред да испратат премногу емотивна порака на момчето кое ги привлекува. Едноставно живеат за моментот, без да подразмислат за последиците. Токму затоа девојките родени во знакот на Овен можат да имаат прекрасна саботна вечер се некое момче, а од неделата наутро тоа исто момче целосно да исчезне од нивниот живот. Девојките Овни сакаат забава поради што обожуваат несериозни момци, затоа што тие им се возбудливи и интересни. Но, доколку сакате нешто посериозно, тогаш дајте си малку време и размислете за каков човек станува збор.rn

    Бик

    rnДевојките Бикови не се склони кон привремени „затрескувања“. Кога тие се вљубуваат во некое момче, тоа може да трае со години. Без оглед на неговиот однос кон нив, тие секогаш ќе наоѓаат изговори да ја одржат љубовта кон тоа момче. Доколку сакате да најдете вистинска љубов со вистинскиот човек, треба да се ослободите од идејата дека секое делумно пристојно момче што го сретнувате е вашиот потенцијален сопруг. Отворете ги очите и срцата за нови нешта. Наоколу има прекрасни луѓе.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците имаат премногу активен социјален живот. Девојките родени во овој знак во секое време се опкружени од многу момци, а речиси секој од нив го гледаат како свое потенцијално момче. Но, проблемот лежи во тоа што не може секој од тие момци да ви одговара на вашиот карактер. Иако вие знаете во секој човек да најдете по некоја убава работа, не губете си го времето со некои момци кои се премногу различни од вас.rn

    Рак

    rnДевојките родени во знакот на Рак избрзуваат кога станува збор за љубов на прв поглед. Вие толку многу посакувате љубовна бајка, при што не обрнувате големо внимание на момчето кое го замислувате како ваш принц. Тоа момче, многу често се случува дури и да не ви се допаѓа многу, туку да треба да се убедувате дека е вистинскиот. Мора да научите да бидете трпеливи. Не губете си го времето со момци кои ништо не ви значат. Можеби токму во тоа време покрај вас ќе помине вашиот вистински принц, а вие нема да го забележите.rn

    Лав

    rnЛавиците знаат дека можат да го освојат секое момче што ќе го посакаат. Затоа секогаш се упатувате кон најзгодните момци. Но, досегашното искуство досега веројатно ве научило дека физички најпривлечните момци не се секогаш вистинските. Затоа, понекогаш дозволете му до вас пристап и на некое момче кое на прв поглед изгледа просечно. Дајте му простор да го запознаете одблиску и ќе сфатите дека во него се крие големо срце, кое може вистински да ве сака, онака како што само вие заслужувате.rn

    Девица

    rnДевојките родени во знакот на Девица премногу размислуваат. Вие сте во постојана потрага по совршениот човек, но такви не постојат. Во љубовта владеат чувствата, а не разумот. Вие премногу размислувате за момчето и за врската, а со тоа си го скратувате задоволството да уживате во љубовта. Не мора момчето да биде онакво какво што сте си го замислиле.rn

    Вага

    rnДевојките Ваги имаат мал проблем со самодовербата. Немојте да мислите дека ако сте срамежливи и потивки од останатите девојки, не привлекувате внимание. Не е точно! Затоа, не дозволувајте си да „заглавите“ со првото просечно момче кое ќе ви пријде. Бидете малку избирливи, едноставно сте прекрасни и можете да си дозволите да одбивате и да прифаќате покани за состаноци. Доколку момчето не се однесува онака како што заслужувате, слободно ослободете се од него. Не мора за секој и за сè да имате разбирање. Вие сте чувствителна личност, а таквите ги заслужуваат најдобрите момци.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите длабоко во себе имаат некое чувство дека не заслужуваат среќа. Токму затоа најчесто девојките Скорпии влегуваат во врска со погрешни луѓе. Едноставно прифатете го фактот дека не мора секогаш да сте во врска. Некогаш е подобро да сте сами, отколку со погрешно момче покрај вас. Вие заслужувате да бидете вистински сакани и да бидете во врска која ќе ве полни со позитивна енергија.rn

