Во октомври, Лондон се приближи чекор поблизу до титулата првиот град што би можел да биде прогласен за национален парк. Но дали навистина е возможно еден град да се трансформира во национален парк? И што всушност значи ова?rnrn
rn
„Замислете го Лондон како нешто повеќе од како политички, културен и финансиски центар. Замислете го како еколошки центар.“, изјавил Даниел Рејвен Елисон.
rnОваа иницијатива е поддржана и од градоначалникот на Лондон кој сака да го претвори градот во разновидна, зелена и инспиративна урбана еко-средина. Веќе се одвоени околу 9 милиони фунти за оваа цел. Се очекува паркот да биде отворен до 2019 година.rnrn
rnrnГлавниот град е веќе дом на 14.000 видови диви животни и околу 8 милиони дрвја.rn
„Единствената разлика помеѓу национален парк и град е тоа што националниот парк е урбана средина каде што пејзажите се исто толку важни како и дождовните шуми, поларните региони или пустините. Не треба да се отуѓиме од природата само затоа што сме доминантниот вид во оваа средина.“, изјавил Рејвен Елисон.
rn
rn
„Со ова ни се отвораат многу нови можности. Има околу 9 милиони луѓе кои живеат во Лондон и сме соочени со многу предизвици. Од загадување на воздухот до деца со попречен развој бидејќи не поминуваат доволно време во природа. Решението е во сите нас преку нашите секојдневни активности.“, додава тој.
rn
rnrnРејвен Елисон, кој е и герила географ, ја завршил својата „домашна задача“. Оваа година тој поминал 5 недели лутајќи низ урбаната средина на градот. Пешки поминал над 500 километри. Претходната година тој направил уште една експедиција. Пешачел низ Обединетото Кралство за да истражи како пејзажите влијаат на нашето расположение, здравје и среќа. Неговите откритија може навистина да ве изненадат.rn
„Со поминати 1.686 километри, од кои половина во градови и половина во национални паркови, открив дека најопуштен бев во природа, а значително повозбуден во урбана средина.“
rn
rnrnИако целта на проектот е да го направи Лондон подобро место за живеење, тој исто така ќе ја разбуди љубопитноста кај урбаните истражувачи. Ќе можете да ги посетите сите паркови, шуми, игралишта, природни резервати, реки, езера и канали. Исто така ќе најдете место за градинарство, кајакарство, пливање…rnrn
rnrnОвој проект ќе предизвика бран од креативност и ќе ги инспирира луѓето да сонуваат поголеми нешта. Вклучени се концепти од архитекти и дизајнери со цел да ги претворат улиците во дом на многу животни, па дури и автобуска линија која ќе ги поврзува најголемите паркови во градот за да им го олесни истражувањето на луѓето. Жителите, но и туристите, многу полесно ќе уживаат во зеленилото на Лондон. Со поддршката од сите, од љубителите на природата, до планерите на урбана средина, артистите и учителите, Лондон ќе направи чекор напред кон позелена иднина.


