КАФЕ ПАУЗА

Tag: легенди

  • Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

    Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

    Шкотска е навистина магична земја, иако нејзините природни убавини не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете подобро оваа земја, покрај Единбург и Глазгов, би требало да ги посетите и овие дестинации.rn

    Базенот на самовилите на островот Скај

    rnСкај е романтичен остров кој изобилува со преубави пејзажи. Базенот, всушност, се состои од водопади со кристално чиста вода кои се сметаат како место за духовно исцелување. Постојат легенди дека тука се капеле самовили.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Капелата Рослин

    rnБројни теории на заговор се врзани за оваа капела која датира од 15 век и се наоѓа во близина на Единбург. Местото зрачи со мистична енергија што го прави посебно привлечно за филмските режисери. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, темплари и раните христијани и е предмет на историски контроверзии.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Финич Глен

    rnСтанува збор за клисура каде се наоѓа карпа со морничаво име – „Ѓаволска проповедница“. Местото изобилува со легенди за пагански ритуали и приказни за келтските друиди. Освен тоа, овде била снимана и серијата Outlander во 2014-та година.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Гленко

    rnПланината Гленко е место со морничаво минато – тука се одвивала егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал во 1691 година. Легендите велат дека нивните духови сè уште кружат, а нивните фантомски гајди се слушаат одвреме-навреме.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Престолот на кралот Артур

    rnИзгаснатиот вулкан кој се наоѓа во близина на Единбург според некои легенди се смета за местото каде се наоѓал Камелот, кралството на кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата била змеј кој толку многу се прејал што заспал и се претворил во камен.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrnrnОткако прочитавте кои места морате да ги посетите доколку патот ве одведе накај Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате  и за градините на космичка шпекулација во Шкотска.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.rnrnДали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски градrnrn1. Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.rnrn2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.rnrn3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.rnrn4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.rnrn5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.rnrn6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.rnrn7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.rnrn8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • 13 суеверија поврзани со броевите

    13 суеверија поврзани со броевите

    Без разлика дали се инспирирани од библиски приказни, или пак древни легенди, овие „среќни“ или „несреќни“ броеви имаат вистинско значење за многу луѓе. Без знаење за нивното потекло, луѓето многу често ги менуваат плановите за патување, одложуваат купување на нешто или ја трошат заштедата на лотарија поради овие суеверија.rnrn(1)13-sueverija-povrzani-so-broevite-kafepauza.mkrnrnДали некогаш сте се запрашале како овие броеви ја добиле својата репутација? Продолжете со читање за да научите нешто повеќе за некои од најпознатите суеверија поврзани со броевите.rn

    1. Бројот 13

    rnОва суеверие е толку познато, што дури си има и свое име, кое е многу тешко за изговарање: Трискаидекафобија. Луѓето се толку исплашени од овој број што економијата во САД понекогаш губи околу милијарди долари на секој петок 13-ти. Исто така, многу згради немаат 13-ти кат, архитектите „скокаат“ од 12-ти на 14-ти кат одобрувајќи го суеверието на многу луѓе. Па, како овој број ја добил својата морничава репутација? Почетоците можеби се во еден нордиски мит.rnrnКога на една забава, која била одржана од 12 богови, се појавил 13-ти гостин, еден од боговите умрел. Неговата смрт била проследена со ужасно уништување. Суеверието исто така може да биде поврзано и со Јуда, 13-тиот апостол на последната вечера. А секој од нас знае како завршила таа вечера.rn

    2. Парни и непарни броеви

    rnКога станува збор за броевите, некои суеверни луѓе веруваат дека парните броеви се несреќни, додека непарните носат малку среќа. Поради ова, непарните броеви се чест избор на луѓето кои се обложуваат. Иако не е баш јасно од каде доаѓа ова верување, можно е причината за несреќата која ја носат парните броеви да биде тоа што тие се деливи, а тоа ја намалува нивната моќ. Непарните броеви не можат да се поделат на овој начин, па тие се посилни и помоќни од парните. Ова верување се применува и на парите: Некои луѓе веруваат дека е добро да скинат еден крај од банкнотата за да има непарен број рабови.rn

    3. Среќна 12-ка

    rnКако што 13 е еден од најнесреќните броеви, 12 се смета за најсреќен број, иако е парен. Потеклото на ова суеверие не е многу познато, но некои извори укажуваат дека неговата репутација произлегува од тоа што бројот 12 многу лесно се дели. Иако е мал број, тој може да се подели на половина, четвртина или третина. Некои веруваат дека 12 е среќен поради тоа што е многу близок до лошиот 13.rn

    4. Трета среќа

    rnБројот 3 се смета за среќен поради неколку причини. Прво, овде спаѓа фактот дека маж и жена, кои се двајца, може да станат тројца доколку имаат дете. Овој број исто така е поврзуван со светото тројство, кое се спомнува во голем број религии. Во Христијанството се среќаваат Отецот, Синот и Светиот дух. Хиндуизмот исто така има свое свето тројство. Исламот има три главни свети места, а некои пагански традиции го слават тројството на земјата, морето и воздухот кои ја сочинуваат Земјата. Оваа магија поврзана со бројот 3 предизвикала изреки како што е „Трета шанса“ или „Трета среќа“, каде што и двете сугерираат дека два неуспеси ги следи успех.rn

    5. Или пак не?