    Стрелец

    rnДевојките родени во знакот на Стрелец се големи оптимисти, што секако е добра особина. Но, кога станува збор за љубовта, тогаш тој оптимизам може да ве доведе до големи проблеми. Доколку сте во врска со момче кое кон вас не се однесува онака како што треба, вие нема да ја прекинете врската, туку упорно ќе се обидувате да ги поправите работите. Доколку сакате вистинска и квалитетна врска престанете да се фокусирате на поправање на работите.rn

    Јарец

    rnДевојките Јарци бараат целосна слобода во врската. Не сакаат љубовните состаноци да им го окупираат сето време, па затоа бараат момци кои имаат сличен став. Сакаат покрај момчето, да останат во блиски односи и со пријателките, но и да имаат време за прекувремената работа, затоа што кариерата им е подеднакво важна како и приватниот живот. Секако тоа е остварливо, но мора да го смените распоредот и приоритетите. Поради вашата амбициозност, потребно е да барате момче кое има ист таков став кон животот и кој сака напредок на секое поле. Но, некогаш е добро да се опуштите и да му дозволите на вашиот партнер да ви покаже дека работата не мора да биде центарот на вашиот свет.rn

    Водолија

    rnВие сте многу креативни, а на креативните луѓе понекогаш им е потребна болка за да се наполнат со потребната енергија за создавање – пишување, сликање, танцување… Водолиите не сметаат дека љубовните рани се крај на светот, туку на нив многу често гледаат како на извор за нови идеи во нивното творештво. Но, вие не сте создадени за да бидете тажни. Како и сите останати и вие заслужувате среќа. Отворете го срцето и душата за нови нешта и авантури. Време да ставите розови очила и да почнете повеќе да уживате во љубовта.rn

    Риби

    rnРибите сакаат нивните партнери, истовремено да бидат нивни љубовници и најдобри пријатели. Многу често се препуштаат во врска со другари и пријатели со кои се многу блиски. Но, тоа не се покажува секогаш како најдобра идеја. Затоа погледнете подобро околу себе, најдете некое момче кое ве привлекува, а доколку се најдете на иста фреквенција со него, пријателството само ќе се изгради врз љубовта, тула по тула, ден за ден.

  • Што треба, а што не треба да правите кога вашите пријатели имаат лош ден?

    Што треба, а што не треба да правите кога вашите пријатели имаат лош ден?

    Пријателите се оние коишто може да ви го подобрат расположението кога имате лош ден. Тие се овде да ве сослушаат и притоа да ви дадат совети. Постојат луѓе коишто умеат да ви ги кажат вистинските зборови тогаш кога ви е потребно, но постојат и такви кои, за жал, ненамерно ќе го постигнат спротивното – ќе направат да се чувствувате винови.rnrnrnrnПа, овде погледнете кои работи смеете, а кои не смеете да ги правите кога вашите пријатели имаат лош ден со цел да ги смирите и да го подобрите нивното расположение.rn

    Што да правите:

    rn1. Слушајте. Без разлика дали тоа ќе биде разговор во живо или по телефон, во такви моменти бидете до нив. Не судете, само слушајте.rnrn2 .Покажете им нешто забавно. Тоа може да биде некоја ваша смешна слика или некое смешно видео. Хуморот може да излечи речиси сè.rnrn3. Понудете им помош. И да не можете да помогнете, барем прашајте. На овој начин тие ќе се чувствуваат помалку осамени.rnrn4. Споделете го вашето мислење. Ние самите себеси сме си најголеми критичари. Затоа, потсетете ги вашите пријатели дека животот не се состои само од несреќи и дека постои начин успешно да се справат со целата ситуација.rnrn5. Зборувајте им охрабрувачки. Но, не дозволувајте тоа да биде клише разговор. Бидете искрени и реални.rnrn6. Испланирајте заеднички забавни активности. Подобрете им го расположението на вашите пријатели со тоа што ќе правите забавни работи.rnrn7. Кажете им дека сè ќе биде во ред и дека не се сами. Можеби ви звучи клише, но честопати токму ова е тоа што повеќето сакаат да го слушнат.rnrnrnrn