rnrnВо 1660-тите години црната чума во Лондон убила речиси четвртина од населението, и тоа за само 18 месеци. Со векови експертите сметале дека стаорците биле виновни за епидемијата, но неодамнешни истражувања покажале дека ова не е точно. Во 2016 година, научници од Археолошкиот музеј во Лондон испитале околу 3.300 скелети кои биле откриени во близина на улицата Ливерпул. Тие откриле дека ДНК од бактеријата позната како „Yersinia pestis“ била присутна во 42 од скелетите. rnrnСе очекуваат повеќе анализи и испитувања кои ќе покажат како и зошто се распространила ова бактерија. Истражувачите веќе имаат доволно познавање за да ја отфрлат теоријата дека големиот пожар во Лондон бил предизвикан со цел да се спречи епидемијата. Мнозинството луѓе кои биле заразени живееле во предградијата на Лондон кога избувнал пожарот, па тој сигурно не бил предизвикан за „чистење“ на болеста.rn
rnrnНиту една мистерија не е позната колку онаа за Џек Мевосек, серискиот убиец што ги плашел жителите на источен Лондон во доцните 1800-ти. Всушност, убиецот станал толку познат што денес има и сопствен музеј. Германскиот уметник, Волтер Сикрет, бил обвинет дека е Џек Мевосек уште во 1970-тите. Патрисија Корнвел била цврсто убедена дека тој е убиецот, па дури напишала и две книги во кои го искажува тоа. Таа тврди дека потрошила повеќе од 7 милиони долари обидувајќи се да го реши случајот.rn
rnrnНаучниците биле шокирани кога во 2003 година откриле остатоци од морж, долг 4 метри, под црквата Свети Панкрас. Коските на моржот биле во ковчег заедно со коски од луѓе и 3 черепи. Се смета дека биле закопани помеѓу 1822 и 1854 година. rnrnИстражувачите дошле до заклучок дека остатоците биле користени за учење медицина од некое од 40-те училишта за анатомија кои биле отворени во 19-тиот век. Оваа теорија ја подржуваат знаците на дисекција кои се забележани на коските. Сепак, никој не може да каже како моржот стигнал до Лондон.rn
rnrnОва е тема на разговор во делата на Шекспир, па дури и во една сезона од Игра на Тронови, но дали Ричард Трети навистина ги убил своите внуци за да си го обезбеди местото на тронот? Експертите сметаат дека не е така. Исчезнувањето на принцовите Едвард и Ричард ги мачи историчарите со векови. rnrnВо 1674 година во Лондонската кула биле откриени два скелета и многумина биле убедени дека станува збор за остатоци од принцовите. Откако се открило и телото на Ричард Трети, биле направени тестови со кои се утврдило дека помеѓу пронајдените скелети нема никаква генетска поврзаност.rnrnПродолжува на 
rnrnГолемата зграда во позадина е катедралата Свети Павле.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжува на 
rn


rnrnНо, додека, „Падот на Олимп“ на главните ликови им овозможи една едноставна, ефективна одмаздничка наратива која ја отслужи својата цел, овде се среќаваме со послабо оформена карактеризација олицетворена во современ, груб каубој и малку повеќе од дводимензионален протагонист кој се трансформира во „машина за убивање“ кога е потребна малку акција. Адвокатирањето за уривањето, насилството, невините жртви и говорот на омраза на некои моменти ќе ве натераат да се запрашате зошто и покрај сите тврдења дека е поинаку, сепак сѐ уште ни се претставуваат стереотипни, црно-бели и хуманистички ограничени поенти кои служат за промоција на идеали кои веќе одамна требаше да бидат заборавени.rnrn
rnrnДејството е предвидливо и повторливо, исполнето со премногу параноја, пропаганда и сомнителен систем на идеи и принципи, но покрај тоа, постојат и неколку драмски пресврти и перипетии, кои колку и да се очигледни и очекувани, сепак се интересни за гледање. Она што може да се забележи како позитивно за „Падот на Лондон“ е неговата споредна актерска екипа составена од Морган Фримен, Мелиса Лео и Роберт Фостер, една фантастична група оскаровци и номинирани актери на кои, за жал, им е дадена задачата буквално само да набљудуваат отстрана.rnrn
rnrnЕстетика е сурова, а моралот е ставен под знак прашалник. Но, доколку можете да ја поднесете садистичката, бруталната и изразито ксенофобна природа на Мајк Бенинг, проследена со неговиот сув хумор и претеран патриотизам, тогаш филмот во никој случај не е досаден и има потенцијал да биде една интересна попладневна средба со пријателите на која ќе можете да дискутирате на тема: Зошто мирот во светот навистина треба да биде сечија желба.rnrn






























rnrnУкрасувањето сè уште не е завршено. Керамичките булки ги поставуваат волонтери, а проектот ќе биде официјално завршен до 11-ти ноември, кога последната булка ќе биде „засадена“.rnrnПовеќе за овој проект може да прочитате на веб-страната на 










rnrnОд магичните претстави во циркусот до драматичните случувања во домовите на соседите на возбудливата улица, Шевалие раскажува со типичната посветеност на детални описи и повремено го почестува читателот со интересен историски факт совршено вклопен во текот на приказната. „Пламен сјај“ е од оние книги коишто немаат лоши и добри ликови ниту пак драматичен сплет на околности, па читателот се препушта целосно на едно делче историја со посебна магија на кое треба дефинитивно да му се посвети внимание. Книгата е одлична за опуштено летно попладне, со леснотија ве носи во едно друго, поинакво време, а со последната страница ве враќа назад, но со чувство за носталгија кое трае.rnrn
