КАФЕ ПАУЗА

Tag: лимони

  • Град на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнало

    Град на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнало

    Во близина на границата со Италија, лежи шармантен град со разнобојни згради и прекрасни плажи наречен Ментон. Ментон е еден од градовите во Франција кои имаат најмногу сончеви денови во годината. Уште во средината на 19 век, него го душкаа богати руски и англиски аристократи кои доаѓаа за одмор и терапија. Се верувало дека пријатната клима им одговара на пациентите кои страдаат од туберкулоза. Бидејќи доаѓале подолг период, богатите граделе и свои вили.rnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnДенес, градот е полн со прекрасни вили и бујни медитерански градини. На пример, Jardin Serre de la Madone зафаќа дури шест хектари и е позната по ретките и егзотични растенија од целиот свет, и за наша среќа, тој е отворен за јавноста. Можеби звучи чудно, но така е: тие што одеа таму, често и умираа таму. Така, дури и градските гробишта се одраз на луксузот во кој уживале за време на нивниот живот. На ридот над градот има гробишта со впечатлив изглед, со многу убави мавзолеи. Вреди да се погледне, ако не на гробиштата, тогаш градот кој се протега оттаму како на дланка.rnrnЛимонот е хит во Ментон, до степен што тие имаат и посебна форма на украсување јадења со лимони, а фестивалот, кој се одржува во средината на февруари, е целосно инспириран од лимонот. Тоа произлезе од потребата на жителите, а особено на оние вработени во туризам, да донесат малку живот во градот по долгиот досаден јануари. За време на фестивалот има секакви скулптури низ градот во форма на лимон. Сцените се навистина неверојатни, па ако веќе планирате да заминете, би било штета да го пропуштите овој необичен настан. Секоја година има своја тема, а досега најпопуларни беа Боливуд, Патување низ светот за 80 дена, француски региони, големи цивилизации, Дизниленд, Пинокио, Астерикс, хороскопски знаци. Исто така, беше посетен од англиската кралица Викторија во 1882 година.rnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnКралицата Викторија го рекламираше меѓу британската придружба, па самиот Винстон Черчил подоцна го овековечи во неговите слики (ако не знаевте, тој фотографираше во слободно време, а неговите фотографии денес тежат неколку стотици илјади фунти), а Шон Конери го избра да снима сцени во филм.rnrnСамо десет проценти од локалното население сè уште зборува на својот јазик. Тој се нарекува ментонаск и е посебен дијалект што се учи во училиштата. Францускиот е сепак главниот јазик, а ментонаскот се користи во руралните области и селата околу градот. Без оглед на кој јазик ќе зборуваат, француските и светските медиуми со задоволство ќе го наречат Ментон со прекарот „бисер на Франција“. Официјалниот туристички слоган на Ментон е „Мојот град е градина“ – зарем тоа не е доволно за да сакате да се телепортирате?rnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnГрад на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушналоrnrnПрочитајте колку скали има до врвот на овие популарни споменици.

  • 16 причини зошто лимоните се најкорисното овошје

    16 причини зошто лимоните се најкорисното овошје

    Многу од обичните работи кои ги имате дома можете да ги употребувате и за други нешта, како на пример за чистење, ако знаете како. Во продолжение погледнете ги 16-те необични примени на обичниот лимон. Ќе сфатите дека ова овошје е навистина корисно.rn

    1. Средство за чистење

    rn(1)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnИзлупете еден лимон, ставете го во 150 милилитри оцет и оставете ја смесата преку ноќ. Утрото додајте уште 150 милилитри вода. Ставете ја смесата во шише со распрскувач и вашето средство за чистење речиси сè е готово.rn

    2. Исчистете ја даската за сечење

    rn(2)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnЗемете половина лимон кој ќе го користите како сунѓер и сол со која ќе триете. После ова оставете ја даската околу 15 минути, па повторете ја процедурата уште еднаш.rn

    3. Избелување

    rn(3)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnЗа вашата бела облека навистина да биде бела ставете ја во мешавина од лимонов сок и сода бикарбона. Оставете ја барем половина час пред перење.rn

    4. Маникир

    rn(4)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnНаправете освежувачка купка за вашите нокти. Додајте неколку капки лимон во топла вода, и тоа е сè.rn

    5. Ослободете се од пегите

    rn(5)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnЛимонот може да ви помогне и да ги осветлите несаканите пеги или дамки. Земете парче лимон и поминете со него преку лицето.rn

    6. Подобра дигестија

    rn(6)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnПиењето чаша топла вода со лимон и мед наутро (на празен стомак) може значително да ја подобри вашата дигестија и да го зајакне имунитетот.rn

    7. Правилно наместете ја масата

    rn(7)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnКога на вашата маса ќе се најде храна која се јаде со раце, добро е да поставите и мали садови полни со вода и лимон за чистење на прстите.rn

    8. Освежување на куќните апарати

    rn(8)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mkrnrnИсчистете го фрижидерот со сунѓер натопен во лимонов сок и ослободете се од лошата миризба. Со лимон можете да направите и ваш освежувач за воздух. Додајте малку лимонов сок во машината за садови и пуштете ја кратко да работи. Или пак додајте сок од лимон во вашиот навлажнувач за воздух.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

    Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

    Иако најдобрата опција е секогаш отворањето на прозорците за да дозволите свежиот и чист воздух да влезе во домот, сепак и во тој случај можете да си направите дополнителни проблеми. Посебно во летните и жешки периоди, кога ризикувате во домот да влезат разни инсекти кои ќе ви ги расипат овошките и зеленчукот, како и комарците.rnrnЕдноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домотrnrnЗа среќа, постои еден едноставен и малку необичен трик кој може да ви помогне да се спасите од малите напасти и да ја вратите свежината во домот. Сѐ што ви е потребно се само два или три лимони и рерна. Пред да си легнете, пресечете 2-3 лимони на половина и ставете ги во угасната рерна чија врата ќе ја оставите отворена.rnrnНаутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата на рерната и вклучете ја на само неколку минути. Потоа изгаснете ја и повторно оставете ја вратата отворена. Како резултат, вашиот дом ќе мириса свежо, чисто и пријатно и нема да забележите ниту еден инсект.

  • Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Неприродно високите температури за овој период од годината, покрај главоболките и постојаната поспаност, донесоа и бројни вируси кои ги воспалуваат синусите, создаваат кашлица и доведуваат до целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете телото и да ги победите настинката и вирусот, можете да го пробате овој едноставен рецепт.rnrnПрироден лек за ослободување од настинките и вируситеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 поголем лук
    • rn011

    • 2 лажички ѓумбир во прав
    • rn011

    • 2 лажички мед
    • rn011

    • 3 шолји сок од ананас
    • rn011

    • ¼ црвен лут пипер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во блендер.
    2. rn011

    3. Додадете ги сите останати состојки и миксајте додека не добиете хомогена течност.
    4. rn011

    5. Добиениот пијалак складирајте го во стаклено шише во ладилник и секој ден пијте по 4 помали чаши додека симптомите од настинката не исчезнат.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лимонада со лубеница

    Лимонада со лубеница

    Одлично летно освежување…Лимонада со лубеницаПотребни состојки за 8-10 чаши:rn

      rn011

    • лубеница од 2 кг и 200 г., исечена на парчиња и исчистена од семки
    • rn011

    • 3 лимони
    • rn011

    • ситно рендана кора од еден лимон
    • rn011

    • 350 мл вода
    • rn011

    • 50 грама шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Направете пире од лубеницата, а потоа процедете го за да се одвои течноста од тврдите состојки. На течноста од лубеницата додадете ги лимоновиот сок, кората од лимонот, водата и шеќерот. Добро промешајте и послужете заедно со мраз и декорирајте со мали парчиња лубеница и лимон.rnrnДоколку сакате, можете на овој убав освежителен пијалак да му додадете вотка или некој друг алкохолен пијалак и од него да направите одличен летен коктел.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 хранливи додатоци за детоксикација

    6 хранливи додатоци за детоксикација

    Доколку се чувствувате виновно заради нарушувањето на вашата диета, не грижете се бидејќи брзо можете да се вратите на правиот пат. Неколку видови храна можат да ви помогнат побрзо да ги исфрлите токсините од телото и да не чувствувате напади од глад кои можат да бидат резултат на прејадување со шеќер, нездрави јаглехидрати и секаков вид брза храна.rnrnЌе бидат потребни неколку денови за телото да се привикне на старо-новиот режим, но доколку вие помогнете со внимателно одбирање на храната во текот на тие денови, набрзо грешката може да биде поправена. Ова се шест видови храна кои можат да ви бидат од голема корист.rn6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Боровинки

    rnБоровинките со полни со антиоксиданси и содржат голема количина на растителни влакна. Тие ќе ви помогнат да си го одржите дигестивниот систем во полна брзина, а на телото ќе му ги дадат потребните витамини и минерали. После нарушувањето на исхраната, можете да почнете со шејк од боровинки и јогурт со ниска масленост.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Спанаќ

    rnНаместо да правите мешана или зелена салата за детоксикација, пробајте да употребите свежи листови од спанаќ. Листовите спанаќ содржат железо и се богати со минерали и антиоксиданси. Тие се исто така добар извор на растителни влакна и ќе ви помогнат да го прочистите вашиот систем додека го обновувате вашето тело со хранливи материи.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Јаболка

    rnТие се одличен додаток во која било исхрана за детоксикација. Кората од јаболката содржи голем број минерали, природни шеќери и растителни влакна. Едно јаболко дневно во комбинација со некој извор на протеини, претставува одлична ужина во оваа фаза на чистење на организмот.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Аспарагус

    rnАспарагусот е природен диуретик и може да помогне да се намали подуеноста на стомакот после прејадувањето со нездрава храна. Додадете варен аспарагус во вашата свежа салата или јадете го како додаток во кој било оброк.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Пиперки

    rnЦрвени, зелени или жолти, воопшто не е важно, бидејќи сите пиперки се полни со антиоксиданси, минерали и многу витамини. Тие можат да бидат одличен додаток во вашето дневно мени за време на фазата на чистење на организмот. Исто така, тие имаат многу мал број калории и можат да го направат оброкот многу побогат. Можете да ги јадете свежи и печени.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Лимони

    rnНема потреба директно да отидете на некоја луда диета базирана на лимонов сок за да направите комплетна детоксикација. Тие се одличен додаток во вашата исхрана и содржат витамин Ц. Препорачливо е лимоновиот сок да го пиете помешан со топла вода кога ќе станете од спиење.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.