    Што да не правите:

    rn1. Не кажувајте им „може да биде полошо“ или нешто слично. Да, повеќето нешта може да бидат полоши, но не го кажувајте ова доколку не сакате да ги повредите чувствата на вашите пријатели.rnrn2. Не споделувајте ги сопствените лоши вести. Има разлика помеѓу покажувањето дека го разбирате вашиот пријател и пренатрупувањето со вашите проблеми.rnrn3. Не кажувајте им „ќе помине“. Да, ќе помине, но проблемите се токму во овој момент и тие треба веднаш да се справат со нив.rnrn4. Не нудете им многу начини за да го подобрат расположението. Не кажувајте им дека им се потребни сто начини за да си го разубават денот.rnrnrnrnЛошите денови се стресни и непријатни. Затоа, внимавајте како ќе се однесувате со вашите најблиски!

  • Астролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?

    Астролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?

    Токму поради фактот што Сатурн се наоѓа во Стрелец, припадниците на овој знак, особено оние кои се родени во првата декада, ќе се најдат пред големи животни искушенија. Но, тоа не значи и дека овие нешта ќе имаат лош крај. Сè зависи од распоредот и положбата на клучните планети во наталната карта на Стрелците.rnrnАстролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?rnrnИстото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец.rnrnШто се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат потешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле.rnrnНајтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци кои имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плуто во соѕвездието Јарец.

  • Лош љубовник: Што треба да направите за да стане подобар помеѓу чаршафите?

    Лош љубовник: Што треба да направите за да стане подобар помеѓу чаршафите?

    Некои мажи се раѓаат како добри љубовници, но секој може да го научи она што не го знае и да стане сосема солиден дури и во она за што нема некој посебен талент. Вие ја имате таа чест – од него да направите маж, да ги откриете неговите скриени таленти или доволно да го научите за да стекне самодоверба. Што и да преземете, сигурно ќе стане подобар од она што бил на почетокот. Еве што е потребно за да го подобрите.rnrn0-losh-ljubovnik-shto-treba-da-napravite-za-da-stane-podobar-pomegju-charshafite-kafepauza.mkrn

    1. Не глумете задоволство

    rnТоа ќе го наведе да мисли дека сѐ е во ред, иако не е. Глумата нити ќе ви го подобри односот нити ќе постигнете напредок во неговото подобрување. Ако ви е грижа за него – бидете искрени. Можеби тој ќе биде целосно обесхрабрен, но ако му е грижа, ќе го цени тоа што не го отфрлате туку настојувате да ги истражите можностите и заедно да откриете како да уживате еден во друг.rn

    2. Преземете улога на учителка

    rnНекои нешта морате да му ги кажете со зборови и да ги покажете со постапки. Тој веројатно нема доволно искуство, или пак ниедна жена со која бил не била доволно трпелива и заинтересирана, па ќе морате да го пребродите отпорот, срамежливоста и блокадата – и неговата и вашата. Можеби и сами ќе мора да се потрудите да откриете што треба да го научите, а тоа не е лесно ако и самите немате доволно искуство или пак сте срамежливи.rn

    3. Лош во кревет?

    rnПа добро, не мора да значи дека тој е виновен или дека таква е дијагнозата, но без разлика што е, вие мора да го пребродите тоа. Ако досега мажите се прилагодувале на вашите желби, сексуални навики и однесување во кревет, тогаш време е да ги преземете нештата во ваши раце – да ги откриете можностите и начините, наместо да се нервирате и да се жалите дека вашето момче го бива за сѐ, освен за задоволување жена.rnrnПредизвик е да го обучите, разбудите и да му помогнете да се пронајде преку интимни односи. За разлика од прифаќање на незадоволувачкиот секс или раскинувањето – искреноста, нежноста и трпението можат да помогнат за промена на нештата. Не се откажувајте без борба. Можеби ќе бидете наградени онака како што никогаш не би можеле да си замислите.rn