    rnСе разбира, бројот 3 и не е толку совршен. Некои луѓе го поврзуваат овој број со негативни настани, како што е суеверието дека лошите работи се случуваат во тројка. На пример, многу луѓе веруваат дека работите се расипуваат во група од 3. Па, ако скршите нешто дома, добро е да скршите уште 2 работи за да го избегнете суеверието. Ова верување е толку проширено што некои сметаат дека славните секогаш умираат по тројца, или пак ако запалите 3 цигари со една запалка некој сигурно ќе умре. Едно објаснување за овој феномен е дека луѓето го создале ова правило на тројка како начин да стават крај на некои лоши искуства.rn

    6. Бројот 9

    rnБројот 9 се смета за среќен бидејќи е магичниот 3 помножен со 3. И поради тоа што најчесто е поврзуван со среќа, Јапонците не го сакаат овој број. Причината е тоа што нивниот збор за 9 звучи многу слично како нивниот збор за мачење или страдање.rn

    7. Суеверија за броење

    rnЗаборавете ги одделните броеви, самиот чин на броење предизвикува серија од негативни и позитивни суеверија. Некои луѓе сметаат дека ако ги изброите брадавиците на вашето тело и ако му го кажете бројот на некој странец, тие ќе исчезнат. Се разбира, никогаш не треба да броите пари, ниту пак да ги броите вашите деца или работите што ги поседувате, бидејќи ова може да направи да исчезнат. Истото важи за животните што ги чувате и за победите во коцкање. Некои суеверија тврдат дека мерењето на децата кога се раѓаат исто така носи лоша среќа, како и броењето на камењата на древни споменици.rn

    8. Возраста за среќа

    rnНекои броеви се поврзуваат со суеверија само кога се гледаат како возраст. На пример, бројот 21 е „магичен“ бидејќи е производ од среќните броеви 3 и 7. Исто така, овој број се гледа како почеток на нова животна фаза – време кога младите ја добиваат целата среќа што им е потребна. По истата логика, бројот 63 се смета за несреќен. Ако ја преживеете 63-тата година од животот, очекувајте долг и среќен живот. Несреќните години се толку присутни во јапонската култура, што тие имаат и сопствено име: Јакудоши. За жените несреќни години се 19, 33 и 37, додека за мажите се 25, 42 и 60.rn

    9. Пазете се од 17

    rnВо Италија бројот 17 е несреќен колку и 13, и тоа со добра причина. Италијанците го пишуваат 17 како XVII, а ова може да се пререди како VIXI, кое грубо преведено значи „Сега сум мртов“ или „Мојот живот заврши“. Непријатна мисла, нели? Поради оваа негативна конотација, Италијанците го прескокнуваат бројот 17. Во Италија всушност, бројот 13 се смета за среќен.rn

    10. Среќниот број 4

    rnДодека многу парни броеви се несреќни, ова не важи за 4. Причината е тоа што многу работи во природата се случуваат во група од 4, како на пример годишните времиња и елементите од кои е создадена Земјата. Оваа среќа важи само во западните култури. Во Кина, Виетнам, Кореја и Јапонија, бројот 4 се смета за несреќен, особено поради тоа што е многу сличен со зборот смрт кај овие јазици. Низ поголемиот дел од Азија, многу луѓе одбиваат да го користат бројот 4 во цени, броеви на куќите, телефонски броеви или катови на згради.rn

    11. Среќниот број 7!

    rnСреќниот број 7. Дел од легенди за коцкари и фанови на лотарија, универзалниот симбол на машините за коцкање и на големиот џекпот во Лас Вегас. Од каде оваа моќ? Можеби е поради фактот што 7 се истакнува помеѓу едноцифрените броеви и не е делив со ништо, дури ни со 5. Ова суеверие може да биде поврзано и со улогата на бројот низ историјата, културата и легендите. На Бог му биле потребни 7 дена за да го создаде светот, древниот свет имал 7 планети, постојат 7 светски чуда и 7 дена во неделата. Сакате малку вистинска среќа? Побарајте го седмиот син на седмиот син, тој би требало да има магични моќи кои вклучуваат исцелување и бескрајна среќа.rn

    12. Внимавајте на ѓаволот

    rnКако и бројот 13, и бројот 666 има негов научен поим (уште потежок за читање): Хексакосиоихексеконтахексафобија. Благодарение на Откровението, овој број се смета за број на ѕверот, или број на ѓаволот. Многу луѓе не се сигурни ако го видат овој број на нивниот лет, на некоја хотелска соба или пак на некоја улица. И покрај репутацијата на западот, Кинезите сметаат дека 666 е навистина среќен број. На Кинески, бројот 666 звучи многу слично како зборот за мазно и лесно.rn

    13. Среќниот број 8

    rnСуеверијата кои го опкружуваат бројот 8 се поврзани со воскреснувањето и обновувањето. Во Христијанството, Бог го создал светот за 6 дена, се одморал на 7-от, оставајќи го 8-от ден отворен за обновување и за подобар свет. Кинезите го слават овој број бидејќи е многу сличен со нивниот збор за богатство. Тие дури плаќаат повеќе за регистрацијата на автомобилот за да го имаат овој број на неа. Некои Кинези дури ги менуваат адресите и телефонските броеви за да го вклучат бројот 8 во нив.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за нумерологијата и што таа кажува за вас.

  • Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

    Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

    Во сите земји од светот постојат легенди за духови, но сите тие се разликуваат едни од други. Некои се невидливи, некои се страшни и сурови. Приказните за духови се создаваат со цел да се даде одговор на вечните прашања: Дали постои живот после смртта? Дали душата го напушта телото? Дали живите можат да комуницираат со мртвите? Секоја култура има свој одговор на овие прашања. Во продолжение прочитајте какви духови „постојат“ во различни земји ширум светот…rn

    Гјенгангер (The gjenganger)

    rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnГјенгангер е дух од скандинавскиот фолклор кој изгледа исто како нормалниот жив човек. Ужасниот гјенгангер ги убива луѓето со тоа што ги штипе. По штипнувањето жртвите стануваат сини и телото полека почнува да им скапува, а срцето да им се распаѓа. Не звучи баш интересно, се согласувате?rn

    Тојол (The toyol)

    rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnВо Малезија и Индонезија постои легенда за мртов фетус кој бил оживеан со помош на црна магија. Тојолите личат на мали зелени гоблини со црвени очи кои работат за нивните господари и извршуваат ситни кражби и други слични криминални чинови. За да ја задржат нивната лојалност, господарите им даваат на тојолите млеко, мали подароци, а понекогаш и нивната сопствена крв. Тојолите исто така сакаат да цицаат крв од прстите на стапалата на луѓето додека спијат.rn

    Попобава (The popobawa)

    rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnПопобава доаѓа од островот Пемба во Танзанија. Овој зол дух напаѓа навечер и сексуално ги злоупотребува жртвите, особено мажите. Многу мажи од страв не спиеле по цели ноќи или се мачкале со свинска маст бидејќи мислеле дека на тој начин ќе се заштитат од духот.rn

    Красуе (The krasue)

    rnКако изгледаат духовите во различни земји ширум светот?rnrnКрасуе е женски дух присутен во фолклорот на многу земји од југоисточна Азија како што се Тајланд, Камбоџа, Лаос, Индонезија и Малезија. Според тајландската легенда красуе била принцеза која изгорела до смрт. Како дух, се појавува само нејзината глава што лебди над распаднатите органи и напаѓа навечер со тоа што ја цица крвта и органите од животните и луѓето. Честопати напаѓа бремени жени. Красуе е главна инспирација за голем дел од азиските хорор филмови.rnrnПродолжете на следната страница за останатите застрашувачки легенди…rnrn

  • Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

    Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

    Познато е дека некои од светските метрополи, покрај нивните географски имиња, имаат и прекари зад кои се кријат интересни приказни и легенди. Некои од нив претставуваат буквален превод, а некои пак ги симболизираат карактеристиките на граѓаните. Во продолжение прочитајте за потеклото на овие специфични прекари на светските метрополи и дознајте зошто токму Париз е познат како „Градот на љубовта“, а Њујорк како „Големото јаболко“.rn

    1. Лондон – Стариот чад

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnЛондон отсекогаш бил зачадено место, но големиот смог од 1952-та година во целост го оправдува ова име. Во текот на 5 последователни денови, воздухот бил загаден во толкава мера што убил повеќе од 4.000 луѓе. Лондон често се нарекува и „Дождовниот град“, а локалното население најдобро знае дека од домот никогаш не се излегува без чадор.rn

    2. Амстердам – Венеција од северот

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnГлавниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на ова, Амстердам често се споредува со најславниот град со канали – Венеција. Иако тоа им е единствената заедничка работа на двата града, очигледно била доволна за Амстердам да го добие овој прекар.rn

    3. Париз – Градот на љубовта

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnПариз бил првиот европски град кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и „Градот на светлината“. Се разбира, целиот град и самата атмосфера се идеални за да го поминете времето со партнерот, а за францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта.rn

    4. Ерусалим – Светиот град

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnОвде веројатно не е потребно некое посебно објаснување. Ерусалим има големо значење за светоста и за сите 3 големи монотеистички религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места на светот за овие 3 религии можат да се најдат токму во овој град.rn

    5. Њујорк – Големото јаболко

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnИако се смета дека овој прекар е стар, неодамнешните истражувања покажуваат дека за „Големото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој го спомнува ова име во своите книги. Тој пишувал дека граѓаните на другите градови ги сметаат Њујорчаните за алчни и арогантни луѓе, нарекувајќи ги, меѓу другото, и скапани јаболка. Но, и покрај овие факти, Њујорк денес е еден од најпопуларните туристички градови ширум светот.rn

    6. Филаделфија – Градот на братската љубов

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnОсновачот на градот, Вилијам Пен, сакал да создаде место каде што сите ќе можат да живеат во љубов и слога. Затоа, тој споил два збора од старогрчкиот јазик: „philos“ што значи љубов и „adelphos“ што значи брат. Така, Филаделфија станала и останала градот на братската љубов.rn

    7. Сингапур – Лавовскиот град

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnЗборот „Сингапур“ на англиски буквално се преведува како „Лавовски град“. Според легендите, основачот на градот, сер Стамфрод Рафлс, го избрал името откако одгледал еден „мерлион“ што претставува комбинација на лав и сирена, иако во градот никогаш немало ниту лавови, ниту сирени.rn

    8. Мумбај – Градот на соништата

    rnЗошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополиrnrnМумбај го заслужил ова име бидејќи е најбогатиот град во Индија, па во него пристигнуваат многу луѓе кои бараат подобра работа и подобри услови за живеење. Некои се обидуваат да успеат на секакви можни начини, а тука е сместен и Боливуд или индискиот Холивуд.

  • Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

    Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

    Милиони различни приказни почнаа да се шират ширум интернетот, да се менуваат и делат, па како што поминува времето така сè поголем број луѓе ги откриваат. Со векови урбаните легенди се шират во различни култури, најчесто од уста на уста. Поради тоа, легендите се менуваат и искривуваат со текот на годините. Но, благодарение на интернетот се повеќе морничави приказни шират страв и трепет, допирајќи дури и до најскриените агли на планетата. Погледнете ги 5-те најстрашни и најморничави приказни кои можат да се најдат во овој момент на интернет…rn

    1. Чувари

    rn(1) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепетrnrnСтанува збор за серија приказни кои се поврзани со претпоставката дека постојат 253 скриени нешта, кои откако ќе се соберат на едно место, светот ќе се уништи. Приказните се напишани како упатства за наоѓање на овие нешта, како и нивните „чувари“, кои стануваат сè поморничави како што ќе ги читате понатаму.rn

    2. Слендерман

    rn(2) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепетrnrnСлендерман е безлична издолжена фигура која најчесто е прикажана преку слики и приказни за личност која киднапира деца. Чудниот вонземјански странец лута по игралиштата и школите каде што има многу деца. Тој се појавува во позадината на фотографиите, најчесто незабележан од страна на родителите.rn

    3. Деца со црни очи

    rn(3) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепетrnrnОвие ѓаволски деца имаат црни очи исто како нивната душа. Тие секогаш се движат во пар и ги замолуваат луѓето да ги пуштат во своите домови или автомобили. Кога тоа ќе се случи и тие влезат внатре, започнува да се случува огромен хорор и терор.rn

    4. Чудовиште со очи кои светат

    rn(4) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепетrnrnЛуѓето наводно многу често наидувале на ова суштество кое многу наликува на Голум и има големи, светли и упадливи очи. Оние кои го виделе тврдат дека има долги и тенки канџи, и градба како скелет. Наводно, почнало да биде забележувано во 2003 година во североисточниот дел на Америка.rn

    5. Убиецот Џеф

    rn(5) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепетrnrnЏеф често се опишува како блед полу човек со црни очи. Тој ползи на сите четири и држи месарски нож. Ако видите суптилен блесок светлина надвор од вашиот прозорец, тоа најверојатно е Џеф, кој чека да ве нападне.rnrnАко ве интересира нешто повеќе за овие легенди и почнете да истражувате на интернет, очекувајте да налетате на многу различни верзиии, секоја позастрашувачка од претходната…

  • ТВ серија: Легенди (Legends)

    ТВ серија: Легенди (Legends)

    ТВ серија за мистериозниот живот на тајниот агент Мартин Один

    rn1-tv-serija-legendi-legends-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Шон Бин, Али Лартер, Тина МејџориноrnrnЖанр: акција, криминалистика, драмаrnrnКреатор: Хауард ГордонrnrnrnПремиера: 13 август 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКолку време е потребно да се живее во лага за да се заборави вистината? Колку може еден човек да се изгуби во својот псевдоним и да престане да прави разлика помеѓу реалноста и фикцијата? Што се случува со умот на тајните агенти чии животи зависат од степенот на соживување со својата улога? Велат дека најдобро е доколку вашата измислена приказна е доволно слична со вашата реална приказна, но зарем на тој начин не се губат границите?rnrnТВ серија: Легенди (Legends)rnrnВо тајните служби во Америка постои изразот „легенда“. Овој израз се употребува за измислениот идентитет кој агентите имаат за задача да го преземат со цел да дознаат повеќе информации за личноста или организацијата која е предмет на истражување од страна на ФБИ. Во овој психолошки трилер ги следиме токму овие легенди на агентот Мартин Один (Шон Бин). Уште во првите неколку минути веднаш ќе забележите дека тој има исклучителен талент за својата работа. За само неколку секунди тој има способност да се трансформира во личноста која е потребно да биде и почнува да го живее животот на својата легенда исто како да е негов. Не секој би можел да ги издржи оние ситуации кои му излетуваат на неговиот пат, но тој стиска заби, импровизира доколку е потребно и секогаш успева да ја продаде својата улога.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrnЖивотот на Мартин ќе се раздрма кога еден скитник ќе му пристапи и ќе го праша колку е сигурен дека го живее неговиот живот, а не животот на една од неговите легенди. Ова прашање силно ќе го погоди агентот кој веќе некое време има потешкотии при излегувањето од својата легенда и влегувањето во својот реален живот. Тој како да почнува да ги меша своите идентитети до тој степен што веќе заборавил и како ја запросил својата бивша жена, во која изгледа дека сè уште е заљубен. Мартин е личност која се грижи за оние кои ги сака, вклучувајќи го и синот, но работата му е секогаш на прво место. Тој е одличен во тоа што го прави, но за да го одржува овој квалитет не смее да дозволи неговиот приватен живот да му се меша во професионалниот и токму ова е една од најтешките нешта со кои тој секојдневно се соочува.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrnИ покрај тоа што оваа ТВ серија не е лесна за гледање, таа успева целосно да ви го преземе вниманието и да ве натера да се почувствувате како да сте дел од неа. Со секоја наредна сцена вие навлегувате подлабоко во мистеријата за животот на тајниот агент Мартин Один, но и почнувате да сочувствувате со него за сите оние тешки одлуки кои на прв поглед изгледа дека тој со леснотија ги донесува. Дури во одредени моменти и ќе се запрашувате дали вие би можеле да постапите на тој начин или пак, би дозволиле вашата маска да биде откриена. Она што ја прави оваа ТВ серија уште посовршена е и неверојатната глума на Шон Бин. Доволно е само да го погледнете неговиот израз и без да изусти ниту еден збор веднаш ќе сфатите што се врти во мислите на неговиот лик. На кратко, доколку имате малку слободно време и доколку сте фан на овој жанр, „Легенди“ со сигурност нема да ве разочара.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон

    Хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон

    Од приказните со духови кои следуваат, дефинитивно ќе ве полазат морници по грбот. Оваа колекција надреални фотографии, ќе ве натера да го преиспитате сето она што сте го знаеле за духовниот свет и да размислите дали овие два света се навистина толку многу оддалечени, како што луѓето отсекогаш верувале.rnrnПаранормалните истражувачи потрошиле децении макотрпно истражувајќи ја секоја фотографија, откривајќи некои работи и неуспевајќи да дознаат други. Тие сметаат дека повеќето од ваквите фотографии со „духови“ можат логично да се објаснат како трик на светлината, сенките и апаратот, кој направил да гледаме нешто што не постои. Во што ќе верувате, одлучете сами откако ќе ги прочитате овие морничави приказни.rnrnОваа фотографија е направена во 1959 г. во австралискиот град Алис Спрингс, во Северната територија, на карпата Коробори. На неа гледаме нешто што наликува на жена која ги држи рацете кон нејзиното лице и гледа во далечина.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnЖителите на Квезон Сити на Филипините се држат настрана од улицата „Balete Drive“ во вечерните часови. Тие велат дека жена облечена во бело, со долга црна коса и со лице прекриено во крв, стои на сред улица. Возачите секогаш ги пополнуваат сите места во автомобилот со патници, бидејќи се плашат дека доколку едно место остане празно, истото може да го преземе непоканетиот гостин. На фотографиите се гледа само како јако бело светло на патот, а силуетата на жената ѝ е многу малку видлива.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОваа жена била во посета на музејот „Fleet Air Arm“ во селото Јелвертон, Самерсет, Англија, во 1987 година. Додека позирала за оваа фотографија, таа рекла дека неа ѝ било невообичаено студено, и покрај тоа што денот бил многу топол. Таа исто така тврди дека била сама во авионот. Ако тоа е точно, тогаш кој е тој што седи од нејзината десна страна?rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnКлои работела како робинка на плантажата на  Мартл во Луизијана. Таа честопати ги прислушувала приватните разговори на сопственикот, кои не смеела да ги слуша. Едно попладне, таа била уловена на лице место како го прави тоа, поради што газдата ѝ го отсекол увото за казна. За да му се одмазди, Клои испекла отровна торта со листови од олеандер. Таа сакала нејзиниот злобен газда да ја изеде, но наместо тој, ја пробалеќерка му и жена му. Робинката побегнала од куќата, но набрзо била линчувана од следните робови на сопственикот. Се верува дека таа сѐ уште ја демне плантажата. Таа понекогаш може да биде видена зад вратите, столбовите или во грмушките на резиденцијата.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОваа фотографија била направена во текот на Американската граѓанска војна. Духот на некој од мртвите војници, бил фатен на камера, како се качува по скалите кон подрумот.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnАвстралијка со име г-ца Андрус го посетила гробот на нејзината ќерка во Квинсленд, Австралија, во 1940-та година, кога ѝ ја направила оваа фотографија. Нејзината ќерка Џојс умрела една година претходно, на 17-годишна возраст. Жената била шокирана кога забележала дека на фотографијата, седи дете на гробот на ќерка ѝ, кое не го препознава. Австралискиот паранормален истражувач Тони ја посетил гробницата во 1990 година за да дознае дека, во близина на гробот на Џојс, биле закопани две женски бебиња.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnДајан и Питер Бертелот ја посетиле црквата Вортстед во Норфолк, Англија во 1975 година, со нивниот 12-годишен син. Питер направил фотографија од неговата жена додека се молела на клупата. Кога ја погледнале сликата неколку месеци подоцна, некој нивни пријател ги прашал кој е тој што седи зад Дајан. Мистериозната фигура изгледа како да е облечена во старомодна облека и носи качкет на главата. Збунети од тоа што го виделе, мажот и жената се вратиле во црквата една година подоцна, за да ја покажат нивната фотографија. Тогаш свештеникот им ја раскажал легендата за духот на белата дама, кој ги посетувал луѓето кои се болни и нив ги теши и така ги лекува. Дајан била шокирана кога го слушнала тоа, бидејќи во моментот кога се фотографирала, таа била на антибиотици и не се чувствувала добро. Легендата за Белата дама, е стара повеќе од 100 години. Се смета дека таа се појавува секоја година на Божиќ и црквата во која престојувала, сега е паб кој соодветно е именуван „Белата дама“.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnРоберт Фергусон бил спиритуалист и автор на книгата „Психичка телеметрија: Нов клуч за здравје, богатство и совршено живеење“. Тука е фотографиран на својот говор во Лос Анџелес, Калифорнија на 16 август 1968 г. Тој верува дека сенката зад него, е неговиот брат Волтер, кој умрел во 1944 година во текот на Втората светка војна. Но, многу „ловци“ на духови, сметаат дека ушите на брат му се многу поразлични и сметаат дека станува збор за друга личност.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrnОва е фотографија од починатата баба на Дениз Расел. Години после нејзината смрт, внуката со другите членови на семејството разгледувале стари фотографии и ја пронашле оваа, која била направена неколку години пред тоа. Шокантен е податокот дека на фотографијата се гледа и нејзиниот дедо зад баба ѝ, кој умрел 10 години пред да биде направена оваа фотографија.rnrnХорор приказни со духови кои ќе ве остават без сонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Десетте изгубени светови и цивилизации

