Можеби си мислите дека ова се само обични детално изработени керамички бисти, но за да ја погледнете нивната вистинска убавина, треба буквално да ги оддиплите. 🙂Инспириран од традиционалните кинески хартиени декорации, пекиншкиот артист Ли Хонгбо, ги креирал овие суперфлексибилни скулптури, од илјадници слоеви тенка залепена хартија. Хонгбо ги создава овие неверојатни скулптури кои потсетуваат на саќе, стратешки лепејќи ги слоевите хартија еден со друг. Потоа, тој ја длаби посакуваната форма од залепените топови хартија и го создава надреалниот ефект на скулптурите, нежно потегнувајќи од врвот или дното на скулптурата.Задолжително погледнете ги и видеата, за да ги видите скулптурите во акција.rn
Шведскиот артист Ијан Бери, познат под уметничкото име Дениму, работи исклучиво со парчиња тексас во разни нијанси на сино и на нив „слика“ пејзажи и луѓе. „Сликите“ на овој артист претставуваат извонредна мешавина од бои, нијанси и облици. За разлика од традиционалните сликари кои можат да ги измешаат боите сè додека не ја добијат нијансата која им е потребна, Дениму се соочува со многу потешка задача, отсекувајќи ја внимателно секоја нијанса, така за да одговара на предметот кој се илустрира.rnrnrnrnПрвпат почнал да се занимава со арт на џинс кога по студирањето се вратил во своето гратче од детството Хадерсфилд, Англија во 2006 година. Таму начекал куп стари фармерки, кои веројатно ќе завршеле во добротворни цели. Но, артистот Дениму видел можност за реупотреба на оваа ткаенина на уникатен начин. Почнал да експериментира со текстилот додека истовремено учел како да манипулира со боите, користејќи белило, матрици за цртање и лепак. За една слика му требаат неколку недели, а за тоа време тој макотрпно сече, шие и лепи парчиња создавајќи импресивни ремек-дела. rnrnrnrnБери почнал да работи на своите „слики“ од тексас со полно работно време откако бил отпуштен од работа како уметнички директор. Тој досега има изработено 80 „слики“, но очекува дека во иднина темпото ќе се намалува со оглед на тоа дека ќе посветува повеќе внимание на секое индивидуално дело. Понекогаш му треба половина ден само за да го најде вистинското парче тексас.rnrnrn
„Веројатно ќе правам сè помалку и помалку секоја година, бидејќи сакам да правам поголеми слики со повеќе детали. Навистина би сакал да ги правам побрзо, но поважно ми е да работам подобро отколку побрзо. Имам сè повеќе нарачки, но во моментов сум повеќе концентриран на изложби во галерии. Мислам дека луѓето ќе почекаат ако навистина ги сакаат моите слики. Не сакам да заработам набрзина. И онака би прифатил само интересни нарачки.“
rnrnrn28-годишниот артист неодамна се врати од изложба во Мајами, Флорида, каде што неговите дела достигнаа цена до 4.500 фунти за парче.rnrnrnrn
Ние девојките навистина обожаваме накит! И да бидеме реални, никогаш не ни е доста зашто секогаш ќе има некоја нова маичка на која не одговараат ниту еден пар обетки од оние што ги имаме дома, онака совршено како што одговараат оние што ги здогледавме во продавница. Па обетките треба да се искомбинираат со ѓердан или можеби штосен прстен и така едноставно настанува преполна кутија со накит во која не можеме да пронајдеме ама баш ништо. Сепак, постои навистина лесен начин за организирање на бројните парчиња накит којшто истовремено ќе ви ја разубави собата. Погледнете ги инструкциите подолу за да ја изработите вашата нова рамка за накит.rnrnrn
Потребно:
rn
rn011
Стара рамка
rn011
Подлога (може да оди заедно со рамката, ако не искористете парче иверица)
rn011
Малечки куки
rn011
Метална жица
rn011
Лепак
rn011
Боја
rn011
Клинци
rn
rnrnrnШто се однесува до големината на рамката и должината на подлогата, најдобро е да се ориентирате според накитот што планирате да го чувате на вашата нова рамка за накит. Сигурно ќе ви треба подолго парче иверица доколку на неа закачувате долги ѓердани или обетки.rnrnrnrnЗа ѓерданите и за обетките можете да употребите различни куки, отворени и пошироки за ѓерданите, а затворени и потесни за обетките, слично како на сликата погоре. Обојте ги елементите како што сакате и останува уште да ја прицврстите подлогата за рамката со неколку клинци.rnrnrnrnДоколку ви остане простор, можете да го искористите за да залепите малечка кутија на самата рамка во која ќе ги чувате прстените. Едноставно и практично!