    4. Обезбедете му доволно пракса

    rnЗнаете дека талентот е залуден без пракса. Ниеден талент нема да се истакне без пракса, вложено време и напорна работа. Праксата може да резултира со успех, дури и ако нема талент на кој може да се потпира. Истрајноста во одржување на ерекцијата доволно долго може да се вежба – исто како и пишувањето со другата рака.rnrnОд вежбањето и практиката се создава самодоверба, а со тоа доаѓа поголема релаксираност во нештата во кои бил или сте биле несмасни. Тоа значи дека исчезнува притисокот за постигнување нешто, се создава доверба и најважно, се зголемува задоволството.rnrnВака, неискусниот, трапав и брз љубовник добива можност да открие какво е чувството да се пружи задоволство, колку е добро да се биде опуштен и да не се плаши од неуспех, каква привилегија е да ѝ го пружи на жената она што го сака, точно онака како што сака и колку е корисно да се познаваат добрите техники во моментите кога се препушта на страста. Тогаш нештата сами ќе тргнат. Добриот секс се учи како возењето кола – кога еднаш ќе ги усогласите рацете и нозете, тие самите управуваат со командите, а вие уживате во возењето.

  • 3 типа мажи – Лош, пристоен и неверојатен во 13 различи ситуации

    3 типа мажи – Лош, пристоен и неверојатен во 13 различи ситуации

    Момците може лесно да ги процениме ако обрнеме доволно внимание на нив. Обично тоа го дознаваме брзо, добрите момци се однесуваат како добри, а додека лошите дават сигнали на опасност. Се прашувате дали сте во врска со лошо момче и треба да избегате од него, со пристоен, кој заслужува да му дадете шанса или пак со неверојатниот со кој можете да се замислите до крајот на својот живот? Еве како тие се однесуваат во 13 различни ситуации.rnrn3-tipa-mazhi-losh-pristoen-i-neverojaten-vo-13-razlichi-situacii-kafepauza.mkrn

    1. Кога прв пат се запознавте и откривте дека постои хемија помеѓу вас…

    rnЛошиот: Сè што сака е да ги соблече вашите гаќички истата вечер.rnrnПристојниот: Ќе биде среќен ако успее во тоа, но сепак тоа не е неговата цел, тој исто така мисли дека вие сте навистина забавна.rnrnНеверојатниот: И тој го сака истото, но се плаши дека така би ги влошил односите со вас, па ќе го побара вашиот број и ќе ви се јави да направите план за повторно да излезете.rn

    2. После првиот состанок…

    rnЛошиот: Ќе ви напише една или две бесмислени пораки, а потоа ќе исчезне. Но ќе се врати кога ќе има потреба од вас.rnrnПристојниот: Ќе ви напише порака, која нема да биде доволно јасна, но отприлика би била нешто во стилот да се видите повторно.rnrnНеверојатниот: Ќе лежи до вас во креветот, а може и да ве одведе на појадок.rn

    3. Кога треба да правите заеднички планови…

    rnЛошиот: Не прави планови, тој едноставно се појавува сам, најчесто доцна во ноќта.rnrnПристојниот: Остава плановите да се одвиваат по природен пат.rnrnНеверојатниот: Ви пишува секој ден за да дознае кога сте слободни. Не зема ништо здраво за готово.rn

    4. Кога сте излезени заедно…

    rnЛошиот: Tој не излегува со вас (освен ако не добие нешто таа вечер).rnrnПристојниот: Лесно е да сте излезени со него. Нему му се допаѓа да ве има околу себе.rnrnНеверојатниот: Создава прилики за да излезете со него и ќе направи да се почувствувате како да нема друго место на кое би сакал да биде.rn

    5. Како се однесува со вас кога е со неговите пријатели?