    Десетте изгубени светови и цивилизации

    Од многу одамна и пред многу векови се создале голем број приказни и легенди за исчезнати градови и светови, кои не се поврзани само со настанокот на една цивилизација, туку и со настанокот на целиов свет. Во следниов текст ќе можете да прочитате за 10 легенди, почнувајќи од кралот Артур до легендата дека земјата е шуплива.rn

    Островот Авалон на кралот Артур

    rnАвалон е остров на кој кралот Артур отишол да си ги лечи раните после последната битка и на кој умрел. Но според оваа легенда, тој всушност не умрел, туку е во длабок сон чекајќи на Велика Британија да ù биде потребна моќта на неговиот меч Ескалибур.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnПретпоставките која е локацијата на овој остров се различни. Некои тврдат дека станува збор за  ридот Гластонбери Тор, на кој локалните монаси од 12-от век ги пронашле коските на кралот Артур и на неговата жена Гвиневир, како и неговиот меч. Се споменуваат и многу други локации низ Велика Британија, но и на Исланд.rn

    Ветениот златен град Елдорадо

    rnШпанските освојувачи кои во средината на 16-от век го ограбувале новиот свет, биле сведоци на една невообичаена глетка. Водачот на племето Муиска, кој живеел во близина на денешна Богота, престолнината на Колумбија, за време на церемонијата за иницијација, се посипал со златен прав и скокнал во езерото Гватавита. Ова им ја разработела фантазијата на Шпанците, па така ја создале легендата за златниот град Елдорадо.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnИако тие целосно ја опустошиле територијата на племето Муиска, тие не го пронашле златниот град кој е наречен според поглаварот кој рипнал во езерото. Оваа легенда привлекува огромен број туристи, авантуристи и трагачи по злато. Водени од овој мит, голем број истражувачи го бараат Елдорадо на неколку локации во Централна и Јужна Америка.rn

    Митскиот словенски остров Бујан

    rnОвој мит е поврзан со словенскиот остров Бујан, кој според легендата се појавува и исчезнува, нешто слично на оној остров од серијата „Изгубени“. Во една верзија, од овој остров почнуваат сите временски прилики, според друга, таму почиваат духовите на вечниот живот, чиј души се заробени. Географската реконструкција на митот ги навела некои научници да тврдат дека станува збор за фиктивна верзија, на веќе постоечкиот остров Риген на Балтичкото море во Германија.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Земјата на вистинскиот мир, Шамбала

    rnТибетските и индиските будистички текстови ја претставуваат Шамбала како земја на вистинскиот мир, скриена во зелениот планински предел на Хималаите. Со овој мит, западниот свет првпат се сретнал во 17-от век, а потоа почнале и првите експедиции во ова непристапно подрачје.  Според некои, оваа утописка долина се наоѓа во Кина, а според други во Казахстан. Во нејзина потрага се вклучила и тајната полиција на Советскиот Сојуз во 20-тите години од минатиот век.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Најпознатиот загубен град, Атлантида

    rnПлатон го опишал островот Атлантида како поморска сила, која околу 9000 година пред нашата ера, го содржела поголемиот дел од западна Европа и Северна Америка, а која за само еден ден исчезнала под морското ниво. Иако уште во времето на Платон, приказната за Атлантида се сметала само за мит, во денешно време таа привлекува големо внимание.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnСпоред некои истражувачи, текстот на Платон не е добро преведен и се работи за 900 година од пред нашата ера, кога Минојската цивилизација на Крит била уништена од цунами. Мината година Атлантида, наводно беше лоцирана во јужниот дел на Шпанија.rn

    Изгубените цивилизации Му и Лемурија

    rnПред откривањето на тектонските плочи, научниците во 19-от век верувале дека исчезнатите континенти им овозможувале на луѓето и животните да мигрираат преку океаните. Лемурија, наводно се наоѓала од јужниот дел на Индија до Мадагаскар, додека Му бил лоциран кај полуостровот Јукатан во Атлантскиот океан. Иако сфаќањето за функционирањето на тектонските плочи практично ги поништило сите стари теории, приказните за цивилизациите Му и Лемурија остануваат и до денешен ден.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Францускиот град под морското ниво, Ис

    rnЗа време на создавањето на француската држава, владата во Париз со сила ја спроведувала централизацијата. Во провинцијата Бретања не само што се покачиле даноците, туку имало и обид во целост да бидат избришани локалниот јазик и културата. Така во пресрет на рецесијата, легендата станала многу популарна.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnСпоред неа островот Ис наводно бил еден од најбогатите градови во светот, изграден под морското ниво на крајбрежјето на оваа област. Градот  бил заштитен со брана, се додека владетелот Дахут не бил измамен од страна на ѓаволот за да ја отвори пората. На тој начин островот бил целосно поплавен.rn