Со помош на книги, интернет, „History Channel“ и алгебра од 8-мо одделение, Стен Манро научил да создава интересни и уникатни градби. Тој рекреира некои од најпознатите знаменитости во светот користејќи само лепак и чепкалки за заби. Во зависност од големината и сложеноста на градбата, потребни му се од 1 ден до 6 месеци за да состави модели на некои од најимпресивните структури на Земјата, со размер од 1:164.
rnrnrnЗградата Крајслер, Кулите Близначки, Тајпеј 101, Зградата Вулворт и Кулата Мет ЛајфrnrnСтен започнал со ова необично хоби уште во 5-то одделение кога неговата наставничка донела на училиште проект изработен со чепкалки за заби. До пред 10 години тој бил познат како писател, ТВ репортер и раководител во болница. Но, поради здравствените проблеми на неговата жена Сузи, бил приморан да се откаже од работата за да може да се грижи за неа дома. Така, неговото необично хоби преминало во одличен начин за заработка.rnrnГрадот од чепкалкиrn
Дел од неговата колекција е и неверојатниот град од чепкалки т.н. „Toothpick City“, за кој на Стен му биле потребни 6 милиони чепкалки и 172 литри лепак. Моментално работи на неговата најкомплексна структура, реплика на „Ангкор Ват“ (храм во Ангкор, Камбоџа). Сите негови готови модели моментално се изложени во Музејот за наука и технологија во Сиракус, Њујорк.
rnrnrnАнгкор Ватrnrn Сиднејската опера, АвстралијаrnrnБродот „Кати Сарк“ во Гринвич, ЛондонrnrnКатедралата Св. Патрик во ЊујоркrnrnКулата Аспајр во Доха, Катарrnrn„Spinnaker Tower“ во ПортсмутrnrnМесџид ел Харам, МекаrnrnТауeр бриџ во ЛондонrnrnБруклинскиот мост и Биг Бенrnrn
Вистинска мистерија е како мастиките воопшто завршуваат заплеткани во косата на децата, па и на возрасните. Кубење, врискање, задолжително потшишување, се некои од последиците од овој немил настан. Постои едноставен начин да го решите случајот.rnrnrnrnСè што треба да направите е да земете малку омекнат путер и да го нанесете на прамените зафатени со гумата за џвакање. Таа сама ќе се излизга, без никаков напор и влечење.rnrnНе ви препорачуваме да си залепите мастика во коса за да ја испробате ефикасноста на овој трик, но ако некогаш во иднина, вам или на некој друг му се случи вакво нешто, имајте го путерот на ум.rnrnИнаку, путерот може да ви се најде и за неколку други работи во секојдневниот живот. Еве ги тие негови примени:rnrnrnrnОтстранување лепак од прстите на рацете – ова секогаш се случува кога лепите нешто. Пред да се обидете со сапунот и водата, протријте путер низ рацете, а потоа измијте ги на планираниот начин.rnrnСечење лепливи работи – ако треба да сечете тврдо суво овошје или пак некој друг леплив продукт, најпрво поминете со ножот низ путерот. Сечењето ќе биде беспрекорно, благодарение на намалувањето на лепливоста.rnrnОтстранување смола од автомобилот – ги ловите сенките за да не се сварите следниот пат кога ќе влезете во автомобилот. Ама споредните ефекти од ваквото задоволство може да бидат во вид на смола налепена по каросеријата. Земете малку путер и ставете го на меко парче крпа. Тријте ја смолата сè додека не исчезне, заедно со путерот. Смолата ќе ја нема, а не треба да се грижите ни за гребаници.rnrn rnrn
Ги ставате во книгите за да ги означите местата на кои треба да им се навратите подоцна, го украсувате мониторот за да не ги заборавате важните задачи што треба да ги завршите и ги лепите на фрижидерот за да можете секогаш спремни да појдете во продавница за да купувате продукти за дома.rnrnОбични или креативни, тие си ја вршат функцијата – не потсетуваат на секојдневните работи со кои не мора да се оптеретуваме да ги запомниме. Еве 12 креативни бележници кои би можеле да ви го направат секојдневието малку поинтересно.
Замислете го задоволството кога ќе добиете нешто што е рачно создадено. Веднаш знаете дека е направено со многу љубов и внимание, токму за вас. Тоа е вистинско уживање и за вас и за оној што го направил тоа за вас.rnrnПразниците што доаѓаат се одлична прилика да направите нешто рачно за вашите најблиски. Ако имате слободно време, желба и мотив, почнете уште од оваа Нова година. Испробајте се со нешто лесно и едноставно што знаете дека ќе ги израдува оние за кои ќе биде наменето.rnrnНовогодишните честитки ги радуваат сите. Уште повеќе, ако се рачно направени. Со неколку базични техники и материјалчиња со убави бои и дезени, за кратко време ќе станете експрет за рачно изработени честитки. Идеите се насекаде околу вас, а потребните материјали може да ги набавите по достапни цени на разни места.rn
rnЗа да направите новогодишна честитка од овој тип, потребни ви се:rn
rn011
хамер во беж боја
rn011
лист во зелена боја
rn011
лист во црвена боја
rn011
лист во кафена боја
rn011
лепак
rn011
ножички
rn
rnОд хамерот исечете парчиња со ширина 14 см и висина 20 см. Парчињата хамер преклопете ги кон средината, како честитка, за да може да се отвора. На листот со зелена боја, со молив нацртајте неколку ливчиња, а на листот со црвена боја нацртајте крукчиња. Од кафениот лист исечете долги ленти, како гранки. Земете го исечениот хамер и на него поставете една гранка, неколку ливчиња и црвени топчиња, колку да видите како ќе изгледа кога ќе почнете да лепите. Откако делчињата ќе ви изгледаат убаво поставени, прво залепете ја гранката. На неа, внимателно поставете ги ливчињата и залепете ги преку едно црвено топче кое ќе го залепите над ливчињата.