    rnЛошиот: Ве третира како секоја останата девојка.rnrnПристојниот: Се  однесува кон вас со почит.rnrnНеверојатниот: Им става на знаење дека вие сте негова девојка.rn

    6. Кога му пишувате СМС, а тој е зафатен…

    rnЛошиот:  Нема да ви одговори.rnrnПристојниот: Можеби нема да ви одговори, но ќе ви се јави подоцна да ви се извини и да ви објасни.rnrnНеверојатниот: Ќе потроши 5 секунди да ви напише „зафатен сум, но ќе ти се јавам подоцна, штом се ослободам“.rn

    7. Кога ќе почнете да зборувате за вашата врска и работите што ги сакате…

    rnЛошиот: Ќе проба да ве замолчи.rnrnПристојниот: Можеби ќе се мршти, но ќе ве сослуша.rnrnНеверојатниот: Ќе се вклучи во разговорот, иако тој не сака да го има.rn

    8. Кога ќе му кажете дека тој прави нешто лошо (пр. постојано доцни)…

    rnЛошиот: Ќе се брани и ќе ве натера да мислите дека всушност вие имате проблем.rnrnПристојниот: Ќе проба да се поправи, но можеби ќе треба да го опоменете неколку пати.rnrnНеверојатниот: Ќе се промени.rn

    9. Кога станува збор за енергијата што ја носи во вашиот живот…

    rnЛошиот:  Поради него се чувствувате излудени.rnrnПристојниот: Покрај него се чувствувате удобно.rnrnНеверојатниот: Со него се чувствувате среќно и сигурно.rn

    10. Кога доаѓа до интимни моменти…

    rnЛошиот: Има секс со вас.rnrnПристојниот: Спие со вас.rnrnНеверојатниот: Води љубов со вас.rn

    11. Како се однесува со другите жени?

    rnЛошиот: Флертува со секоја друга.rnrnПристојниот: Можеби погледнува по други, но нема да направи ништо.rnrnНеверојатниот: Се фокусира само на вас.rn

    12. Кога ќе дојде време за врската прејде на повисоко ниво…

    rnЛошиот: Не сака работите да се менуваат, добро му е да ве има само за секс.rnrnПристојниот: Делува дека може да има врска со вас.rnrnНеверојатниот: Тој е едноставно тука за вас.rn

    13. Кога ќе бидете веќе подолго време заедно…

    rnЛошиот: Престанува да се труди.rnrnПристојниот: Може да ве зема здраво за готово, но и тој ќе направи неколку напори.rnrnНеверојатниот: Ќе ве цени повеќе и повеќе со тек на време.

  • Филм: Лош дедо (Bad Grandpa)

    Филм: Лош дедо (Bad Grandpa)

    Комедија во откачениот стил на Џекес

    rnФилм: Лош дедо (Bad Grandpa)Режија: Џеф ТремејнrnrnУлоги: Џони Ноксвил, Џексон НиколrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 октомври 2013rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Лош дедо“ е дело на екипата Џекес. Снимен е во нивниот стил, со скриена камера и повеќе наликува на реално шоу отколку на филм каков што сме навикнати да гледаме. Само главните актери глумат, а секако дека другите немаат поим дека учествуваат во филм и се само жртви на нивната откачена смисла за хумор. Џони Ноксвил е повторно во главната улога, но овој пат нашминкан и дотеран како Ирвинг Зисман, 86-годишен лош дедо.rnrnФилм: Лош дедо (Bad Grandpa)rnrnКога ќе ја изгуби својата сопруга по 46 години брак, го обзема среќа што конечно е слободен и може да си најде друга жена. Веќе почнува да го планира својот поход, но плановите ќе му ги замрси ќерка му која треба извесен период да помине во затвор за да отслужи казна. Тоа значи дека нему му е оставен Били, осумгодишниот внук, барем додека не дојде татко му да го земе.rnrnФилм: Лош дедо (Bad Grandpa)rnrnРаботите за старецот со млад дух стануваат уште покомплицирани кога таткото не сака да го земе кај себе својот син, освен ако Ирвинг не го донесе кај него. Тој, сакајќи да живее сам и слободно, ќе се нафати да вози речиси низ цела Америка за да го однесе внукот кај татко му.rnrnФилм: Лош дедо (Bad Grandpa)rnrnИако на прв поглед изгледа како секој да сака да се ослободи од детето, понатамошниот тек на филмот ќе ве увери во спротивното. Ирвинг и Били лесно ќе се зближат. Сепак, 86-годишниот старец нема да се откаже од својата намера да заведе жена, така што можете да очекувате бројни смешни ситуации во веќе познатиот стил на Џекес. Дури и да не сте фан на Џони Ноксвил и на неговата дружина, овој филм содржи доволно хумор за моментите кога сакате да се забавувате со нешто смешно.rnrnФилм: Лош дедо (Bad Grandpa)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин

    Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин

    За жените бакнежот претставува начин емотивно да се поврзат со нивниот партнер, додека за мажите, бакнежот служи како средство за постигнување на крајната цел т.е. сексот, покажуваат резултатите од новото американско истражување.rnrnМажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начинrnrnВо истражувањето учествувале преку 1.000 студенти, а резултатите покажале дека двата пола го сметаат бакнежот за важна интимна интеракција помеѓу луѓето. Но, додека за жените бакнежот претставува покажување нежности, мажите во главно го користат за да ја возбудат партнерката.rnrnБакнежите исто така, покажуваат колку сте компатибилни со вашиот партнер. И мажите и жените рекле дека можат само врз основа на еден бакнеж да го изгубат или да го зголемат интересот за некоја личност.rnrnРазликите помеѓу мажите и жените во однос на бакнежот и понатаму се продлабочуваат. Па така, за дамите лошиот бакнеж најчесто значи и крај на состанокот, додека повеќето од мажите веруваат во спротивното, односно за нив лошиот бакнеж не значи дека не би се впуштиле во интимен однос со таа личност.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 причини зошто славните даваат лош пример

    4 причини зошто славните даваат лош пример

    За да биде некој „селебрити“ во денешно време, не треба да поседува кој знае какви квалитети. Основен предуслов е да биде подобен за медиумите да прават пари од него. Многумина во нив гледаат идоли, иако има многу причини зошто не треба да се земе пример од поголем дел од нив.rnrn4 причини зошто славните даваат лош примерrn

    Имаат лош однос кон парите

    rnНие живееме во свет во кој парите се еден од главните проблеми, а кај нив тоа не е случај. Ким Кардашијан, која прелесно заработува пари дозволувајќи да ѝ го снимаат животот додека не прави ништо, си дозволува излегување во ноќен клуб во кој ќе потроши десетици илјади долари, сума која некои луѓе кај нас може да ја заработат за неколку десетици години. Кому му е потребно да потроши толкаво богатство за да си помине убаво?rnrn

    Плаќаат друг да им ги врши најосновните работи

    rnСлавните ѕвезди си ангажираат лични асистенти кои ги ослободуваат од некои секојдневни предизвикувачи на стрес. Имаат доволно пари за да платат некој да им ги прибере децата од училиште, да ги вози, да им закажува и откажува состаноци, да им резервира летови, да им купува намирници за да ја одржуваат линијата итн. Имаат многу време за забава, но се откажуваат од некои ситници кои на животот му даваат содржина и го прават поинтересен.rnrn

    Знаат како да излезат паметни

    rnИако постојат неколку исклучоци кои одвреме-навреме знаат да нè насмеат со своите „мудри“ мисли, добар дел од славните знаат што треба да кажат за да го убедат просечниот гледач дека се паметни. Затоа постојат пејачки кои упорно тврдат дека ги афирмираат правата на жените и се трудат да ја издигнат нивната свест на повисоко ниво, додека нивните музички спотови се исполнети со голотија за да можат подобро да го продадат звукот кој ги следи во позадина.rnrn