    Фантомскиот остров Бермех

    rnНа старите мапи, често се нацртани острови и предели кои денеска не можат да се лоцираат. Некои од „фантомските острови“ се најверојатно продукт на лошата работа на географот, додека за некои други, како за островот Бермех, владее мислење дека се појавил и исчезнал поради неприродни фактори. Според старите мапи, тој се наоѓал во Мексиканскиот залив, а теоретичарските завери велат дека САД го разнеле островот, за да ги спречат мексиканските власти да имаат сопственост над подводните извори на нафта.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Јужната земја

    rnОва е еден митски континент, за кој на крајот се потврдило дека постои. Од времето на Аристотел па наваму, западните мислители имаа теорија дека постои јужна континентална маса. Морепловците ја барале земјата која ги поврзувала сите јужни краеви на веќе познатите континенти. На крајот Австралија го добила името „јужна земја“, а во 1820 година, една руска експедиција го открила Антарктик.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Царството на подземниот свет, Шупливата земја

    rnШирум светот различни култури шират приказна за „Шупливата земја“. Станува збор за подземен свет, во кој може да се влезе само од одредени точки на планетата, како што се пролазите на Северниот и јужниот пол и планинските пештери во Алпите.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnЕдмонд Халеј, според кој е крстена и Халеевата комета, ја изнел теоријата дека во внатрешноста на „Шупливата земја“ се наоѓаат неколку концентрични слоеви кои се движат со различни брзини и во различни атмосфери.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознати љубовни парови во историјата

    Најпознати љубовни парови во историјата

    Автор: Горана КоневскаrnrnВерувате ли во вистинска љубов? Верувате во љубов на прв поглед? А дали верувате во вечна љубов? Можеби овие љубовни приказни ќе ви ја обноват вербата во љубовта. Ова се најпознатите љубовни стории во историјата и во литературата кои вечно ќе се паметат.rn

    Ромео и Јулија

    rnОва е веројатно најпознатиот и најпопуларен пар на сите времиња. Самата љубовна двојка претставува синоним за љубов. Приказната за Ромео и Јулија всушност се базира на вистински ликови и повеќе автори се обиделе да ја пренесат на парче хартија, но трагедијата напишана од страна на Вилијам Шекспир е најпозната. Оваа љубовна приказна е навистина трагична. Приказна за двајца тинејџери чии фамилии се скарани, а тие се заљубуваат на прв поглед… Потоа тајно се венчаат и ги ризикуваат своите животи во име на љубовта.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Клеопатра и Марк Ентони

    rnЉубовната сторија за Клеопатра и Марко Антониј е една од најинтригантните приказни во историјата. Нивната врска е вистински тест за љубовта. Врската помеѓу овие две моќни личности го ставиле Египет во многу моќна позиција, а нивната љубовна афера ги предизвикала Римјаните, кои биле претпазливи во однос на моќите на оваа држава. И покрај сите закани, Клеопатра и Марко Антониј се венчале. Се вели дека за време на борбата против Римјаните, Антониј добил лажни вести за смртта на Клеопатра. Избезумен од лошите вести, тој си го одзел животот со мечот. Откако Клеопатра ги добила вестите за смртта на Антониј, паднала во голем шок, по кој и таа си го одзела животот. Големата љубов носи и големи жртви.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Ланселот и Гвинивер

    rnТрагичната љубов на Сер Ланселот и Кралицата Гвинивер е најверојатно една од најраскажуваните легенди. Ланселот се вљубил во Кралицата Гвинивер, жената на Кралот Артур. Нивната љубов полека прераснувала во голема страст и така тие станале љубовници.rnrnЕдна вечер, Сер Аграваин и Сер Модфред (внуци на Кралот Артур) довеле група од 12 витези пред одаите на Гвинивер каде го фатиле овој љубовен пар. Сер Ланселот многу брзо избегал од местото, но Гвинивер ја немала таа среќа. Таа била заробена и осудена на смрт за нејзиното предавство. Според пресудата таа требала да биде ставена на клада и запалена. Сер Ланселот се вратил неколку дена подоцна за да ја спаси својата сакана. Оваа тажна афера ги поделила витезите на Тркалезната маса и го ослабнала кралството на Крал Артур. Ланселот бил прогонет и го поминал остатокот од својот живот како бездомник, додека Гвинивер станала калуѓерка и останала да живее затворена во манастир до својата смрт.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Тристан и Изолда

