КАФЕ ПАУЗА

Tag: лименка

  • Зошто треба да го исчистите капакот на конзервата и лименката пред да ги отворите?

    Зошто треба да го исчистите капакот на конзервата и лименката пред да ги отворите?

    Конзервите со храна и пијалaци патуваат долго пред да ги купите во најблиската продавница. Тие се чуваат во големи магацини и се транспортираат во камиони, каде што потенцијално може да бидат контаминирани од самата нечистотија на околината во која се чуваат.rnrnЗошто треба да го исчистите капакот на конзервата и лименката пред да ги отворите?rn

    1. Конзервата можеби е уринирана од животно

    rnЖиивотинската урина може да биде извор на многу болести, од кои едната е лептоспироза. Ова е болест предизвикана од бактерии кои можат да се најдат во урината на животни како глувци и стаорци. Некои од симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и општа слабост.rn

    2. Конзервираната стока може да се контаминира од околната прашина и нечистотија

    rnПрашината содржи микроорганизми кои се одговорни за многу болести. На пример, бактеријата Бацилус цереус може да предизвика дијареја, грчеви во стомакот, па дури и повраќање.rn

    3. Инсектите како што се лебарките можат да ги користат конзервите за да ги таложат своите јајца

    rnСпоред Светската здравствена организација, овие инсекти шират болести како што се дизентерија, гастроентеритис, дијареја, тифус, гангрена и лепра. Најдобриот начин да се избегне ова е да се мијат лименките со вода и течен сапун пред да се отворат.rn

    4. Траги од животни или инсекти можат да паднат во вашата храна

    rnКапаците на конзервите може да содржат мали траги од инсекти како муви, пајаци или лебарки. Ако не го исчистите капакот, тие можат да останат незабележани и ризикувате да паднат во вашата храна. Покрај тоа, некои инсекти како што се мувите, се носители на повеќе од 60 болести, вклучувајќи тифус, колера и детска парализа.rnrnПрочитајте кои 7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мириси.

  • Како да добиеш бесплатно пиво?

    Како да добиеш бесплатно пиво?

    Одговорот е многу едноставен. Не прави ништо во наредните 3 минути. Оваа интересна реклама е наменета за промоција на холандското пиво Амстел. Станува збор за инсталација која ти дава бесплатно пиво доколку стоиш мирно и опуштено 180 секунди, без да направиш ништо. Како да добиеш бесплатно пиво?Ваквите реклами во последно време зачестија, но овој пат наместо да танцувате, пеете или да одговарате на прашања, треба да си го избистрите умот од секојдневните грижи и да се напиете пивце. На здравје! rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул изненадување во лименка Кока-кола

    Кул изненадување во лименка Кока-кола

    Фабриката на радоста продолжува со силниот и ефикасен маркетинг. Овој пат се посвети на лименките Кока-кола. Направила одличен редизајн, преку кој најдобро го оправдува сопственото мото „споделете радост“…(1) Кул изненадување во лименка Кока-колаНема да ви ги откриеме деталите, за да не ви го расипеме изненадувањето. Погледнете за што се работи. :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Лименки пиво му го спасиле животот

    Лименки пиво му го спасиле животот

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnАвтомобилот и пивото, понекогаш и не се толку лоша комбинација. Ако се подготвувате за некое зимско патување, слободно со себе понесете и по некоја лименка светло пивце. Еве и зошто…Лименки пиво му го спасиле живототЖител на Алјаска, со моќта на пивото успеал да преживее три дена заглавен во снежен нанос. На многу километри далеку од дома, 52-годишниот Клифтон Фил се превртел со својот автомобил и останал заробен во снегот. Со себе имал само вреќа за спиење и неколку лименки пиво.rnrnНа минус 28 степени Целзиусови, бил облечен во чевли за тенис, фармерки и тенка јакна. Од време на време, го палел моторот од неговиот џип за да го активира греењето и да се топли. Но, сфатил дека без храна, нема да може долго да издржи. Тогаш на Клифтон му „светнало“ дека во автомобилот има пиво и дека со него, може привремено да ја намали потребата за храна. Почнал со нож да ги расекува лименките и да ја јаде замрзнатата течност.rnrnСемејството на Клифтон било надвор од градот, па немало кој да го забележи неговото отсуство. Дури на почетокот на работната недела, завршиле неговите маки. Кога неговиот шеф видел дека Клифтон не се појавил на работа, веднаш го вклучил алармот. Во потрага се впуштиле сите, полицијата, пожарникари, волонтери. Конечно бил извлечен, после 60 часа поминати под снежниот нанос.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“

    Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“

    Новиот дизајн на шишето на „Heineken“ е комбинација инспирирана од ледената алуминиумска лименка и класичното шише.rnНовиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новосоздаденото совршенство наречено „Heineken Aluminum“ на својата амбалажа има испечатена графика со невидлив тонер, која може да биде видена само под УВ светлина. Овој дизајн своето деби го имаше пред некој месец во Милано, а пивото ќе се продава во ограничена количина.rnНовиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Ако не сте по пивото, можеби сте за вотка „Smirnoff“ во овошна амбалажа?