    Понекогаш нема кој да им каже „не“

    rnЛичниот асистент на Чарли Шин му набавувал дрога, а Мадона и сестрата на сопругата на идниот англиски крал дури стигнаа да издадат и книги. Постојано се опкружени со асистенти кои не сакаат да ја загубат работата или од луѓе кои сакаат да заработат на нивните имиња, па нема кој да им каже дека не ги бива за некои работи. Ако некој им ласка кажувајќи им дека во нив лежи идниот бестселер, тие ќе веруваат во тоа додека не се соочат со читателите и критиката. Во таков склоп на околности можат да бидат многу лош пример.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секс на Марс? За жал, многу лоша идеја

    Секс на Марс? За жал, многу лоша идеја

    Научниците ги советуваат астронаутите кои еден ден ќе бидат испратени во експедиција за населување на црвената планета, да се воздржат од правење бебиња, како по пат накај Марс, така и на самата планета, а воедно им препорачуваат и воопшто да не водат љубов во бестежинска состојба.Секс на Марс? За жал, многу лоша идејаОние астронаути кои успешно ќе ја остварат мисијата конечно да слетаат на Марс, нема да можат да го поминуваат времето нормално на таа територија и најверојатно со години би орбитирале наоколу, сѐ додека не создадат услови за живот на планетата.rnrnВо теорија, имањето секс при нулта гравитација подразбира неверојатно многу потење и тотално незабавен чин за партнерите. Благодарение на Њутновиот закон, сите телесни течности би пловеле во просторот околу љубовниот пар, дури неколку часови после сексуалниот чин.Секс на Марс? За жал, многу лоша идејаИсто така бременоста надвор од планетата Земја би требало уште долго да се избегнува, бидејќи постои голема опасност од радијација. Притоа, енергијата од честиците кои би го бомбардирале вселенскиот брод, со сигурност би го стерилизирале секој женски фетус во мајчината утроба, така што колонизацијата на црвената планета која би се случила некој ден во иднината, би била дополнително отежната.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

    Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnСите потајно посакуваме нашиот шеф да скрши нога, па да бидеме раат барем неколку дена. Но, што ако имате среќа (или несреќа) да работите за овие луѓе? Секако, она што го работите е вашата работа од соништата, платата е и повеќе од одлична, ама… Следува листа на најлошите ТВ шефови што не дај Боже да ги имате во реалниот живот.rn
    rn

    1. Бади Акермен – Пливање со ајкули

    rnТип шеф: психосадистrnrnНема ништо како шеф, кој ужива да ве мачи во секој дел од денот и ноќта. Холивудскиот продуцент Бади Акермен, игран со ентузијазам од Кевин Спејси, го злоупотребува неговиот помошник Гај (Френк Вели) толку често, што тој конечно е принуден да бара начин да му се одмазди на Бади.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    2. Бил Ламберг – Деловен простор

    rnТип шеф: бесмислен микроменаџерrnrnЛамберг е шеф кој сака бескрајно долги белешки, документи и виси над вас, барајќи да дојдете на работа за време на викендите за да надокнадите. Гери Кол го доловува  карактерот на шефот со фрази како: „Што се случува?“ и „Ааа“?Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    3. Лорд Волдеморт – Хари Потер

    rnТип шеф: чисто зло од волшебникrnrnНавистина,  мора многу да нечиниш за да бидеш Смртојад. Со лице на змија, Лорд Волдеморт (Ралф Фајнс), не толерира грешки или несогласување во каква и да било форма. И секој што ќе ги изневери неговите очекувања е упатен  на „смрт“ во Смртојад.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    4. Г-дин Барнс – Симпсонови

    rnТип шеф: злобен барон и крадецrnrnАх, г-дин Барнс. Ексцентричниот милионер раководи со електраната во Спрингфилд, затворен во неговата палата, опкружен со своите пари, понижувајќи ги неговите работници. Единствен вработен кој му се восхитува е Смитерс, неговиот лојален помошник, советник, човек од доверба и таен обожавател.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    5. Миранда Присли – Ѓаволот носи Прада