    rnЉубовната сторија на Тристан и Изолда е раскажувана и прераскажувана на многу различни начини. Истата се појавува во времето на владеењето на кралот Артур. Изолда била ќерка на кралот на Ирска и била верена за кралот Марк од Корнвол. Кралот Марк го пратил неговиот внук, Тристан во Ирска за да ја придружи Изолда на патот до новиот дом. За време на патувањето Тристан и Изолда се вљубиле. И покрај тоа, Изолда се омажила за кралот Марк, но не можела да ù одолее на љубовта која ја имала кон Тристан. Нивната љубовна афера продолжила и за време на нејзиниот брак.rnrnКога кралот Марк дознал за аферата, ù простил за Изолда, но Тристан бил прогонет од Корнвол. Заминал далеку и запознал девојка чие име било Исолт, кое е многу слично име на она на неговата љубов, Изолда, и се оженил со нејзе. Но, бракот не сакал никогаш да го прифати, од преголема љубов кон неговата „вистинска“ Изолда. По некое време паднал тешко болен и ја повикал Изолда да го излечи. Ѝ кажал дека ако прифати да дојде, кога ќе пристигнува едрата на бродот да бидат бели, а доколку не прифати, да бидат црни. Кога неговата сопруга ги видела белите едра во далечина, го излажала Тристан дека се црни и тој починал. Кога пристигнала Изолда, запаѓајќи во тешка тага, починала од скршено срце.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Париз и Елена

    rnГрчката легенда за Елена од Троја и Тројанската војна е комбинација од историски факти и фантастика. Елена од Троја се смета за една од најубавите жени во целата литература. Таа била мажена за Менелај, кралот на Спарта. Но, Париз, син на кралот Приам од Троја, се заљубил во Елена и ја грабнал. За да ја вратат Елена, Грците собрале голема армија, која била водена од страна на братот на Менелај – Агамемнон. После долги години, борби и жртви, на крајот Троја била уништена. Елена се вратила безбедно во Спарта, каде останала да живее со Менелај до крајот на својот живот.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Наполеон и Жозефина

    rnНаполеон, на 26-годишна возраст стапил во брак со убавата Жозефина, жена од семејство од високата класа. Иако бракот бил однапред договорен, Наполеон со текот на времето длабоко се заљубувал во Жозефина, а и таа во него. Иако тоа не спречило да се појави прељуба од обете страни, сепак нивната взаемна почит го одржала бракот, а нивната разгорувачка страст никогаш не избледела. За жал тие се разделиле, бидејќи Жозефина не можела да му подари наследник. Но, иако разделени, тие до крајот на своите животи ја носеле во себе љубовта и страста еден за друг.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Кралицата Викторија и Принцот Алберт

    rnОваа љубовна приказна е за двајца припадници на англиското кралското семејство, поточно за жена која жали за смртта на својот сопруг, повеќе од 40 години. Викторија била весела девојка, голем љубител на цртањето и сликањето. Таа застанала на престолот на Англија во 1837 година по смртта на нејзиниот чичко, кралот Вилијам IV. Во 1840, се омажила за принцот Алберт Сакс-Кобург-Гота. Во прво време принцот Алберт не бил популарен во одредени кругови, бидејќи бил Германец, но полека луѓето почнале да му се восхитуваат поради неговата чесност, трудољубивост и неговата преданост кон своето семејство.rnrnДвојката имала девет деца. Викторија чувствувала голема љубов и приврзаност кон принцот Алберт, а и секогаш ги слушала неговите совети во врска со државните работи, особено за дипломатија. Кога Алберт починал во 1861 година, Викторија била уништена. Таа не се појавила во јавноста цели три години. Нејзината континуирана изолација генерирала значителна јавна критика, а биле направени и неколку обиди за атентат врз нејзе. Сепак, под влијание на премиерот Бенџамин, Викторија продолжила со јавниот живот и го отворила Парламентот во 1866 година. Но, никогаш не престанала да жали по својот сакан принц и била облечена во црно сè до нејзината смрт во 1901 година. Во текот на нејзиното владеење, најдолго во англиската историја, Велика Британија станала светска сила.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Шах Јахан и Мумтаз Махал

    rnВо 1612 година, една тинејџерка по име Арџуманд Бано Бегум, се омажила со 15-годишниот Шах Јахан, владетел на империјата Мугхал. Таа била прекрстена во Мумтаз Махал и му родила 14 деца, со што му станала негова најомилена сопруга.rnrnПо смртта на Мумтаз во 1629 година, императорот решил за својата огромна и непрежалена љубов да изгради споменик. Биле потребни повеќе од 20.000 работници и 1.000 слонови, за во период од 20 години да биде завршен овој споменик (Таџ Махал). За жал, Шах Јахан не бил во можност да го заврши мавзолејот од црн мермер кој го планирал за себе. Симнат од тронот (од страна на неговиот син), Шах Јахан бил затворен во Форт Ред на Агра, поминувајќи долги и осамени часови, гледајќи од другата страна на реката Јамуна, во споменикот на неговата сакана кралица. Бил погребан покрај неа во Таџ Махал.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

    Салим и Анаркали

    rnОваа трогателна приказна е позната и раскажувана ширум светот. Салим, син на големиот император на Акбар – Мугхал, се вљубил во обична, но прекрасна куртизана по име Анаркали. Хипнотизиран од нејзината убавина, тој се вљубил на прв поглед.rnrnНо, императорот не можел да се помири со фактот дека неговиот син бил вљубен во обична куртизана. Почнал да врши притисок врз Анаркали, смислувајќи најразлични тактики пред неговиот син за да ја оцрни. Кога Салим го увидел тоа, прогласил војна против својот татко. Но, големиот император поседувал огромна армија со која младиот принц не можел да се справи. На крајот тој бил поразен и осуден на смрт. Во тој момент Анаркали интервенирала и ја одрекла својата љубов, за да го спаси својот сакан од смртта. Била погребана жива во ѕид од тули, точно пред очите на својот сакан.rnrnНајпознати љубовни парови во историјата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.