    rnТип шеф: психолошки злоставувачrnrnПортретирана од Мерил Стрип, безмилосниот уредник на моден магазин Миранда, раководи од шефовската позиција по пат на застрашување, со што нејзините вработени се принудени да се движат како по јајца. Но, таа исто така знае да ја цени интуитивноста и способноста и ги наградува оние кои тоа го покажуваат, особено нејзиниот асистент (Ен Хатавеј).Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    6. Френклин Харт – Девет до пет

    rnТип шеф: сексистичка свињаrnrnТолкуван од Дабни Колман, г-дин Харт е еден ужасно лош шеф, кој ужива да ги понижува и сексуално да ги малтретира жените кои работат со него. Но, кога на жените (Лили Томлин, Џејн Фонда и Доли Партон) ќе им дојде преку глава, г-нот Харт си ја добива својата, и тоа како, заслужена казна.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    7. Дарт Вејдер – Војна на ѕвездите

    rnТип шеф: мајстор за заплашувањеrnrnСериозно, само погледнете го. Целиот приказ на Дарт Вејдер и начинот на кој се однесува, го плаши до смрт секој кој доаѓа во контакт со него. И фактот дека тој може и да ги убие своите подредени со помош на темната страна на силата, само додава дополнителен страв.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    8. Капетан Квиг – Бунтот Кејн

    rnТип шеф: параноичен шизофреничарrnrnКога сте капетан на морнарската фрегата за време на Втората светска војна, навистина не е време да се обвини вашата екипа за кражба на јагоди и да губат време и напор за започнување истрага. Меѓутоа, капетан Квиг не го гледа тоа така. Маестрално портретиран од Хемфри Богарт, тој е вистински лудак од командант.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    9. Мајкл Скот – Канцеларијата

    rnТип шеф: неефикасен менаџерrnrnМајкл мисли добро (во поголемиот дел од времето), но неговата нарцисоидност и кукавичлук му стојат на патот на правилното менаџирање на своите вработени. Од сите актери кои го играа овој лик, сепак името Мајкл Скот секогаш ќе биде нераскинливо поврзано со брилијантната игра на Стив Карел.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    10. Маргарет Тејт – Предлогот

    rnТип шеф: жена-змејrnrnСекој работодавец кој го присилува својот асистент да се ожени со неа само за да може да добие зелена карта не е многу добар. Иако издавачот  Маргарет (Сандра Булок) и нејзиниот подреден Ендрју (Рајан Рејнолдс) на крајот испаѓа дека се еден за друг, почетното барање ја става Маргарет недвосмислено на листата.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    11. Луис де Палма – Такси

    rnТип шеф: морално предизвикувачки мудрецrnrnГлавниот диспечер на такси компанијата „Сонце“, Луис, го  поминува најголемиот дел од своето време играјќи си суд во внатрешноста на неговата диспчерска кабина и разменувајќи пцовки со возачите. Игран од страна на големиот Дени де Вито, ништо не е под овој човек, па така, Луис нескриено ужива во своите злодела.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаrn

    12. Кетрин Паркер – Вработени девојки

    rnТип шеф: корпоративен забивач на нож во грбrnrnКетрин (Сигурни Вивер) е еден од оние корпоративни алпинисти кои не се двоумат да ги повлечат оние под нив за да го добијат она што го сакаат. Итрата работа во врска со Кетрин е што таа ја наведува  Тес (Мелани Грифит), нејзиниот асистент, да мисли  дека таа е на нејзина страна, дека се во ист тим, кога јасно се гледа дека не е баш така. Тес дознава и успева да ја победи Кетрин во сопствената игра.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаНа оваа листа задолжително мора да ги додадеме и тројцата ужасни шефови, кои во истоимениот филм ги играат Кевин Спејси, Џенифер Анистон и Колин Фарел.rnrnКога ќе погледнете од оваа перспектива, што би рекле за вашиот шеф?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.